Кои предмети ви (беа) се најпроблематични (основно, средно, факултет)?

Најпроблематичен предмет?


  • Вкупно гласачи
    117

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
Забораив дека и од на факултет треба, епа тогаш тронот го делат Веројатност и статистика и Вештачка интелигенција. Гнасни глупости, првово досадно левел да се напиеш барбитурати а второво и досадно и глупо и професорот кренат, најлоша комбинација.
 
Член од
14 септември 2013
Мислења
86
Поени од реакции
19
Мене професорката по програмирање тапа ми беше у средно. Ама ништо не научив, а ме интересираше, ама шо да се прави кога ти се паднал некој што многу лошо објаснува :/ И после нормално, проблеми околу тоа и на факултет..
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.116
Поени од реакции
85.242
Дефинитивно Шајзе јазикот... Во основно и средно ни се паднаа такви очајни професорки, абе незнаеа да објаснат убаво, додека во втора средно ни се падна една ѓавол жена (чудното беше што не беше стара, од оние ТИТО генерации, туку помлада). Толку ме мачеше таа, што на крај незнам како не останав на полагање. Дефинитивно нај:гомце: јазик што може да се изучува. Да имаше некако да бираш Италијански или Руски јазик, ама тешко, во школиве стриктно мора Англиски (y) и Шајзе (n) да учиш.

ОТП - И овој беше мачен, не заради тоа што правевме куќарки и авиончиња од дрво, хартија и лепак, туку тоа што професорката не тераше да го знаеме учебникот на памет. Рака на срце, на крај сите петки ни пишуваше, но такво мачење на усно испрашување уште не сум почуствувал, па вреѓање од страна на професорката... резил. Замисли бе во 21 век, место да воведеа информатика во школото (тогаш уште немаше таков предмет, а имаше компјутери школото), ние си лепевме авиончиња и куќарки. И денес уште го прават тоа.

Математика - Пуста да не остане

Спорт -


Информатика - И овој како предходните случаеви, убав предмет - катиљ професорка. Имаше во прва година држеше курсеви после часови, и нормално јас дека бев заинтересиран за овој предмет одев на тие курсеви. Плаќав месечно по 300 денари, и на крај петки редев. Во втора година школото забрани веќе да се држат курсеви, и ја гледаш оваа почна да ги дере сите, почна да се замислува, излезе сељачкото во нејзе на виделина... а додека и давав пари за курсеви, можеше да ми лижи... знаете... Лицемерка

Бизнис - Некако ми се трефна во втора година да ми предаваат најпроблематичните професорки во цело школо. Така и по овој предмет... до последен час незнаев дали ќе одам кај нејзе на полагање или не. А и во прва година нешто не беше нај-нај професорот, иако вака за муабет и зезање беше закон човекот.

______________________________________________________________________________________

Тоа е тоа, можеби не ги спомнав Физика и Хемија, дека воопшто не се замарав со овие предмети... во основно професорките беа одлични, а во средно не ги ни имаше во наставната програма :X3:. Англиски, Историја, Географија, Биологија, Право, Социологија... итн, тие секогаш ми биле боза предмети. Со едно читање се запамтував, не ни морав да повторувам пред тестови/испити
 

Waverly Raven

Valedictorian
Член од
3 мај 2013
Мислења
152
Поени од реакции
78
Се согласувам, Физиката е на прво место! Незнам дали е до смотаната професорка која на сред предавање заборава до кај беше, не знае да се доискажи или што рекла последно(30 години има... нагласувам!) или пак до ХОРОР УЧЕБНИЦИТЕ во кои се се пишува, само то шо треба НЕ! :confused:

Програмирањето
ми е СМРТ! Често се прашвам дали ученици од медицинско треба да учат програмирање?? o_O Со која цел?? Дека еден ден ќе станат програмери?? Па какво тормозење врши проф. па тоа е чудо едно...

Фармакогнозија, навистина потребен предмет(посебно за оние од фармација) ама колку што е проблематичен, па посебно во втора(средно)!! Во втора се учи цела систематика на растенијата(ботаника) па тука ФРЧАТ латински имиња, а да не зборам за наредните години.

иииии латински јазик, кој уште не знам зошто го учевме кога, апсолутно не ни затреба... Да, се користат имињата на латински и др. работи но, на овој предмет не се учат тие работи... Тие се учат на секој предмет соодветно! Овде се мачевме со 1,2,3... деклинцација и други граматички глупости... ПА МРТОВ ЈАЗИК Е БРЕ!!! Зошто сега ние да го учиме како на пр. македонски и англиски???
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.730
Поени од реакции
9.716
Ич не го утнав гласањево на анкетава... :pos: Не го дочитав делот најпроблемтични... небитно. :icon_lol:

Околу темата, Физика и Хемија ради материјалот, Германски и Математика ради наставниците/професорите, Историја ради све.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.168
Поени од реакции
21.834
Знаете некој што е опериран од слепо црево и му го извадија и повеќе нема слепо црево.
Е па мене од физика ме оперирале :(
 
Член од
22 април 2005
Мислења
1.338
Поени од реакции
505
Основно - математика и сите природни науки, Средно-природни науки пак на врвот Математика и секако Д мадр оф ол ивл Калајџиева со Хемија во ЈБТ и факултет Американска книжевност чисто ради фактот што отсекогаш сметав дека Американците немаат ништо вредно уметнички и литературно и имав одбивност да го учам тој предмет.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.978
Поени од реакции
12.531
На прво место хемија. Колкав труп сум по тој предмет то е нешто невидено,буквално ништо не памтам а искрено не ни сакам. Замразив хемија поради наставничката во основно,одвратно суштество кое се надевам еден ден ќе гори во пеколот. Плус хемија не се учи на памет,од учебник,и со решавање равенки на табла,туку со експерименти,нешо шо кај нас поретко се дешава. Единствени експерименти што ги имавме по предметов беа нешо со синкамен шо сами дома го работевме и горење на магнезиум лента. WOW!!!! Средно ми се сменаа 4 професорки во рок од 2 години,на ниедна не и го фатив редот,па ми се чини дека имав 5 пошо сите сакаа да се докажат на почеток со добри оцени,плус мајка ми се знаеше со некој од нив и така поминав.
Второ место музичко/ликовно. Тортура невидена за тие кои не се надарени. Значи не знам да пеам,немам осет за музика,и шо потреба сеа да тактирам и да пеам пред цел клас? Ликовно па пред цел клас ги покажувавме цртежите за оценка,и еден цртеж така дури го покажував малце пониско сум го држела па професорката не го гледала,и ми вика пред цел клас па добро и јас да имав таков цртеж ќе го криев. :( Трауми,трауми. Кој сака да пее нека оди во хор,на кој му се црта нека оди на ликовна секција.
Македонски, ама само делот со граматика. Не можев да ги смислам лекциите со граматика, ама затоа сакав да читам,и можам да се пофалам дека сум ги прочитала сите книги кои биле дадени како лектири ( освен една,и баш таа ми се падна на писмена :( ).
Математика ми одеше и ја сакав,најлесен предмет ми беше со кој не видов многу мака,ни во основно ни во средно. На факултет малце заглавив со Калкулус 2 ама сеа ќе го сечам. Англиски исто сакав и ми одеше,и не одев на курсеви спремања, а ни дома не му посветував нешо внимание.
Физика/биологија ги сакав и си ги учев со кејф,како помала сакав да бидам астронаут ( :D ),а за на факултет една од опциите ми беше молекуларна биологија.
На факултет досега немам видено некоја мака со некој предмет, е сеа имам еден предмет семестаров шо многу ми е одбивен ( Основи на теорија на информации ), веројатности такви глупости се учат, се ми се чини дека ќе заглавам со него. И така.
 

Semiramida

A prayer for the wild at heart kept in cages
Член од
27 јули 2013
Мислења
97
Поени од реакции
120
Основно и средно имав голема мака со физика и со јазиците.Физиката не можев да ја совладам,знаев некогаш и со хемија и математика да попуштам,ама комшиката беше професор и ке седневме 2/3 саати и немаше никаков проблем.Со физиката не можев и крај.Исто и јазиците поточно граматиката.Н е само странските јазици туку и македонскиот.Немав проблем усмено одговарање и читање на дела и лектири,ама на тестови правев катастрофални грешки со граматиката.А на факултет малку зачкрипев со статистика,многу повеке заради професорката отколку заради тежината на предметот.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.088
Поени од реакции
13.103
Физика многу голема желба иам предметот да го сфатам, да сфатам што се дешава, ама не иде :D
Социологија ептен досаден предмет, седнав пред спиење да читам одма заспав, си викам и ти Филип будала кај пред спиење ќе учиш, па земав станав од спиење со 12 часа спиење и пак заспав :ROFLMAO:
Биологија кога учевме за растенијата, а и учебнициве како ги направиле во појаснување на збор има уште 3 други збора што не ти се јасни :P
 

TheQueen

Поларна мечка од цвет на цвет
Член од
26 ноември 2013
Мислења
584
Поени од реакции
791
neme mibese naipoblematican pretmet makedoncki jasik
Од 6 збора, 6 згреши. Се гледа.:pos:

Инаку, мене најпроблематичен предмет ми е историја.
Абе, не ме сфаќајте погрешно, многу сакам историја (и секој период од историјата), но начинот на учење е многу глуп. Исто и начинот на испрашување.
По некое непишано правило ученикот треба да ја научи лекцијата на памет, да ја раскажува од збор до збор.
Да се испрашуваше на прашања, по логика, добро ќе беше. Ме фаќа некоја нервоза кога треба лекција да учам од збор до збор.

Ниту многу ја љубам географијата. Многу досаден предмет. Наставничката е во ред, има добар начин на испрашување. Но предметот ми е многу досаден. Не ме интересираат статистики. Во темите за население, подобро би било да се учи повеќе за културата на народите, наместо оние досадни статистики.

Сите други предмети може да се каже дека ги сакам.
 
Член од
6 април 2014
Мислења
57
Поени од реакции
44
основно: хемија, физика и математика .
средно: бизнис, економија и информатика програмирање..[DOUBLEPOST=1399988868][/DOUBLEPOST]
Социологија ептен досаден предмет, седнав пред спиење да читам одма заспав, си викам и ти Филип будала кај пред спиење ќе учиш, па земав станав од спиење со 12 часа спиење и пак заспав :ROFLMAO:
Социологија најмнонгу ми одеше во 1ва година, за жал веќе не учиме..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom