Кое е Вашето „црвено знаме“ (red flag)

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.482
Знам бе сфаќам, се согласувам за завесите. Едно од подобрите работи у светов е што венецијанките исчезнаа, најглупото нешто што може да стаиш на прозор е тоа.
Јас ден и ноќ завеси имам дома :cool:
Многу плачки бе и тоа се од мажи.

И некои тука толку сериозно ги сфаќате дискусиите, страв да те фати што ќе се деси ако некаде надвор на кафе разговарате за ова. Ќе те опне со чаша по глава.
Па драми, плачки, навреди и драматични заминувања и тоа се од страна на мажи.

Јас никоја од жениве тука ни ја знам ни три реда муабет немам направено со нив, ама сите се искулирани и нема никакви пријави ни плачки од ниедна од нив, така да ви пропадна тезата дека ние сме биле тие со драмите и плачките, барем по случувањата тука.

@Џонтра Волта брате јас многу те сакам жими се и кога и да треба помош со количката, секогаш една ќе туркам јас, една ти.
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.482
Па и вас место метла ви измислиле модерна правосмукалка со долга рачка да не морате да се наведнувате па не усисавате по дома, ви измислиле најмодерни џогери што собираат и бришат се живо и диво наместо со обична крпа наведнати да бришете па не бришете, место старите шпорети на дрва имате модерни рерни, мултикукери и слично па пак не готвите така да те молам ваквите релативизирања остави ги за некој што нема искуство, не за нас.
A ти искуство имаш со новата технологија за чистење и готвење?

Олеснително е, ама пак мора да има некој зад таа правосмукалка, зад џогерот, над релна, да се стават и извадат алишта, ти кажуваш ко да од седење се ќе се среди само од себе.
Ништо од тоа се нема искоренето, мораш пак да го користиш и тоа неколку дена во неделата, за разлика од на Џонтра малтерот кој и да го турка не е на долгорочно. И дај зошто толку лутења...

@Генерал не сум јас само модератор и жити се олабави малце со навреди и напнатоста, сигурно дека кој и да е од нив ќе ти избрише мислење зошто во секое некој вреѓаш.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.858
Поени од реакции
10.607
@Генерал не сум јас само модератор и жити се олабави малце со навреди и напнатоста, сигурно дека кој и да е од нив ќе ти избрише мислење зошто во секое некој вреѓаш.
Многу свилени бе вие што ве вреѓа вистината.
Еве избришаа мислења, чудо големо. Суетата нечепната, никој нема да знае, само тој што сабајле се гледа во огледало.

Поентата беше дека како жени никогаш не признавате вина (тоа ако не е ред флаг не знам што е), ниту пак имате доблест да кажете извини, а тоа што ви беше кажано во лице/напишано на форум (извини немам влакна на јазикот) не беше навреда туку гола вистина.

Кој како сака си протолкува и на крај пак жените во право.

Кога сме кај навредите, еве ти само 2-3 примери од последните 2 дена за директни навреди (ама океј е, штом веќе стојат постовите секако на нив им е најдена „оправдана причина“):

Испод секоја чест ми е да му реплицирам на лик како тебе, ама еве ти со надеж дека денес ќе научиш нешто ново(ако навистина поседуваш способност да впиваш нови информации).
+
Извини, не знаев дека имаме лице со аутизам тука.
+
Едното нема врска со другото, ама без гајле, не секој има капацитет да разбере.
Мислам, ја сфати поентата. Да не ти цртам уште.

Бонус:
Всушност, за привилегии се работи. Привилегии секогаш да сте во право како жени, без разлика на која тема дискутирате, каде и со кого.
Секој има право на став Дамбс, ама не секој ја има привилегијата да има точен став. :)
Толку од мене, терајте магарето.
Со лесно. :smirce:
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.440
Поени од реакции
2.433
За мене ред флег е кога се кара, мразам кавгаџии, како тетка Перса кога ќе и го утнеш кафето пред турска серија.
Маж треба да си гледа тв и да клима со главата во знак на одобрување, а на жените и гунџање им личи, ама маж гунџалица, е тоа ти е ко Боки 13 да си го омажила.
Кога ќе речам: Магарево лета!! И треба да ми се одговори со Да душо лета. И толку ли е тешко тоа. Многу ли барам. :kafence: :cautious:
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.301
Маж треба да си гледа тв и да клима со главата во знак на одобрување,
Феминизам двајс првог стољеча :rolleyes:

Само сега ќе ти рипнат од чопорот, оти они сакаат мажите и чинии да мијат, да усисаваат, да бришат прашина, пердиња да закачуваат..
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.440
Поени од реакции
2.433
Феминизам двајс првог стољеча :rolleyes:

Само сега ќе ти рипнат од чопорот, оти они сакаат мажите и чинии да мијат, да усисаваат, да бришат прашина, пердиња да закачуваат..
За миење чинии има машини сега сме 21 век, за бришење прашина добро не мора ама и треба да помага, пердиња да закачиш па тешка работа, за усисавање сега има робот шо усисува под.
Само нека не се кара доволно е.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.301
За миење чинии има машини дега сме 21 век, за бришење прашина добро не мора ама и треба да помага пердиња да закачиш па тешка работа, за усисавање сега има робот шо усисува под.
Сега приметуваш ли нешто..?
Приметуваш ли дека ние мажите ова истото го дрндавме 20 страни уназад?

Што викаше Јоли, се каравме дели зелената боја е зелена…
И после 20 страни, заклучивме дека сепак е зелена…
(Да ти доловам, оти не го читаше човекот)

п.С. ај погоди кои навалуваа дека зелената не е зелена со примери од прва рака како: имав една комшивка /колешка /пријателка..
За по пет страни почнат да дебатираат за нијансите, и тек по дваес страни да заклучат дека сепак е у основа зелена..?
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.828
Поени од реакции
24.908
Поради скриената љубов кон @Генерал која ја имам со години, сакам јавно да му се извинам што го нареков "аутист" во момент на слабост. Едноставно никогаш не успеав да му простам што се ожени со друга и замина во Германија. :toe:
 
Убаво од тебе што се извини, можиме да се вратиме на кошкањето по темите но во насока на мајтап.
Имачка е убава земја, особено ако некој вака како мене се жени за пасош. Битно љубов да има :D
Автоматски споено мислење:

Вратете го муабетот на темата.
Ќе те пријавам кај @Луси
Остај ја Луси има зелник за месење :D
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.482
Многу свилени бе вие што ве вреѓа вистината.
Еве избришаа мислења, чудо големо. Суетата нечепната, никој нема да знае, само тој што сабајле се гледа во огледало.

Поентата беше дека како жени никогаш не признавате вина (тоа ако не е ред флаг не знам што е), ниту пак имате доблест да кажете извини, а тоа што ви беше кажано во лице/напишано на форум (извини немам влакна на јазикот) не беше навреда туку гола вистина.

Кој како сака си протолкува и на крај пак жените во право.

Кога сме кај навредите, еве ти само 2-3 примери од последните 2 дена за директни навреди (ама океј е, штом веќе стојат постовите секако на нив им е најдена „оправдана причина“):

+

+

Мислам, ја сфати поентата. Да не ти цртам уште.

Бонус:
Всушност, за привилегии се работи. Привилегии секогаш да сте во право како жени, без разлика на која тема дискутирате, каде и со кого.

Толку од мене, терајте магарето.
Со лесно. :smirce:
Па пријави пост што те навредил ќе го избришеме де. Ете ќе ги избришам тие. Нема никакво феминистичко женско здружение против мажите како што си замислувате, само не можам да ве читам сите до крај, нешто и ќе ми се провлече, затоа има пријави копче.
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.482
И намерно или ненамерно да го закачнам нешто и да се навреди и да ми плаче после секој ден, секоја минута и секој момент за тоа... Да седам во кино и да ми плаче и да жали, да јадеме пица и да плаче и таму, да спијам и да ми пишува реферати со тоа истото па истото... И пак утредента плачки...

А или замисли јас си гледам Милан-Интер и тој до мене ' и уште не сакаш да се извиниш за тоа, свесна си дека ме повреди, вака само правиш да се откажам, ова само јас можам да го трпам, имај доблест извини се, не можам да пројдам преку тоа ете што да правам, не спијам со вечери, ме мачи, тешко ми е веруваш? Погледни ме те молам, кажи нешто, немој да ми правиш само да ми е потешко'?!!?!?!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom