Mjolnir
Духот на рамковниот договор
- Член од
- 12 декември 2011
- Мислења
- 1.967
- Поени од реакции
- 1.867
Комисијата за лустрација за десетина дена очекува да ги заврши законските процедури за објавување на имињата и презимињата на поранешни и сегашни носители на функции, соработници на органите на државна безбедност. Паника во редовите на невладините организации, кај професорите и интелектуалците.
Почнуваат да се спроведуваат одредбите од новиот Закон за определување услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност.
Според Томе Аџиев, претседателот на Комисијата за верификација на фактите на Република Македонија, процедурата за првите десетмина потврдени поранешни полициски соработници е веќе завршена.
„За десетте досиеја кои беа пред Управен суд, кои сега, според новиот Закон се вратени пак пред Комисијата, процедурата сѐ уште не е завршена. За сѐ друго, барањата до сите надлежни институции, Управата за безбедност, военото разузнавање, Агенцијата за разузнавање и до Архивот на Република Македонија, се веќе испратени, се чека на нивниот одговор, по што ние ќе треба да заседаваме и по утврдувањето на фактите да ги објавиме списоците на нашата интернет страница“, изјави Аџиев.
Процедурата досега во целост е завршена за следниве лица кои имале досиеја за соработници на органите за државна безбедност, а се поранешни носители на функции:
Киро Јанчев, Миленко Габер, Бранко Темов, Стојан Чамински, Кире Дојчиновски, Реџеп Златку, Мустафа Спахиу, Хисен Шаќири, Михаил Андреев и Ѓорѓи Прцуловски.
------
Што е битно според мене со новиот закон за лустрација. Битно е тоа што законов не треба да се сфати како хајка, оставам простор некој да бил наместен принуден и тн.(иако знам дека сите ќе се вадат на тоа но да бидеме реални не може некој што цел живот бил на функции и напредувал да каже а бе ме наместија јас бев жртва на тој систем како што направи на пример Владимир Милчин или пак Трендафил од Уставен) но целта на овој закон не е некој кривично да се гони или пак да се суди на суд. Единствената последица од овој закон е тоа што тоа лице соработник што ќе биде утврдено во постапка да не може да биде дел од државните органи. Според мене тука нема ништо спорно напротив такво нешто е и пожелно.

Томе Аџиев