Се согласувам дека кодоши има и до ден денес.Но кодош не е нешто што треба да се сфаќа во негативна конотација цело време како што нас ни се сервира. И токму затоа лустрацијата требада биде до 1991 година. Кодошите од 1991 година па натаму работат, барем „по правило“ за Р.Македонија, односно го штитат суверинитетот од надворешни непријатели. Всушност и кодошите до 1991 година не направиле ништо противзаконско во нивно време, па и ништо неморално од нивно гледиште, тие штителе еден поредок и една држава во која верувале, е оти таа држава повеќе ја нема треба да се расчисти со таквите ликови. Но не и со кодоши од 1991 година па до 2006. И зошто баш до 2006 година? Оти кога дојдоа „просветлените“ наеднаш престана да има кодоши и соработници?Нормално дека треба. Од 1991 можеби со ретки исклучоци се употребувале државни ресурси за да се врбуваат кодоши кои ќе дружат со потенцијално идеолошки неподобни лица со цел да се прибираат информации, од 1945 до 1991 тоа била вообичаена работа и да потсетиме повеќето од следените и жртвите на тие прогони биле следени заради сомневање дека поддржуваат независна Македонија (односно се против СФРЈ односно се потенцијални што би рекле удбашите националисти, под тој изговор биле следени стотици луѓе...). Значи тоа е разликата...
Мораш да се согласиш со мене, важењето до 2006 е чиста политичка провокација, но како беше онаа „со свој камен по глава“. Со ваквото законско решение, на некој друг му даваш право еден ден, на пр. 2020 да донесе нов закон со кој ќе лустрира се што било соработник на службата од 2006 па до 2020, и што се постигнвуа со тоа, политичка и братоубиствена пресметка. Затоа законот мораше и мора да важи само до 1991 година.