Кои се позитивните работи што ги направи НИКОЛА ГРУЕВСКИ?

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
Очигледно ти си ме есапел, а држaвава за ништо не ни ја бива и што побрзо сватите подобро за вас.
Ако прочита убаво јас не сум заглавил во никакви кредити туку 90 % од народов, а јас ни ти не сма криви што стандардов е премногу висок и покрај сите покачувања, народот нема пари и нема ни да има додека Н.Г. е на власт пошто нема ни е од економија кај него.
Ај сеа да го правдаме и Трифун што го затвори паркот дека некои деца ја кршеле оградата од зоолошката и не ги фатиле, па така и за Н.Г. неможе да најде механизми за да ја запре сивата економија и ајде удри по џебот на народот и укини го кешот, стај све на картица, мавај камати на секоја трансакција, полни буџет, лажи народ дека има странски инвестиции, лажи го народот дека мора да биде ебан и додека го ебат полесно ке му биде да рашири нозе оти помалце ќе боли...
Па добро бре луѓе што видовте различно од политиката на Груевски и Политиката на Црвенковски?
Сите не ебат како ке стигнат а вие уште и ги браните демек било поубаво така? Или не е битно кој кого дупи битно е еротски да се живее?
Што ти си видел аир од оваа држава или било кој тука на форумов? бидете реални тоа се ретки поединци ништо поише, такви имаше и у време на Б.Ц. и ќе има и понатака. :toe:

a be cokance drzavava ja sakas ako imas air od nea, so treba drzavata da napraviz a tebe za da ja sakas.?
jas za pocetok ja sakam i vakva kako so e (taa e moja rezervna nemam)i normalno gledam da istata stane poprijatno mesto za ziveenje.
da se razbereme ja sakav isto i koga drugi tipovi bile premieri i predsedateli, moze li bc ili gruevski da mi ja zemi ljubovta kon drzavata a? mene ne ,a tebe?
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Makedonija, ako malku zapne moze za sebe da obezbedi elektricna energija....no so uvoz se pravat...nekoi pravat......... DEBELI PROFITI.
Na poln Budzet, napolnet so surovo cedenje na sekoja para od narod toa e lesna para vo dzeb. Tolku se izbezobrazija sto duri i na onie krvopiite od svetska banka im dojde nezgodno...ja opomenaa vladata.
Ama niv muva ne gi lazi, znaat deka se minliva kategorija i deka SEA MU E MAJKATA....
Inaku ovde raznite "patrioti"sto se penat, nekoi i iskreno se samo kulisa na scenata na koja se odviva ovaa tragikomedija....:)
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
Ima i ponesto dobro napraveno,ama daleku od to sto bara vremeto,a katastrof.greski ponistuvaat i ona malu dobro.

Eve denes slusam ce poskapele struja.To e dobro.Ama so red potezi narod go proleterizira i sega toj narod nejce ni da cue za nekakov air od poskapuvanje.

Se na se,golema greska sto go izbraa,ama takvi bea uslovi,od edna strana pravite vmrovci bea umoreni od politika,od dr.strana biznismenive se uste nepismeni se palat na sitni pari,od treta ne mozi edna partija 2 mandati-sds i to e to.
Kako bilo ce zavrsi nesporedlivo poloso od da recime drugar mu BC ili LG.
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
Дали некој знае зошто толку малку луѓе има на собирот за независноста во Скопје???? пошо рекоја дека до цела МК ќе има луѓе?
 

Делија

Борец за ПРАВДА
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.196
Поени од реакции
35
Кој се позитивните работи што ги направи Никола Груевски...???

-Епа вака: ...да ми текне... хммм!!!... чекај сега.... значи вака... хм... епа ова..., а не не... чекај , чекај... ух... ми текна... не, не е тоа... хммм... Аааа да... единствено нешто што сеуште не го признал Косово и Метохија... Ама ако и тоа се случи, тогаш останува и без таа позитива и ќе остане на нула, зеро...!!!
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.503
Поени од реакции
47.653
Признавање на Косово и Метохија може само да му смета на Србин кој по дефиниција треба да живее од таа страна на Табановце и е слободен во секое веме да ја премие границата (за која мисли дека не треба да постои) и да не се замара со Груевски на таа страна.
аххх кој знае како ти било вчера лош ден било,Бановината доби независност :icon_neut
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
Кој се позитивните работи што ги направи Никола Груевски...???

-Епа вака: ...да ми текне... хммм!!!... чекај сега.... значи вака... хм... епа ова..., а не не... чекај , чекај... ух... ми текна... не, не е тоа... хммм... Аааа да... единствено нешто што сеуште не го признал Косово и Метохија... Ама ако и тоа се случи, тогаш останува и без таа позитива и ќе остане на нула, зеро...!!!
Не ја признаваме Метохија,само Косово.Не лажи.
 
Член од
9 октомври 2007
Мислења
1.126
Поени од реакции
24
Еве ви го ставот на Фрчкоски за владеењето на Груевски. Текстот е од вчера објавен во ДНЕВНИК:

Колумна
Болниот од Балканот
Дефиниција на она што ни се случува е дека нашата демократија е пред колапс - соочена со корпоративна држава, авторитарни методи на власт и меѓународна изолација. Првото искушение на овој мал наш монструм ќе биде наесен. Ако се одлучи за изолација, без решение за името: системот, иако не признавајќи, ќе се делегитимира

Како што на почетокот на дваесеттиот век Турција беше означувана како „болниот на Босфорот“, така на почетокот на 21 век Македонија почнува да ја означуваат како „болниот на Балканот“. Како се случи тоа ? Уште повеќе, со што го заслуживме тоа?Има една теорија за тоа зошто се вмро-овциве (од овој нов ков) толку ступидно упорни во одбивањето на евроатланските интеграции. Секако дека е наивно да се верува во плитката реторика дека е тоа заради уцените за името (посебно во светло на добрата формула што е на маса за негово разрешување).Значи, без претензии за конспиративни рефлексии, ќе си дозволиме неколку цртички анализа на можните мотиви за оваа суицидалност на лидерството.

ВМРО очигледно сака да создаде своја „буржоазија“!

За тоа му се погодило лошо време бидејќи, ако влеземе оваа година во НАТО и подоцна во ЕУ, нема доволно време за таква крупна промена на сопственичките соодноси.Наместо партиско престројување, ќе влезе вистински свеж капитал и развитокот ќе отиде во друг правец. Затоа според стрвниве вмровци потребно е да се добие време надвор од тие контролни механизми на „меѓународната“. Имено тие сметаат дека не треба да брзаме со влез „следните 4 години“ во ништо што импонира вистинска контрола на норми однадвор на дивата власт однатре.Таа програма на изолација проследена со вмровска експропријација внатре, треба, според нив, да се остварува со агресивна пропаганда на „исполнување на критериуми и бенчмаркови“ за прием во тие организации (кои всушност ги избегнуваат). Тоа е незадолжителна игра што ги покрива валканиците на грубата контрола што се спроведува во стварноста.

Техниката на владеењето, во кое има систем (со орнаменти на глупоста и грубост) е убиство на „владеењето на правото“. Ако досега тоа беше слабо, сега е конечно пред клиничка смрт. Техниката со која тоа се убива е ПРЕНОРМИРАНОСТ. Се создава мрежа од конфликтни закони и уредби во секоја точка на системот на социјални односи: во бизнисот, невладиниот сектор, судството, образованието, здравството. Секаде намерно постојат неколку истовремено важечки правила и закони што се преклопуваат и се контрадикторни. Последица од тоа е дека системот е непредвидлив и несигурен. За која било акција не можете да се потпрете на предвидлива норма што јасно ве води до целта, туку на интервенција од некој од власта. Ако одбиете таква интервенција, може да ве „закачи“ некоја од контрадикторните норми и вие сте во секој момент ранлив.

Тоа е основната технологија на владеење денес во Македонија. Наспроти овој развиен систем, власта - како што напоменавме - користи реторика на божемно поедноставување на системот на норми? Имено, пропагандно зборува нешто сосема спротивно на операцијата што е во тек.Тоа медицински се дефинира со недостаток на витамин Б-15 кај личноста или Корсаков-синдром: наречен поинаку патолошка или восочна ЛАГА (Konfabulacia Cerea).

За да успее операцијата на опишаното државно рекетирање потребно е воспоставување строга контрола врз протокот на пари преку тендерите и државните услуги. Затоа власта тврдо се пресметува со ситната корупција во пониските ешалони (со медиски спектакли на апсење), за тоа време крупната централна корупција ја разви до невидени размери во Македонија, се' во рацете на партиската „фамилија“. Тие направија и за себе и за партијата пари, а остана и за капење пари до слоевите на население што постојано се корумпира со ситна помош. Државата е сеприсутна со своите мрежи на рекет - тоа се нарекува корпоративистичка деформација на демократијата. Втор услов за оваа операција да се одвива мазно е онеспособување на улогата на независното судство. Повторно под реторика на спроведување европски реформи, судството е пред партиски диктат и растур-систем од невидени размери досега. Како е возможно под превез на реформирање кон ЕУ судството да е позависно и помалку способно за неутрална просудба од кога било во македонската историја? Ова е наша државна трагедија со долгорочни последици. Втора трагедија што ја сметам за смртоносна е скоро комплетната партизација на државната администрација.

Кога во мултикултурно општество, единствената неутрална оска за сервис кон различните културни сегменти и граѓани се партизира - тоа е знак за распад, не за развој. Страничните удари кон медиумите, универзитетот, здравството и слично се само втори колосеци на основната КОРПОРАТИВИЗАЦИЈА на државата во партиски раце. Дефиниција на она што ни се случува е дека нашата демократија е пред колапс - соочена со корпоративна држава, авторитарни методи на власт и меѓународна изолација. Првото искушение на овој мал наш монструм ќе биде наесен. Ако се одлучи за изолација, без решение за името: системот, иако не признавајќи, ќе се ДЕЛЕГИТИМИРА. Неговите 100 чекори лежат на општ консензус за два чекора: НАТО И ЕУ. Ако тоа стане далечна иднина, оваа власт треба да си оди што побрзо. Нема ништо повеќе што таа може да понуди.
Љубомир Д.Фрчкоски
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Дајте Ве молам не ставајте коментари од вакви луѓе...
 

Делија

Борец за ПРАВДА
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.196
Поени од реакции
35
Признавање на Косово и Метохија може само да му смета на Србин кој по дефиниција треба да живее од таа страна на Табановце
Тоа треба да му смета на секој Македонец, а на оној кој не му смета тој и не е Македонец... некаде внатре во душата му проработува бугаризмот...
Но ова не е темата... Во погорниот пост јас само кажав која му е позитивната страна на Груевски и толку... што одма мешате баби и жаби...
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
Христо прекини да не труеш со колумни на атински газолижачи.Ако ти ги читаш Шахтански и Прчковски не значит дека и ние требит да ги читаме.Сиктер...
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Христо, ти благодариме, ставовите на Фрчковски ни се битни, есенцијални и круцијални колку и емисија од типот на Ексклузив, или концерт на Боки 13.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.503
Поени од реакции
47.653
Тоа треба да му смета на секој Македонец, а на оној кој не му смета тој и не е Македонец... некаде внатре во душата му проработува бугаризмот...
Но ова не е темата... Во погорниот пост јас само кажав која му е позитивната страна на Груевски и толку... што одма мешате баби и жаби...
Не бе Милојко грешка си,Груевски и да направи да немаме леб да јадеме ние да римене гомна и камења да плаќаме сруја и парно по ненормални цени ти тоа нема да го спомнеш,тебе само Косово ти смета,што патем не е признато уште.
И не иди на таа карта бајата со Бугаризам итн.стварно е видена чак и за тебе е плитка
 
Член од
9 октомври 2007
Мислења
1.126
Поени од реакции
24
Христо, ти благодариме, ставовите на Фрчковски ни се битни, есенцијални и круцијални колку и емисија од типот на Ексклузив, или концерт на Боки 13.
За добро функционирање на мозокот и проверка на тековните критериуми и стандарди за “ добро“, “правда“, “ вистина“ и слични аксиоми, нужно е да се чујат разни ставови, тези за нашата актуелност. Само така тие наши аксиоми се потврдуваат или, можеби, корегираат. Се друго е еднакво на едоумие, чии сведоци бевме ние повозрасните. Второ, ние тука не зборуваме за морален или идеолошки кредибилитет на авторот на текстот туку за неговите тези. Повелете тие тези ги дебатирајте и оповргните а не така, ан пасан, да ги негирате.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom