Колку пари се слеваат за поттикнување на радикалниот ислам?

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.451
Поени од реакции
1.791
Дома > Македонија
Колку пари се слеваат за поттикнување на радикалниот ислам?

Катерина Гетева Коментари (0)
03.07.2010 19:02

Колку пари се слеваат на име донации на сметки на организации кои поттикнуваат радикален ислам во Македонија? Според познавачите на состојбите неофицијално се спомнува сума од околу 5 милиони евра само во последниве 7 години.
Парите легнати на сметки во Македонија овие радикално религиозни групи главно ги користат за печатење памфлети, брошури и книги за вахаб учења, но и проповед на радикална идеологија во скопските џамии - Иса Бег, Алаџа, Султан Мурат и Хатунџук веќе не се под контрола на Исламската верска заедница.
Околу 3 илјади поддржувачи имаат вахабистите во Македонија, од кои значителен број се радикално експонирани, во програми за заведување на верниците.
„Беше реализиран еден случај кога МВР изврши контрола во една невладина организација во Скопје за која постоеја основани сомненија дека се финансира, односно на нејзините сметки се пристигнати одредени финансиски средства од друга невладина организација од Саудиска Арабија која што се наоѓаше на црната листа на Стејт департментот“, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.
Според извори од ИВЗ активистите на салафите важат за најбројна и најактивна религиозна радикална група, чија цел е рушење на угледот на ИВЗ но и воспоставување на контрола врз џамиите, со добро разработена шема - оној кој донира пари за изградба на џамијата, тој и ја контролира.
Таков бил случајот со Хатунчук џамијата, велат од Исламската верска заедница. Но се додека радикалното учење не повикува на верска и расна омраза слободно ќе се предава во џамиите без разлика што оџите се без дозвола на Исламската верска заедница.
„Во оној момент кога ќе поседуваме соодветни информации дека покрај тие радикални верски учења се повикува на одредена граѓанска непослушност или на одредени активности кои што се насочени против државата, Министерството за внатрешни работи соодветно исто како и досега ќе постапи“, вели Иво Котевски.
На балканот вахабисти најмногу има во Босна, каде после војната преку Санџак и Косово доаѓаат во Македонија. Во февруари годинава босанската полиција во Горна Маоча уапси осуммина вахабисти кои беа закана за безбедноста, почетокот на јуни имаше акција и во Призрен каде беше уапсена група од петорица поради верски радикализам, директно поврзана со салафите во регионот, вклучувајќи ја и Македонија.
Досега за постоењето на вахабисти кај нас, молчеше и Исламската верска заедница, но дали и понатаму радикализмот во Македонија навлегува само во блага форма со придобивањето на млади за прифаќање на идеите, обичаите, однесувањето и облекувањето или пак стои нешто друго во позадина поради што и ИВЗ деновиве го крена алармот.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Невозможно е да се борите против оваа појава.
Таа е проектирана да иницира меѓуверска војна помеѓу христијаните и муслиманите.
Главен спонзор Сауди Арабија и ЦИА.
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Зошто бе невозможно, шо шириш дефетизам??

Многу е возможно. Го имаме Изаел како пример и како сојузник.


Погледни го видеово, женава е позната активистка се вика Брижит Габриел и таа објаснува како дошле во Либан, како се рашириле и какви масакри правеле.
Ама исто така кажува како Израел е најасно со кого има работа и како се бори:

 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Дома > Македонија
Колку пари се слеваат за поттикнување на радикалниот ислам?

Катерина Гетева Коментари (0)
03.07.2010 19:02

Колку пари се слеваат на име донации на сметки на организации кои поттикнуваат радикален ислам во Македонија? Според познавачите на состојбите неофицијално се спомнува сума од околу 5 милиони евра само во последниве 7 години.
Парите легнати на сметки во Македонија овие радикално религиозни групи главно ги користат за печатење памфлети, брошури и книги за вахаб учења, но и проповед на радикална идеологија во скопските џамии - Иса Бег, Алаџа, Султан Мурат и Хатунџук веќе не се под контрола на Исламската верска заедница.
Околу 3 илјади поддржувачи имаат вахабистите во Македонија, од кои значителен број се радикално експонирани, во програми за заведување на верниците.
„Беше реализиран еден случај кога МВР изврши контрола во една невладина организација во Скопје за која постоеја основани сомненија дека се финансира, односно на нејзините сметки се пристигнати одредени финансиски средства од друга невладина организација од Саудиска Арабија која што се наоѓаше на црната листа на Стејт департментот“, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.
Според извори од ИВЗ активистите на салафите важат за најбројна и најактивна религиозна радикална група, чија цел е рушење на угледот на ИВЗ но и воспоставување на контрола врз џамиите, со добро разработена шема - оној кој донира пари за изградба на џамијата, тој и ја контролира.
Таков бил случајот со Хатунчук џамијата, велат од Исламската верска заедница. Но се додека радикалното учење не повикува на верска и расна омраза слободно ќе се предава во џамиите без разлика што оџите се без дозвола на Исламската верска заедница.
„Во оној момент кога ќе поседуваме соодветни информации дека покрај тие радикални верски учења се повикува на одредена граѓанска непослушност или на одредени активности кои што се насочени против државата, Министерството за внатрешни работи соодветно исто како и досега ќе постапи“, вели Иво Котевски.
На балканот вахабисти најмногу има во Босна, каде после војната преку Санџак и Косово доаѓаат во Македонија. Во февруари годинава босанската полиција во Горна Маоча уапси осуммина вахабисти кои беа закана за безбедноста, почетокот на јуни имаше акција и во Призрен каде беше уапсена група од петорица поради верски радикализам, директно поврзана со салафите во регионот, вклучувајќи ја и Македонија.
Досега за постоењето на вахабисти кај нас, молчеше и Исламската верска заедница, но дали и понатаму радикализмот во Македонија навлегува само во блага форма со придобивањето на млади за прифаќање на идеите, обичаите, однесувањето и облекувањето или пак стои нешто друго во позадина поради што и ИВЗ деновиве го крена алармот.
Една 0 им фали.
Половината от фондациите,които дават пари на мусулманите тук на балканот имат врзки со етстремиски мусулмански движениja.
 

Beowulf

Deep Fear
Член од
11 мај 2009
Мислења
362
Поени од реакции
35
Невозможно е да се борите против оваа појава.
Таа е проектирана да иницира меѓуверска војна помеѓу христијаните и муслиманите.
Главен спонзор Сауди Арабија и ЦИА.
Токму така !

--- надополнето ---

Една 0 им фали.
Половината от фондациите,които дават пари на мусулманите тук на балканот имат врзки со етстремиски мусулмански движениja.
Токму така !
 
?

..........

Гостин
Опасна работа...темна иднина не очекува.....
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823
Изгледа се дозволуваат само темите против албанците , а мојата тема за илјадниците бугари во Македонија кои земаат татковински државјанства се избриша :

Радикални биле муслиманите затоа што градат џамии и затоа што покриени девојки завршуваат факултети а после тоа си наоѓаат работа , јас сепак мислам дека радикалци се тие што им ги оспоруваат правата на муслиманите.

Еве ист таков обид :

Милијарда евра инвестирани во радикалниот ислам

За да се изгради џамија потребни се повеќе од милион евра. Само минарето чини од 50 до 60 илјади евра. Цената зависи и од материјалите што се користат во градбата. Има џамии за кои се потрошени и над два милиони евра

Повеќе од 300 џамии се изградени во Македонија во последните десет години. Само во главниот град и неговата околина има дваесетина нови џамии, најчесто без одобрение за градба и без комплетна документација, неопходна за објектот да биде легален. Експанзијата на градење џамии е најочигледна во западна Македонија, како и во северните делови од земјата, но последните години се гради и околу Штип и Валандово.

Кога се возите со автомобил од излезот на Скопје кон Тетово, Гостивар, Кичево, па сé до Охрид, секое наредно патување можете да забележите понекое ново минаре на место на кое претходно го немало.
Најголемите износи за финансирање изградба на џамии, покажа нашето истражување, влегуваат најчесто преку косовскиот аеродром, како и преку Бугарија и Турција.

Кој ги дава парите за џамијата не е небитен податок, зашто тој што донира за нејзината изградба подоцна има и влијание врз неа. Но тие податоци е тешко да се прецизираат.


СУНИТИ, ШИИТИ, СУФИСТИ



Исламот се практикува во неколку варијанти, од кои секоја има значајни теолошки и правни разлики, но во основа сите имаат едно исто основно верување. Главните гранки се сунизмот, шиитизмот и суфизмот, што се смета за мистична варијанта на исламот.

Сунитите се верници на исламот, на кои им припаѓаат поголемиот број муслимани. Зборот потекнува од „суне“, што значи „книга и зборови“, што се однесува на зборовите на пророкот Мухамед. Според тоа, сунитите се следбеници на книгата на законите и признаваат четири верски школи: Ханафи, Малики, Шафи и Ханбали. Денес околу 1,5 милијарда муслимани се сунити, што претставува 85 отсто од ова население. Доминантни се во сите муслимански земји, освен во Иран, Ирак, Либан, Бахреин и во Азербејџан.

Шиитите се вториот по големина разгранок на исламот. Според историските податоци, шиитите ги признаваат Мухамедовиот пророк Али и неговите потомци за единствени полноправни наследници на Мухамедовата световна и духовна власт (калифи и имами). Шиитите, за разлика од сунитите, немаат строга забрана за ликовно прикажување на божјиот посланик Мухамед, имаат мали разлики во миењето пред влезот во џамиите, како и во движењата при молитвите, но верниците од двете школи може да се молат во ист верски објект. Бројот на шиитите меѓу муслиманите се движи од 10 до 15 отсто, а статистичките податоци не се сметаат за доверливи поради политичката и верска дискриминација на шиитите. Најмногу ги има во Иран, Азербејџан и во Ирак.

Кај нас исламот со Отоманската Империја влезе во сунитска форма.


ДОНАЦИИ ЗА ЏАМИИ



Според грубите процени на градежите фирми што се занимаваат со изградба на џамии, за да се направи ваков објект се потребни повеќе од милион евра. Само минарето може да чини од 50 до 60 илјади евра. Разликата во цената зависи од материјалите што се користат за изработка на објектот, од бројот на минарињата и др. Во последно време муслиманските верници ги тераат да донираат повеќе пари за изградба на џамии, па за изградба на ваквите верски објекти се даваат и трошат понекогаш и над два милиони евра.

Голем дел материјали се донација од приватни фирми што се занимаваат со градежништво или со производство на дрво или на бетон.

Според верниците, мотив за градење на ваквите објекти е ширењето на исламот. Идејата е да се овозможи собирање повеќе верници во џамиите како места за мирно извршување верски обреди.

- Жителите на населбата се договараат кој колку пари може да донира за изградбата на верскиот објект. Имам фирма за изработка на градежен материјал. Кога се градеше џамијата во моето село, сите активно учествувавме. Одлучив да ги обезбедам железото и материјалот за конструкцијата, односно костурот на џамијата. Моите соседи дадоа пет илјади евра, а некои носеа песок, теписи... Тоа е приватна работа и не мора секогаш да се знае износот што некој го дал за изградба на џамијата - објаснува жител на селото Кондово, во околината на Скопје.

Познавачите велат дека новите џамии во Македонија се градени според арапски терк, за разлика од постарите верски објекти од времето на Отоманската Империја. Во почетокот минарињата служеле за повикување на верниците на молитва, а денес оџата им се обраќа на верниците од места во џамијата што се опремени со микрофон и со големо озвучување.


САУДИСКА АРАБИЈА - ГЛАВЕН ФИНАНСИЕР



Според неофицијални извори, најмногу пари за изградба на џамиите доаѓаат од арапските држави, како Саудиска Арабија, Кувајт, Катар и Египет. Официјално, пак, најмногу пари плаќа Владата на Саудиска Арабија. Овие пари првично се наменети за отворање училишта и за промовирање на религијата, како и за аџилак во Мека и Медина. Пред десет години од државата на аџилак заминувале верници со еден автобус, што значи до 50 луѓе од Македонија, а последните неколку години на пат заминуваат од 25 до 30 автобуси. Според официјални информации на Исламската верска заедница, превозот за овие верници го плаќа Владата на Саудиска Арабија, чие население 97 отсто (или 25 милиони луѓе) е муслиманско.

Како што дознаваме, во последните 10 години се влезени еден милион евра за ширење на исламот, од кои 600 милиони биле наменети само за изградба на џамии. Другите пари се наменети за аџилак, други простории, за хуманитарна помош за Ромите, за стипендии. Според познавачи на оваа проблематика, најголем извезувач на радикалниот ислам во државата е Саудиска Арабија.

И во Босна и Херцеговина, од каде што се смета дека доаѓа радикалниот ислам во Македонија, најголем финансиер за изградба на џамии е Владата на Саудиска Арабија. Со нејзина поддршка во Босна се изградени околу 140 џамии, како и мегаџамијата „Џамијата на кралот Фахд“ во Сараево.

На списокот на земји што се главни финансиери на џамии во Македонија, како што дознаваме, се и Катар, Кувајт, Малезија, Либија и Египет.


ТУРСКИ ИНВЕСТИЦИИ



Реџеп Таип Ердоган, како градоначалник на Истанбул во 1997 година, изјави: „Џамиите се нашите касарни, куполите се наши шлемови, минарињата се наши бајонети, а верниците се наши војници“. Поради оваа реченица, тој беше осуден за говор на омраза, а наместо девет месеци, одлежа четири. Турската агенција за соработка и развој (ТИКА) ја финансираше реконструкцијата на Мустафапашината џамија. Според неофицијални информации, сите фирми што ќе се пријават на јавен тендер за обнова или изградба на некој објект, подоцна стануваат донатори на пари што влегуваат во државава на ист начин како и во Босна и Херцеговина, јужна Бугарија, во Чеченија и Азербејџан, во Узбекистан, Киргистан и Казахстан.

Турската владина агенција е подготвена да помогне и во Штип. Една од можните соработки е и во сферата на образованието, бидејќи таму постоел интерес да се изучува турскиот јазик во училиштата, со тоа што „Тика“ би обезбедила финансии за кадарот и за наставата. „Тика“ е формирана во 1992 година и дејствува на три континенти - Африка, Азија и Европа и обезбедува асистенција во повеќе области.

Медресата во Штип, каде што се изучува исламот, се финансира со пари од телефонски јавувања, преку телефонски број за донации што е отворен во Измир, Турција. Преку тој телефонски број се даваат пари за обука на кадри за ширење на исламот во Источна Македонија.


ПАТОТ НА НЕЛЕГАЛНИТЕ ПАРИ



Според изворите на „Нова Македонија“, најголеми износи на пари со кои се финансира изградбата на џамиите влегуваат илегално, и тоа најчесто од косовскиот аеродром или преку Бугарија и Турција. Голем дел странски невладини организации што сакаат да се регистрираат и во земјата се главни промотори на исламот, а некои од нив се ангажирани да им држат предавања на верниците, односно да вршат проповедање на радикален ислам.

На сметките на хуманитарните организации не можат да се слеваат пари во големи износи, а и нивната намена за изградба на џамии и за печатење материјали со кои се проповеда исламот лесно може да се открие. Според информации на познавачи, најголема закана претставуваат фирми регистрирани од македонски Албанци што се занимаваат со печатење книги и цеде-материјали. На нивните сметки во банките се префрлаат пари чие потекло тешко се открива.

Исламските хуманитарни организации што дејствуваат во земјата и со кои контактиравме се правдаат дека нивната основна дејност е да одвојуваат пари првенствено за помагање на сиромашните луѓе, како и за финансирање на образованието. Нашата основна цел, велат тие, е хуманоста, а не финансирање за изградба на верски објекти или ширење на исламот, зашто тоа е спротивно на исламското верско учење, каде што е главно сите да бидат сити и облечени, а можат да се молат и пред верските објекти.


АРАПСКИТЕ ДРЖАВИ НЕ ДАВААТ ПАРИ


Џамиите во Македонија се градат исклучиво со одобрение на Исламската верска заедница и со доброволни прилози на самите верници, а никако со пари на радикални исламистички групи или, пак, со сомнителни донации на непотврдени организации. Оваа изјава редовно се провлекува по медиумите како официјален став на ИВЗ.

За изградбата на џамиите на целата територија на државата е надлежна ИВЗ, како регистрирана верска институција, како и верниците што имаат волја да донираат пари. Со години, велат во ИВЗ, во јавноста провејуваат шпекулации дека земјите од арапскиот свет им даваат пари на балканските земји за ширење на исламот и за градење џамии.

- Ниту една земја не и дава пари на Исламската верска заедница во Македонија за изградба на џамии. Имало случаи кога од Турција, преку нашето министерство за култура, се даваа пари за реставрација на „Мустафапашината џамија“ во Скопје. Тоа важи и за „Хатунџук-џамија“ во населбата Гази Баба. Светската исламска банка, која се наоѓа во Саудиска Арабија, преку нас вложувала за инвестирање во науката, за формирање факултети за изучување на исламот, за финансирање на студентите. Тие немаат фондови за изградба на верски објекти - истакна Африм Таири, генерален секретар на ИВЗ.

Исламската заедница во земјава ја поддржуваат верските заедници од дијаспората, вели Таири, како што се центрите од Канада, Америка, Австралија, кои се доброорганизирани и секогаш кога е потребно се подготвени веднаш да дадат пари за изградба на џамија или, пак, да помогнат одредено муслиманско сиромашно семејство. Регистрирани се 155 такви центри што се во рамките на Исламската верска заедница во Македонија, а од нив најголем број се во Швајцарија.


„САНДЕЈ ТАЈМС“


Голема прашина во Европа дигна престижниот лондонски весник „Сандеј тајмс“, кој објави дека Саудиска Арабија слева стотици милиони фунти во исламистички групи на Балканот за да шират безредија. Во текстот се наведува и дека фундаменталистички групации познати како вахаби и салафи се финансирале од разни саудиски хуманитарни организации, за кои од владини извори од Македонија за „Сандеј тајмс“ велат дека се определени да работат на ширење екстремизам. Според информациите на весникот, и Сулејман Реџепи, поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, имал изјавено дека четири џамии во Скопје не се веќе под нивна контрола, како и дека најголем дел џамии во балканските земји се изградени со пари од радикални групи. Откако ова беше објавено, Исламската верска заедница демантира дека кој било нејзин претставник или нејзиниот претседател дал изјава за британскиот весник, а пишувањето било невистина, клевета и шпекулација.

Според интернет-енциклопедијата „Википедија“, влијанието на Саудиска Арабија во исламот се зголемило кон 1960 година, кога Владата на оваа земја почнала да финансира изградба на повеќе џамии и исламски училишта низ целиот свет. Се претпоставува дека за таа цел биле одвоени околу 45 милијарди американски долари.

Во 2002 година саудиски дневен весник објави податок дека биле собрани пари за околу 1.500 џамии и околу 2.000 исламски објекти. Џамијата „Фахд“ во Калифорнија и исламскиот културен центар во Рим, Италија, се меѓу најголемите инвестиции од Саудиска Арабија, зашто нивната вредност се проценува на околу 60 милиони американски долари.



http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7610955528&id=9&prilog=0&setIzdanie=22026
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823
Џамии низ Македонија

- од излезот на Скопје по патот кон Гостивар се изградени 88 нови џамии
- во селото Теарце е обновена старата џамија, а овој период се градат уште три нови џамии
- од патарината во Тетово до Скопје се забележува дека во секое село има нова џамија
- клучка на влезот на Тетово (десно од патот има недовршена џамија)
- на влез во Гостивар (џамија со две минариња)
- по стариот пат за Гостивар преку Боговиње (десетина нови џамии)
- по една нова џамија во селата Чегране и Форино
- нова џамија на влезот во Куманово (кај Дивата населба)
- во Слупчане, Ваксинце и во Липково
- во Кичево има седум џамии, а сега се гради и осмата
- џамија во изградба на магистралниот пат Кичево - Охрид
- во источна Македонија најчесто се градат џамии во ромските маала, а во последните три години има џамии во ромското маало во Струмица, во Виница и во јуричките маала во Радовишко
- нови џамии во Валандово и во Демир Хисар (финансирани од турската влада)
- џамии во сите села во Струга
- џамија во Велес и во Битола


Џамии во околината на Скопје
- две нови џамии кај клучката за влез во Скопје
- една во селото Нерези, веднаш до манастирот „Пантелејмон“
- две во шумата Водно (нема населено место околу нив, само три куќи)
- во населбата Бутел, патот кон градските гробишта
- во населбата Карпош
- џамија „Араста“ во Старата скопска чаршија
- две џамии во населбата Ченто
- една во населбата Бутел
- две џамии во Арачиново
- една џамија во Катланово
- една џамија кај аеродромот „Александар Велики“
- три џамии во населбата Шуто Оризари
- по една во селата Студеничани и Моране
- една во Чифлик, кај селото Свети Петка
- неколку џамии во Кондово и во Шишево
- една во Љуботен

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7610955528&id=9&prilog=0&setIzdanie=22026
 
?

..........

Гостин
Илјада џамии направиле, абе многу пари се дава за тие џамии, можело да бидат спортски објекти, училишта, социјални домови...што ќе ни се тие џамии?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.066
Поени од реакции
4.716
Опасна работа...темна иднина не очекува.....
Мора да се спречи....затоа што подоцна ќе биде покатастрофално за другата страна.

--- надополнето ---

Џамии низ Македонија

- од излезот на Скопје по патот кон Гостивар се изградени 88 нови џамии
- во селото Теарце е обновена старата џамија, а овој период се градат уште три нови џамии
- од патарината во Тетово до Скопје се забележува дека во секое село има нова џамија
- клучка на влезот на Тетово (десно од патот има недовршена џамија)
- на влез во Гостивар (џамија со две минариња)
- по стариот пат за Гостивар преку Боговиње (десетина нови џамии)
- по една нова џамија во селата Чегране и Форино
- нова џамија на влезот во Куманово (кај Дивата населба)
- во Слупчане, Ваксинце и во Липково
- во Кичево има седум џамии, а сега се гради и осмата
- џамија во изградба на магистралниот пат Кичево - Охрид
- во источна Македонија најчесто се градат џамии во ромските маала, а во последните три години има џамии во ромското маало во Струмица, во Виница и во јуричките маала во Радовишко
- нови џамии во Валандово и во Демир Хисар (финансирани од турската влада)
- џамии во сите села во Струга
- џамија во Велес и во Битола


Џамии во околината на Скопје
- две нови џамии кај клучката за влез во Скопје
- една во селото Нерези, веднаш до манастирот „Пантелејмон“
- две во шумата Водно (нема населено место околу нив, само три куќи)
- во населбата Бутел, патот кон градските гробишта
- во населбата Карпош
- џамија „Араста“ во Старата скопска чаршија
- две џамии во населбата Ченто
- една во населбата Бутел
- две џамии во Арачиново
- една џамија во Катланово
- една џамија кај аеродромот „Александар Велики“
- три џамии во населбата Шуто Оризари
- по една во селата Студеничани и Моране
- една во Чифлик, кај селото Свети Петка
- неколку џамии во Кондово и во Шишево
- една во Љуботен

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7610955528&id=9&prilog=0&setIzdanie=22026
Уште еден доказ дека се оди во погрешен правец, кој е воден од религијата.
Со религија нема просперитет, напредок, развој. Религијата те тупи, те кочи тапкаш во место, дури понекогаш се враќаш наназад. Тие што ги имаат сфатено тоа денес се напредни луѓе, да не речам го владеат светот. Религиите се болести кои треба да се искоренат.

--- надополнето ---

Според интернет-енциклопедијата „Википедија“, влијанието на Саудиска Арабија во исламот се зголемило кон 1960 година, кога Владата на оваа земја почнала да финансира изградба на повеќе џамии и исламски училишта низ целиот свет. Се претпоставува дека за таа цел биле одвоени околу 45 милијарди американски долари.
Наскоро нафтата ќе ја снема, а со тоа ќе ги снема и парите. И повторно назад во камено време. Не дека денес не се во камено време...... закопуваат живи луѓе допола, ги каменуваат, фрлаат камења кон некакви си објекти....во иднина само ќе немаат возила со кои ќе ги пренесуваат луѓето или камењата...
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Абе ние сме си независни, сами.
Овие муслиманиве со Сауди Арабија се врзаа и Турција, нит генетски испитувања им треба, нит браќа и сестри, си имаат заедничка агенда.
Ние во јајцето влакно бараме и на крај две јајца ќе добиеме.
 
Член од
10 март 2009
Мислења
79
Поени од реакции
2
Џамии низ Македонија

- од излезот на Скопје по патот кон Гостивар се изградени 88 нови џамии
- во селото Теарце е обновена старата џамија, а овој период се градат уште три нови џамии
- од патарината во Тетово до Скопје се забележува дека во секое село има нова џамија
- клучка на влезот на Тетово (десно од патот има недовршена џамија)
- на влез во Гостивар (џамија со две минариња)
- по стариот пат за Гостивар преку Боговиње (десетина нови џамии)
- по една нова џамија во селата Чегране и Форино
- нова џамија на влезот во Куманово (кај Дивата населба)
- во Слупчане, Ваксинце и во Липково
- во Кичево има седум џамии, а сега се гради и осмата
- џамија во изградба на магистралниот пат Кичево - Охрид
- во источна Македонија најчесто се градат џамии во ромските маала, а во последните три години има џамии во ромското маало во Струмица, во Виница и во јуричките маала во Радовишко
- нови џамии во Валандово и во Демир Хисар (финансирани од турската влада)
- џамии во сите села во Струга
- џамија во Велес и во Битола


Џамии во околината на Скопје
- две нови џамии кај клучката за влез во Скопје
- една во селото Нерези, веднаш до манастирот „Пантелејмон“
- две во шумата Водно (нема населено место околу нив, само три куќи)
- во населбата Бутел, патот кон градските гробишта
- во населбата Карпош
- џамија „Араста“ во Старата скопска чаршија
- две џамии во населбата Ченто
- една во населбата Бутел
- две џамии во Арачиново
- една џамија во Катланово
- една џамија кај аеродромот „Александар Велики“
- три џамии во населбата Шуто Оризари
- по една во селата Студеничани и Моране
- една во Чифлик, кај селото Свети Петка
- неколку џамии во Кондово и во Шишево
- една во Љуботен

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7610955528&id=9&prilog=0&setIzdanie=22026
Albanec NE LAZI vo strumica nema nova djamija niti pak nekojpat ke ima edinstvenata djamija sto bese vo Strumica e prestorena vo vo muzej taka da ne se nadevaj na toa deka vo Strumica ima dzamija niti pak nekoj pat ke ima samo moze po kuki da se zbiraat
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
ИВЗ го обвини Рамадани за ширење вахабизам во Скопје

ИВЗ го посочува токму Рамадани како еден од главните луѓе задолжени за ширење на вахабизмот во главниот град. Рамадани денеска ги негираше тврдењата на скопското муфтиство. Вели, во Македонија нема организиарн вахабизам туку станувало збор за поединци, приврзаници на радикалниот ислам.
Извор СИТЕЛ http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/ivz-go-obvini-ramadani-za-shirenje-vahabizam-vo-skopje
--------------------------------------------------------------------------------------------

Вахабистите се тука. Контролираат четири џамии и нивните структури добиваат сериозни димензии. Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи конечно призна.

Нивните најголеми настојувања за функционирање се главно во главниот град. Значи, се обидуваат да ги основаат нивните јадра. На почетокот тие се инволвираа во џамијата Јаја Паша, потоа преминаа во џамијата Тутунсиз, а подоцна ја узурпираа и Хајтунџик и на крајот се случи скандалозниот инцидент во Иса Бегова беше кулминација на нивните антицивилизациски, античовечки, антиисламски и исклучително радикални дејства, вели Реџепи.

ИВЗ сега бара помош од државата. Поглаварот тврди дека Министерството за внатрешни било пасивно. Досегашната вербална поддржка, Реџепи сега бара да биде заменета како акциите за субивање на радикалниот ислам како во Босна, Србија, Црна Гора, Косово.

-Ние како ИВЗМ сме исклучително скептични во оваа насока, затоа што реално, гледаме дека има пасивност. Ова го велиме затоа што почнувајќи од Босна, Србија, Црна Гора, Косово и не исклучувајќи ги Турција и Бугарија, сите овие земји со нивните правни дејства докажаа дека имаат мерки и се спротивставуваат на движењето на Вахабитите коишто настојуваат да го заразат општеството во регионов, предупредува Реџепи.


Она што Поглаварот на ИВЗ го посочува во своето интервју, а и дава друга димензија на улогата на Вахабистите е нивниот обид да се инфилтрираат и меѓу политичките партии на Албанците.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/vahabistite-kontroliraat-4-dzamii-potvrdi-poglavarot-na-ivzИзвор: Сител


---------------------------------------------------------------------------
ИВЗ ги објави имињата на тепачите во Исабеговата џамија

На официјалниот сајт на Исламската верска заедница се објавени имињата на учесниците во инцидентот пред две недели во скопската џамија Иса Бег.
На сајтот стојат 12 имиња: Кан Метуши од агенцијата Шпата, Енвер Хоти од џамијата Тутун Суз во Црна Гора, Исен Ахмети од Министерството за здравство, Бесник Ејупи од Агенцијата за спорт за млади и спорт, Харун Халими, Руфет Шерифи, Хасан Бафтијари, Зулуфли Синани, Садат Шабани, Ејуп Адеми шеф на кабинетот на Изет Меџити, Себахудин Фетахоски.
МВР за овие лица има поднесено кривична пријава. Пред две недели во Иса бег џамијата беше избркан од петочната молитва Бајрам Реџепи, а на негово место, беше како што велат од ИВЗ, протераниот оџа Рамадан Рамадани.

Извор: Сител http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/ivz-gi-objavi-iminjata-na-tepachite-vo-isabegovata-dzamija

--------------------------------------------------------------------------------------
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.269
А бе овие полни пари се!!

Дали знае некој дал даваат кредити на пример за кола или реновирање, под кои услови и каде може да се аплицира?
 
Член од
27 март 2009
Мислења
445
Поени од реакции
14
Оваа појава мора брзо да се спречи... Ваква појава се јави и во Бродец и успешно беше спречена.


Еве ги препознатливите кратки коси и долги бради.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom