Контра протестите како редовна појава

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
Контра протестите како редовна појава
16.01.2015 | 17:23
Контра-протест на речиси секој протест или собир на граѓани, кои изразуваат револт против одредена политика, одлука или реформа на власта – феномен кој е се поприсутен во последниве неколку години.
Дел од аналитичарите оценуваат дека редовната појава на квази контра-демонстранти е само лажен обид на политичките партии да прикажат плурализам и демократија.

За дел од аналитичарите, пак ваквата појава е нормална во демократските држави, граѓаните да имаат различни мислења за одредени реформи, закони или општествени појави.

Појавата на секој протест да се одговара со контрапротести започна со физичката пресметка околу изградбата на црквата на скопскиот плоштад. Потоа следуваа стечајците кои добија контра од Жртвите на транзицијата, на иницијативата АМАН се појави Изгор приватизација, контрапротести имаше и на протестите против полициска бруталност, по смртта на Мартин Нешковски.

Следуваа и контра на протестите на земјоделците, лекарите, тутунарите, а пред Собранието на 24 декември по протестот организиран од опозицијата, за буџетот, се собраа и контра-демонстранти здружени под името Фронт на народот.

Ваквиот феномен не замира и денес. По Студентскиот Пленум се појави група студенти кои ги поддржуваат владините реформи, а и по Професорскиот пленум се организираа и професори, кои се за државниот испит.

Последни од низата се наставниците од СОНК кои вчера јавно излегоа да кажат дека се против одлуката на раководството на Синдикатот, за генерален штрајк во образованието.
http://24vesti.mk/kontra-protestite-kako-redovna-pojava

За жал ова е нова македонска реалност..:facepalm:
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.583
Поени од реакции
13.224
Протест имплицира вложен заеднички труд на истомисленици за да се промени постоечко поведение или да се изрази заеднички став контра актуелна проблематика. Според тоа, од старт постоење на контра-протест е бизарно и контра секоја логика и разум. Како можеш да контра-протестираш кога тоа за кое контра-протестираш е веќе во сила, веќе е актуелно и легитимно?
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Контра протестантите се всушност луѓе што имаат книшка на владеачката партија и мора да излезат на улица, во спротивно следи бркање од работа, недавање на субвенции и сл. казни. Ова не е нормално во демократска држава.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Страшно е до каде дојдоа сите...
Уште пострашно е што се пишуваат за ова статии па и уште статијата е напишана у смисла „ајде да дебатираме дали е ова лошо или добро“...
Нема шо да се дискутира на оваа тема, контра-протести се најголемата глупост што ни се јави во државава. Сите си го прифатија и како нормална појава. Кога ќе се каже протести и контра-протести никој веќе не зборува како е тоа идиотска и моронска работа, туку сите си го сфаќаат како нешто што е ок...
Уште полошо е што народот почна на овој начин и да размислува, па затоа сеа за ЗВО слушаме „дајте контра-предлог“ како еден од најсилните и најупотребуваните аргументи на оние кои ги поддржуваат измениве. Епа чорба, ко шо вика Цацко...
Дозволија една партија или еден човек да ги поседува како ствар. Срамота е што бар 90% од народов е толку глуп што не се бунтува против ништо. На гости и слави сите нешто се паметни, знаат како функционира системот, знаат кој што контролира, кој и што шверцува, кој со кого е поврзан, а сабајлето да им заѕвонат од партија и ете ги спремни да се тепаат.
Ми се сере од државава веќе...
 
Член од
7 јули 2014
Мислења
1.243
Поени од реакции
1.162
Прoст нaрoд леснo се влaдее. Успеaa дa ги стaвaт сите вo скут зa мизернa минимaлкa. Немa кoлетивнa oдгoвoрнoст, секoј гледa зa свoјoт гз, нo тoa е сaмo мaлa пoбедa нa крaтoк рoк. Нa дoлг рoк, држaвaтa и сите ние oдиме вo прoпaст.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Овие контра протести се лајнуриите на Вмро-Дпмне:гомце:, а инаку овие што прават контра протести треба да се обесат на бандери, и тоа сите до еден..
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Контра-протестите се инцест

Кога ќе се сетам дека се продадоа за сендвич

Кога ќе се сетам на кокошкава да и се исерам на глава сирота бламирање за ебана партија
Целата збунета завиткана во лав претворена во нешто што ни самата не сонувала се за штабот со глава у ѕид :facepalm:ама далеку е 2011 кој и се сеќава воопшто

Да не редам уште клипови уште слики уште докази за глупавото партиско педерче што се носи со моментот ЧОВЕК далеку е тоа далеку

Глејте глејте и смејте се плачете што знам ни ја незнам повеќе
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Колку е мизерна работава у државава и колку се глупи луѓево најдобро се гледа преку штрајков на наставниците најавен за 20ти јануари.
Денес на курир видов барем 10 статии во кои пишува дека наставниците од Берово, Ресен, Радовиш, Прилеп, Охрид... немале да штрајкуваат зошто штрајкот бил организиран само за Неделков да биде реизбран...
Претходната најава за штрајк беше ставена во мирување заради социјалниот дијалог, кој очигледно не успеал заради власта. Да беше другата страна одговорна за пропастот сигурно до сега ќе се изнаслушавме како СОНК излегува со нереални барања и дека СОНК намерно ги саботира разговорите за да се организира штрајк, ама такво нешто нигде немаше и уште нема.
Сигурно во статутот на СОНК нема клаузула во која стои дека на претседателот ќе му се продолжи мандатот ако организира еден штрајк, што значи објаснувањето „нема да штрајкуваме зошто претседателот сака нов мандат“ е смешно. Пази викаат „условите за работа се лоши, ама штрајкот не е решение“. Па кретени едни, ако социјалниот дијалог не успева шо е решение, ќутење ?!
Ако претседателот се избира со гласање, а они се убедени дека сегашниов претседател лошо си ја вршел работата сигурно тоа што ќе се организира штрајк нема да ги убеди во спротивното, башка штом знаат дека за тоа и ќе бил нели организиран штрајкот. Значи пак ќе гласаат за друг.
Ама нееее, они немале да штрајкуваат за да не добиел Неделков уште еден мандат....
Треба малце да ја чукнат тоа шупелката и да почнат да размислуваат. Ебате наставниците што треба да ги учат децата, ако они се глупи ко тенекии !
Ама јебига, у партија не бараат паметни туку послушни...
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
МИслите на СДСМ така?o_Oo_Oo_O Леееее колку било режитано воа..првпат го гледам
 
?

..........

Гостин
Што да се каже на темава, македонците се најголеми безрбетници со продадени гзови и уши под ќирија, сега им е убаво на сите тие потрчовци што лижат на власта, нема веќе ни опозиции во собрание нема независно судство, цела власт и извршна и законодавна и медиуми полиција мафија капитал пари еве сега и банки се е во нивна власт во Македонија нема веќе ни а од демократија, и тоа ќе траа се додека дават кредити од надвор, кога ке секнат парите тогаш конечно ке се дигнат на бунт сите неисплатени, ама тогаш ке биде касно а јас лично ке се обидам да ја искористам таквата ситуација и ке застанам рамо до рамо со полицијата на контрапротест да им удрам по некој пендрак...:kuracc:
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.072
Поени од реакции
11.440
Леееее колку било режитано воа..првпат го гледам
Најтажното е што контрапротестантите го бранеа режимот и убиецот на Мартин Нешковски. Подоцна случајот заврши со судска пресуда од 14 години затвор, да не беа тогашните протестанти делово ќе завршеше како несреќен случај. Ова е класичен пример за моралноста на контрапротестантите и тоа за што се залагаат дотичните.
 
?

..........

Гостин
Што да кажам, кога имаше протести против регулаторна, завршив еден ден порано со работа и со колега отидов на протестот, гледам од другата страна вмродци и вмрофки застанале на контра протест со транспаренти ефтина ни е стријата и парното дајте поскапа, пропаднав во земја од срам со кој народ дишам ист воздух, се вцрвенев отидов на планина една недела да медитирам додека да се смирам...
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.139
Поени од реакции
4.851
Овие што контра протестираат, дома си имат едно мислење, а на протести друго.

Кој е тој будала што би бил против барањето да му се зголеми платата ?

Секоја пофалба за успешно инсталираната контрола врз сите категории на општеството, мене не ми изгледа лесна работа.

Пикнати во шише.
 
Последно уредено:
Член од
27 октомври 2008
Мислења
1.680
Поени од реакции
266
ако со протест се изразува незадоволство по некое прашање .... тогаш контрапротест е изразување на задоволство по истото тоа прашање што фино лепо може да се организира и во кафана па да се прослави задоволсвото со сите нишани, ......вака на улица мислам дека контрашите се во неприродна и несвојсвена средина за искажување задоволство и затоа ви се чудни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom