Сакам свечености и битни настани. Буквално со мерак се спремам и одлучувам за сите можни детали, од ноктите како ке ми изгледаат до косата шминката, облеката обувките накитот ташната.. ах.. exciting
сепак мора да сум најубава каде што ке се појавам нели
Дури наоѓам време да се позамарам и со дечко ми односно да му помогнам со изборот и некако да се вклопиме.
Сеуште сум студент па зависам од мама и тато за тоа колку може да се потрошам и гледам ако веке косата ја оставам на професионалец ноктите и шминката да си ги направам сама и ако купувам ново фустанче да искористам чевли или сандали кои веке ги имам и слично. Но што е до мене буквално без мислење би дала пари за све ново па макар и не ги облечам повторно до наредната свадба
Најмногу се имам до сега потрошено за матура, наредно ке биде за дипломска веројатно.
неможам да се сетам на некои промашај. секогаш на крајот сум задоволна од резултатот
Уште од сега имам целосна замисла за тоа како ке изгледам на нова година иако сеуште е рано и незнам каде ке славам