A
Avenger99
Гостин
Пиното во новиот свет земји е доста садена и тоа како респектирана сорта. Кога бев во Нов Зеланд, во Марлборо регионот единствена посериозна црвена сорта на грозје беше Пино. Во Централ Отаго на самиот Југ на јужниот остров, е најзасадена сорта( органска и биодинамична).Тоа со Пино Ноарот, од Сајдвејс коа доби оскар, па навака, мудата ни ги отекоа.
Имав неколку дена американец цимер, и ми вика, сакам да отворам винарија, и само Пино и Шардоне ќе садам, и се ќе барикирам.
Исто и во НЗ, се барикираат, али убедливо најзасадена сорта е Пино. Имаа добри услови за одгледување, за разлика од Австралија.
По муабетите, одлични резултати давала и во Сонома во САД. Така да, Пиното е сорта која е доста респектирана во светот, кај нас не се цени затоа што не е застапена и не е влезена во навиката на пиење, а и не дава добри резултати.