Мене ми е поубаво кога сум сама, таков тип на човек сум:smir: , не сакам многу непотребни муабети, безвезе оговарања... А од друга страна, кога сум тажна некако ми смета самотијата.
Сепак, човек треба да одвои време и за друштво и за себе, дури мислам дека повеќе за друштво отколку за себе за да не се изолира, штета што ова само го зборувам дека `треба`, значи не го користам, таква сум што да правам
Не ми пречи кога си седам дома сама,навикната сум си да си направам да ми биде интересно и понекогаш ме плаши тоа,бидејќи знае да биде во големи количини,ама тоа се зависи од тоа во какво расположение сум.Инаку сум многу дружељубива и сакам да поминувам повеќе време со луѓето кои ме прават среќна.
Интересно ми е да сум сам.Можи така сум навикнат оти немам ни брат ни сестра,а и јас сум таков тип понекогаш ми сметат лугет а особено кога ке станам од спиење тогаш сите ми се криви
Немам таква завист дека морам да бидам меѓу луѓе нон стоп.Си ја сакам осаменоста.Некогаш дури и сум среќна.Ако почнам да ви објаснувам ќе треба многу да филозофирам така да ќе останам само на ова.
Имаше период кога сакав да сум сам,ме замараа гужви и луѓе,дури и една особа да ми беше во близина и ми правеше муабет мене ме замараше...но сега...сега сакам да сум нон стоп опкружен со луѓе,но не било какви,туку среќни и весели,за да едноставно ја убијат монотонијата во мене која владее подог период,ако се погоди некој/а сличен/на на мене тогаш гарант ќе следува уште еден период на бедови и изолираност кој не ми е потребен
Страв ми е од самата помисла да бидам сама.Сакам секогаш да имам друштво,немора да значи дека околу мене треба да има 15-20 луѓе,доволни ми се најблиските....а пак коа сум тажна,разочарана,нервозна и слично мора да имам некој до мене инаку ќе се шекнам
Уживам кога сама си гледам некое добро филмче, или слушам музика без никој да ме замара ама имам моменти кога ми треба галама и големо друштво, зависи од расположението...
Многу сакам да бидам сама! Дури понекогаш ми се чудат! Цел божји ден дома сама и уживам и воопшто немам потреба да викнам некого да ми го исполни времето :nenene: саможивник :smir:
Зависи не секогаш, интересно е некогаш си викам другарки ама во поголем дел од времето сакам да сум сама, кога се работи за дома седење, иначе не сум таква личност баш сакам да се дружам!
Секој човек има потреба да биде сам на одредено време само зависи кај кого како!
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.