Сметам дека за конфузното мешање Мијаци –Торбеши ’заслуга‘има и еден бугарски научник Георги Трајчев –автор на книга за Мијаците-Б’лгарите од Дебар ,како што ги нерекува ,потоа Тома Смилјаниќ ,Ѓорѓија Пулески и секако Галаба Паликрушева на која сакам да се зарджам повеќе поради фактот што таа( би требало да )е најсериозно третирана ,дури и од авторите на енциклопедијата но и поради фактот што таа е една од најцитираните авторки кога станува збор за пишани извори во врска со торбешката тематика во македонија и поширико . Ако го прочитате насловот на нејзината докторска дисертација ’Исламизација на Торбешите и формирање на Торбешката субгрупа’,веднаш и a priori ќе помислите дека авторката има поинаков став од оние кои Торбешите ги сметаат за Македонци Муслимани и дека етнонимот Торбеш не го поврзува со ’продавањето на верата за торба сирење или брашно или... Затоа што првиот дел од насловот алудира на тоа... исламизација на Торбешите!.....што имлицитно зборува дека етнонимот Торбеш е постар од периодот на исламизацијата . И тоа е во ред и точно .Поимот ,етнонимот Торбеш е постар од многу етноними чии национал-романтичари себе си се сметаат за библиски ,одбран,народ ,или за неприкосновени орли и лавови на ’балканската џунгла’ !Нема да споменувам никој посебно, само ќе кажам дека етнонимот Торбеш(и) датира од 10 век и е словенски ,буквален, превод на егзонимот Фудиагиагити –со кој Византија ги именувала Богомилите ,фунда=торба ,и Кудугери- куд-у-гере=оној што носи торба. Треба ли да се потенцира дека тоа е барем 5,6 или 7 века,ако го прифатиме 17 век како период на засилена исламизација , пред какво и да е ’турчење‘и(ли) исламизирање на Балканот. И самата Паликрушева го цитира хрватскиот свештеник и историчар Доминик Мандиќ кој во својата книга ’Богомилска црква босанских крстјана‘ вели : “Овој назив најдобро го има протумачено М . Милечиќ изведувајќи го од кут-уг-ер/ос/ ,оној што носи кожна торба ,торбаш.Во Македонија и денес народот ги вика Торбеши ,бидејќи постанале од богомилите кои секогаш со себе носеле торба со Откровението на Свети Јован и прибор за јадење да не би се онечистиле од мрсните садови во туѓите куќи “. Овде сами по себе се наметнуваат две работи.
Прво ,станува збор за свети книги ,овде е спомнато откровението ,на друго место евангелието (апокрифното ,за официјалната црква!)најчесто се споменува Тјната Книга на богомилите околу која се плетат разно-разни митови,легенди ,преданија и тн. ,вклучително и тврдењето на бугарскиот експерт за богомилството Јордан Иванов кој вели дека ’нејзиниот словенски превод не е пронајден но постојат два латински преписи од кои едниот се наоѓа(л) во Каркасонскиот инквизиторски архив ,сега пренесен во Париз а другиот во Виенскиот пергаментен кодекс од 15 век ,бр.1137 (Ј. Иванов ,Богомилски книги и легенди‘). Значи паѓаат во вода тенденциозните лаги за ’потурчување и исламизирање‘ за торба брашно ,пченка или торба гиза(урда) на христијанските соседи и на некои бугарски и српски истражувачи како и поблагата варијанта на Јован Хаџивасиљевиќ кој објаснува дека Торбешите го добиле своето име поради тоа што се занимавале со торбарење продавајќи боза,салеп,алва ,семки и други дребулии по улиците, што е можеби логочно објаснување но не и точно од едноставна причина што сите споменати продукти како и кафето дошле како благодети од Турците и не биле познати кај балканските народи во времето од кога датира поимот Торбеш(и),а тоа е 10 век. И второ ..внимавај те!! ’...и прибор за јадење да не би се онечистиле од мрсните садови во туѓите куќи‘ !!! Што може од ова да се извлече како заклучок ? Со што би се онечистиле од мрсните садови? Зошто носеле прибор за јадење? Што би можело да биде ’нечисто‘ во туѓите куќи? Свињското месо без сомнение ! Та нели и во светите книги тоа е забрането за конзумација и тоа не само во Кур’анот ами и во Библијата !
Овие толкувања не ги зеле во предвид составувачите на енциклопедијата! Како и многу други историски извори кои укажуваат на етногенезата или можеби би било попрецизно , социогенезата на Торбешите која води до појавата на богомилството во 10 век ,кое пак е условено и претставува опозиција на официјалното византиско христијанство кое најпрвин било наложено на бугарскиот цар Бориз а овој натака го наметнувал врз своите поданици преку свиоте мисионери .
За богомилското потекло на Торбешите,И другите јужнословенски муслимани(Бошњаци и Помаци ) пишувале многу автори кои ете составувачите на енциклопедијата ’ги заборавиле’ .Ќе напоменам неколку од нив:
Томас Арнолд
Мехмед Ханџиќ
Оболенски
Франјо Рачки
Едит Дирхам
Димитар Ангелов
Вера Стојчевска-Антиќ
Драголјуб Драгојловиќ
Назиф Докље
Франо Шијак
Драган ТАшкоски
Маја Ангеловска Панова
Иво Пилар , Никос Чаушидис и други . Многу од нив се повикуваат на византиски извори како на пр. хроночарот Халкокондил кој известува дека богомилите на Балканот уште биле наречени и Бабуни,Патарени, Кудугери и Торбеши.Има и топоними кои одат во прилиг на ваквата теза као селото Торбач ,Кудугерци ,Богомила ,планината Бабуна ,Богомилско поле ,Богомилски преслап и т.н. Има и неколку артефакти што успеале да ја преживеат инквизицијата или културоцидот и немо да сведочат за едно славно минато .
Богомилски знак на порта во с.Кракорница
Истиот ,фото Емрула Реџоски .Ноември 2007г.
При една посета на наша екипа Мехмед Џемајлоски
Шериф Ајрадиноски,Гарип Имероски и Ајет Кариманоски
Богомилски нишан во Борје –Гора,Албанија
Лимена плоча ,пронајдена во 1996 г
Во Шиштавец –Гора ,Албанија
Надгробен камен-нишан- на кој
се забележува лилјанот-еден од
неколкуте богомилски симболи
С.Глобочица –Гора
Торбешка невестинска носија од Горни –Струшки Дримкол ,с.Подгорци–фотографија од енциклопедијата .Би било добро да се спореди со една таква од ’Галичката свадба‘на пример или друга мијачка или...
Но очигледно овде иако има прилично голем број наведени извори овие изостанале ! Дали случајно !!??Наместо мој ќе наведам еден рeдакциски коментар на ’Гласник‘на ИВЗ бр.3/4 од 1974 г.со наслов “Торбеши у очима Галабе Паликрушеве“, каде се вели :“За неа не е вредно ни да се спомне,во науката прилично застапената теза според која Торбешите се изедначуваат со фундиагиатите и кудугерите.можеби и таа спаѓа меѓу оние кои би сакале богомилите да не постојат во нашите краишта“ Очигледно бројот на тие што би скале богомилите како и нивните наследници Торбешите Бошњаците и Помаците и сега да не постијат во нашите краишта е мошне голем .
Ako ова може да се рече за можеби најсериозната и најсеопфатна авторка ,која навлегла најдлабоко во оваа проблематика тогаш што преостанува за другите !? Бидејќи ако се изземе игноранскиот однос на Паликрушева спрема една од трите компоненти за етногенезата на Торбешите –Богомилството, нејзиниот труд може да смета за најстудиозен и нај сеопфатен .Дотолку повеќе што е пишуван во 1965 г ,односно цели 14 г пред појавата на комунистичката творевина наречена ’Културно научни средби на Македонците Муслимани‘. В’прочем и од историчарите кои застанаа зад оваа идеја најцитирани се нејзините наоди .А еве сега во енциклопедијата истото се случува.Историјата се повторува!
Хипотезата на Миливој Павловиќ дека Скопските Торбеши се можеби најстарото Српско (читај Словенско) плема на Балканот само се споменува и ништо повеќе ! Изворниот текст недостапен !! Причините непознати ! И тие што го споменуваат таквиот текст наведуват дека ’не биле во мозност да го користат написот на Павловиќ !! Се наметнува прашањето зошто? Каде исчезнал ? Ако не изчезнал кој и зошто го крие? Искрено не можам да поверувам дека и за академиците ,особено за Ристовски ,еден таков текст да биде недостапен!!! Да не е запален можеби ,како и книгите на богомилите??? Или можеби е забранет како на времето што беше случај со еден труд на д.р Јоаким Синадиновски со наслов ’Националното прашање и меѓунационалните односи кај нас’. Тука имаше едно цело поглавие за Торбешите – Истражување на еден социолог -кое беше во колизија и некомпатибилно со политиката на тогашната комунистичка власт и на споменатата творба на Лиманоски па ја доживеа својата ’инквизиција’.Каква е таа наука која ’одбира штое драго а закопува што е благо’? Академија на науки и уметности не може ,не треба и не смее да си дозволи такво нешто но ете овде на Балканот тоа е правило .
Во отсуство на вистинската наука ,макар и да е ’спорна ’ ништо не ни преостанува освен да ги земаме митовите и легендите како ’научни вистини’и да се потпреме на таквата фантазија или ќе ни останат толкувањата и гледиштата на луѓето од типот на Ѓорѓија Пулевски кој како што напоменав на почетокот,заробен во својот лавиринт и јазол(научен,,национален, верски,образовен и тн.) и самиот не знае ни што е Македонец ни што е Мијак,уште помалку Торбеш. Верувам дека не слушнал за богомилство !! И самата Паликрушева во својата дисертација вели дека ’тој –Пулевски- е доста конфузен кога го објаснува поимот Мијак’ ,и дека според него може да излезе дека и Македонците се субгрупа на Мијаците според тоа што го пишува во неговото дело!
Ако може да се зборува за некаква субгрупа тогаш Торбешите можеби треба да се групираат ,како што некои го прават тоа ,во Јужнословенската гранка која според верскиот културно-историски круг се дели на:
Православни :Руси,Украинци,Белоруси,Срби,Македонци,Бугари и Црногорци.
Католици: Полјаци,Словаци,Хрвати,Словенци,Чеси ...и др. и
Муслимани: Бошњаци,Торбеши,Помаци.
Тврдината Каркасон во Франција .Дали тука се криела Тајната Книга на Богомилите?