Колумни кои се навредливи за македонските граѓани

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Јас инаку ја отворив темата за да се постираат и други вакви текстови и колумни. Затоа пак ќе ве замолам секој ваков текст што ќе го најдете да го постирате тука.

Еве ги кич-патриотите на чичко Јани Макрадули. Иако најповеќе текстот е насочен кон власта, има и дел во кој е спомната интернет заедницата, па пак на некој начин навреда до нас.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=06A36EACC23FED4FAE3C5E87040E5417

Персеј, немој ситуацијата да ја користиш за политички маркетинг!!!
:kesa: засрами се!!!
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Нема што да се срами, треба јавно да се покажат непријателите на Македонија, во секој момент.
 
Член од
10 март 2008
Мислења
101
Поени од реакции
0
Персеј, немој ситуацијата да ја користиш за политички маркетинг!!!
:kesa: засрами се!!!
:pos2:

Јас бато нема што да се засрамам бидејќи не сум член на ни една партија, ниту имам симпатии кон некоја партија. Ако прочитам колумна која е во истиот контекст како претходните, а е напишана од некој од власта ќе ја постирам тука.

Така да, не се трудете да нагодувате кој шири политички маркетинг а кој не бидејќи грешите во проценката. Мене ми иди да се топнам од смеа кога ќе ми напиши некој вака кога јас врска немам со ниедна партија.
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
:pos2:

Јас бато нема што да се засрамам бидејќи не сум член на ни една партија, ниту имам симпатии кон некоја партија. Ако прочитам колумна која е во истиот контекст како претходните, а е напишана од некој од власта ќе ја постирам тука.

Така да, не се трудете да нагодувате кој шири политички маркетинг а кој не бидејќи грешите во проценката. Мене ми иди да се топнам од смеа кога ќе ми напиши некој вака кога јас врска немам со ниедна партија.
Никој тука нема врска со партија нели :smir: па ни ти, ама дејствуваш така!!!!
Па од тука натаму види се кај си.....
 
Член од
10 март 2008
Мислења
101
Поени од реакции
0
Јас една работа ќе кажам - Нема да се мачам да коментирам на безполезни постови и провокации, ќе бидам конструктивен и ќе пишам постови кои се наменети за она што е отворена темата - да се постираат текстови од медиумите со кои се навредуваат оние кои што застанале во одбрана на името.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Ако напише некој Персеус или Македон или недај боже нападне некоја сдс светина како големиот Јани, остај Јани, Шема не дај боже, Бране??? тој е вмро, бугар, предавник, врховист, љубчовист.:)
Или да спомне дека име не треба да се менува?
Не се секирајте, тоа се проверени сдс тактики за дискредитација.
Моеш во утрински да одиш и да читаш коментари.
Си имаат ангажирано цела армија луѓе која се занимава со тоа.
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Еве ја колумната на Јани од која некој друг требе да се засрами а не персеј или јас што ја постирам !

По НАТО (кич- патриоти 2)
Jани Макрадули
НАТО и ЕУ се наша агенда, ама за оние што не се плашат од предизвици, противници, нерамен терен, пристрасни судии
За жал, на раскрсницата се запали црвено светло. Долгото двоумење на Владата по кој пат да се оди, доведе до ситуација да се запали црвеното светло. И, за жал, сега некои прво ќе тргнат да го бараат оној што го запалил светлото, ќе го вперат прстот, ќе фрлат анатема. Но, убеден сум, како ќе поминува времето, некои ќе прашаат - зошто двоумењето траело толку долго.

Ќе биде многу лошо ако сите прашања и дилеми за одлуката, поточно не-одлуката на НАТО да ги бараме надвор од нашата земја, да се аманестираме од дебата внатре, да помислиме дека самоизолирани сме посилни. Секако, некои прашања ќе изостанат ако од морални причини некои си поднесат оставки заради овој неуспех, ама заборавив дека кич-патриотите и немаат баш некои високоморални вредности.

А најмалку од се', одлуката на НАТО не смее да биде победа на кич-патриотите. Со тоа мора јасно да се бориме, почнувајќи од денес. Време е за разобличување на кич-патриотите. Зошто, не мислам дека кич-патриотите случајно отворената емисија на Сител ја крстија Македонија И НАТО, а не на пример, поприродно Македонија ВО НАТО. Или, пак, кич-патриотот од културно-информативниот центар – Скопје, кој еден ден пред самитот, сосема случајно, промовираше некоја изложба со билборди на кои имаше нацистички симболи. Ако градоначалникот на Скопје се' уште не го има разрешено, веројатно некој треба да му каже дека станува соучесник на кич-патриотите. Кич-патриотите ќе мавтаат со туѓи знамиња, ќе прекрстуваат улици, ќе бојадисуваат ѕидови. Ќе се појават истите фаци од протестите за: Тетовскиот универзитет, Законот за територијална организација, Законот за знамиња на заедниците. Кич-патриотите намирисуваат националистичка арома и веднаш се појавуваат на улиците, на екраните. Кич-патриотите ќе сакаат да јаваат на националистички бран. Тоа мора да се спречи. Кич-патриотите ќе сакаат да бидат со народот, ама народот треба јасно да им каже дека не сака да биде со нив.

Мора во Македонија да победат силите кои се подготвени за политичка борба со кич-патриотите, кои не бегаат од проблемите, кои сакаат да ги решаваат. На Македонија не и' требаат политичари кои кога ќе примат гол од очигледен офсајд ќе си ја земат топката и ќе си одат со солзи дома. Борбата за потврдување на нашето членство, достоинствено требаше да почне уште во Букурешт, до самото затворање на самитот. Верувам и на генералниот секретар на НАТО ќе му беше многу понепријатно да одговара на десетина прашања од македонските новинари.

Во претходната колумна не спомнав еден од најголемите кич-патриоти, а тоа е секако министерот за транспорт и врски, Миле. Е, тој министер смета дека е многу патриотски да не распределува средства од буџетот за некои општини каде што градоначалниците доаѓаат од редовите на СДСМ. Имено, на последната распределба, од „најпатриотски“ причини Миле решил Берово, Виница, Делчево и Кочани да не добијат никакви средства. Каков патриотизам? Дискриминирање на општини затоа што градоначалниците се од СДСМ, а се интересира ли Миле за граѓаните во тие општини? Е, со такви кич-патриоти нема развој на источна Македонија, со такви кич-патриоти преправени во министри нема покана за НАТО.

Нерешителноста на НАТО да се спротивстави на грчкиот обид да се закочи напредокот на Македонија, да се маргинализира се' што е македонско, за жал, ќе има негативен ефект на регионот.

Букурешт по втор пат постави некои стари принципи и по некое ново прашање поврзано со регионов. Зошто Бугарите биле толку воздражани? Како да се признае Косово? Колку да брза Црна Гора? Како да се најде решение за реформите во полицијата на БиХ?

Оваа одлука, за жал, може да ги реши и изборите во Србија. Прогресивните и демократски сили ќе изгубат добар, можеби и клучен пример за тоа кој пат да се избере, по кој правец од раскрсницата да се тргне. Радикалите ќе ја злоупотребуваат Македонија за да добијат гласови од неопределените, демократите не ќе можат цврсто да застанат за НАТО како цел по исполнети критериуми. Загрижен сум дека таква слична поделеност може да се случи и кај нас.

Грција предоцна ќе сфати колку непромислена одлука донела, и наместо да го испрати Караманлис како херој, сигурен сум дека Грците брзо ќе посакаат да ја заборават оваа епизода од нивната историја.

Но, Република Македонија мора брзо да се престрои, јасно да се направи разлика кој е подготвен да работи за НАТО и за ЕУ агендата. Дефетизмот што ќе го наметнат кич-патриотите мора да биде поразен, и тоа од граѓаните кои сакаат видливи резултати, со почитување стандарди, правила, закони. НАТО и ЕУ се наша агенда, ама за оние кои не се плашат од предизвици, противници, нерамен терен, пристрасни судии.

П.С. Во сенка на настаните околу името, измина и 31.3.2008 година, последниот рок за наводните 100.000 компјутери. Би сакал да го потсетам државниот ревизор (веројатно имаме таков) дека неактивирањето на гаранцијата, согласно со условите во тендерот, е кривично дело (седмо во овој тендер)!

(Авторот е пратеник)
Кој се тие кич-патриоти и кој се тие кој требе да се борат против кич-патриотите?
 
Член од
10 март 2008
Мислења
101
Поени од реакции
0
Јас си работам на случајот. Еве уште една колумна:

Анти НАТО закани


Гордана Дувњак

Големиот револуционер Јане Сандански сигурно би се превртувал во гробот да знае како некои наши современици го злоупотребуваат неговото име како псевдоним за кукавички цели.

Анонимен Интернет-манијак со и-мејл порака испратена до сите медиуми деновиве им се заканува на десетина интелектуалци од земјава со ликвидација само затоа што се дрзнале јавно да искажат сопствен став. Изјавите во кои се апелира на разумност и се укажува на потребата да не се прокоцка историската шанса за влез во НАТО, некој погрешно ги разбрал како антимакедонска дејност за промена на името.

Во секоја демократска држава која држи до себе, јавните дебати се неисрпен извор на различни мислења, во кои се проверуваат предлози и решенија, за да може да се изгради најцелисходен државен став околу определено прашање. Во Македонија, пак, се' уште постојат квазипатриоти, кои мислат дека може да се забрани правото на мислење. И тоа само затоа што на поединци или организирани групи не им се допаѓа тоа.

Ваквите дилетански и очајнички обиди тешко дека ќе ги замолчат или уплашат оние на кои им се упатени. Но, во секој случај, не е пријатно чувството да знаете дека сте опсесија на некои болни глави.

Во држава каде што полицијата со огромна ноншалантност ги прифаќа ваквите срамни закани, не е исклучено некому да му текне да премине и од зборови на дела.Наместо МВР да ја врши својата работа и да испита кој стои зад ваквите напади, бара од оние кои се цел на закани самите да го пријават случајот.

Дали треба навистина да се случи несреќа, па МВР да реагира!
http://utrinski.com.mk/?ItemID=599C5997B78733459CC5926673F41254

Овде новинарката во име на демократијата застанува во одбрана на „интелектуалците“ кои се залагаа за промена на името. Мене не ми изгледа како демократско однесување да одите против волјата на еден цел народ кој што се определил како
ќе се нарекува. Новинарката вели: „Во секоја демократска држава која држи до себе, јавните дебати се неисрпен извор на различни мислења, во кои се проверуваат предлози и решенија, за да може да се изгради најцелисходен државен став околу определено прашање.“ Тука лежи проблемот. Име на држава не смее да биди цел на дебата. Не постои како опција менување на името, а камоли дебатирање да се прифати некое од понудените имиња. Нема што да се изгради државен став. Прашањето на името, за нас Македонците, е затворено прашање и за него ставот е изграден - дека нема промена на името. Секој што ќе речи дека допрва треба да се дебатира и да се гради став за името, тој е против интересите на оваа земја.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Назад ни е зимата

Бранко ГЕРОСКИ

Сега, откако е познат исходот од самитот на НАТО во Букурешт, дури се уште не ни вовеле единствена уредувачка политика на сите медиуми (со обврска за носење црвени маички со сонцето од Кутлеш), би сакал, мили мои Македонци, да ви кажам што ќе ни се случува во месеците што доаѓаат. Не за да ги нагласам моите предвидувачки способности, бидејќи тоа не е нужно. Јас бездруго го предвидов ваквиот неповолен исход и затоа упорно се залагав за конструктивен компромис за името, позиција од која не отстапувам и сега - но, кога ќе надвиснат темни облаци, треба да бидеш будала да не предвидиш дека ќе падне дожд.
Нејсе, да не должам, еве што ќе ни се случува сега:

1 Првата реакција ќе биде наплив на силни антигрчки емоции. Ние се чувствуваме понижени од постапките на нашиот сосед. Со право, би рекол, бидејќи во последната фаза на преговорите Атина настапи со максималистички и непријателски позиции. Секако дека таквиот развој на настаните можеше да се избегне, но тоа е друга приказна, приказна што ја раскажував цели шест месеци, но никој не сакаше да ја слушне. Како и да е, антигрчката кампања уште повеќе ќе ја загрози нашата меѓународна позиција, бидејќи ќе ја потврди тезата на грчките лидери дека Македонија е воинствен и непријателски расположен сосед. Тоа, пак, ќе ги влоши шансите за конструктивен компромис, во ситуација кога Алијансата, сепак, ни остави отворена врата.

2 Националистичката реторика од милошевиќевски тип ќе стане основно обележје на политичкиот живот во земјата. Медиумските труби на власта ќе сторат се Македонците да поверуваат дека се „небесен“ народ, дека се самодоволни, дека можат да живеат јадејќи корења, дека политичката изолација во димензијата простор можат да ја совладаат со авантури во димензијата време, нуркајќи кон своето античко минато. А овој феномен, како што е познато, функционира по принципот сврзани садови. Еден национализам потхранува друг.

3 Крилја ќе добијат евроскептиците, луѓето кои отворено се залагаат нашата земја да не биде членка на НАТО и на Европската Унија. Тука, се разбира, на малата чета егзотични и симпатични антиглобалисти, чиј став го почитувам. Мислам пред се на невините жртви на антинатовската кампања на власта, која се води со верба и надеж, што би рекол Груевски, дека Македонија може да стане просперитетна и богата земја (како Швајцарија) дури и ако не биде дел од процесот на интегрирање на Европа во единствен безбедносен, економски и политички простор. Останатите „глупави“ народи од регионот, сосема приземно и прагматично, ќе грабаат кон Европа.

4 Владата ќе развива неплодни концепти како да извлечеме некаква добивка од оваа ситуација, тужејќи ја Грција во Хаг за прекршување на Привремената спогодба и покренувајќи постапка во Светската организација за отфрлање на референцата БЈРМ. Од таа работа ништо не бива, ама тие тоа не го знаат.

5 Никола Груевски, човекот алфа и омега на македонската политика, ќе се обиде и мислам дека ќе успее да ја наметне идејата за предвремени избори. Македонија ќе стане ковачница на политички страсти, ќе се потроши огромна енергија, која инаку би можела да се употреби за консолидација на нашата меѓународна позиција и за продолжување на евроинтеграцискиот процес.
6 Отворените прашања поврзани со спроведувањето на Охридскиот договор ќе се развијат во меѓуетничка криза. Во отсуство на цврста меѓународна позиција (тоа ќе значеше покана за НАТО) оваа влада нема капацитет да ги реши тие прашања и да ја менаџира кризата.

7 Политичките турбуленции, меѓуетничката криза и општата националистичка хистерија можат да доведат до влошување на односите со Албанија и со Бугарија. Да не заборавиме, тоа се две членки на НАТО, кои исто така можат да ни го загорчат животот. Освен тоа, Бугарија индиректно најави дека ќе покрене извесни спорни прашања во процесот на одлучување дали и кога Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ. А и со Србија ќе се скараме кога ќе го признаеме Косово, што пак ќе мораме да го сториме ако сакаме да имаме каков таков мир со Албанците дома.

8 Македонија нема да го одржи потребното ниво на поддршка од своите моќни западни пријатели какво што има денес. Со својата неконструктивност и несериозност, ние не им помогнавме на Американците да ни помогнат. Администрација на Џорџ Буш заминува, а дури и да се случи незамисливото, новиот претседател на САД да биде уште поголем поддржувач на Македонија од Буш, ќе мине најмалку една година додека тоа се преточи во конкретна акција. За жал, Македонците не сфатија колку беше значајна поддршката од Буш, па го навредуваа не само Метју Нимиц, туку и Даниел Фрид и Викторија Нуланд и многу други, кои се обидоа да ни помогнат. Кога ќе престанат да се обидуваат, позицијата на Грција во НАТО и во ЕУ ќе биде уште посилна.

9 Во ваква атмосфера, мислам дека во Македонија ќе зајакнат недемократските и антилибералните концепти. Ќе бидеме сведоци на груби обиди за заведување цензура, на загрозување на темелните политички слободи, на јакнење на државниот интервенционизам во економијата, на загрозување на секуларниот карактер на државата и на развој на многу други концепти карактеристични не само за конзервативизмот туку и за деспотизмот во политиката.
И сега, веројатно ќе прашате: може ли да се спречи ваквиот неповолен развој на настаните? Се разбира дека може. На тоа прашање ќе ја посветам мојата следна анализа, во која ќе се обидам, сепак, да видам светло на крајот на тунелот.
крај.

ова е врвот на македонското новинарство....да се ликува и фаќа сеир на тегобите на македонскиот народ.
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
New York Times застана во одбрана на Македонија од ирационалните Грчки барања, а ова грчкиве лобисти и делови од грчкото лоби присутни кај нас наоѓаат засходно нас да не обвинуваат и да сеат раздор меѓу Македонскиот народ.

Џорџ Буш застана во одбрана на Македонија, ама НЕ ова нашиве ,,експерти,, ,,новинари,, ,,стручњаци,,...ката дневно работат во корист на грците. Како не им е срам?! И уште тука ќе сеат ветар и магла и че ни продаваат басма и тоа упорно и никако да се откажат.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.782
Се повторувам, ама ако.
Ова е истата боранија што врескаше:
-Мораме да прифатиме привремена референца или ќе не нема.
-Мора да го тргнеме македонскиот симбол од знамето, без да ставиме друг или Грците ќе се љутат...
-Мора уставно да се откажеме од нашите у соседството или ќе биде крај на светот.
и многу други:- мора ова да го прифатиме....

Пошто истите по стоти пат се мобилизираа, би ги прашал нивните дронови на форумов да кажат отворено-
Нека не околишат као киша око Крагујевца и нека се изјаснат: се за мењање име или не се? Ако се, кој е тој "храбар" компромис што Груевски заради рејтингот неќел да го прифати, против кој неправедно востанаа кич-патриотите, и конечно кој ќе го прифател Јунанистан и ќе не однел у НАТО/Европа инстант?
Односно, еве да речеме дека решивме да бидеме кооперативни и да носиме "храбри" одлуки, И кои се тие одлуки? Кое име и услови треба да ги прифатиме?
 
Член од
10 март 2008
Мислења
101
Поени од реакции
0
МАНУ нема изградено став за името

Македонската академија на науките и уметностите се уште нема изградено свој став околу спорот за името со Грција, изјави претседателот на МАНУ Георги Старделов пред денешното 41-во годишно собрание на Академијата.
„Се подготвуваме во текот на утрешниот и во следните денови да водиме внатрешна дебата во самата Академија, а потоа, со целата аргументација, ќе го соопштиме нашиот став“, изјави Старделов.
Тој додаде дека сите имиња кои досега се спомнуваа се веќе надминати и затоа се очекуваат нови предлози.
„Мојот став и ставот на МАНУ е да не чекаме некој друг да не именува, туку ние да излеземе со наш конкретен предлог за името, но тоа се теоретски дискусии и сериозни расправи кои ќе траат подолго време“, истакна претседателот на МАНУ.
Во своето обраќање на годишното собрание на МАНУ, Старделов се осврна и на Самитот на НАТО во Букурешт на кој Република Македонија не доби покана за членство во Алијансата поради грчкото вето.
Македонската национална судбина, како што истакна, повторно доживеа пораз, но, според него, овојпат не пораз на делби на народот, туку негово обединување.
„Во Букурешт стана јасно она што до вчера само се претчувствуваше, дека грчкото вето не е заради името, туку заради нашиот опстанок како народ и држава. Во Букурешт нам Грција ни го оспори правото на постоење, а не бевме примени во НАТО само затоа што имаме свое историско име. Треба да сме подготвени дека нашиот сосед може никогаш да не се согласи со името на Македонија, но тоа е обид историјата да се направи реверзибилна и стварноста минато“, подвлече претседателот на МАНУ Георги Старделов.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=91621

Навистина не можам да сфатам што се случува со МАНУ. Како можи до сега да немаат изградено став за името? Како можи да немаат став дека не треба да се менува името? Замислете, доправа ќе одлучувале со каков предлог за името ќе излезеле. Наместо да застанат цврсто како Македонска академија и да речат дека името е Македонија и дека секој предлог е срамен, тие допрва ќе излегувале со предлог. Не смее никој воопшто да размислува за предлог за името.
 
Член од
10 март 2008
Мислења
101
Поени од реакции
0
Да се надоврзам на претходниот пост. На А1 сега има можност за коментрирање, така што можете да ја коментирате веста.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Навистина не можам да сфатам што се случува со МАНУ.
Српска поговорка: не паѓа снегот да го покрие ридот, туку на секоја ѕверка да и се види трагата.

Во секое зло по некое добро. Ако не беа глупостите со НАТО, никој немаше да знае што всушност е Грција, ниту пак некој ќе се запрашаше каква е всушност улогата на МАНУ.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Сето тоа е фино, секое зло за добро, но ситуацијата е килава.

А дури денес, никако не ми се бендисува.

Само се надевам дека кај цитираниве нема да остане ненаплатено.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom