- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 2.812
- Поени од реакции
- 1.082
Контра протестите како редовна појава
16.01.2015 | 17:23
Контра-протест на речиси секој протест или собир на граѓани, кои изразуваат револт против одредена политика, одлука или реформа на власта – феномен кој е се поприсутен во последниве неколку години.
Дел од аналитичарите оценуваат дека редовната појава на квази контра-демонстранти е само лажен обид на политичките партии да прикажат плурализам и демократија.
За дел од аналитичарите, пак ваквата појава е нормална во демократските држави, граѓаните да имаат различни мислења за одредени реформи, закони или општествени појави.
Појавата на секој протест да се одговара со контрапротести започна со физичката пресметка околу изградбата на црквата на скопскиот плоштад. Потоа следуваа стечајците кои добија контра од Жртвите на транзицијата, на иницијативата АМАН се појави Изгор приватизација, контрапротести имаше и на протестите против полициска бруталност, по смртта на Мартин Нешковски.
Следуваа и контра на протестите на земјоделците, лекарите, тутунарите, а пред Собранието на 24 декември по протестот организиран од опозицијата, за буџетот, се собраа и контра-демонстранти здружени под името Фронт на народот.
Ваквиот феномен не замира и денес. По Студентскиот Пленум се појави група студенти кои ги поддржуваат владините реформи, а и по Професорскиот пленум се организираа и професори, кои се за државниот испит.
Последни од низата се наставниците од СОНК кои вчера јавно излегоа да кажат дека се против одлуката на раководството на Синдикатот, за генерален штрајк во образованието.
http://24vesti.mk/kontra-protestite-kako-redovna-pojava
За жал ова е нова македонска реалност..