Кое е според вас најубавото македонско вино?

T

Terroir

Гостин
Да кажеш дека тгата е најдобро вино од македонските винарии, треба:
1.Да си тотален непознавач на виното
2.Да не си пробал друго вино
3.Да си тежок бренд сноб
Иначе, домашното вино, никогаш ама баш никогаш неможе да биде на рамниште со тоа од винариите. Прво, работат енолози кои ја разбираат работата, винариите садат лозови насади онаму каде што е тероарот најдобар, во консултација со ампелографите, додаваат скапи енолошки средства за подобрување на квалитетот на виното и истакнување на неговата сортност и тероар.
Речиси сите винарии имаат солидни вина, за жал, македонецот е премногу ограничена личност за да проба повеќе од 5 вина од 3 винарии од Македонија.
А и реално не се баш достапни сите вина кај нас, обични големиве имиња како Тиквеш/Стоби и слични ги условуваат поголемите маркетите па и угостителски објекти да форсираат нивно вино така да помаливе тешко се пробиваат на домашен пазар..

Инаку тгата е онака баш просек вино, може да биде најдобро за некој што до вчера пиел само домашно :D
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.209
Поени од реакции
78.747
За изборот на вината и винариите скроз може некој да ми противречи, ствар на вкус е тоа.
Освен ако земеш да ми кажуваш како Т'га е најбоље или домашно...
 
A

Avenger99

Гостин
А и реално не се баш достапни сите вина кај нас, обични големиве имиња како Тиквеш/Стоби и слични ги условуваат поголемите маркетите па и угостителски објекти да форсираат нивно вино така да помаливе тешко се пробиваат на домашен пазар..

Инаку тгата е онака баш просек вино, може да биде најдобро за некој што до вчера пиел само домашно :D
Така е, ама имаш баш во Скопје некои локали кои форсираат и други вина за разлика од Стоби, Тиквеш и Далвина.
Тешко се пробиваат, јер македонецот не знае за ништо друго освен Тиквеш, за жал.
Тгата е дакеку под просек, па уште и има 250 денари цена во маркет.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Достапни се, само се малце над нашиот стандард.
Друго, не се тоа вина за да се начукаш, мислам се, али ќе те удри по џеб.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.572
Поени од реакции
38.703
мене најубаво ми е домашното, поготово непреточено зимно време и преточено на лето со кисела вода шприцер уз ручек.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.209
Поени од реакции
78.747
Достапни се, само се малце над нашиот стандард.
Друго, не се тоа вина за да се начукаш, мислам се, али ќе те удри по џеб.
Не се бе. Имаш за 5-600 денари у пичку матер добро вино и барик и све.

За 350 денари имаш вино десет класи погоре од Т'га, која е, како што слушам 250.

Што зборам ја уопште, па имаш бољи вина од Т'га за истите пари.
 
A

Avenger99

Гостин
Достапни се, само се малце над нашиот стандард.
Друго, не се тоа вина за да се начукаш, мислам се, али ќе те удри по џеб.
Се сложувам, сите скоро претеруваат со цените на вината, дури и рестораните што ги препродаваат. Ни едно вино не е да се начукаш, освен ако не си средношколец или студент.[DOUBLEPOST=1519251018][/DOUBLEPOST]
мене најубаво ми е домашното, поготово непреточено зимно време и преточено на лето со кисела вода шприцер уз ручек.
Во оној момент кога ќе сватите дека вино не се меша со вода, и дека домашното не е нити приближно добро колку виното од винариите, тогаш може и ќе имаме некаква винска култура, за жал, Македонија од земја на виното не остана ништо, комшиите, особено Бугарија и Грција имаат 100 пати подобра винска култура од нашата.[DOUBLEPOST=1519251109][/DOUBLEPOST]
Не се бе. Имаш за 5-600 денари у пичку матер добро вино и барик и све.

За 350 денари имаш вино десет класи погоре од Т'га, која е, како што слушам 250.

Што зборам ја уопште, па имаш бољи вина од Т'га за истите пари.
Барици се помалце и помалце се пијат а и произведуваат во Европа, во Америка е друга приказна. Се бараат во Европа посвежи и овошни вина, на кој се истакнува сортноста, единственоста, тероарот на виното, а не преку Барик да се прикрие маната или да се додаде на вредност на виното( многу од нашите винарии го прават ова).
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.209
Поени од реакции
78.747
Барици се помалце и помалце се пијат а и произведуваат во Европа, во Америка е друга приказна. Се бараат во Европа посвежи и овошни вина, на кој се истакнува сортноста, единственоста, тероарот на виното, а не преку Барик да се прикрие маната или да се додаде на вредност на виното( многу од нашите винарии го прават ова).
Има логика ова. Па наградиве, колку што знам не ги земаат бариците, или уопште не ги ни носат нив по саеми.
Но, ја не сум познавач на вина од таков ков. Сум пробал многу вина, секакви и си сакам сорти како сира, боље ми е на вкус кога го има барикот. guilty pleasure
Не сум тестер, нити курсови сум поминал и не го сакам Пино Ноар (ми е гајле Сајдвејс Оскар што доби). Посиров пристап имам.
Али ни на крај памет не ми е да спомињам Тга или сл.
 
Не мора да значи. Добивале награди и вина кои не се барици. Особено последниве 20 години. Да, барикот знае да го истакне тероарот на виното, но многу пати и да го убие во целост. Во ред е тоа, мене лично не ми се фаворити бариците, не дека не ги сакам, едноставно, сакам во устата а и на нос да ја осетам сортноста и ароматот на тоа грозје, од каде тоа потекнува, каква мацерација и зреење е извршено( тероар).
Пино Ноар е вино, кое е толку комплексно што и на нас енолозите ни е толку тешко да го направиме, а богами и разбереме. Феноменална сорта за поладни подрачја, тиквешијата ни под разно не смее да го работа, многу благодарна сорта, невероватни ароми и потенцијал за зреење, па чак и за барик.
Она што е Совињон кај белите тоа е Пино Ноар кај црвените сорти. Најтешка сорта за работа.
Македонија мораше да направи бренд од Вранецот, како што нов Зеланд направи од Совињонот, Хрватска од Трибидрагот, Италија и Словенија со малиот милион број бели и шампањски вина.. За жал ништо од тоа, лоша стратегија во винарството, не знаеме каде лутаме, де по новиот де по стариот вински свет, немаме изградено еден вински концепт по кој ќе се движиме.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.209
Поени од реакции
78.747
Не мора да значи. Добивале награди и вина кои не се барици. Особено последниве 20 години..
Не си ме разбрал баш.
И мене ми се чини дека е така.
Мене ми се чини дека барици не носат толку по саеми.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.572
Поени од реакции
38.703
Можам да замислам Берик како уз винце црвено си ги дупчи сендвичите на форумов.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.209
Поени од реакции
78.747
Лоша стратегија во винарството може да има. и има, знам.

Али ко ќе видиш винариите и вината во Македонија се една од стварно ретките работи кои се подобрија во земјава по отцепувањето. Отидоа на многу подобро од пред тоа.

Е сега, со овој воспоставен вински пат, не верувам дека баш ќе корелира ниетот за повторно заживување на тешка индустрија во Тиквешијата и рударството во југоисточниот-регион.

Ова што го збориш за бариците, Ноарот...го знам и сум го чул и во ред е. Работата е што јас лично не вибрирам, кога е во прашање виното, на толку висока фреквенција.
 
A

Avenger99

Гостин
Лоша стратегија во винарството може да има. и има, знам.

Али ко ќе видиш винариите и вината во Македонија се една од стварно ретките работи кои се подобрија во земјава по отцепувањето. Отидоа на многу подобро од пред тоа.

Е сега, со овој воспоставен вински пат, не верувам дека баш ќе корелира ниетот за повторно заживување на тешка индустрија во Тиквешијата и рударството во југоисточниот-регион.
Да, црвените вина од Македонија се добри, белите никако. Моментално. Тоа е поради експозицијата на Тиквешкиот регион. Во Југославија, лозарството беше реонизирани, се знаеше која сорта каде се сади, кој виногорје го има најубавото Мерло или Бургундец, сега е хаос. Хм, подобрија, не би рекол баш, да во минатото Македонија беше суровинска база за цела Југославија за вино, ама, и ден денес е тоа, најмногу вино се продава наливно, немаме пазар за флаширано вино, нити домашни пијачи. Извозот ни е ограничен на Балканот итоа само на неколку винарии. Винскиот туризам е минорен, скоро и да го нема. Отиде напред со тоа што сите отидоа напред, меѓутоа земјите од соседството, Грција, Бугарија, па и Србија имаат добар вински туризам, вински пат, вински карти, да не праам муабет за Хрватите или Словенците, многу се понапред од нас. Ние имаме само добри вина и тоа е тоа, нема многу што да им понудиме на странците.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.209
Поени од реакции
78.747
Вината што денес се произведуваат во Македонија се миљон пати бољи од вината што се произведуваа во Македонија за време на СФРЈ.

Ја пијам само флаширано.
Иначе не пијам многу.
Не пијам секој ден.
Не пијам по десет чаши.

Ако некој сака да се налива со оцет, слободно. Неам ја ништо против.

Иначе и наливни некои има што се подобри од Т'га. А Т'га и мене ми е најдобро вино од Тиквеш (знам дека објективно не е), али па и колку е тешко да си најдобро вино од вината на Тиквеш.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom