Кои се македонските муслимани (торбешите)?

Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Сега конечно имате ваша Академија на науки и уметности, чиј Претседател, случајно или не, е нашиот „почитуван“ универзитетски професор, познат по крадење трудови, Ферид Мухиќ. Со ваков Преседник, од старт академијата ви е осудена на пропаст.

Никој не ви е крив за тоа што ви се случи! Зошто кога ве предупредија дека Алија Изетбеговиќ, преку пишана или усна форма, шири радикалн ислам никој не реагираше? Убаво ви беше кога добивавте пари?! Сета нетрпеливост дојде од Арапскиот свет, кој намерно го финансираше Алија, а овој преку муфтиите ги распределуваше парите помеѓу државите. Кога ќе сфатите дека самиот ваш, сакан и почитуван Алија ви ја уништи државата, тогаш конечно ќе ви тргне.

А, сега со изборот на Ферид Мухиќ, за Претседател на БАНУ, ќе тонете уште повеќе!!! Ферид Мухиќ му помогна на Алија да ја пласира идејата, сите Муслимани во Македонија да се присоединат кон поголемите муслимански заедници, односно да се направи една посилна муслиманска заедница која подоцна ќе бара отцепување на еден дел од територијата и присоединување кон Албанија. Бугариве се на ред. :)

Драг пријателу, историјата се повторува. Прво Алија, сега Ферид, нема никаква разлика.

П.С. Си прочитал нешто од Ферид?
Неколку дена се мислам дали да ти одговорам на ова или само да те отерам у три лепе пичке материне.

Прво,многу е глупо да кажуваш дека некој крадел трудови а немаш доказ за тоа,и да ги украл од татко ти сигурно ги нема украдено.

Второ,за војната во Босна и за Алија Изетбеговиќ.ТЕ МОЛАМ да не разговараме на оваа тема.
http://www.youtube.com/watch?v=wILBMsRlSXQ
Секој нормален и просечно интелигентен човек без оглед на вера и нација ќе се запраша КОЈ КУР БАРАА СРБИТЕ ВО БОСНА?
Само ти примитвна кокошко јадеш гомна.
Срам да ти е.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
И што ти требаше навредата на крајот од постот?

Доколку сакате да спорите за босанската историја повелете во нова тема.

А во однос на видеото кое си го постирал, само ја потврди тезата на Хич дека со трансформирање на религиозната припадност во национална т.е. создавање на народ “Муслимани“ е проект на Изетбеговиќ и дека нашиот гостин Босњак претставува реинкарнација на таквите идеологии кои се обидува на дрзок начин да ги инсталира во Македонија.

Затоа намерно ги условува Македонците со припадност кон една вера - Христијанската и упорно избегнува да ги нарекува припадниците на Исламот никако поинаку од “Муслимани“, се' ова со цел да се постави религијата како противтежа на етничката припадност и однародување на Македонците муслимани.

Крајната цел е полесна асимилација на муслиманите Македонци во други народи - Албанци, Турци или најново - Бошњаци.

Штета што си дозволи да те понесат емоциите и да употребиш навреда, бидејќи правилата се јасни и нема да има двојни стандарди. Сепак ќе предложам минимална казна од 3 дена колку да оладиш малку и да размислиш дали со таквите реакции не го исполнуваш планот на Босњак на форумов.

Поздрав,
Б.
 
Член од
21 март 2011
Мислења
12
Поени од реакции
2
Неколку дена се мислам дали да ти одговорам на ова или само да те отерам у три лепе пичке материне.

Прво,многу е глупо да кажуваш дека некој крадел трудови а немаш доказ за тоа,и да ги украл од татко ти сигурно ги нема украдено.

Второ,за војната во Босна и за Алија Изетбеговиќ.ТЕ МОЛАМ да не разговараме на оваа тема.
http://www.youtube.com/watch?v=wILBMsRlSXQ
Секој нормален и просечно интелигентен човек без оглед на вера и нација ќе се запраша КОЈ КУР БАРАА СРБИТЕ ВО БОСНА?
Само ти примитвна кокошко јадеш гомна.
Срам да ти е.
Ма не знае да ти одговори она, чула од некого како неа. Да кажеш дека Мухиќ крадел трудови а ниедно дело негово да немаш прочитано, и твоите тврдења да ги основаш на спекулации од студенти со висок просек (види кај неа на профил, мојот мухабет со неа).
Кога сме кај Мухиќ и национално освестените државни цркви имаме тука:
http://www.youtube.com/watch?v=QzLvUND5n8Y
А Македонците муслимани (или дел од нив) се само една сегрегирана компонента, флотантна маса којашто е на ризик да се асмилира национално. Ништо големо, мало, убаво или неубаво.

А не чекај од полуписмени (ад хоминем цеваница од Бошњакот - наменет до дотичната) да ти одговорат нешта коишто не ги знаат ни описменетите. ;)
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Кога сме кај Мухиќ и национално освестените државни цркви имаме тука:
http://www.youtube.com/watch?v=QzLvUND5n8Y
Очигледно и Ферид Мухиќ гази по гнили штици..
Многу удобно е да се критикуваат национално дефинираните цркви, но што правиме со супер/над-националниот муслимански идентитет?
Токму тој во случајот со Македонците се употребува како алатка за асимилација и градење антагонизам заснован на чисто религиозна основа.
Мислам дека и национал-шовинизмот и верскиот фанатизам се подеднакво труло овошје. Дури ова второто може да предизвика несразмерно поголеми и поопширни конфликти за разлика од локалните кои се карактеристични за етно-национализмот.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544

Одличен коментар, karan. Би додал уште дека постоење на наднационален идентитет не значи автоматска елиминација на националниот (за оние кои го имаат, се разбира). Човек може да има многу наднационални идентитети -- како верник во одредена деноминација, европјанин, модернист, традиционалист, стрејт, геј, љубител на хип-хоп, ...листата е долга. Идентитетот е многуслоен концепт, а наднационалната компонента не ги исцрпува (ниту е подобра од) останатите пројави на идентитет. Освен тоа, неточно е дека наднационалниот идентитет е инаугуриран од исламот (како што тврди Мухиќ) -- таков идентитет постоел (и сеуште постои) во религии и култури кои му претходат на исламот. Доволни докази за тоа се етнички мешаните бракови, заедници, држави, итн. пред доаѓањето на исламот.

Проф. Ферид Мухиќ веројатно ја брани тезава затоа што долго време неговите сонародници немале етаблиран етнички идентитет -- и го разбирам, не е лесно да си негиран и отфрлан (ова го говорам без иронија.) Ама исламот не е покосмополитски од христијанството (како што тврди ФМ) затоа што постојат институции како ИВЗ. За жал, наднационалната сеопфатност на исламот (која е одлична!), била (и е) злоупотребувана од фундаменталисти. Статистиките и анализите на политичката, верската, и друга толеранција во исламските земји обилно сведочат за третманот на граѓанските (наднационални, надетнички) слободи и права. Терористичките напади на фундаменталистичките исламски милитанти уште појасно укажуваат на една наднационална омраза. Таквиот наднационален (но агресивен, нетолерантен) ислам е навистина алатката за разнебитување на етничкиот идентитет и конечна асимилација на Македонците муслимани.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Таков наднационален идентитет кој остана да ни виси на вратот е - Словенството.

Иако никогаш не било ставано од самите нас во негација на нашето античко историско минато, туку само како надополнување на македонската историска свест, сега е во (зло)употреба на структурите кои заговараат взаемно исклучување на термините Македонци и Словени, со позната цел.

Другиот наднационален идентитет била исто така верата, односно Македонците пред се' биле верници Православни (пред Турците) и во еден доста подолг период тоа заземало централно обележје на припадноста.
Тоа пак се одразило негативно врз динамиката со која се развивале народните движења, бидејќи ја забавило потребата или може да се каже дека поради силната верска идентификација националните цели биле занемарени.

Тоа секако било искористено од нашите соседи, кои инспирирани од странските сили веќе успеваа да ги зацртаат своите национални програми и да се стекнат со својата слобода многу порано од нас самите. Имало тука и други фактори, специфични во нашиот случај, меѓутоа за мене главните виновниците во доцното национално будење на Македонците биле токму двата наднационални идентитети кои се испреплетувале околу нашата припадност - Словенството и Верата.

Истото може да се каже и за муслиманите, кои поради верата беа порано заведувани како “Турци“, а денеска државите со позначајна муслиманска основа се обидуваат да ги претопат Македонците муслимани во свои поданици - Албанци, Бошњаци и сл.
И јасно е секому дека тоа не се прави од верски побуди или заради некакви зголемени групни права, туку поради политичка придобивка на тие земји.
 
Се согласувам. Наднационалните верски и културни идентитети многу пати биле трансформирани во моќни оружја за асимилација. Елинизмот е еклатантен пример -- порано бил наднационален, а денес е безобразно узурпиран од Грците кои древните елински култури (како дел од културниот конгломерат составен од многу народи) ја претставуваат како национална, односно исклучиво своја. Да беа такви морони како Грците, Италијанците денес ќе тврдеа дека во древен Рим сите биле Италијанци.

Инаку, етногенетската и културната хомогенија (кои се компоненти на многу наднационални идентитети) историски и културно, можат да бидат опасни, дури и погубни. Курдите се пример за таква жртва во исламскиот свет. Ние сме, за жал, сличен пример. Великобугарската пропаганда отсекогаш на најподол начин ги асимилирала Македонците преку вакви агенди -- етногенеза, јазик, дрн-дрн. Денес тоа оди на највисоко институционално ниво -- со нудење државјанство. И морам да признаам, денес никој не ги принудува Македонците да се изјаснуваат како Бугари. Барем денес немаме веќе причини да се чувствтуваме инфериорни или неосознаени (освен ако некој има клиничка дијагноза). Се разбира, Бугарите ги тријат рацете и како аргумент ги буткаат илјадниците „Бьлгари“ кои ете, конечно се разбудиле и ги откриле своите бугарски корени.

Но, има и далеку посулуди примери на „купување“ души -- Бета Израел (или Етиопските “Евреи“) се еден таков. Во Израел има околу 120 000 вакви гревчиња кои имигрирале од Етиопија (пред се` поради сиромаштија). А колку се генетски и културно Евреи, зборуваат и извештаите од iGenea како и третманот кој го добиваат од „браќата“ Евреи. Етиопските “Евреи“ се де факто понижувани од останатите Израелци и се главните измеќари во Израел.

Се извинувам што заакав оф топик, бриши ако треба.

Поздрав,
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
работата е само да се раскине Македонското ткиво....да не поделат да се мразиме едни со други...за полесно да не контролираат отстрана...
жално е што некои се претворија во нивни марионетки
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Малку е оф-топик, ама да го искажам моето мислење за Бугарските државјанства (пасоши)...
Јас мислам дека и тоа е Грчко “масло“ и “Тројански коњ“. Бугарите не беа воопшто спремни (и се уште не се) за членство во ЕУ и нивното членство им го “одработија“ Грците (излобираа за нив) знаејќи дека многу Македонци поради економска егзистенција (или од “бес“ - да купат кола и сл.) ќе побараат Бугарско државјанство...
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ок, фала ви дечки за конструктивната дискусија, но кога ќе ги ставиме настрана сите овие пропатни работи, дали мислите дека можеме да ја искористиме заедничката гравитационо-национална сила за да се обединиме конечно и да им ги затвориме тие простори за манипулација на нашите негатори?

Верувате ли дека Македонците муслимани ќе бидат во состојба разумно да расудат и да ги отфрлат сите тие непристојни предлози за сметка на зачувување на својата македонштина?

Јас сум помалку скептичен, мислам дека премногу зашеќерени приказни им продаваат “просветителите“ од соседството и дека нема да им одолеат на пропагандите.
Исто така сум скептичен дека останатите Македонци се способни да го отфрлат верскиот стереотип или дека веќе е предоцна, за наша штета.

Што мислите дека би можело и требало да се превземе за да се постигне единство и рамнотежа во македонските редови?
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Решението е многу лесно ама нема кој да го направи.

Владата може да формира посебно тело за развој на реоните со македонско муслиманско население како и посебна програма за нивна интеграција во сите државни структури. Тоа го направи грција во Македонија со туѓо население прилично успешно што значи кај нас е 200 пати полесно затоа што не се работи за туѓ народ.

Освен тоа неколку заменици министри и стипендисти од тие краишта исто ќе бидат позитивен пример за останатотото население да го следи нивниот пример.

Христијанското наесление е најмал проблем, тие ќе следат што владата ќе каже.

Држави решавале и милион пати покомплексни прашања што ме наведува на помислата дека се нема желба нешто навистина да се промени.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Ок, фала ви дечки за конструктивната дискусија, но кога ќе ги ставиме настрана сите овие пропатни работи, дали мислите дека можеме да ја искористиме заедничката гравитационо-национална сила за да се обединиме конечно и да им ги затвориме тие простори за манипулација на нашите негатори?

Верувате ли дека Македонците муслимани ќе бидат во состојба разумно да расудат и да ги отфрлат сите тие непристојни предлози за сметка на зачувување на својата македонштина?

Јас сум помалку скептичен, мислам дека премногу зашеќерени приказни им продаваат “просветителите“ од соседството и дека нема да им одолеат на пропагандите.
Исто така сум скептичен дека останатите Македонци се способни да го отфрлат верскиот стереотип или дека веќе е предоцна, за наша штета.

Што мислите дека би можело и требало да се превземе за да се постигне единство и рамнотежа во македонските редови?
Еве што мислам: писмен човек е способен да ја артикулира својата позиција, да го одбрани својот идентитет и да го репрезентира својот народ. Значи, за сите Македонци е многу важно да имаме претставници и лидери кои се а) едуцирани а не копуци (говорам за партии, институции, организации, итн., и б) луѓе со личен кредибилитет, а не продадени души и шиќарџии. Знам дека не измислувам вруќа вода, но ова е суштинска задача што бара свест, трпение, и ум. Многу може да се научи од Албанците во овој поглед.

Јас лично би тргнал од „зачистување на сопствениот двор“ -- значи, ги прифаќам како свои моите сонародници од исламска веросиповест кои се чувствуваат Македонци, не ги навредувам и немам намера да им дрвам како било пред 300 години, и не ги прашувам зошто примиле ислам. Нема потреба за тие муабети бидејќи националниот идентитет денес поинаку се дефинира одошто пред 100 или повеќе години.

Еве како јас ретерирам на оние кои ме „драпаат“ на национално-етничка основа. Кога еден Бугарин и Грк (инаку, номинално образовани луѓе, но со испрани мозоци) ме прашаа од кога сум Македонец, им одговорив: „Од вчера околу 6 попладне. Имате проблем со тоа?“ И муабетот тука заврши бидејќи сфатија дека прашањето им е моронско. За мене е навредливо да објаснувам кој сум и што сум, да се повикувам на историја, итн. Значи, ако се изјаснам како Македонец, очекувам да го почитуваат тоа. Ако не го почитуваат, се исклучувам од понатамошна дискусија. Не гледам потреба да го бранам постоењето на еден народ со повеќе од 2 милиони луѓе. Да браниш ноторен факт и самиот те прави соучесник во лудилото. Конечно, сосем е доволно (иако се разбира не е така) да постоиме како народ од 1945! Не сум ама ич комунистички настроен, но од формално-правен аспект, доволно е! Од 1945 де факто, со сите нишани, постои држава, народ, писмо кои се признаени од 99,9% од нормалниот свет. И тоа е најважно. Грција, Бугарија и Србија се небитни. Повторувам, ова е мој став.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Добро е да се применува т.н. “позитивна дискриминација“, но ние сме сите во иста “каша“ - и Македонци Христијани, и Македонци Муслимани (за мене се сите Македонци и мислам дека треба да се избегнува оваа поделба, ама нејсе, таква е темава...) и Албанци и Роми и сите другите... Ако нема работа, нема за сите тие, секому според стручноста. Мене како газда не би ме интересирало оној што ќе ми заврши работа што е по националност или вера, ако си ја брка работата стручно и без забушавање. Полно е млади со завршен факултет од сите вери и националности кои се шетаат по улици без работа (во тоа нема дискриминација :) ) или го “исправаат“ патот преку граница.
Во поглед на Македонците Муслимани би требало сепак владеачката партија да ги земе во предвид при вработувањето во јавните претпријатија и државна администрација - иако не се можеби членови на истата партија (зборувам за владеачка партија без да мислам на некоја конкретна партија или период).
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
61
Поени од реакции
35
Знам едно, т.н. Торбеши, Македонци Муслимани го негуваат македонскиот јазик многу подобро од поголемиот дел од останатите Македонци. Затоа државата треба да се грижи за отворање на училишта, особено за нивните малцински права во Косово, каде Мухиќ проба да ги асимилира во Бошњаци, но секоја чест на Исмаил Бојда!
Целата работа почна со онаа будала Циле, кој отиде во Жупа да ги убедува дека се Турци, останатото го стори рамковниот и албанската агресија во Македонија. Државава треба да го покрене прашањето за нивна заштита во мнозински=албанските средини и пред ЕУ, не само нас да ни солат памет за права тие неправедници!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom