Контактни леќи

draganask

те сакам СОНЦЕ
Член од
4 декември 2007
Мислења
401
Поени од реакции
24
Ова и мене ме снајде кај женава после падна едно пцуење и од тогаш немам стапнато кај неа sd погано женче

Немам отидено на преглед кој знае од кога а ти ако знаеш некој да вршиали онака добро кажи те молам да се пуштам некој ден да не напраам беља
Епа кај мене беше нешто вака прикаската.. Сведок ми е дечко ми кој за малку ке ја тепаше :) Работата е што јас требаше да купам нови леќи и ми вели еве рецепт и ќе одиш да ги купиш во оптика Елени таму таму и таму. И јас викам ок.. и одам во гтц в Елени и нормално си прашувам за цена и ок.. одам два чекори поназад во Орбис и оп поефтини. И си викам абе ај од кај ќе знае ќе ги земам од тука. И ги купувам одам на лекар да ги ставам кај неа првиот пар и ја дур местам оваа глеа на кутијата дека не се од Елени.. леле коа ми се сврте.. ти од кај ги купи а ја се вадам демек не ги зимав ја таткоми ги зимал вака така.. и кога почна.. сеа ќе си забележам тука дека не се земени од Елени и немаш право на рекламации шо било да се случи вака така.. одтогаш веќе никогаш не се однесување нормално кон мене со што следеше моето заминување од таа ординација. Ти препорачувам да одиш кај Др. Благоја Стојановски ке бидеш задоволен а и во случај да имаш замерка што лично не верувам нема што да жалиш бидејќи прегледот е навистина ефтин со син картон а е вклучен и компјутерски преглед а и докторот е премногу коректен и никогаш не гледа на саат туку гледа се што треба да ти објасни да види да испита и да ти каже. :smir:
 
ViRuS

ПрОвОкАтОр
Член од
20 август 2005
Мислења
2.048
Поени од реакции
21
јас леќи носам уште од прва средно и имам поприлично искуство со нив. Беше смешно првиот пат кога требаше да ми стават леќи во ординацијата едвај успејаа зошто рефлексите на очните капаци не можев да ги исконтролирам. А кога требаше моите први леќи да ги ставам не успеа сестрата и морав сама хехе :) Од тогаш до сега носам леќи задоволна сум но со последниов пар леќи не сум задоволна. Сменив и ординација.. денес сум на контрола.. ќе видам како ќе биде.. каде одите на преглед?? какви леќи носите??
И јас го имав истиот проблем само шо јас требало надоле да гледам а јас одма кренав поглед нагоре и ми беше премногу чудно па одма си ги фатив капаците и ги извадив леките :tapp: таа сестрата ми се згази од смеење зашо на сите им било тешко да ги вадат а јас 3 прста збрцав во око само за да ги извадам, после тоа мрвите мој леки ги ставав цели 2 дена зашо на секој обид завршував со отечени очни капаци и после тоа седев по саат време со кесички од чај од камилица за да ми спадне отокот :nesum:

Задоволен сум до сеа од сите видови на леки што ги носам затоа што по нарачка ми се прават (имам малку глупав поглед со мојте очи па по спец. нарачка ми ги прават мене леките) па ми ги носат од САД а се произведуваат во Швајцарија во Ciba Vision иако многумина се жалат од нив во нашава држава но јас сум презадоволен воедно стално ги заборавам и спијам со нив дури по 2 недели некогаш не ги вадам али немам никакви последици само шо наутро при будење ми треба да трепнам едно 5 пати за да се наместат на самата зеница

Ај кажете од каде ги купувате леќите и колку се? Јас во Диоптра, бев еднаш во една друга продавница и таму ми бараа лекарска дијагноза, некакви медицински поими спомнуваа, тетиви на окото или што ли беше и ми кажаа едни астрономски цени!
Во Диоптра само кажуваш од кој диоптер и боја и за 2-3 дена ги носат. А и мислам дека безбојните се 900 ден а во боја 1900, ако добро се сеќавам
Дај боже да беа мојте толку евтини :(
Кај мене едното око е со едни диоптери а другото со други. Диоптери викам затоа што имам динамичен диотер (Цилиндри се двете со комбинација на конус и свера) имам оштетување на фолусот на гледање (легото ми гледа малку надесно а десното у пизду матер десно) имам и светлосни оштетувања така што светлинскиот сноб на пропусливот кај мене е оштетен и изнесува само 20% на гледање (80% немам појма каде гледаат само знам дека гледам како низ црна магла) така да јас мојте леки ги плаќам само 9,500 денари за едното око ама во кутивката има 6 леки и тие ми се месечни али јас ги носам некогаш и по 3 месеци а еднаш ги носев само 5 дена (ми се скина ивица од леката па ми се распадна леќата во око) така да за двете очи јас си плаќам по 19,000 денари за да гледам убаво барем една година :(
 
Член од
24 ноември 2007
Мислења
50
Поени од реакции
22
koristev lekji odprilika godina dena ,pa pravev pauza i otidov na ochen lekar ,duplo diopterot mi se namali ,sega nemam ni potreba da nosam i naochari. Inaku + bev so cilindri i razlichen diopter so skoro 1-1,5 razlika ednoto od drugoto,kako mal nosev 3-jka(pogolemiot) ,pa posle koa podporasnav okolu 2.75(isto pogolemiot) i odkoa gi staiv lekjite (na 21-2 god. mislam),mi se koregira pogledot totalka ,sea nekad koa sum izmoren samo kje pochne da mi se zamutue i si imam naochari za takvi momenti. inache lekjite bea od onie na mesec dena sho se menjaat ,soft cells ili taka nesho
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
леќи не носам, си носам наочари зашто треба само 6 месеца да ги носам, па после ќе видиме, а и зашто малце ми е глупаво да си брцам у очи на секое :) а за добар доктор, пробајте кај Др Димитрова, има ординација кај фонтана (градски парк), орбита се вика ординацијата, со години постои и сите ја фалат, стварно е најдобар очен доктор во Скопје, а гледам и од другиве градови многу дека доаѓаат (во комшии ми е, секој ден поминувам од таму, па гледам колку луѓе влегуваат таму). е, малце е поскапо, 1000 денари е преглед, ама си вреди за парите, зашто прави целосен преглед со сите апарати.
 
Доктор Димитрова е одличен доктор порано секогаш одев кај неа. Но таа барем тогаш не работеше со контакти леќи и ме препрати во Букурешт. Сега работи со контактни леќи?
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Доктор Димитрова е одличен доктор порано секогаш одев кај неа. Но таа барем тогаш не работеше со контакти леќи и ме препрати во Букурешт. Сега работи со контактни леќи?
не знам стварно, се умешав во темава зашто девојчето бараше добар доктор :) а за општ очен преглед најдобра е Димитрова. се извинувам за грешката :)
 
draganask

те сакам СОНЦЕ
Член од
4 декември 2007
Мислења
401
Поени од реакции
24
не знам стварно, се умешав во темава зашто девојчето бараше добар доктор :) а за општ очен преглед најдобра е Димитрова. се извинувам за грешката :)
Абе нема потреба да се извинуваш само пренесуваме искуства и информации :) еве и мене ме интересира дали работи со контактни леќи. Јас не знам а ако некој знае нека пише :smir:
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.237
Поени од реакции
959
Дај боже да беа мојте толку евтини :(
Кај мене едното око е со едни диоптери а другото со други. Диоптери викам затоа што имам динамичен диотер (Цилиндри се двете со комбинација на конус и свера) имам оштетување на фолусот на гледање (легото ми гледа малку надесно а десното у пизду матер десно) имам и светлосни оштетувања така што светлинскиот сноб на пропусливот кај мене е оштетен и изнесува само 20% на гледање (80% немам појма каде гледаат само знам дека гледам како низ црна магла) така да јас мојте леки ги плаќам само 9,500 денари за едното око ама во кутивката има 6 леки и тие ми се месечни али јас ги носам некогаш и по 3 месеци а еднаш ги носев само 5 дена (ми се скина ивица од леката па ми се распадна леќата во око) така да за двете очи јас си плаќам по 19,000 денари за да гледам убаво барем една година :(
E овие ствари, ивица, фолус, бла-бла, еднаш кога бев во една продавница ме прашаа, и јас им викам абе не знам ништо, никогаш не ми побарале. И тие као демек па ти од кај купуваш, тоа мора... И ми кажа едни цени невидени!
А во Диоптра само кажуваш диоптер, евентуално боја и толку!
Првиот пат ми ги стави една девојка што работеше во Диоптра и едвај ги стави, нон-стоп ми се затвараа очите (рефлексно де), уште татко ми суфлира од таму не трепкај не трепкај, ќе го утепав!
Иначе во принцип сите леќи ги имам носено мноооогу подолго од што треба, едни тримесечни ги носев 11 месеци и ништо немав штета, ама тоа бидејќи не ги носев нон-стоп секој ден.
 
м?? па како тоа само кажуваш диоптер?? а тип на леќа?? а базна кривина?? тоа секој има карактертистики за себе.. а во диоптра од каде толку специјализирани да стааваат леќи?? :nesvest:
 
ViRuS

ПрОвОкАтОр
Член од
20 август 2005
Мислења
2.048
Поени од реакции
21
м?? па како тоа само кажуваш диоптер?? а тип на леќа?? а базна кривина?? тоа секој има карактертистики за себе.. а во диоптра од каде толку специјализирани да стааваат леќи?? :nesvest:
хахахаха Одам кажувам диоптер давам 20,000 и пак сум ќорав :pos::pos::pos:
 
draganask

те сакам СОНЦЕ
Член од
4 декември 2007
Мислења
401
Поени од реакции
24
help!!!!dali nekade moze da se kupi edna leca!!!!!!!???
Секако дека може. Таман работа секогаш да одат во пар. Па има многу луѓе со различен диоптер и различни потреби за секое око одделно. Затоа без паника секаде можеш да набавиш само една леќа. Не знам како е за сите месечни но за тие што јас ги имав знам дека одат по кутиичка а во кутиичките што ги земав беа 6 а бидејќи јас имам различен диоптер на двете очи земав по две кутиички леќи. :smir:
 
Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Дај боже да беа мојте толку евтини :(
Кај мене едното око е со едни диоптери а другото со други. Диоптери викам затоа што имам динамичен диотер (Цилиндри се двете со комбинација на конус и свера) имам оштетување на фолусот на гледање (легото ми гледа малку надесно а десното у пизду матер десно) имам и светлосни оштетувања така што светлинскиот сноб на пропусливот кај мене е оштетен и изнесува само 20% на гледање (80% немам појма каде гледаат само знам дека гледам како низ црна магла) така да јас мојте леки ги плаќам само 9,500 денари за едното око ама во кутивката има 6 леки и тие ми се месечни али јас ги носам некогаш и по 3 месеци а еднаш ги носев само 5 дена (ми се скина ивица од леката па ми се распадна леќата во око) така да за двете очи јас си плаќам по 19,000 денари за да гледам убаво барем една година :(
A oти не си се распрашал за ласерски вградени леќи? Има и во Ск, ама подобри резултати и подобра работа вршат во Белград. Јас прашав за мене, ама ми рекоја дека треба да имам најмалце 21 година за да се напрај та операција. Операцијата е околу 10 минути, и е околу 2.000 евра, и докторите сметаат дека со текот на времето видот постепено ќе ти се врати.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.485
Поени од реакции
3.299
Опа, сте се распишале на темава! Извинете поради првиот пост, одпосле го изменив пошто мислев дека темава е мртва.

ОК, мене леќи ми требаат од причина што се занимавам со спорт и не можам да тренирам со наочари. Од ова до сега што прочитав, значи најдобро е да земам најмеки леќи, оние што се менуваат секој ден, или?? Сакам да направам ласерска корекција на 21 година, ама имам слушнато дека со константно носење на леќи се оштетувала површината на окото, па операцијата не делувала. Any tips?
 
draganask

те сакам СОНЦЕ
Член од
4 декември 2007
Мислења
401
Поени од реакции
24
Нешто повеќе за контактните леќи ...

Дефиниција
Контактните леќи се тенки заоблени пластични дискови специјално дизајнирани да ја прекриат очната корнеа (пределот кај црнката) односно фронталниот дел на окото. Контактните леќи обезбедуваат сигурен и ефективен начин за корекција на видот доколку се користат со внимание и соодветна нега. Тие нудат добро алтернативно решение за очилата, се разбира зависно од вашето око и вашиот начин на живеење и секојдневие. Само во САД повеќе од 24 милиони луѓе носат контактни леќи.

Симптоми
Контактните леќи се користат за корекција на одредени состојби кои се корегираат со помош на очила:
  • миопија (myopia) или кратковидост
  • хиперопиа (hyperopia) или далекувидост
  • астигматизам (astigmatism) или искривено, изопачено гледање
  • пресбиопија (presbyopia) или потреба од бифокални помагала
Специјално обоени контактни леќи се користат за да се направи промена на бојата на окото до различен стадиум.

Контактните леќи понекогаш се користат и терапевтски при разни очни болести кога се добива матен вид.

Здравјето на вашето око треба да ви е главна грижа. Соодветен очен доктор односно офталмолог ќе ви помогне да одберете и да одлучите кој тип на контактна леќа најмногу му одговара на вашето око па и на вашиот стил на живеење. Најдобро е да одберете добар специјалист кој има доволно искуство и знаење за и околу употребата на контактните леќи.

Типови на контактни леќи
Во денешницата достапни се повеќе видови на контактни леќи. Типот на контактната леќа се одбира зависно од вашата лична состојба на окото. Вашиот офталмолог во консултација со вас ќе ви помогне да се одлучите за еден од следните типови на леќи:
  • Непропустливи PMMA контактни леќи: Непропустливите или "тврди" контактни леќи се првите леќи кои се произведени. Прв пат се произведени во 1960 година. Материјалот од кој се направени е еден вид пластика наречена PMMA (polymethyl methacrylate), материјал кој е многу долготраен но не овозможува проток на кислород до окото односно до корнеата. При трепкање оваа леќа се изместува со што се овозможува кислород да допре до окото со помош на солзите кои ја допираат корнеата. Овој вид на леќи се најмалку комфорни и денес веќе скоро и да не се употребуваат. Сепак постои одреден број на луѓе кои сепак го преферираат овој вид на леќа поради нивната долготрајност и пониска цена.

  • Гас-пропусни контактни леќи: Овој вид на контактни леќи се уште познати и како RGP. Тие се понова и посовремена изработка на тврди леќи кои се изработени од пластика во комбинација со неколку материјали како што се силиконот и флуорополимери кои дозволуваат пропуштање на кислород директно низ леќата до окото. Токму поради оваа причина тие се наречени гас-пропусни леќи.

  • Меки контактни леќи: Овие леќи се изработуваат од пластични материјали кои се соединуваат со вода. Таа особина нив ги прави да бидат меки и доста флексибилни и исто така допуштаат кислородот да доппира до окото. Денес во светот одприлика 2/3 од популацијата која носи контактни леќи, носи меки контактни леќи.

Постојат повеќе видови на меки контактни леќи:

- меки контактни леќи за продолжено носење (extended wear
contact lenses) кои може да се носат преку ноќ и се дизајнирани да траат од 2-4 недели.

- дневни контактни леќи (daily disposable
contact lenses) се контактни леќи кои се носат преку ден а потоа се оставаат во раствор за депротеинизација и прочисување преку ноќ а наутро повторно се спремни за носење. Овој тип на мека контактна леќа иако е поскап, сноси голем ризик за довивање на инфекции.

- торични контактни леќи (toric contact lenses): вршат корекција на умерен и не толку изразен астигматизам. Овој тип на леќи покрај што се достапни како мека леќа, достапни се и како тврда леќа.

Генерално кажано, контактните леќи би требало да се вадат од окото пред легнување за да се избегнат ризиците од разни инфекции или пак ризикот да се створи неподносливост на контатни леќи.

Кои се ризиците?
PMMA контактните леќи е повеќе веројатно да ја изгребат корнеата на окото доколку оваа леќа не лежи соодветно во окото или пак доколку се носат кога се спие. Исто така овој тип на леќи е многу поверојатно да се измести од корнеата или пак може многу полесно да испадне од окото. Новите изработени контактни леќи се направени така да е намалена шансата да испаднат од окото дури и за време на енергични и силни вежби (на пример спортување). Гас-пропусните контактни леќи и меките контактни леќи сносат пак поголем ризик за добивање на разни инфекции поврзани со носењето на контактните леќи. Тие инфекции можат да предизвикаат помал комфор при носењето, матно гледање и неподнесување на леќите. Затоа се користат посебни раствори за секојдневно прочисување на овие леќи од наталожните протеини кој се најголем предизвикувач на овие инфекции.

Дневните контактни леќи никако не смеат да се носат како да се контактни леќи за продолжено носење. Тоа значи дека преспивањето со нив треба секогаш да го избегнувате и никако не смее да ви премине во секојдневна пракса. Неправилното користење на овие леќи може да доведе до привремено па дури и до трајни оштетувања на ошната корнеа. Луѓето кои носат било каков вид на контактна леќа преку ноќ се многу повеќе изложени на можноста од инфекциски заболувања на корнеата кое е резултат на неправилното чистење на леќата и несоодветната нега. Неправилното преносување на контектните леќи може да предизвика интолеранција за носење на контактни леќи што води до можност окото никогаш повеќе да не е способно да носи контактна леќа.

Гас-пропусните леќи или леќите кои секојдневно се вадат за прочистување се добар избор за некој кој е склон на разни алергии.

Кој НЕ би требало да носи контактни леќи?
Повеќето од луѓето на кои им е потребна корекција на видот можат да носат контактни леќи. Некои од условите кои можат да ве спречат од носењето на контакти леќи се: чести инфекции на очите, склоност кон разни алергии, суви очи, работна околина која е прашлива или нечиста и неспособност за справување и правилна нега за контактните леќи.

Дали контактните леќи се правилен избор за вас?

Дали контактната леќа е соодветен или несоодветен избор зависи од:
  • индивидуалните потреби и очекувања
  • упорноста и мотивацијата за време на периодот за адаптација за носење на контактни леќи
  • придржувањето кон секојдневна правилна нега, дезинфекција и прочистување на контактните леќи
  • дијагнози или разни состојби на окото со кои може да ве спречат да носите контактни леќикако помагало за корекција на видот

Како да се грижите за вашите контактни леќи?

  • Контактните леќи мора соодветно да бидат писчистени и дезикфецирани кога се извадени од окото за да се уништат бактериите и со тоа да се направи превенција од разни инфекции.
  • Одкога ќе се стават контактните леќи, треба убаво да си прочисти садот во кој ги чуваме со млака вода и да се остави да се исуши. Сите контактни леќи е потребно често да се прочистуваат.
  • Никако не смее контактната леќа да има допир со усната празнина.
  • Никако не смеат да се користат домашни направени раствори за прочистување. Тоа може да води до сериозни инфекции.
  • Никако не се обидувајте да стерилизирате контактни леќи.
  • Никако не промешувајте различни марки и видови на раствори.
  • Било какви капки за очи па дури и оние кои се даваат без лекарски рецепт, можат да да реагираат на сите типови на контактни леќи.
  • Изборот за соодветен раствор со кој ќе ги прочистувате контактните леќи направете го со вашиот офталмолог или па барем консултирајтесе со него.

Користете ги вашите леќи соодветно

  • Пред било каков контакт со контактните леќи или со окото убаво измијте ги рацете со сапун.
  • Никако не ги користете контактните леќи со уште некој заеднички.
  • Не ги вадете и ставајте контактните леќи често во текот на денот.
  • Не користете или барем избегнувајте користење на контактни леќи поради мода (леќи кои се издаваат без лекарски рецепт) освен ако тие не се одредени и првично ставени од оптометрист или офталмолог.
  • Никако не користете контактни леќи кои се нелегално набавени.
  • Користете ги вашите леќи онака како што ќе ве советува вашиотофталмолог.
Кога е потребно да се алармира при појавување на разни симптоми
  • Доколку чувствувате болка во окото
  • Доколку вашето око се вцрвени и е црвено (крваво) повеќе од два-три дена
  • Доколку вашето око излачува повеќе слуз од вообишаено
  • Доколку вашиот вид се почесто се заматува
  • Доколку имате честа потреба да ги чешате очите
 
Kajgana Shop

На врв Bottom