Кои се првите 10 лустрирани кодоши

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Има интересни работи, читнав понешто...
„Драматургот“ е интересен... Јес да нешто бил цел на кодоши, ама потоа и самиот влегол во играта хехехе...
Да, да, дефинитивно не е така наивен како што се претставува. У најмала рака некоја улога на двоен агент. Барем за него немам дилема дека повеќе не треба да врши јавни функции.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Од прилогот на Алфа што го гледав испадна дека некои, како Угриновски кодошеле некакви албански и палестински активисти. Тоа баш не го прави лоша личност во денешни околности.

Дур не видам досиеа и на луѓе кои денес се соработници и членови на владејачката коалиција, ова за мене останува политичка пресметка.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
А кој ги лустрираше лустраторите?

Се знае како се стигнува до функција душата на ѓаволот треба да си ја продадеш, а ова забава за народни маси.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Додека архивот на Македонија не ги објави сите документи така што секој приватен граѓанин би можел да ги разгледа ова е само лов на вештерки.

Кој гарантира дека лустраторската комисија нема некој кодоши да ги прескокне.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Јас не можам да ја разберам целта на лустрацијата и кој се се лустрира. Сите кои се прогласени за кодоши работеле за тогашниот систем, без разлика дали од патриотски побуди или биле финансиски мотивирани. Помагале во јакнење на безбедноста на државата. Сега се црнат како државни непријатели... Не можам да ја најдам логиката.

Го прочитав досието на Угриновски. Човекот бил студент на Архитектонски факултет и повремено ги известувал тајните служби за активностите на палестиските студенти се со цел да се спречи појава на струи на либерализам и иницијативи за самоуправување или не знам што се уште... Што згрешил? Што соработувал во спречување на евентуален државен удар (најстрашно сценарио)?

Може грешам, ама според мене ова се глупости. Кога ќе се смени некогаш државното уредување, треба ли сегашните соработници да се прогласат за кодоши?
Еве, ако некој е поупатен, нека објасни која е потребата од лустрирање на луѓе кои соработувале со тајните служби?
 
Утре некој ќе ги лустрира соработниците кои помогнаа да се фати групата која уби петмина македонци оваа пролет.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Јас не можам да ја разберам целта на лустрацијата и кој се се лустрира. Сите кои се прогласени за кодоши работеле за тогашниот систем, без разлика дали од патриотски побуди или биле финансиски мотивирани. Помагале во јакнење на безбедноста на државата. Сега се црнат како државни непријатели... Не можам да ја најдам логиката.

Го прочитав досието на Угриновски. Човекот бил студент на Архитектонски факултет и повремено ги известувал тајните служби за активностите на палестиските студенти се со цел да се спречи појава на струи на либерализам и иницијативи за самоуправување или не знам што се уште... Што згрешил? Што соработувал во спречување на евентуален државен удар (најстрашно сценарио)?

Може грешам, ама според мене ова се глупости. Кога ќе се смени некогаш државното уредување, треба ли сегашните соработници да се прогласат за кодоши?
Еве, ако некој е поупатен, нека објасни која е потребата од лустрирање на луѓе кои соработувале со тајните служби?

Не секогаш кодошеле заради безбедност. Многу повеќе се кодошени како политички неистомисленици
 
Според тебе луѓето кои кодошеле индивидуи кои се бореле за добивање на некој слободи ,права а доста и независна Македонија треба само да ги оставиме како ништо да не направиле дека работеле за некој "систем".

Ако тоа е твоето мислење јас не знам ни нацистите зошто ги суделе после втора светска војна и они работеле за систем.Според тебе требале да ги пуштат сите така ?

Разликата меѓу денешниот и тој систем е што денес ако сакаш да стане Македонија комунистичка земја или нацистичка или каква било сакаш земи напрај си партија убеди мнозинство од народот и направи ја таква.Тогаш ако си сакал да го смениш системот си завршувал со куршум во тил зошто некој те накодошил.
 
:facepalm: Според мене, според мене... Па и нацистите ги стави. Секоја чест. Барав мислење од некој уптен, а не некој кој ќе ми ги спинува мислите. Ако немаше одговор на моето прашање немаше потреба да ме цитираш и да ми ги интерпетираш мислите како ти дојде.

Како што кажав, го прочитав досието на Угриновски. Никаде не стои дека човекот кодошел Македонци кои се бореле за независна држава, туку палестинци - студенти. Човекот е прогласен за кодош иако реално не гледам што лошо има направено.
 
Соработувал и кодошел за диктатура е тоа правел.Среќен е што не е предвидена смртна казна за тоа.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Некој кодоши за диктатура, некој за демократија, има ли разлика, не баш, америчките шпиони и двојни агенти по светот се десепати полоши.

Но, ако нека се објават досиејата и сите граѓани да видат па сами да судат, ете Филипмакедон и јас мислиме дека во конкретниот случај за Унгриновски нема голем грев, некои други имаат, но мене ме загрижува тоа што ќе се случува понатаму, ќе се прават медиумски циркуси, некој друг, а не суд ќе си зема за право да пресудува и да дели правда, е тоа не може така.
 
Тоа е лоша работа што е дадено на комисија од 6 луѓе да си одлучува кој ќе иде кој не.Би требало се на виделина да се стави и секој да може сите досиеја да ги чита и ако мисли дека е оштетен да земе да тужи.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Јас не можам да ја разберам целта на лустрацијата и кој се се лустрира. Сите кои се прогласени за кодоши работеле за тогашниот систем, без разлика дали од патриотски побуди или биле финансиски мотивирани. Помагале во јакнење на безбедноста на државата. Сега се црнат како државни непријатели... Не можам да ја најдам логиката.

Го прочитав досието на Угриновски. Човекот бил студент на Архитектонски факултет и повремено ги известувал тајните служби за активностите на палестиските студенти се со цел да се спречи појава на струи на либерализам и иницијативи за самоуправување или не знам што се уште... Што згрешил? Што соработувал во спречување на евентуален државен удар (најстрашно сценарио)?

Може грешам, ама според мене ова се глупости. Кога ќе се смени некогаш државното уредување, треба ли сегашните соработници да се прогласат за кодоши?
Еве, ако некој е поупатен, нека објасни која е потребата од лустрирање на луѓе кои соработувале со тајните служби?
Потребата од лустрација беше повеќекратна. Друго е како и дали ќе функционира, дали ќе се злоупотреби или не, тоа настрана. Јас сметам дека сега е доцна за тоа.
Дел од лицата кои кодошеле и известувале во минатиот систем, наводно од идеолошки причини, денес глумат дека се најголеми демократи, борци за човечки права, за плурализам и сл. Некои од тие кодоши си изградија кариери уништувајќи животи на луѓе на кои им се претставувале како пријатели и истомисленици. Многу од нив биле подготвени за да испаднат поспособни и да се истакнат, да ги зачинат информациите што ги даваат, да подизмислат нешто. Значаен дел од нив кодошел за подобро работно место, за пари, стан или едноставно од навика. Не биле сите со петокраката на чело. И не сите што настадале биле „закоравени националисти“ со калашникови во подрум и карта на обединета Македонија на таван. Најчесто биле обични луѓе, кои си ја сакале сопствената република повеќе од тогашната федерација и биле доволно непромислени пред некого да го признаат тоа. Понекогаш една изјава, коментар во погрешно време и на погрешно место биле доволни за да биде некој жигосан (националист-терорист со по 5 бомби кашикари во секој џеб) и да го јаде стапот, независно колку од денешна гледна точка тоа изгледа бесмислено.
Има една интересна книга на Јасна Котеска, со наслов Комунистичка интима која нуди поширок увид во тоа што се случувало на дел од македонската кодошка сцена, за тоа како си поминал нејзиниот татко, поетот Јован Котески. Јас на пример, баш би сакал да ги знам имињата на тие почитувани, ценети интелектуалци, на таа македонска кодошка елита, која е способна да си игра со судбината на еден (навистина) невин човек. Арно ама, тие се навреме затемнети во досиејата, за да не им се помати угледот стекнуван со децении. Ќе страдаат само ситните риби и оние што му се замериле на некој поголем батка.
Сметам дека треба народот да знае за минатото на јавниот службеник, политичар и сл. Оти тој непосредно ги троши и располага со народните пари.
Од друга страна имало и такви кои кодошеле под принуда, биле уценети, исплашени (закана со отказ на работно место, со случајна несреќа на некој член од нивното семејство и сл.). Тоа тешко дека ќе го има во досиејата, уште потешко дека ќе го има името на државниот службеник што го обработувал идниот кодош. Се рабира имало и искрени лица, кои мислеле дека со известувањето на службите за државна безбедност станале подобри луѓе.
Како што реков на почетокот, мислам дека е касно за лустрирање сега. 1991 година или година-две потоа ќе беше идеално. Тогаш многумина од големите кодоши со невина крв под ноктите (и симболички и буквално) биле се` уште живи. Имено, по ослободувањето, односно по резолуцијата на Инфромбирото (1948), многу лични, семејни, имотни спорови и кавги биле решавани со тоа што едната страна (во случајот поблиска со партијата) ќе ја посочи другата како соработник со окупаторот, или пак дека е приврзаник на Сталиновиот режим (што во многу случаи не било точно), па по кратка постапка, не секогаш на суд, проблемот бил решаван со куршум в чело, со долгогодишен престој во Идризово, или на Голи Оток. Подоцна ваквите радикални мерки изостанале, но кодошлакот продолжил да цвета како одлично платен занает.
Секако дека имињата на оние кои кодошеле во сообразност со горенаведените примери, со клеветење, заради стекнување материјална корист и заради напредување во кариерата, треба да ни бидат познати. Да ги видиме што сурати се, или што е ,за жал, многу поверојатно,биле.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Е, ова ти се вика селективна лустрација:

Латас го притиска Аџиев

Сабота, 04 Август 2012 13:58
Според информации на Охридскај во досието кое се води во комисијата за верификација на фактите против Коста Балабанов се споменува името на таткото на Ивона Талевска актуелна уредничка на ТВ Сител и весникот Вечер, Тррифун Талевски, кој своевремено работел како новинар во МТВ.
Латас според извори на Охридскај деновиве правел голем притисок врз Аџиев да се избрише досието на Талевски кој сега ужива во пензионерските денови, а во 1968 година за време на студентските протести бил соработник според досиеата во архивот на УБК на тајните служби.
Инаку, врз Балабанов комисијата за фактите води случај кој е недокажан, а Балабанов е еден од ретките кои има големо значење за сузбивање на грчката тајна служба во Македонија, кој работел во интерес на Македонија, а не како кодош кој ги загрозува интересите на државата.

Извор: www.ohridsky.com
 
Kajgana Shop

На врв Bottom