Сакам да кажам дека нема нешто подобро да прави во животот, или па да и најдат што да работи. Филипинката исто сака семејство, ама има и плус интереси како што спомнав. Зошто инаку стрикно бира американци/англичани за партнери?
Па не знам, и Полска и Грција и Унгарија се прилично конзервативна нација, ама муабетот за жена од полска или гркинка не е толку чест како жена од Украина/Русија/Филипини.
Што мислиш зошто?
Зошто најчести националности на проститутки се бугарки/русинки/украинки/филипинки?
Одговорот е ист, само проститутките имале полоша среќа.
мораш да увидиш дека ,,нешто подобро да прави во животот" може и да биде мажење и создавање на потомство, како и носење на внуци на сопствениот татко, како и елиминирање на одредени предрасуди спрема неа и нејзината фамилија во општеството поради годините што ги има, а притоа сеуште нема врска/брак, затоа што зборуваме за конзервативни околини каде што далеку поголем приоритет е основање на сопствена фамилија, создавање на потомство отколку бркање на кариера и трчање по факултети кои може да ги прави, но сепак го нема тоа што го смета или се смета за клучно во нејзиниот живот или општество.
филипинките бараат најчесто поради економските можности кои што можат да им ги овозможат тие машки од тие националности, што е легитимно, но истотака поради тоа и што тие мажи се сметани за егзотични од причина што се од друга раса и ред други фактори.
,,трансакцијата" е ваква: тој добива жена која што не можел да најде во сопствената држава или жена која што ги има тие конзервативни вредности кои за него се екстремно битни, а таа исто така добива маж кој што не можела да го добие во сопствената држава поради х причини, дали маж во генерала, дали маж со поголеми економски можности, дали маж кој што се смета за егзотичен во нејзината држава, ако јас се прашувам, win-win ситуација.
не секогаш економските можности се клучни, барем не кај албанките, затоа што мнозинството македонци кои што имаат жена албанка не се далеку финансиско побогати личности од мнозинството албанци , ниту пак Албанија е нешто помалку кога се работи за финансии, ниту пак Скопје е нешто подобар град од Тирана и слично, што според мене укажува дека приоритет на тие мажења на албанките е сепак основање на фамилија и желбата за истото, создавање на потомство и елиминирање на предрасудите кои што ги има спрема неа и нејзината фамилија во општеството како резултат на навршените години, исто како и од другата страна кај македонецот ерген.
но, ќе се сложам дека далеку почеста појава кај филипинките е мажење стриктно поради финансиски причини, затоа што финансиските разлики и разликите во можности измеѓу западна држава и нејзината држава се драстични, а нема да се сложам дека примарен фактор во женењето на албанки во Македонија е од финансиски причини, затоа што како што кажав во одозгора, Македонија не е драстично ниту забележливо финансиски помоќна, постабилна, попросперитетна држава со повеќе можности во споредба со Албанија.
во врска со тие држави што ги наброја, точно е дека се конзервативни држави со конзервативно население, но сепак тие држави се ептен оддалечени од нас со исклучок на Грција, за која јас би рекол дека не сме култоролошки слични, барем не ние од западниот регион и централниот регион и барем не до тој степен колку што сме со албанците кои што и далеку повеќе ги има во нашата држава отколку грци, и колку што имаат тие попримено од нас и нашата култура, толку имаме и ние попримено од нив и нивната култура поради живеење на исто место со векови.
за проституцијата истото ќе го кажам, тие се резултат на финансиската ситуација на нивната држава како и можностите кои што ги нудат нивните држави, како и повторно одредени културолошки разлики, има причина зашто има повеќе бугарки проститутки, отколку албанки, иако Бугарија е далеку финансиски помоќна држава со далеку повеќе можности за нивното население како членка на ЕУ, нешто што Албанија го нема.
Не негирам биологија. Реков, посилни сте.
Поентата ми беше друга. Идејата дека на жените им е потребна заштита од мажите се заснова на застарени и традиционални родови норми, кои во 21 ви век се оспорени на многу начини. Прво и основно, тоа што го пишувате е понижувачко и за вас, затоа што поттикнувањето на женската автономија и зајакнувањето на жените е поконструктивно отколку нивно врамување како зависни од машката заштита. Значи вие ги овековечувате штетните родови норми со наметнување на рестриктивни очекувања за мажите, ставајќи се првенствено како даватели и старатели над жените и сето тоа води до една неправедна рамнотежа во односите, каде што се очекува едниот пол да се грижи за другиот. Во реалноста, ние треба да се поддржуваме и да се почитуваме меѓусебно. Поттикнувањето на еднаквост во врската и дозволувањето на мажите и жените да споделуваат одговорности ги прави односите поздрави и попријатни за секого.
ама тие мислења кои што биле во минатото се резултат на милениуми уназад, и тоа што се ,,застарени" или традиционални, истите не ги прави воопшто погрешни, и искрено би посакал да ми објасниш на кој начин се оспорени.
женската автономија нема врска со машкото заштитување на женската популација, затоа што истото е биолошки, далеку поголеми негативни појави во општеството би имало кога жената не би била физички и финансиски заштитена од мажите во сопствениот живот, независно дали се работи за родител, маж или пријател/познаник, затоа што би била мета на други мажи кои што што тие биолошки разлики би ги искористиле во нивна експлотирачка полза, дали за задоволување на сопствениот сексуален нагон, или пак истите да ги врбуваат, малтретираат и да ги прават проститутки.
или да го доловам аргументот, со обзир дека се сложивме дека мажите се физички посилни од жените, нешто што и биологијата го потврдува, што мислиш би се случувало кога жените не би биле физички заштитени од страна на мажите, дали би се зголемиле манијакалните однесувања од страна на одредени мажи кои нажалост не можат да се искоренат од ниту едно општество (НЕ ГО ОПРАВДУВАМ ИСТОТО, ДА СЕ РАЗБЕРЕМЕ), дали жените би биле почеста мета на разбојници и слично?
кога е шансата жена да биде физички или сексуално нападната, кога во нејзино присуство е маж или кога шета сама и зошто мислиш е така?
почит, помагање и меѓусебна подршка се дефинитивно многу битна ставка во секој брак или врска, никој не го оспорува истото, јас не се сложувам со поттикнување на ,,еднаквост" (затоа што денес многу работи се сметаат за еднаквост),
туку двата пола треба да ги извршуваат своите биолошки одговорности и обврски, како и да ги играат улогите кои што природата, биологијата или религијата (во зависност од тоа во што верувате) ги налага, е за мене тоа е еднаквост.