Гладиус
notusually
- Член од
- 14 август 2008
- Мислења
- 5.508
- Поени од реакции
- 1.728
Не знам како одредувам, ама секогаш знам со кого можам а со кого не можам да се опуштам.Во животот познаваме и среќаваме многу луѓе, но со сите тие не се однесуваме исто.. Со поголемиот дел од тие луѓе не сме воопшто тие што навистина сме.. Со многу малку луѓе во животот, сме тоа што навистина сме.. можеме да се опуштиме и да се однесуваме нормално.. Значи дека нас не познаваат многу малку луѓе... Имаме роднини, родители, пријатели, сестри, браќа, претпоставени, другари, другарки, мажи, жени, соработници, познаници.. И кога ќе направиш споредба, со кој како се однесуваш, ниедно не се поклопува.. И што мислите со кого од сите тие, сте тоа што навистина сте.. со кого имате опуштен и вистински однос...?
Најверојатно постои некоја бариера околу луѓето која најизменично или одговара или не одговара на мојата.
Многу ми е важен начинот на кој таа личност се поставува спрема мене.
Сепак, и да е отворена према мене, доколку почувствувам дека сепак има нешто неискрено во тоа, почнувам да чувствувам одбивност и нелагодност кога сум до таа личност.
Моментално имам една таква во друштвото, и за разлика од неа, со сите други сум 100% опуштен.