Ти можи и 1 000 000 евра да платиш за Аудито, и пак ќе бидиАбе преслушај се што збориш бе девојче, криво ми било па да ти се мо*ам у лансерот ке те купам со се него мори. Имам моја кола ауди го купив колку твоји 4 лансери од 10,000
![Гомце :гомце: :гомце:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/smilies/poop.png)
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
Ти можи и 1 000 000 евра да платиш за Аудито, и пак ќе бидиАбе преслушај се што збориш бе девојче, криво ми било па да ти се мо*ам у лансерот ке те купам со се него мори. Имам моја кола ауди го купив колку твоји 4 лансери од 10,000
Сам си одговориЕдно прашање? Сакам да купам bmw 318 2000 -02. Што мислите за таа кола? Чини? Возена многу? Проблеми дефекти? Скапи делови?
Кај нас е пореметен пазарот, двете вредат исто само во Македонија, гледај на надворешните пазари, било каде, твојата вреди барем 5 пати повеќе...Колку сте се забегале со муабетот за Lancer-от и дали вредела колата...тоа чудо едно.
1) Најубава кола е нова кола - Хенри Форд
2) Под „нова“ ако ме прашате мене е секоја кола од 3 до 5 години старост увезена со соодветна документација. Купуваш возило од 35000 евра за 10000 евра (5 години старо) и тоа солидна марка од типот на BMW, Mercedes, Audi, VW и се разбира 1 до 2 класи погоре.
Ако не ти се допадни можеш слободно да го дадеш за 1 недела. Ќе се најде купец за него.
3) Јас иам купено возило до салон со 0км. И еве сеуште го возам и добро ме служи. Но има примери кои купиле солидни коли од Германија 2002 година со тогашниот увоз (особено Голф 3-ки) што ден денес се исто толку добри и зачувани колку мојата кола. Трагедијата да биде поголема јас тогаш се спружив едно 11000-12 илијади евра да купам нова кола од салон со 0км, а овие дадоа 5-6000 евра за солидно зачуван Голф 3 ТДИ. Денес двете вредат исто. Јас само 7-8000 евра зијан, тие 3000 евра зијан.
Така што муабетите за канти и сл од Германија не држат вода. Зависи каква канта купуваш.
Постои златно правило за стара кола. Купи поубава, плати ја поскапо не купувај најефтино.
Можете да видите на пазар3, реклама 5 BMW 5-ки од 1998 година за 3500 евра, ама и за 6000 евра. Епа сеа, ...сигурно таа од 3500 не е иста со таа од 6. Најубаво е кога зборуваме за овој модел некаде од 5 до 5500 евра да одвоите и да бидете рает. Притоа за тие пари ќе ги добиете сите документи. Сервисни (ОРИГИНАЛНИ) книшки, детален преглед на возилото во некој овластен сервис па дури можи да најдете некаде и со гаранција. Кај нас ретко тоа ама еве ги има Fair Auto како ли да се викаа...што даваат 1 година гаранција. Е сеа поскапи се ама барем сте раат 1 година![]()
Фалсификуваните „сервисни книшки“ лесно се препознаваат...Се е напишано со исто пенкало, хартијата е ганц нова, никаде нема избледувања,...и се плаќа по 100 евра во било кој сервис некој вработен да ви даде такво тетраче со празни печатиНекој спомна ОРИГИНАЛ сервисни книшки!
Оди по автоплацевиве низ Скопје и ќе видиш каква превара се прави. Не може бе во сервисна книшка да пишуваш што сакаш, да бришеш со коректор. Трагедијата да е поголема е што и за автомобилите што не се увезувани се прават превари.
Човек што работи во некој овластен салон/сервис за некој тип на возило врши незаконски менувања во параметрите на километражата и тоа компјутерски. И после верувај им ти на продавачиве на коли или на авто - дилериве. Опасна мафија се.
Ова од искуство. Да не споменувам имиња.
Еден пример:
Пробувам Астра од 2005 година, бомбона колата. Сервисна книшка како од бајка. Се точно напишано. Арно ама кога отидов таму каде што требаше да се уверам дека се е у реду, прво човекот ми го знаеше Името и Презимето и градот од кај што сум. Ги потврди параметрите. Среќа што имав човек внатре па ми кажа да не наседнам на преварава пошто ми извади се документација за колата што не чини и испаднаа дека не биле 67 000км како што тврдеа сите, и како што пишуваше регуларно во сервисната книшка туку 250 000км со огромен број на дефекти.
Епа сега внимавајте што купувате.
се согласувам за дизајнот на тојота многу старски ,не стилски ,ништо впечатливо, досаден..Toјота можеби имаат добри мотори, ама за дизајн се ужас, а внатре ефтината пластика боде во очи.
Тоа го нема кај Германски коли.
Од Јапонски признавам Мазда, Нисан и Хонда. Иако имаат мал арсортиман. Само Мазда и Хонда го имаат овој убав дизајн како германските.