Кои се првите 10 лустрирани кодоши

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Комисијата за лустрација за десетина дена очекува да ги заврши законските процедури за објавување на имињата и презимињата на поранешни и сегашни носители на функции, соработници на органите на државна безбедност. Паника во редовите на невладините организации, кај професорите и интелектуалците.

Почнуваат да се спроведуваат одредбите од новиот Закон за определување услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност.
Според Томе Аџиев, претседателот на Комисијата за верификација на фактите на Република Македонија, процедурата за првите десетмина потврдени поранешни полициски соработници е веќе завршена.
Томе Аџиев

„За десетте досиеја кои беа пред Управен суд, кои сега, според новиот Закон се вратени пак пред Комисијата, процедурата сѐ уште не е завршена. За сѐ друго, барањата до сите надлежни институции, Управата за безбедност, военото разузнавање, Агенцијата за разузнавање и до Архивот на Република Македонија, се веќе испратени, се чека на нивниот одговор, по што ние ќе треба да заседаваме и по утврдувањето на фактите да ги објавиме списоците на нашата интернет страница“, изјави Аџиев.
Процедурата досега во целост е завршена за следниве лица кои имале досиеја за соработници на органите за државна безбедност, а се поранешни носители на функции:
Киро Јанчев, Миленко Габер, Бранко Темов, Стојан Чамински, Кире Дојчиновски, Реџеп Златку, Мустафа Спахиу, Хисен Шаќири, Михаил Андреев и Ѓорѓи Прцуловски.

------
Што е битно според мене со новиот закон за лустрација. Битно е тоа што законов не треба да се сфати како хајка, оставам простор некој да бил наместен принуден и тн.(иако знам дека сите ќе се вадат на тоа но да бидеме реални не може некој што цел живот бил на функции и напредувал да каже а бе ме наместија јас бев жртва на тој систем како што направи на пример Владимир Милчин или пак Трендафил од Уставен) но целта на овој закон не е некој кривично да се гони или пак да се суди на суд. Единствената последица од овој закон е тоа што тоа лице соработник што ќе биде утврдено во постапка да не може да биде дел од државните органи. Според мене тука нема ништо спорно напротив такво нешто е и пожелно.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Лустрација да, но до 1991 година, да важи лустрацијата по 1991 година е идеја само на тежок партиски морон или тотален идиот.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
ветар во магла......никогаш нема да има вистинска лустрација. Зашто. Зашто сеуште има кодоши во државава. И тоа на високи позиции. И тие на високите позиции зависат од тие на пониски.....
Доколку во Македонија би имало лустрација, лустрацијата би била некој вид чистка на дотраените....Исфрлање на потрошен материјал.
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
ветар во магла......никогаш нема да има вистинска лустрација. Зашто. Зашто сеуште има кодоши во државава. И тоа на високи позиции. И тие на високите позиции зависат од тие на пониски.....
Доколку во Македонија би имало лустрација, лустрацијата би била некој вид чистка на дотраените....Исфрлање на потрошен материјал.
Подлизурковци и подкажувачи за напредување секогаш ќе има тие не се уништуваат со закон. Битна е формата, во минатиот систем значи од идеолошки причини биле следени, приведувани а некои лица и осудувани. Се прибирале соработници за да кажуваат кој што кажал на маса и тн. па луѓе страдале и без да знаат и тука не зборам во смисла останување без работа него останување и без пријатели и тн. Замисли кога ќе се дознае дека те пратат кој ќе сака муабет да направи со тебе... Интересен беше филмот Професионалец...само таму беше повеќе за времето на милошевич како се одвивале тие работи.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
КОДОШИ (со тапија)
„не е целта да се кривично гонат и да се на суд судат“
------------------
па тогаш зошто - лустрација - кој к.. ќе ми е
значи нека и понатаму уживаат од парите што ги добиле за кодошење
а колку ли лица и семејства упропастиле и завиле во мрак и сиромаштија.
А поради тоа кодошење и нивните високи функции и напредок, и „пари“ имале убав живот и тие и нивните фамилии.Дај нека објават список каде работат нивните деца, и како се запослиле ,и колку не се запослени,како се добиле со дипломи,или се градежни КВ работници,колку станови зеле на времето (лапнале за џабе) па и други работи на државна сметка.

На суд КОДОШИ (со тапија) и во затвор направен за таа намена за нив
на нашиот единствен остров Голем Град и нека кршат камења 10 години.
 
Како што кажав единствената казна ќе им биде тоа што нема да можат уште да роварат низ институциите и секако моралната осуда од јавноста (иако верувам дека нема многу да ги засегне). Во секој случај и ова не е мала работа...
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Кодоши имало, има и ќе ги има, за жал ............. во Турско ги имало, во Српско, Бугарско, Југословенско време .......... па и од ’91 навака ги има и тоа подоста ............ инаку кодош си е кодош, без разлика за кого работи и без разлика дали е вмровец или комуњар ......... тоа на исто му доаѓа ........ и да треба да се направи лустрација, но не лустрација само до ’91 или од ’91 па навака, туку лустрација од 1945 па се до ден денешен !
--- надополнето: 23 јули 2012 во 19:20 ---
ветар во магла......никогаш нема да има вистинска лустрација. Зашто. Зашто сеуште има кодоши во државава. И тоа на високи позиции. И тие на високите позиции зависат од тие на пониски.....
Доколку во Македонија би имало лустрација, лустрацијата би била некој вид чистка на дотраените....Исфрлање на потрошен материјал.
Joj човече .......... па и денеска има кодошлук и тоа најмногу во државните институции ........... колеги со колеги се кодошат и клеветат еден со друг само колку да добијат унапредување, покачување на плата, преземање на работно место и сл. ........... како што кажа Мјолнир ваквите подлизурковци и подкажувачи за жал неможе ниту еден закон да ги совлада, бидејќи се размножуваат како амеби !
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Кодоши имало, има и ќе ги има, за жал ............. во Турско ги имало, во Српско, Бугарско, Југословенско време .......... па и од ’91 навака ги има и тоа подоста ............ инаку кодош си е кодош, без разлика за кого работи и без разлика дали е вмровец или комуњар ......... тоа на исто му доаѓа ........ и да треба да се направи лустрација, но не лустрација само до ’91 или од ’91 па навака, туку лустрација од 1945 па се до ден денешен !
Нормално дека треба. Од 1991 можеби со ретки исклучоци се употребувале државни ресурси за да се врбуваат кодоши кои ќе дружат со потенцијално идеолошки неподобни лица со цел да се прибираат информации, од 1945 до 1991 тоа била вообичаена работа и да потсетиме повеќето од следените и жртвите на тие прогони биле следени заради сомневање дека поддржуваат независна Македонија (односно се против СФРЈ односно се потенцијални што би рекле удбашите националисти, под тој изговор биле следени стотици луѓе...). Значи тоа е разликата...
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Каде има школо за кодоши сакам да се запишам.
По можност скратени сдудии,или забрзан курс или вечерно.Ми се брза.
Белки така во животот.ќе облечам одело и вратоврска и ќе станам човек.
А да и потоа по 40 години нека ме ЛУСТРИРААТ и сто пати.
Важно да си ја наполнам сметката во банка,и направам една викендица овде,една на некое море, и децата со дипломи и работа во администрација.
...................
А не вака,да му се плукнам цел живот си останав КВ работник
под кирија и деца под завод.нема аир од верност и поштеност.
 
Може овие сега што ќе ги објават ќе направат таква школа :)
Во право си и те разбирам ама таков процес би довел до комплетна каша попара во државава...да почне да се проверува кој како стигнал до имот, како напредувал во кариера, да враќа пензии и тн....
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Нормално дека треба. Од 1991 можеби со ретки исклучоци се употребувале државни ресурси за да се врбуваат кодоши кои ќе дружат со потенцијално идеолошки неподобни лица со цел да се прибираат информации, од 1945 до 1991 тоа била вообичаена работа и да потсетиме повеќето од следените и жртвите на тие прогони биле следени заради сомневање дека поддржуваат независна Македонија (односно се против СФРЈ односно се потенцијални што би рекле удбашите националисти, под тој изговор биле следени стотици луѓе...). Значи тоа е разликата...
Да, точно е тоа што го кажуваш, никој не негира дека не било така во претходниот систем, се следело се што е сомнително, многумина биле следени дури и без никаква причина !
Но зашто да не се лустрира и од ’91 па навака ........... кога веќе се лустрира се нека се лустрира од почеток до крај од 1945 па се до ден денешен ........... бидејќи кодоши има и ден денеска и тоа подоста, без разлика значи дали работат за едната или за другата страна, кодош си е кодош без разлика на страната !
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Да, точно е тоа што го кажуваш, никој не негира дека не било така во претходниот систем, се следело се што е сомнително, многумина биле следени дури и без никаква причина !
Но зашто да не се лустрира и од ’91 па навака ........... кога веќе се лустрира се нека се лустрира од почеток до крај од 1945 па се до ден денешен ........... бидејќи кодоши има и ден денеска и тоа подоста, без разлика значи дали работат за едната или за другата страна, кодош си е кодош без разлика на страната !
Како прво колку што јас сум запознаен законот важи за кодошење се до ден денешен. Меѓутоа од 1991 тоа веќе претставува кривично дело и се одговара кривично. И прави разлика меѓу следнава ситуација шефот X од министерство Y го врбува вработениот Перо да види дали Ѓоко е нивни или не е и после си коваат планови како да го избркаат од работа (овде више има мобинг и тоа не е кодошење), кодошење во смисла на законот за лустрација е користење на безбедносните служби за следење на лица кои се идеолошки неистомисленици (барем јас така го разбирам законот) значи злоупотреба на безбедносните служби за политички пресметки со "неподобни" индивидуалци.
P.S. во меѓувреме си ги потврдив претпоставките, го читнав законот. Кој сака го има на http://www.pravo.org.mk/documentDetail.php?id=6367
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Кога требаше лустрација, ние имавме приватизација од најкриминален тип кој воопшто може да се измисли.
Сега е веќе доцна...
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Кога требаше лустрација, ние имавме приватизација од најкриминален тип кој воопшто може да се измисли.
Сега е веќе доцна...
Па види не е никогаш доцна...ќе имаше повеќе ефект во 90тите но што е тука е.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Како прво колку што јас сум запознаен законот важи за кодошење се до ден денешен. Меѓутоа од 1991 тоа веќе претставува кривично дело и се одговара кривично. И прави разлика меѓу следнава ситуација шефот X од министерство Y го врбува вработениот Перо да види дали Ѓоко е нивни или не е и после си коваат планови како да го избркаат од работа (овде више има мобинг и тоа не е кодошење), кодошење во смисла на законот за лустрација е користење на безбедносните служби за следење на лица кои се идеолошки неистомисленици (барем јас така го разбирам законот) значи злоупотреба на безбедносните служби за политички пресметки со "неподобни" индивидуалци.
P.S. во меѓувреме си ги потврдив претпоставките, го читнав законот. Кој сака го има на http://www.pravo.org.mk/documentDetail.php?id=6367
На исто му доаѓа сето тоа, дали поради идеолошки причини, дали поради други ХХ причини ........... сеедно ...... а било кодошлук, а било мобинг(кој е доста присутен денеска) ............ исти ку*ац - различно паковање ............. се тоа треба да се лустрира и кастрира ! :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom