Колумната на Венко Андоновски

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
И? Тоа е доволна причина за некој јавно да го нарече дечкото истетовиран лигуш? Лигуш еј? Латас ли ја пишувал колумнава. Срамота.
Аман со овие девалвирачки муабети против таксисти, возачи на јсп, келнери, обезбедување, продавачи. Јаката македонска образована каста, па фати да мава со дрвја и камења по нив. Ако одиме така, јас досега сум вложила 17 години труд и пари во моето образование. Зар треба на женине во маркет да им се понашам ако ми заправат муабет. А со таксистиве муабетиве се најголемиот фејл. Срам ми е што народ живее во оваа земја, толку се мали, а толку малку им фали за да се направат надмени и големи.
Во болдот сама си ја даде репликата. Исто како што младичот со истетовирана рака се обидел да се вреднува себеси преку така инфантилен чин, Венко го направил истото на начин кој можеби не му прилега на човек како него. Едниот се правел фраер и не си ја вршел работата професионално, другиот си го дозволил истиот луксуз. Едниот работел во маркет по ургенција на чичко му, а Венко има пријатели во медиумите кои му дозволуваат да напише што му душа сака.
На ова ќе следува реакција дека воопшто не е исто, дека не смееме да изедначуваме глупост на месар или продавач со глупост на професор на факултет и писател. Ако е таа реакцијата и ако се стави како првичен проблем "јавната" одговорност, тогаш јас би заклучил дека всушност вие кои тврдите оти сме сите еднакви, од старт му ја доделувате титулата на Супериорност на Венко, за потоа да го осудувате во истиот момент кога тој ќе напише зошто ја чувствува како факт и зошто му смета и го девалвира таквиот однос од продавачот.
Штом секоја професија треба во теорија да биде еднакво вреднувана, тогаш треба да постои и баланс во критиката. Во овој public outcry не видов такво нешто. Или го видов во мали дози.

Другата опција како појдовна точка за критика е онаа реалната, дека општествениот статус се зема како факт, дека луѓето со притаена дискриминација кон тие помалку платени професии, влегуваат во дебата и го критикуваат професорот, го обвинуваат за Марија Антоанета-изам, мафтаат со транспаренти за пристоен вокабулар во јавниот настап и тврдат дека колумната е баш репрезент на снобизмот, вулгарноста и "интелектуалното" отуѓување на човекот од сопствената....човечност.
На тоа јас би одговорил дека колумната на Венко е израз на човечкото, човечното во својата изворна форма. Без влакна на јазикот и без помпезни обиди за елоквенција како моите во постов. :)
Венко во колумната ја допре с'ржта на себевреднувањето. Покажа колку секој од нас во основните побуди е еднаков со секој друг. Дека сите подеднакво патиме од фрустрации, дека на секој од нас му смета некоја тривијалност во општеството, дека сите бараме начин да го канализираме гневот, стравот, бесот. Како што јас сакам да му ја учукам една на типот кој не престанува да зборува за неговиот камион, здивот му смрди на нешто неописливо, ловкрафтовски дури, а муабетот му смрди уште повеќе. Но, не го правам тоа. Доаѓам на форум и ти реплицирам тебе, па макар и репликава да нема многу смисла и да ја прочита некое дете, па инспирирано од мојава теорија за човечноста, да оди и да ишкрта у школо на ѕидот КУР КУР КУР КУР КУР, па да се правда пред професорот дека тоа било основен човечки порив и не треба да биде осудуван..мене ми е сеедно. Ако не ти реплицирав тебе, можеби ќе ја претепав жена ми. Или ќе ја заколев баба ми. Hypothetically.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Па со сигурност можам да тврдам дека нема социјална интелигенција. Има и други поделби на интелигенцијата но да не го тупам овде, човеков ја нема. Во колумна треба да се искаже субјективниот став. Вие го напаѓате Венко бидејќи се смета за аристократ, но мислам дека во споредба со месарот во примеров, и ние треба да се сметаме. Ако истово го каже за некој кој не покажал никакво слично однесување со месаров, тогаш може да се зборува за натменост.
Иако Воки ќе каже дека Венко нема веќе теми за колумна, темите на колумните на Венко, како што често нагласува, кој го читал би приметил, е кичот и шундот во општеството, во сите форми. Има доста кич и шунд во колумнава, и треба истиот да се осуди, а не да се брани, па дури се брани без предходно да се оправда.
Се согласувам дека во колумна авторот си го кажува својот субјективен став. Впрочем не ни може субјект да кажува објективно мислење.

Јас сум редовен читател на колумните на Венко и имам забележано дека е голем противник на шундот и кичот, противник на малограѓанството, некултурата и неморалот.
Но истиот Венко во февруари имаше напишано колумна за Ранко (или како и да се вика), „основачот“ на Бубамара во која на многу убав начин го фали дотичниот во стил: какво дете е тој, чудна мустра е Ранко. Ранко не е ли првокласен кич и шунд заедно со неговиот фестивал кој се одржува пред самопрогласена уште поголема кичерајска елита? Но важно Венко од таму лани си зема награда, па сега мора да пишува колумна во стил „Пофалба за Ранко“.

Инаку него како писател многу го почитувам, како човек исто така се додека вчера не ја прочитав колумната. Разбирам дека може и него да му се спојат жички, но тој е сепак интелектуалец кој не смее да си дозволи вакви испади.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ти сакаш да кажеш дека човек кој оговара муштерии пред други муштерии, не си врши работата ко што треба и не е културен ( и банално е ова да го докажувам), и да е хиперболизирано од страна на Венко, небитно, и да не рекол 40 000 туку 20 000, е интелигентен? А како тоа ти виде знак дека е интелигентен? Јас како доказ за тоа прочитав само дека бил тетовиран, што е смешно.
За повеќе инфо- гугл.
Болдираните се загрозени кај месаров, и навистина не треба да кажувам зошто, очигледно е.
Abstract

Conceptual reasoning, manipulating verbal, mathematical & symbolic information.
S

Social Interacting successfully with others in various contexts.
P

Practical

"Common sense" capabilities; the ability to solve problems & get things done.
E

Emotional

Self-insight & the ability to regulate or manage one's reactions to experience.
A

Aesthetic

Appreciation of form, design and relationships.
K

Kinesthetic

Whole-body competence, e.g. singing, dancing, flying an airplane.
Тука лежи трикот Вештица. Не можам ништо да кажам за човекот, нити дека е паметен, нити дека не е. Ја имам само колумната на Венко како сведоштво за одредено икс случување, кое рака на срце е напишано со огромно ниво на простотилак. А јас ничиј суд не го земам за свој. Не можеш да мислиш дека човек е глуп и прост зашто некој така напишал во своја колумна. Е тоа е банално да се докажува. Ако сметаш дека зборот на Венко е доволен императив за да застанеш на нечија страна во случајов пеки, тоа си е твој избор.

Од друга страна, јас пре би отишла да ме услужи дотичниот месар, отколку да му поверувам на некого за неговото служење. Искуство од прва рака.

Венко имал така едноставен начин да ја реши ситуацијата што дури е и смешен муабетов што го правиме. Можел да си каже: Дечко искрено воопшто не ме интересираат ваквите муабети. Наместо тоа, тој внимателно си слуша ( макар што му се блуело нели) и потоа пишува колумна полна стереотипи и навредливи зборови. Јас него би го сместила под овие дефиниции кои ми ги постави ти, зашто имам доказ за тоа, една цела колумна. Истетовираниот лигуш од друга страна никогаш не сум го сретнала.
 
Член од
13 септември 2011
Мислења
143
Поени од реакции
469
Толку длабоко ве допираат 1-минутните разговори со некој човек што постојано се жалите.
Која нискост е тоа, дали вие разбирате ?
Не познавам човек кој, иако прозборел прв, ако му кажете сосема човечки дека не можете да разговарате, би продолжил да „досадува“.
Па дури и да продолжи, станува збор за 3 минутна култура. Ниту тоа не можете да го издржите.
Фундаментална човечност немате во вас. Љубезноста не можете да ја запазите на 3 минутна стаза.
Ако ова е популарен став, сите што го делат имаат длабоки психички проблеми; па и сметам дека не ни заслужувате подобро.
По правила на симетрија, ниту нас останатите не нѐ интересира дали ве допирале 1-минутните разговори. Дали забележувате накаде води ова?
Универзална декаденција и катастрофален егоизам!
Како што рекол еден од најголемите, „Биди љубезен; секој што го среќаваш, води тешка борба.“.
Не познавам човек што бил видно повреден затоа што одговорил на три лесни прашања.
Како да ве испрашувале во „СОБА 101“ ('84), така се однесувате.
Не постои човек кој не води борба (континуирано).
Иако знам дека најпрво ќе помислите „а богатите!?“, па токму тие се максимално несреќниот дел од човешството,
иако не делува така (размислете локално за ова). Бог не удира со камшик, туку со времето.

А на други теми барате општеството да се грижи за вас.
Колку силна капиталистичка пропаганда е тоа ! Единствено нешто што расте е егото-на-егото, а сите луѓе што се повредени од 3 минутен разговор се ужасни претставници на човечката раса; тоа е јасно in concreto !

Ужасни мислења видов до сега.
Во врска со конкретен текст/автор, најдобра (единствена? претпоставувајќи слобода на говор) казна е нечитањето и игнорирањето.
Рамнодушноста (во овој случај!) е лекот. Дали би му се налутиле на избеган пациент од душевна болница, доколку ви го кажувал ова?
Тоа е правилниот суд, во однос на нечие мислење.

Ум над материја (материја - сфатена поошто: вклучувајќи авторитет ex cathedra).
 
D

D_NazGUL

Гостин
Венко и остали .... вид во изумирање .... стереотипи од времето на последното камено доба ....
Уметноста и убавината е да успееш да се претопиш во новото време што надоаѓа, а не како мачка со сите сили да се држиш за едно време кога секој лустер ишишан - скинхед, секој тетовиран - бараба итн.
Мразам вакви индивидуи кои ги лечат фрустрациите по дневните извори на вести (печатени или електронски сеедно), а уште повеќе ги мразам они е кои ваквите статии ги одобруваат ... зарем нема некој/а тамо некаде што ги чита овие работи пред да се објават?
Ја разбирам неговата фрустрација да сите ми прават муабет каде стигнат ко да се знаеме цел живот, од 8 до 18 сум н аработа така да ич не ми се потребни нивните муабети, но ... етикетирањето, дај молим ти се.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Јасно.
Познавајќи ја мотивационата улога на нивните примања и услови под кои работат, воопшто не се замарам. Треба да сум ненормален да очекувам од келнерка која зема 300 ден. дневница да ми се церека додека ми носи пијачка.
Или да очекувам ФК Турново да игра со Ливерпул. It`s plausible, but hardly probable.
Извини ама насмевката не е материјален трошок и не е никакво изговор тоа. Насмевката не чини пари туку само носи пари. Се е до менаџерот ако им рече да се смејат и бидат културни ќе бидат. Може да ги контролира шефот и ако ги фати дека не се однесуваат во ред да ги казни. Инаку не се лоши услугите во Македонија има многу земји каде земаат и Х5 пати плати па се намршетни стално. Се е до културата. Како и да е жалење на муштерии од други муштерии е недозволиво и неоправдливо и нема никаква врска со плата туку со воспитување и култура.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
а овде си грешка... ја и ти нема да напишеме, ама други во најбрз можен рок ќе го сторат тоа...
Баш да видиме....

Мене нешто друго ме погоди повеќе, тоа е оној expectation gap кој се јавува во многу професии.... Моите дома ме учеле кога ќе отидеш во месара најбитно е да добиеш убаво парче месо, тоа и го очекувам од месарот, кога ќе отидам на механичар очекувам квалитетен автодел(во согласност со парите), кога ќе отидам на фризер очекувам да ме бидам убаво ишишан...

Сега, нашиве акедемици, доктори, или како уште се нарекуваат, очекуваат за 100 денари да им исече пршута и да им ја нареди во форма на олимписките кругови, механичарот да работи со ракавици и на секои 2 мин да мие раце со течен мирислив сапун, а фризерот да го направи Бред Пит или Анџелина Џоли...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Му немам читано ни книги ни колумни, а кој е тој Венко ме знае мене па јас да го знам него?
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Од друга страна, јас пре би отишла да ме услужи дотичниот месар, отколку да му поверувам на некого за неговото служење. Искуство од прва рака.

Венко имал така едноставен начин да ја реши ситуацијата што дури е и смешен муабетов што го правиме. Можел да си каже: Дечко искрено воопшто не ме интересираат ваквите муабети. Наместо тоа, тој внимателно си слуша ( макар што му се блуело нели) и потоа пишува колумна полна стереотипи и навредливи зборови. Јас него би го сместила под овие дефиниции кои ми ги постави ти, зашто имам доказ за тоа, една цела колумна. Истетовираниот лигуш од друга страна никогаш не сум го сретнала.
Колумна, по дефиниција, е интерпретација на нешто, субјективен став. Јас не знам каков субјективен објективен став очекуваш, но тоа не е возможно. Нејќеш да чуеш интерпретација туку да видиш, оди во тедико или кај и да работи момаков, може ќе дебатирате за Мајсторот и Маргарита, може човеков всушност е заинтересиран во критичка психологија на Маркузе, пиши си своја колумна на форумов, докажи дека Венко не е во право.
Ако нејќеш дирекно да навредува ете ти кажав во право си, и дадов пример за демократско навредување кое звучи фенси па се манипулираат луѓево дека всушност не е навреда.
Ама твојов аргумент не е против Венко, туку против колумната како форма на изразување воопшто, и тоа е сосем друга тема, како тоа луѓето имаат право да критикувааат некого во новина, зошто сите добри колумни се тоа, критика.
Ете јас сега би напишала колумна за тоа како се ускратува правото да се критикува со тоа што некој фактичката состојба може да ја смета за навреда, па уште и може да те тужи за клевета. Но тоа е друга тема.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Кога сум одел на предавање на факултет професорите се држеа до темите што треба да ги предаваат, но некогаш се случувако да имаат некој проблем или да се нешто вознемирени па меѓу другото и тоа ќе ни го кажеа на предавање. Па луѓе се и тие! Што требаше да кажам Еј ај олабави ме не ми раскажувај надвор од темата. Сигурно и Андоновски имал такви излети. А ако некој е стварно гњаватор, дрзок или постојано оговара има шеф пријави го. Иако јас си мислам дека приказнава на Венко е измислена, и да не е, не можам да најдам оправдување за неговото однесување и пишување.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Aesthetic

Appreciation of form, design and relationships.
Многу е битно да се напомене дека кај дотичниов месар очигледно изостанува и овој вид интелигенција, а доказ за тоа е фактот што не и ја подредил саламата на теткицата, туку само варварски и ја расфрлал по хартијата!
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Во болдот сама си ја даде репликата. Исто како што младичот со истетовирана рака се обидел да се вреднува себеси преку така инфантилен чин, Венко го направил истото на начин кој можеби не му прилега на човек како него. Едниот се правел фраер и не си ја вршел работата професионално, другиот си го дозволил истиот луксуз. Едниот работел во маркет по ургенција на чичко му, а Венко има пријатели во медиумите кои му дозволуваат да напише што му душа сака.
На ова ќе следува реакција дека воопшто не е исто, дека не смееме да изедначуваме глупост на месар или продавач со глупост на професор на факултет и писател. Ако е таа реакцијата и ако се стави како првичен проблем "јавната" одговорност, тогаш јас би заклучил дека всушност вие кои тврдите оти сме сите еднакви, од старт му ја доделувате титулата на Супериорност на Венко, за потоа да го осудувате во истиот момент кога тој ќе напише зошто ја чувствува како факт и зошто му смета и го девалвира таквиот однос од продавачот.
Штом секоја професија треба во теорија да биде еднакво вреднувана, тогаш треба да постои и баланс во критиката. Во овој public outcry не видов такво нешто. Или го видов во мали дози.

Другата опција како појдовна точка за критика е онаа реалната, дека општествениот статус се зема како факт, дека луѓето со притаена дискриминација кон тие помалку платени професии, влегуваат во дебата и го критикуваат професорот, го обвинуваат за Марија Антоанета-изам, мафтаат со транспаренти за пристоен вокабулар во јавниот настап и тврдат дека колумната е баш репрезент на снобизмот, вулгарноста и "интелектуалното" отуѓување на човекот од сопствената....човечност.
На тоа јас би одговорил дека колумната на Венко е израз на човечкото, човечното во својата изворна форма. Без влакна на јазикот и без помпезни обиди за елоквенција како моите во постов. :)
Венко во колумната ја допре с'ржта на себевреднувањето. Покажа колку секој од нас во основните побуди е еднаков со секој друг. Дека сите подеднакво патиме од фрустрации, дека на секој од нас му смета некоја тривијалност во општеството, дека сите бараме начин да го канализираме гневот, стравот, бесот. Како што јас сакам да му ја учукам една на типот кој не престанува да зборува за неговиот камион, здивот му смрди на нешто неописливо, ловкрафтовски дури, а муабетот му смрди уште повеќе. Но, не го правам тоа. Доаѓам на форум и ти реплицирам тебе, па макар и репликава да нема многу смисла и да ја прочита некое дете, па инспирирано од мојава теорија за човечноста, да оди и да ишкрта у школо на ѕидот КУР КУР КУР КУР КУР, па да се правда пред професорот дека тоа било основен човечки порив и не треба да биде осудуван..мене ми е сеедно. Ако не ти реплицирав тебе, можеби ќе ја претепав жена ми. Или ќе ја заколев баба ми. Hypothetically.
Се фати за она мали м? На малодушност се однесуваше, да расчистам секаква инсинуација и вадење од контекст.

Целиот пост ти е една голема претпоставка. Може да ја тегнеме на која сакаш страна, ама во никој случај нема да ја поистоветам ситуацијата на Венко со онаа на тетовираниот лигуш ( не му го знам името, нити па Венко му го знае). Истовремено не постои начин да ја поистоветам фрустрацијата на едниот со онаа на другиот. Оти се различни. Само зашто зборот фрустрација е еден, не значи дека коренот му е ист. Овде имате една страна, Венко. За другата сте добиле информации повторно преку него. Тој ви е правец и катализатор во случајов. Ти Разиел на пример, немаш поим дали месарот го вработил чичко му, ама го пишуваш тоа. На слепа претпоставка став не се гради.

Овој муабетов со плачки од луѓе со помалку платени професии го очекував уште порано, ама никој не го спомена, ете ти си прв. Венко најмногу плаче за својата плата во своите колумни, па види ти иронија.

Меѓутоа, мојата реакција не се должи на тој основ. Основната пристојност и начинот на решавање проблеми во комуникација нема врска со број на години вложени во образование. Не реагирам заради социјален статус или професија, туку заради начинот на кој е решена ситуацијата, а во која може да се најде секој. Јас најмногу и затоа реагирам. Ова ти е чист кукавички одраз. Место да решиш проблемот што те мачи на лице место, си ќутиш кукавички и после дрпај пари за фрустрацијата. Фејл.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Баш да видиме....

.
Според реакцииве треба да е така...
Штом дочекаа еден „пропуст“ на еден од подобрите (не за мене, јас ретко сум го читал, него многумина го фалеа како добар, не ни се замарам и со ова толку) и почнаа да хејтаат, сигурно ќе има „реакција“.
Таков народ сме, од мравка - слон... колумнава му е една лоша огорченост, каква што владее кај многу луѓе на негови години кај нас...
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Венко бил нешто јако надркан од сабајле. Не кажуе у колумната, ама ја сум спремен да се кладам. Месаров и текст пораките од 1747 (или како и да беше бројот) му дошле како капак. Има едно старо професорско правило: кога си надркан, не прегледувај писмени и не испитувај студенти. Критериумите ти се изместени а трпението намалено. Олади малце. Претпоставувам дека тоа може да се примени и на пишување колумни. Ама као и секој жив чоек, му пукнал филмот. Нејсе, тоа не значи дека Венко одеднаш, како последица на колумнава, станал лош семиолог или теоретичар на книжевноста, ниту пак дека е слаб професор или ментор.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Колумна, по дефиниција, е интерпретација на нешто, субјективен став. Јас не знам каков субјективен објективен став очекуваш, но тоа не е возможно. Нејќеш да чуеш интерпретација туку да видиш, оди во тедико или кај и да работи момаков, може ќе дебатирате за Мајсторот и Маргарита, може човеков всушност е заинтересиран во критичка психологија на Маркузе, пиши си своја колумна на форумов, докажи дека Венко не е во право.
Ако нејќеш дирекно да навредува ете ти кажав во право си, и дадов пример за демократско навредување кое звучи фенси па се манипулираат луѓево дека всушност не е навреда.
Ама твојов аргумент не е против Венко, туку против колумната како форма на изразување воопшто, и тоа е сосем друга тема, како тоа луѓето имаат право да критикувааат некого во новина, зошто сите добри колумни се тоа, критика.
Ете јас сега би напишала колумна за тоа како се ускратува правото да се критикува со тоа што некој фактичката состојба може да ја смета за навреда, па уште и може да те тужи за клевета. Но тоа е друга тема.
Јас и ти очигледно исто мислиме, само на различна страна сме. Читам колумни, па дури и пишувам. И јас може да се најдам среде ваква расправа. Колумната е став и треба да постои како таква. Јас со тебе расправам за субјективноста. Ти го поставив прашањето: Како може преку колумнистот да судиш за човек за кој пишува во колумната, а не го ни познаваш? Ова ми е сосем неочекувана релација, дури ни јас ни на сон не би очекувала заради тоа што сум осудила некого за нешто во колумна, читателот да го осуди за истото. Ако мене ми се обраќаш со она : "Докажи дека Венко не е во право", јас би ти го рекла спротивното, докажи дека е во право. И токму тука лежи штосот. Човекот не го знаеме ни јас ни ти. Па чуму тогаш осудување кон него?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom