Се зачленив на форумов само поради темава. Имам 20 години и имам витилиго веќе 15 години првата флека ми се појави на вратот кога бев 5 години и од тогаш јас не бев на мира поради тоа што моите родители ме развлекоа насекаде само за да се пронајде лек и имам пробано се што имам слушнато дека може да помогне. Веќе прекинав да верувам во сите тие ствари шо ми ги кажуваа дека има лек и такви глупости од мојата 14та година а причина поради тоа беше фактот шо воопшто не ми сметаат флеките и немав никакви комплекси и се уште немам и сум среќна со тоа што сум и ми е мн мило што не изгубив никаква самодоверба во мене и не се криев од народот. Последниве 6 години имам пробано мн малку ствари две до три креми и тоа под притисок на мајками, но сега веќе не се замарам со тоа одамна сум помирена со фактот дека сум оваква и оваква си се сакам мада нема да мио смета воопшто ако ги немам. За да одам по приоватни доктори не одам и сето тоа поради една случка пред 14 гидини кога мама и тато разбраа за еден приватен лекар од Ресен и ме однесоа кај него. Мислам дека одев на лечење кај него 2-3 месеца али мање битно сакав да кажам дека тие два три месеца секој викенд сме патувале во Ресен и сме спиеле во кола таму за типот да ме мачка со некоја крема два пати неделно и одевме таму се додека моите родители не забележале нагло појавување на црвенило на моите флеки и кога сум почнала да се жалам дека лекот не ми годи и дека ме пече прекинале да ме носат кај него (за голема среќа) и по месец дена моите разбираат за тој доктор дека ме мачкал со некоја киселина шо била за лечење на рак на кожа нешто тај стил беше не се сеќавам убаво бев мн мала и од тогаш не сум баш најсигурна дали би сакала да се изложам кај некој лекар без разлика дали тој лек ќе ми помогне или не јас не се ставам на ризик поради тоа што животот ми е помил. Ќе си чекам по природен пат да се тргнат (доколку се тргнат) ако не се тргнат воопшто не му ја мислам поради тоа што животот ми е исполнет со луѓе што ме сакаат и ме ценат. Јасмина биди ми поздравена и ќе ти дадам еден совет не дозволувај неколку флеки на твоето тело да ти набијат комплекси и да изгубиш самодоверба во себе пошо имам до сега сретнато неклокумина со витилиго и со многу големи комплекси доколку немаа пудро на дофат за да го скријат не испаѓаа од дома и многу ми е жал за нив поради тоашто не знаат да го ценат она што се туку дозволуваат ситни работи да им го упропастат животот. Стравот на тинејџерите со витилиго е да не не си фатат дечко или женска и поради тоа ги кријат јас имам година и 8 месеци врска со дечко кој го обожавам а витилигото не ми претставувало никаков проблем ни мене ни него, а на него му е баш симпатично :pos2:
П.С. Доколку некогаш ги изгубам флекиве ќе ми недостигаат и за ова сум најозбилна, знам дека сум улава ама беа голем дел од мојот живот и ми помогнаа да видам кои луѓе се со мене поради тоа што сум одвнатре а не само однадвор
Сакам уште нешто да додадам а ова е мое мислење : Доколку некој најдеше лек за витилиго сега ќе имаше освоено Нобелова награда и сите ќе се лечеа и немаше да има луѓе кои имаат витилиго, а доколку имаше лек за витилигото ко прво мајкл џексон немаше да мора да прави операција за дабиде бел туку ќе го купеше и ќе се излечеше. Според мене витилигото само се повлекува но нормално потребни се доста витамини да се внесуваат во телото. Верувам во тоа дека кај сите кремите не делуваат исто кај некој може да се повлече кај некој не исто така има луѓе на кои витилигото им се повлекло додека користеле некоја крема и мислат дека таа крема е лекот а уствари витилигото само се повлекло. Кожната лекарка ми е добра пријателка и со неа се консултирав доста често поради тоа што оди на семинари насекаде низ балканов и е доста запозната со витилигото и она беше таа што секогаш ме советуваше за лековите и секогаш ми велеше НЕ СЕ НАДЕВАЈ МНОГУ НА ЛЕКОВИТЕ ЗА ВИТИЛИГО. Исто кога дознав за Меладинето дека треба да го користам еден месец да седам у болница и да ме зрачат секој ден таа ми кажа да не избрзувам и доколку не ми сметаатфлеките да не се изложувам на зрачење и дека после зрачењето флеките ќе се тргнат но по некој месец повторно ќе излезат. И ќе заборавев уште нешто што ми кажа докторката во Франција пред пет месеца направиле лек за витилиго и сега е на тестирања така да доколку лекот е успешен ќе бидете известени
мада не верувам баш
јебига повеќе сум скептик за лек за витилиго отколку за духови
позз