Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 634
колку чини да си соросоид???
делумно објавените податоци за 2008 велат ....
200 000 евра !!!
ке повторам, делумно објавени, не се вклучени тука сите проекти активности, тајни сметки перални...оваа бројка е ситното..за јавноста.
НВО инфо центар
НВО инфо центарот ќе продолжи со имплементацијата на своите основни активности како сервис на НВО-и за односи со јавноста. Во 2008 НВО инфо центарот ќе продолжи да го нуди своето знаење во креирањето на јавни кампањи и комуникациски стратегии како и да обезбедува поддршка во организирањето на прес конференции, презентации, промоции, тркалезни маси и други јавни настани за македонските граѓански организации. НВО инфо центарот исто така ќе го стимулира медиумскиот интерес за граѓанските иницијативи во областа на јавното здравство и ќе ги зајакне напорите на невладините организации со цел да се зголеми интересот на државните институции за соработка и комуникација со организациите од граѓанско општество и професионалните организации на работниците од здравствената грижа.
Буџет: 60.000 ЕУР
Набљудување на имплементацијата на новото законодавство за медиумите и на документите за медиумски политики
Програмата ќе ги обедини активностите од проектите од претходните години посветени на Законот за радиодифузија и Националната стратегија за развој на радиодифузија. Главниот приоритет на овој проект е набљудувањето на имплементацијата на Законот за радиодифузија, како и имплементацијата на краткорочниот и среднорочниот акционен план за Стратегијата. Освен тоа, предмет на набљудувањето ќе бидат делови од стратегијата за ИКТ што се однесуваат на дигитализација на радиодифузијата, спојувањето на медиумите и воведувањето на технологии способни за емитување на радиодифузниот сигнал во државата. Програмата ќе биде имплементирана во партнерство со Центарот за развој на медиумите како заеднички напор на неколку донатори: Шведскиот хелсиншки комитет, Норвешка народна помош и Мрежната програма за медиуми – Лондон.
Буџет: 70.000 ЕУР
Медиумска писменост
Овие програмски активности ќе бидат имплементирани во партнерство со НВО инфо центарот. Подготвителната фаза на проектот Медиумска писменост како и давањето на потребните фондови се очекува да бидат комплетирани во март 2008. До тогаш треба да биде извршено испитување меѓу средношколците. Експертскиот тим што ќе биде формиран ќе работи на програмата од март до мај 2008. Предлог програмата ќе биде дискутирана на јавна дебата во која ќе учествуваат релевантни институции, експерти за медиумско образование, наставници, студенти, НВО-и. Бирото за развој на образованието ќе биде покането да стане партнер на НВО инфо центарот и на Програмата Медиуми за имплементацијата на проектот.
До крајот на 2008 образовната пилот фаза на проектот ќе почне во пилот средното училиште, што ќе биде проследено со низа работилници организирани за млади активисти од младинските НВО-и.
Буџет: 20.000 ЕУР
Форуми за медиумски професионализам – нова иницијатива на програмата
Главната цел на овој проект е да иницира структурни медиумскии дебати на теми од медиумите што го окупираат медиумскиот сектор во државата. Планирани се четири дебати што ќе бидат организирани со учество на гости поканети од странство. Овие дебати ќе бидат насочени кон: Новинарски професионализам; Медиумиска одговорност; Предизвици за регулирање на дигиталната средина и нови платформи во радиодифузијата; Социо-културното влијание на дигиталната средина во две насоки – програмска продукција и намалување на социјалната стратификација на публиката (вклучување на граѓаните во процесот на дигитализација). Сите дебати ќе бидат имплементирани и организирани со активното учество на медиумските НВО-и: Здружението на новинари, Центарот за развој на медиуми, Здружението на приватни радиодифузери и НВО инфо центарот и други релевантни институции.
Буџет: 40.000 ЕУР