Вештица
love&reason
- Член од
- 2 јануари 2009
- Мислења
- 1.524
- Поени од реакции
- 856
Па со сигурност можам да тврдам дека нема социјална интелигенција. Има и други поделби на интелигенцијата но да не го тупам овде, човеков ја нема. Во колумна треба да се искаже субјективниот став. Вие го напаѓате Венко бидејќи се смета за аристократ, но мислам дека во споредба со месарот во примеров, и ние треба да се сметаме. Ако истово го каже за некој кој не покажал никакво слично однесување со месаров, тогаш може да се зборува за натменост.Нели сфаќаш Вештица дека ова е грешка која не може да се корегира. Ова е став, кој конечно си го нашол патот до јавноста. Твојов одговор е полн со противречности. Како знаеш дека дечкото е личност со пониска интелегенција од просечната? Како се детектира тоа од колумна? Ако тој ги нема усвоено културните норми, што да кажам за Венко и неговиве изрази зашто тие со сигурност не се репер за нив?
Иако Воки ќе каже дека Венко нема веќе теми за колумна, темите на колумните на Венко, како што често нагласува, кој го читал би приметил, е кичот и шундот во општеството, во сите форми. Има доста кич и шунд во колумнава, и треба истиот да се осуди, а не да се брани, па дури се брани без предходно да се оправда.