Ми текнува на две девојки што ги запознав кај нив на работа- значи прв впечаток....
Едната, симпатична девојка, значи не од насловна страна, ама прво нешто што е упадливо кај неа, и убаво, се висината, има убави крупни плави очи, долга плава коса, и некое килце/ца плус. А одма остава впечаток на интелигентна девојка, има некои искрени очи, и најважно, многу многу пријатна, од оние луѓе на кои сака човек да им се доближи, зрачи некако свежо, меко, убаво.
Сега, да го земеме ова за прв впечаток, нели понатаму се’ повеќе и подобро го запознаваш човекот...ама поентата е дека и првиот пат, не го приметуваш ’’ само’’ физичкиот изглед, туку во него спаѓа и боди ленгвиџ, однесување, зрачи од човекот нешто, ’’зборува’’ нешто за него.
Втората, многу убава, црнка, згодно тело, лице а ла Анџелина Џоли, посебно усните. Ама не можеш да не приметиш, на прв впечаток, дека изгледа доста неинтелигентно, со тап поглед, неинтересно- да кажам досадно. И тоа е доста очигледно, до степен да не делува ни секси и покрај згодното тело и убавото лице.
И случајно дознав како сите машки што ќе ги запознаат и двете заедно, одлепуваат на втората. Значи првата е ок, ама немаат некој интерес да побараат тел на пример, а втората е фатална, паѓаат во несвест по неа.
И се мислев во што е финтата, може бидејќи сум женско и не ја капирам машката перцепција, ама пак си помислив како можат толку ќорави да бидат
Јас да сум машко, одма би и’ се пуштила на првата.