B
babsyy
Гостин
Како напредувате со справување со витилигото? Имате ли подобрувања?
Терапијата која јас ја користев ми ги изедначи неколкуте непигментирани делови, тоа е терапијата со ултравиолетови зраци, а ламбите можете да ги разгледате тука, па да ги нарачате преку ebay и слични страници за нарачки. Да потенцирам, овој третман бара упорност и истовремено внимателност со исхраната, консумација на витамини и користење на крема со заштитен фактор, особено напролет и лето, кога оваа состојба е најзабележлива.
Деновиве ќе се посветам на детално разгледување на уште две алтернативи. Микропигментација и трансплантирање на клетките. Не би сакала да препорачам нешто што може да има несакани ефекти, меѓутоа од тоа што видов повеќето од третманиве се успешни.
-За микропигментацијата повеќе можете да прочитате на овие сајтови: http://www.naturalenhancement.co.uk/treatment/vitiligo-re-pigmentation/ и http://www.dacindia.com/procedureDetails/149/4/Micro_pigmentation_For_Vitilago.html
-Во врска со трансплантација на меланоцитите од пигментирани на непигментирани делови на телото, во форма на слајд повеќе информации имате тука: http://www.slideshare.net/drsaraf/melanocyte-transfer-technique и http://consumer.healthday.com/Article.asp?AID=665567
-Уште една алтернатива е депигментација на пигментираните делови, меѓутоа таа се препорачува кај оние што имаат целосно витилиго (т.е им е распространето по целото тело).
Деновиве ќе ја посетам и Нина, докторката чија заслуга е моето успешно третирање на витилигото, која додека го третирав ми спомена и за некоја крема. Ќе се информирам за тоа дали е ефективна, па доколку имам некои новости ќе направам апдејт.