A
Avenger99
Гостин
Aко имаш Пловдина, морат да си од Охрид !Штета што не можам да пијам вино
Имам лозје со вранец и пловдина, по 2 тона даваше, сега помалку, ама пак, чуму ми е!

Aко имаш Пловдина, морат да си од Охрид !Штета што не можам да пијам вино
Имам лозје со вранец и пловдина, по 2 тона даваше, сега помалку, ама пак, чуму ми е!
Овче полеAко имаш Пловдина, морат да си од Охрид !![]()
Да не е Станушина? Многу во Македонија ја мешаат Пловдината со Станушина.. А во Охрид вероватно е најзастапена сорта, со оглед на тоа дека е бугарска автохтона сортаОвче поле![]()
Таљанката е една од најстарите сорти кај нас. Ја имаше доста и во Охридско, ја садеа за сенка, и за ракија, бидејќи не бара прскање. Иначе за вино не е баш, излезе некој муабет дека била и канцерогена за јадење( незнам колку е верно ова) денеска скоро и да ја нема, веќе и по дворовите се садат други сорти .Македонија и стратегија за некоја земјоделска култура
Во ваква земја како оваа каде влади се прават бидејќи морало некој да биде дел (без разлика дали е трупец за политика и дали има некакви познавања) и министри се поставуваат фаци кои немаат допирна точка со тој ресор не смее ни да има очекување дека би имало некаква долгорочна стратегија и политика за развиток, ние гледаме од денес до утре, а ако сменат нов министер или влада сите проекти од претходната (планови/изведба) се прекинуваат и се прават одново за да лапнат процент новите.
Инаку дури и имево на темава е малку шашаво па да се расправате кој е во право и кој не е. @Avenger99 ако тоа му е примарно занимање сигурно има повеќе знаење од останатите, но кога станува збор за вкусови не мора да значи дека она што „науката“ го третира за најдобро вино би му било најдобро за пиење и на корисниците.
Еве јас сакам полуслатки и суви вина и повеќе црвени, не сум експерт да сум пиел секакви и од сите држави ниту сум се замарал да читам детали и наука за ова, ама сум пробал од Грција, Хрватска, Црна Гора и мислам дека имаме на нашиот пазар вино со прифатливи цени и добар квалитет (пак од кориснички аспект за пиење).
Е сега од тоа што мене ми се допаднало како комбинација:
чист Вранец ретко пијам, од Тиквеш - Витач ми е подобра опција кога станува збор сорта Вранец, а воедно и поефтино вино (за со црвено месо ова ми е ок).
Други опции каде што се појавува Вранецот и ми се допаѓаат за со месо: Тга за Југ, Александрија Куве, Антигона, Плава Крв од Квин Марија.
Мерло - ова како сорта ми е можеби омилено, ми оди буквално со сите типови на месо и можеби вино кое го пијам најчесто, а ми оди добро и со благо.
Каберне Совињон - втора омилена сорта, исто и ова ми е добро за со било кој тип на месо, а воедно и со тестенини.
На бело вино и на розе не сум некој љубител, обично ги пијам со полесна даска или пак со риба и од тие што ми се допаднале би ги одвоил: Александрија Куве Розе, Александрија Бело,Совињонот од Тиквеш, Куве Бело од Камник, Шардоне (сум пробал од Стоби и Тиквеш и ми се допаднало).
Од обичните кои може да поминат, особено кога станува збор за онака во поголемо друштво: бело и црвено вино во тетрапак што го шиткаат од Тиквеш, Ризлинг имаше еден пивлив (5 литри за 7-800 денари) не ми текнува од која винарска визба, имам начекано ок Темјаника оваа ми е специфична и не можам да и најдам НЗС со што се совпаѓа најмногу.
Инаку на викендица и во дворот имам одрина со „таљанка“ (не знам кое е право име на оваа сорта така ја викаат во мој крај, имам и црно и бело), обично го варам ракија, но лани грозјето беше многу благо и тргнав 20тина литри вино и ми се виде јако за пиење (а и шмекот не беше лош), ме совлада далеку побрзо од овие „купечките“ вина, претпоставувам дека има поголема количина на алкохол.
Па овие се насадени сигурно пред повеќе од 30-35 години, ниту сум ги садел ниту се разбирам, имавме кога бев помал цел декар со: хамбург, станушина, вранец и кардинал, ама иако даваше многу род (го наводнувавме) немаше блажина и го ископаа моите.Таљанката е една од најстарите сорти кај нас. Ја имаше доста и во Охридско, ја садеа за сенка, и за ракија, бидејќи не бара прскање. Иначе за вино не е баш, излезе некој муабет дека била и канцерогена за јадење( незнам колку е верно ова) денеска скоро и да ја нема, веќе и по дворовите се садат други сорти .
Каде се наоѓало лозјето?Па овие се насадени сигурно пред повеќе од 30-35 години, ниту сум ги садел ниту се разбирам, имавме кога бев помал цел декар со: хамбург, станушина, вранец и кардинал, ама иако даваше многу род (го наводнувавме) немаше блажина и го ископаа моите.
Прилеп.Иначе една од најстарите сорти во светот е Ркацители, грузиска сорта. Кај нас доста запоставена сорта, а многу благодарна, успешно се одгледува и во топли и во ладни краишта. Мислам дека само Стоби произведува вино од неа.
Иначе Грузија е една од колевките на оригиналната Vitis Vinifera уште 3000 години пред наша ера.
Автоматски споено мислење:
Каде се наоѓало лозјето?
Зависи можеби и од микролокацијата. Во Охридско на пример, Хамбургот и Станушината даваат добри резултати, а Прилеп е сигурно и потопло него Охрид, така да најверојатно зависи од микролокацијата каде било засадено лозјето.Прилеп.
Не е, кај нас изворно ја викаат жолта прачка( ж'та пручка) ама имајки во предвид дека нашето село имало здрава комуникација со Бугарија, логично е да е Пловдина. Така и агрономите кај нас ја нарекуваа, макар што знаат житари од лоза, ама сепакДа не е Станушина? Многу во Македонија ја мешаат Пловдината со Станушина.. А во Охрид вероватно е најзастапена сорта, со оглед на тоа дека е бугарска автохтона сорта![]()
Хахах не сум знаел дека и низ Свети Николско ја имаНе е, кај нас изворно ја викаат жолта прачка( ж'та пручка) ама имајки во предвид дека нашето село имало здрава комуникација со Бугарија, логично е да е Пловдина. Така и агрономите кај нас ја нарекуваа, макар што знаат житари од лоза, ама сепак![]()
Ja мислам дека соодносот на квалитет и цена кај нас не е на ниво на ЕУ. ЕУ, според мене, имаат многу бољи сооднос квалитет-цена. Влези у грчки супер маркет и ќе видиш. А да не зборам у Германија или Франција какво вино за десет евра можеш да добиеш.и мислам дека имаме на нашиот пазар вино со прифатливи цени и добар квалитет (пак од кориснички аспект за пиење).
Види во Грција лани зедов некое нивно од Халкидики црвено, 7 евра, искрено не ме погоди нешто посебно.Ja мислам дека соодносот на квалитет и цена кај нас не е на ниво на ЕУ. ЕУ, според мене, имаат многу бољи сооднос квалитет-цена. Влези у грчки суер маркет и ќе видиш. А да не зборам у Германија или Франција какво вино за десет евра можеш да добиеш.