Т`га за Компј`тер
O`релски крилја как да си метнех
и накај дома да си прелетнех
во моја соба ја да си идам
да видам кревет,
јастук да видам
да видам дали и тамо
је досадно како вамо.
Ако пак и тамо је досадно ко вамо
на п`т далечен ќе се стегнам
и до компјутерот ке си пребегнам
к`де мониторот светло угревјат
к`де интернетот стално работат.
Овде је досадно и досада ме обвива
и зелена табла зид покрива
креди, сунгери, лекции
лоши мачители, учители
околу учители, наставници бедни
а в гради мисли темни.
Не, ја не можам овде да седам
не, ја не можам учебник да гледам
дајте ми крилја ја да си метнам
и дома да си прелетнам
у моја соба ја да си идам
да видам маус,
тастатура да видам.
Тамо мониторот греит душата
и тастатурата штракат в зората
тамо Google и Mozila
со сета раскош ги растурила.
Бела тастатура гледаш белеит,
а си од маус сино темнеит.
Google погледаш или Mozila
сегде интернет је хубавина.
Тамо по срце на маус да штракам
монитор да светит, ја да сурфам.