Колку чини Соросоид?

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634


колку чини да си соросоид???


делумно објавените податоци за 2008 велат ....

200 000 евра !!!

ке повторам, делумно објавени, не се вклучени тука сите проекти активности, тајни сметки перални...оваа бројка е ситното..за јавноста.

НВО инфо центар
НВО инфо центарот ќе продолжи со имплементацијата на своите основни активности како сервис на НВО-и за односи со јавноста. Во 2008 НВО инфо центарот ќе продолжи да го нуди своето знаење во креирањето на јавни кампањи и комуникациски стратегии како и да обезбедува поддршка во организирањето на прес конференции, презентации, промоции, тркалезни маси и други јавни настани за македонските граѓански организации. НВО инфо центарот исто така ќе го стимулира медиумскиот интерес за граѓанските иницијативи во областа на јавното здравство и ќе ги зајакне напорите на невладините организации со цел да се зголеми интересот на државните институции за соработка и комуникација со организациите од граѓанско општество и професионалните организации на работниците од здравствената грижа.
Буџет: 60.000 ЕУР

Набљудување на имплементацијата на новото законодавство за медиумите и на документите за медиумски политики
Програмата ќе ги обедини активностите од проектите од претходните години посветени на Законот за радиодифузија и Националната стратегија за развој на радиодифузија. Главниот приоритет на овој проект е набљудувањето на имплементацијата на Законот за радиодифузија, како и имплементацијата на краткорочниот и среднорочниот акционен план за Стратегијата. Освен тоа, предмет на набљудувањето ќе бидат делови од стратегијата за ИКТ што се однесуваат на дигитализација на радиодифузијата, спојувањето на медиумите и воведувањето на технологии способни за емитување на радиодифузниот сигнал во државата. Програмата ќе биде имплементирана во партнерство со Центарот за развој на медиумите како заеднички напор на неколку донатори: Шведскиот хелсиншки комитет, Норвешка народна помош и Мрежната програма за медиуми – Лондон.
Буџет: 70.000 ЕУР

Медиумска писменост

Овие програмски активности ќе бидат имплементирани во партнерство со НВО инфо центарот. Подготвителната фаза на проектот Медиумска писменост како и давањето на потребните фондови се очекува да бидат комплетирани во март 2008. До тогаш треба да биде извршено испитување меѓу средношколците. Експертскиот тим што ќе биде формиран ќе работи на програмата од март до мај 2008. Предлог програмата ќе биде дискутирана на јавна дебата во која ќе учествуваат релевантни институции, експерти за медиумско образование, наставници, студенти, НВО-и. Бирото за развој на образованието ќе биде покането да стане партнер на НВО инфо центарот и на Програмата Медиуми за имплементацијата на проектот.
До крајот на 2008 образовната пилот фаза на проектот ќе почне во пилот средното училиште, што ќе биде проследено со низа работилници организирани за млади активисти од младинските НВО-и.
Буџет: 20.000 ЕУР

Форуми за медиумски професионализам – нова иницијатива на програмата
Главната цел на овој проект е да иницира структурни медиумскии дебати на теми од медиумите што го окупираат медиумскиот сектор во државата. Планирани се четири дебати што ќе бидат организирани со учество на гости поканети од странство. Овие дебати ќе бидат насочени кон: Новинарски професионализам; Медиумиска одговорност; Предизвици за регулирање на дигиталната средина и нови платформи во радиодифузијата; Социо-културното влијание на дигиталната средина во две насоки – програмска продукција и намалување на социјалната стратификација на публиката (вклучување на граѓаните во процесот на дигитализација). Сите дебати ќе бидат имплементирани и организирани со активното учество на медиумските НВО-и: Здружението на новинари, Центарот за развој на медиуми, Здружението на приватни радиодифузери и НВО инфо центарот и други релевантни институции.
Буџет: 40.000 ЕУР
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
И менталниот склоп е важна карактеристика, не е се до парите.
На некој дај му и 100 милиони колку и да се труди пак не може да излезе предавник ко некој што ќе се шитне за 100 евра.
Како што е поговорката 1% е талент 99% работа, ама ако го нема тој 1%, џабе.
Може следната тема треба биде - издвојување на соросоидниот ген.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Шо се 200 бона не заебавај...толку ли евтино си го шитнаа газот??
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Владе Милчин ми изгледат на Астерикс.

 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Шо се 200 бона не заебавај...толку ли евтино си го шитнаа газот??
Штом интелектот си го шитнаа сега газот и без пари ќе си го даваат. Само кандидати да има:pos2:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
За 2001 година:

Годинава, како што не информираше тој, буџетот на Фондацијата изнесува околу седум милиони долари, а се очекува оваа сума да се зголеми. Најголем дел од тоа е донација на г. Џорџ Сорос, но во финансирањето учествуваат и други партнери.“

http://www.graganskisvet.org.mk/default.asp?ItemID=6E3E08993DF7944295CBF5E29F26DA22
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
ПОДМЕТНУВАЊАТА НА „ХОМИЧОТ“ ГЕРОСКИ

http://makedon.blog.com.mk/node/214985

Одговор на прозваниот:

Познатиот „Соросоид“ и апологет на грчката политика спрема Македонија во врска со прашањето со името, откако беше раскринкана неговата предавничка антимакедонска политика и нивната мисија доживеа фијаско, во недостиг на аргументи се нафрли врз мојата личност веројатно како алиби и покритие за неговата мизерна улога на грчка труба во Македонија. На исклучително перфиден и подмолен начин, со прозирни лаги и конструкции и без никаков доказ, Героски упорно се обидува да ми импутира некаква нелегална активност која се состоела во наводно негово следење од моја страна за време на моето Службување во ДБК што резултирало со „полнење“ на наводното негово досие. Доследен во својата приземност и перфидност „нормално“ Героски упорно одбегнува директно да го спомене моето име оставајки тоа да го направат „анонимните“ читатели со што ми е оневозможено било каква разврска на случајот пред надлежниот суд. По консултациите со неколку адвокати за една таква разврска од сите од нив добив идентичен одговор – дека е исклучително невозможно да се води постапка врз основа на сознанија изнесени на инетернет (веројатно одтука и прозлезе онаа негова хистерична рекација за наводната кражба на неговиот блог отворен веројатно со негов амин од страна на главниот „диспечер“ на Бандата на Сорос на блогерајот), како претходница и алиби за глупостите кои допрва намерава да ги треска на интернетот.

Затоа принуден сум на ваков начин да ставам крај на неговите небулози и шизофренични испади со конкретни факти:

1.Неговата болна омраза кон „Осуммината“ потекнува уште со покренувањето на акцијата за расчистување на негативните состојби во РСВР, а посебно во ДБК, нашиот јавен повик за демистификација на улогата на политичката полиција (УДБА) во системот со посебен акцент на злоупотребите, фингираните и монтирани процеси, уништувањето на македонската интелегенција, улогата на Колишевски... Станавме симбол на македонската пролет, заедно со „Млад Борец“, Вевчани... Героски како новинарче на Вечер застана на другата страна. На губитничката...

2. Неговиот анимозитет кон Осуммината кој никогаш не го криел до денес, особено се зголеми по покренатата инцијатива за одговорност на тогашната Влада на Глигорие Гоговски во септември 1989 година, што е единствен случај во комунистичкиот свет по легален пат да се обиде некој да собори една комунистичка Влада. Него веројатно многу повеќе го заболе тоа што сериозно беше начнат неговиот систем. Парадоксот да биде поголем, наместо новинарите, демократските процеси во Македонија ги покренаа полицајците и тоа оние од фамозната УДБА! Како еден од нив, имав прилика лично да се уверам дека според убедувањата повеќе „удбаши“ иамше во новинарската фела отколку во самата УДБА! Геро беше шампион!

3.Врв на личниот анимозитет кон мене бездруго е обелоденувањето на аферите: „Дувло“ – неовластеното прислушкување на партијата ВМРО ДПМНЕ и аферата „Сина птица“ – неовластеното формирање на паравоени формации од страна на ДБК! Обелоденувањето беше јавно – на прес конференција на која тој „нормално“ немаше храброст да присуствува. Заработив еднодневен притвор и суспензија од работа, а Комисијата за контрола на СДБ ги потврди сите мои обвинувања дека оваа Служба нелегално постапуваше! Со овие афери трајно беше искомпромитирана личноста на министерот Фрчковски, сегашниот претседателски кандидат, а негов личен идол! Геро заедно со една поголема група новинари – удбаши беше една од главните „печурки“ во подрумот на Фрчко што тој „ги хранеше со гомна и со малку светлина!“ (изјавата е на Фрчко). Но нему очигледно му годеше таквата благопријатна „атмосфера“ што подоцна дебело си го компензира станувајки главен и одговорен уредник на Дневник! Улогата на неговиот патрон во тоа е позната!

4. По седум и пол годишен судски спор кој успеав да го добијам во Мај 1999 година се враќам на работа во ДБК. Но времињата се сменија – сега јас сум во немилост на Доста Димовска заради претходниот раскол во 1997 година во ВМРО ДПМНЕ, а Фрчко, Геро, Орданоски и целата таа банда се први пријатели со новата министерка Достич што никогаш и не го криеле (тука има многу прашања ама тоа во друга прилика). Резултат од тоа е – испратен сум на работа во одделот на ДБК на Бит Пазар, на дуплирано работно место и со посебен напомена од шефот – нека не работи ништо само да не му текне пак да дигне бунт! Работно место звучно – главен инспектор во одделението за странски разузнавачки служби, фактичка надлежност безвучна фигура! Е од тука се поставуваат неколку прашања кои манипулаторот Геро ќе мора да ги одговори:
А) Зошто го премолчува периодот кога се случило тоа да јас пишувам за него? Зарем можело тоа да остане неказнето или незабележано од неговата лична пријателка Доста Димовска со која според нивни јавни признанија си муабетеле на неговата вила во Матка токму во тој период?

Б) Зошто премолчува дека неговиот кодош Ј.Б бил токму мој шеф во одделот во кој работев!!! Зарем можело нешто во една строго хиерхиска органзиација да помине без негово знање? Зарем можело јас да постапувам без наредба на повисок старешина почнувајки од министерката Димовска па се донеговиот КОДОШ а тогашен мој шеф? Патем, за каков човек се работи доволно зборува податокот што против него се води судска постапка заради лажно претставување!

В) Зошто неговиот кодош Ј.Б. или неговата пријателка не му доставеле барем еден писмен документ како доказ заради таквата моја наводна нелегална активност? Верувам Героски суво злато би дал за него и сигурно би го објавил на насловна страна!

Г) Во 2000 година беше донесен Закон за отварање на досиејата на сите лица кои биле под третман на УДБА/СДБ/ДБК од ослободувањето до денес. Зошто нашиот јунак не поднел барање да си го земе своето досие, да си ги види сите оние кои демек го кодошеле, како и оние кои пишувале било какви материјали за него?
Не поднел оти знаел дека нема! Самиот си призна дека имал јаки пријатели „горе“, па може тоа да го стори и сега!

Д) Сведокот на кој се повикува Роберт Митевски, сега уредник во Нова Македонија , е мој личен дологодишен пријател по основ на заедничко хоби – нумизматика и фелеристика и само на тоа се должат мои две кратки посети (кафе и цигара во просторијата за пушење во Дневник!) и на ништо друго! Ќе мора Геро и нему да му објасни зошто долго време го сомничеше дека тој бил кодошот што него го денунцирал, а денес со невидено лицемерие бара да сведочи!
Да, да ќе посведочи но на мое барање!!!

Ѓ) На крајот се поставува прашањето - за што всушност би можел да биде следен Геро од страна на СДБ во тој период? Секоја служба си има предмет на интерес и свои правила по кои работи и никој жив не може да измислува некои „свои“ категории! Нели, самиот се фали дека бил чист, демократ, дека не е непријател на земјата! Како што е општо познато токму тој - Геро одсекогаш бил особено близок со речиси сите највисоки функцуионери на МВР! И кој можел таму некој си треторазреден инспектор да му набеди нешто што тој не го правел,а во сито време бил личен пријател со министерката? На крај краева кој фактор бил тој во државата па да биде посебен интерес за СДБ/ДБК???

Или пак, сепак има нешто што ние не го знаеме, па сега нашиот Геро си ја ишка мувата на капата и проверува колку ние знаеме.

Па еве... Се обидов да му помогнам на Геро колку толку да му ја амортизирам шизофренијата и се распрашав по некои поранешни припадници на СДБ/ДБК за неговиот „случај“.

Резултатот е следен:
1.Бранко Героски нема никакво досие во ДБК ниту имал некогаш!
2. Единствен случај каде се споменувал била некоја акција на ДБК за откривање на шпиунска мрежа на Грчката разузнавачка служба меѓу хомосексуалците во Македонија која се водела на републичко ниво под шифрирано име „Лезбос“ (?)! Со таа акција авторот на текстот нема никаква врска!

Знам дека и ова мое писание/демант нема да допре до ушите на оваа бедна интелектуална, морална и човечка креатура. Човекот едноставно мазохистички ужива да биде во центарот на внимание и да глуми жртва на системот што самиот безрезервно го поодржувал и му служел. Но, паранојата е заебана работа и тука помош треба да бара на друго место. Ако незнае каде нека праша каде е неговиот истомисленик В.Г.!
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ne, Latas e najeftin!
Toj e besplateno prdlo.
Gero barem zema pari, hahahaha!

A be rekov i ke recam....se se nijansi na smrdea, ama sepak e smrdea.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom