Кое е Вашето „црвено знаме“ (red flag)

Член од
14 август 2018
Мислења
4.962
Поени од реакции
11.245
Значи доживеавме жени, кои дома имаат машини, за перење, за сушење, за садови, се греат на копче, а едно копче не знаат да сошијат..
И додека румбата им се вртка под нозе, они со телефонот во рака ги критикуваат мажите како ништо не сакале да споделат од домашните обврски.. :facepalm:
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.351
Поени од реакции
30.717
Или ке бидеш маж или ке бришеш прашина и ке правиш колачи со жената. Не си ти маж затоа што си посилен и имаш кур, тоа се само биолошки одлики поради кои во изводот ти пишува дека си од машки пол (барем уште некое време) кои не те амнестираат од миење садови и пеглање... Поимот маж е социјална категорија, ти се остваруваш како маж и жената те перцепира како таков само преку моќта и способноста да обезбедиш заштита и материјална сигурност. Не случајно моќта е број 1 афродизијак за жените, тоа најмногу ги влажни. А моќ = пари и пари = моќ. Значи, ако сакаш да не миеш садови треба да си маж а за да си маж треба да треснеш снопови на масата и тогаш слободно обрати и се со: Ајде мори пизда ти материна иди таму направи салата и дур гледам утакмица испеглај ми кошула ке излегувам... ке те послуша како бајче и нема да се жали. Се додека имаш толку пари за да можеш да и речеш не ми треба да одиш на работа за таа цркавица, седи дома чувај децата и куќата а за другото сум надлежен јас звани Газда Стојко и еве ти се што ти треба, до тогаш си маж и си почитуван како божество. Можеш слободно од лов со крв, кал и лајна на чизмите, директно да улеташ низ белиот тепих на скапата софа у дневна и слободно да си правиш муабет со швалерката на телефон... Па луѓе познавате ли вие некоја да побарала развод од Газда Стојко? Нема таква, еве сум работел 300 разводи и во ни еден од нив ја нема жената на Газда Стојко како тужителка таа да барала развод, обратно има многу. Стојко, пошто е многу нежен, нема ниту една пријава за психичко или физичко насилство. Па не е будала Стојкоица да се разведе и сите 5 стана у Капиштец, куќата на Водно, куќата во која живеат, куќата на охридско, апартманот во Ставрос, дуќаните, сите пари, автомобили, далечни летувања и зимувања........ да ги остави на некоја ороспија од 25 години само затоа што Стојче бил малку незгоден, ич не бришел прашина по дома и по малку шарал... па маж е ке шара, не е он крив, криви се тоа ороспиите шо му се лепат.... И да ке заборавев ,,шо има врска шо не ја погодил нијансата на сината боја, убава е и таа сино накај портокалово боја,,,. Додуша еднаш, во нервоза, и дошло на Стојкоица мисла да се разведе и да му земе пола имот на Газда Стојко, и следува, жена му е а тоа е имот стекнат у брак, дури скришно прашала и кај адвокат ама тој изгледа ништо не разбира па и рекол дека ке го добие од трите подолгото оти тој Стојко не што бил само паметен да прави пари ами бил паметен и што да прави со парите па целиот имот го купувал на име на татко му а потоа овој со договор за поклон му го давал на синот и тоа да не ти било имот стекнат у брак. Во банка не чувал ништо повеке од тоа што му требало тековно за електронските картички а главната фирма од која се крешира да ти била на име на сестра му. Оган да ги изгори. Ама на Стојкоица брзо и минува нервозата па затоа како Христијанка, мајка, жена во добро и зло, му простува на Стојче. Сепак нејзината љубов е многу длабока а љубовта се трпи и се простува.
Е сега, ако не си Газда Стојко ами си Трајче Свирчето и си го делиш буџетскиот терет со Трајкоица и таа мора да работи, или недај боже таа покрива поголем дел од дефицитот во буџетот, тогаш ке си ја делиш и работата по дома и ке гледаш утакмици ама реприза. А шо има тоа врска, ако утакмицата не ти е гледана за тебе тоа е пак премиера... Ако Трајче не е умен и не слуша, свирки како него има колку сакаш, па добива инстант клоца у гз. Свирки има, нема Стојковци....
Овој толку пари има, а не може една машина за садови да купи. Ред флаг.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.486
Поени од реакции
11.403
не е стереотип него е вистина, зашто еве у UFC има различни дивизии базирани според тежина, како и според пол? зашто NBA и WNBA се различни? зашто тенисери играат против тенисери, тенисерки против тенисери, зашто едноставно не го направиме и мажи и жени меѓусебно да се такмичат у спортови каде што физичката способност е подоминантен фактор за победа?

зашто Jon Jones не го пуштат да влезе во ринг со некоја врвна фајтерка од женската дивизија, затоа што не сакаат да им дадат на жените фајтерки медиумско експонирање, или затоа што борбата ќе заврши у првите десетина секунди и тоа брутално за женската страна?

реално ако мислите дека мажите и жените се еднакви физички тогаш буквално негирате биологија, негирате хормони, негирате студии, негирате нешто што е логично и залудно е да го правиме моабетот.
Не негирам биологија. Реков, посилни сте.

Поентата ми беше друга. Идејата дека на жените им е потребна заштита од мажите се заснова на застарени и традиционални родови норми, кои во 21 ви век се оспорени на многу начини. Прво и основно, тоа што го пишувате е понижувачко и за вас, затоа што поттикнувањето на женската автономија и зајакнувањето на жените е поконструктивно отколку нивно врамување како зависни од машката заштита. Значи вие ги овековечувате штетните родови норми со наметнување на рестриктивни очекувања за мажите, ставајќи се првенствено како даватели и старатели над жените и сето тоа води до една неправедна рамнотежа во односите, каде што се очекува едниот пол да се грижи за другиот. Во реалноста, ние треба да се поддржуваме и да се почитуваме меѓусебно. Поттикнувањето на еднаквост во врската и дозволувањето на мажите и жените да споделуваат одговорности ги прави односите поздрави и попријатни за секого.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.408
Поени од реакции
4.279
Ова е неверојатно глупава реченица. Онака, космички глупава.
Зошто бе? Збори за ,,односи,,. Тоа значи дека ако пример ги изџогираш ходникот и купатилото, вечер ке имате ,,односи,, кои ке бидат пријатни и за двајцата...
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.532
Поени од реакции
9.567
Мајко мила. Не Лисабон, Буенос Аирес фати. :pos:
Џабе се кикотиш ништо не ме разбра. Не можам од ново сега да ти се објаснувам, кој мајстор за малтер бе дете мое што ќе правиме со малтер секој ден за тоа да ти е тебе машката работа? Секој ден жена ти ќе прави ручек, ќе чува деца, ќе риба, чисти, ќе те пере, ќе мете, ќе џогира, а ти ќе туркаш колички со малтер околу неа?

И да е твоја работа тоа ајде да прифатам дека малтер ќе туркаш некаде, не ти е работа за цел живот.
А жена демек мора да ги прави сите оние работи цел живот и плус навечер да те задоволи и измасира од туркање колички со малтер. Или од гледање Ливерпул што се имаш укочено 90 минути на фотеља.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Џабе се кикотиш ништо не ме разбра. Не можам од ново сега да ти се објаснувам, кој мајстор за малтер бе дете мое што ќе правиме со малтер секој ден за тоа да ти е тебе машката работа? Секој ден жена ти ќе прави ручек, ќе чува деца, ќе риба, чисти, ќе те пере, ќе мете, ќе џогира, а ти ќе туркаш колички со малтер околу неа?

И да е твоја работа тоа ајде да прифатам дека малтер ќе туркаш некаде, не ти е работа за цел живот.
А жена демек мора да ги прави сите оние работи цел живот и плус навечер да те задоволи и измасира од туркање колички со малтер. Или од гледање Ливерпул што се имаш укочено 90 минити на фотеља.
Глеам ти колку убаво сфати, пресфати дури па сеа јас не сум те разбрал. :D

Не можам стварно да ти цртам, сфати си сама ако можеш ако не заеби озбилно, ме мрзи.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.532
Поени од реакции
9.567
Глеам ти колку убаво сфати, пресфати дури па сеа јас не сум те разбрал. :D

Не можам стварно да ти цртам, сфати си сама ако можеш ако не заеби озбилно, ме мрзи.
И мене ме мрзи искрено, ќе се најдеме таму низ Лисабон ќе се објасниме. :icon_lol:
 
J

joli1

Гостин
Сакам да кажам дека нема нешто подобро да прави во животот, или па да и најдат што да работи. Филипинката исто сака семејство, ама има и плус интереси како што спомнав. Зошто инаку стрикно бира американци/англичани за партнери?


Па не знам, и Полска и Грција и Унгарија се прилично конзервативна нација, ама муабетот за жена од полска или гркинка не е толку чест како жена од Украина/Русија/Филипини.
Што мислиш зошто?
Зошто најчести националности на проститутки се бугарки/русинки/украинки/филипинки?
Одговорот е ист, само проститутките имале полоша среќа.
мораш да увидиш дека ,,нешто подобро да прави во животот" може и да биде мажење и создавање на потомство, како и носење на внуци на сопствениот татко, како и елиминирање на одредени предрасуди спрема неа и нејзината фамилија во општеството поради годините што ги има, а притоа сеуште нема врска/брак, затоа што зборуваме за конзервативни околини каде што далеку поголем приоритет е основање на сопствена фамилија, создавање на потомство отколку бркање на кариера и трчање по факултети кои може да ги прави, но сепак го нема тоа што го смета или се смета за клучно во нејзиниот живот или општество.

филипинките бараат најчесто поради економските можности кои што можат да им ги овозможат тие машки од тие националности, што е легитимно, но истотака поради тоа и што тие мажи се сметани за егзотични од причина што се од друга раса и ред други фактори.

,,трансакцијата" е ваква: тој добива жена која што не можел да најде во сопствената држава или жена која што ги има тие конзервативни вредности кои за него се екстремно битни, а таа исто така добива маж кој што не можела да го добие во сопствената држава поради х причини, дали маж во генерала, дали маж со поголеми економски можности, дали маж кој што се смета за егзотичен во нејзината држава, ако јас се прашувам, win-win ситуација.

не секогаш економските можности се клучни, барем не кај албанките, затоа што мнозинството македонци кои што имаат жена албанка не се далеку финансиско побогати личности од мнозинството албанци , ниту пак Албанија е нешто помалку кога се работи за финансии, ниту пак Скопје е нешто подобар град од Тирана и слично, што според мене укажува дека приоритет на тие мажења на албанките е сепак основање на фамилија и желбата за истото, создавање на потомство и елиминирање на предрасудите кои што ги има спрема неа и нејзината фамилија во општеството како резултат на навршените години, исто како и од другата страна кај македонецот ерген.

но, ќе се сложам дека далеку почеста појава кај филипинките е мажење стриктно поради финансиски причини, затоа што финансиските разлики и разликите во можности измеѓу западна држава и нејзината држава се драстични, а нема да се сложам дека примарен фактор во женењето на албанки во Македонија е од финансиски причини, затоа што како што кажав во одозгора, Македонија не е драстично ниту забележливо финансиски помоќна, постабилна, попросперитетна држава со повеќе можности во споредба со Албанија.

во врска со тие држави што ги наброја, точно е дека се конзервативни држави со конзервативно население, но сепак тие држави се ептен оддалечени од нас со исклучок на Грција, за која јас би рекол дека не сме култоролошки слични, барем не ние од западниот регион и централниот регион и барем не до тој степен колку што сме со албанците кои што и далеку повеќе ги има во нашата држава отколку грци, и колку што имаат тие попримено од нас и нашата култура, толку имаме и ние попримено од нив и нивната култура поради живеење на исто место со векови.

за проституцијата истото ќе го кажам, тие се резултат на финансиската ситуација на нивната држава како и можностите кои што ги нудат нивните држави, како и повторно одредени културолошки разлики, има причина зашто има повеќе бугарки проститутки, отколку албанки, иако Бугарија е далеку финансиски помоќна држава со далеку повеќе можности за нивното население како членка на ЕУ, нешто што Албанија го нема.

Не негирам биологија. Реков, посилни сте.

Поентата ми беше друга. Идејата дека на жените им е потребна заштита од мажите се заснова на застарени и традиционални родови норми, кои во 21 ви век се оспорени на многу начини. Прво и основно, тоа што го пишувате е понижувачко и за вас, затоа што поттикнувањето на женската автономија и зајакнувањето на жените е поконструктивно отколку нивно врамување како зависни од машката заштита. Значи вие ги овековечувате штетните родови норми со наметнување на рестриктивни очекувања за мажите, ставајќи се првенствено како даватели и старатели над жените и сето тоа води до една неправедна рамнотежа во односите, каде што се очекува едниот пол да се грижи за другиот. Во реалноста, ние треба да се поддржуваме и да се почитуваме меѓусебно. Поттикнувањето на еднаквост во врската и дозволувањето на мажите и жените да споделуваат одговорности ги прави односите поздрави и попријатни за секого.
ама тие мислења кои што биле во минатото се резултат на милениуми уназад, и тоа што се ,,застарени" или традиционални, истите не ги прави воопшто погрешни, и искрено би посакал да ми објасниш на кој начин се оспорени.

женската автономија нема врска со машкото заштитување на женската популација, затоа што истото е биолошки, далеку поголеми негативни појави во општеството би имало кога жената не би била физички и финансиски заштитена од мажите во сопствениот живот, независно дали се работи за родител, маж или пријател/познаник, затоа што би била мета на други мажи кои што што тие биолошки разлики би ги искористиле во нивна експлотирачка полза, дали за задоволување на сопствениот сексуален нагон, или пак истите да ги врбуваат, малтретираат и да ги прават проститутки.

или да го доловам аргументот, со обзир дека се сложивме дека мажите се физички посилни од жените, нешто што и биологијата го потврдува, што мислиш би се случувало кога жените не би биле физички заштитени од страна на мажите, дали би се зголемиле манијакалните однесувања од страна на одредени мажи кои нажалост не можат да се искоренат од ниту едно општество (НЕ ГО ОПРАВДУВАМ ИСТОТО, ДА СЕ РАЗБЕРЕМЕ), дали жените би биле почеста мета на разбојници и слично?

кога е шансата жена да биде физички или сексуално нападната, кога во нејзино присуство е маж или кога шета сама и зошто мислиш е така?

почит, помагање и меѓусебна подршка се дефинитивно многу битна ставка во секој брак или врска, никој не го оспорува истото, јас не се сложувам со поттикнување на ,,еднаквост" (затоа што денес многу работи се сметаат за еднаквост), туку двата пола треба да ги извршуваат своите биолошки одговорности и обврски, како и да ги играат улогите кои што природата, биологијата или религијата (во зависност од тоа во што верувате) ги налага, е за мене тоа е еднаквост.
 
Член од
31 јануари 2024
Мислења
270
Поени од реакции
931
Зошто бе? Збори за ,,односи,,. Тоа значи дека ако пример ги изџогираш ходникот и купатилото, вечер ке имате ,,односи,, кои ке бидат пријатни и за двајцата...
Кога ќе те види со џогерот или преавосмукалката во раце, веднаш има да сврши. Уште и престилка ако имаш ставено, ништо посекси од маж во престилка со џогер во рака.

Освен можеби @Византиецот на јахта.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.351
Поени од реакции
30.717
мораш да увидиш дека ,,нешто подобро да прави во животот" може и да биде мажење и создавање на потомство, како и носење на внуци на сопствениот татко, како и елиминирање на одредени предрасуди спрема неа и нејзината фамилија во општеството поради годините што ги има, а притоа сеуште нема врска/брак, затоа што зборуваме за конзервативни околини каде што далеку поголем приоритет е основање на сопствена фамилија, создавање на потомство отколку бркање на кариера и трчање по факултети кои може да ги прави, но сепак го нема тоа што го смета или се смета за клучно во нејзиниот живот или општество.
Мислам дека не се разбираме. Не го кажав тоа во лош контекст, бидејќи не сметам дека е лошо или добро, мнозинство од жени сакаат да формираат семејство и фамилија, но некои, се попривилегирани, и имаат и плус мотивации во животот, бизнис, хоби, спорт и така натаму. И ќе разберете на стари години дека тоа е добро. Доволно е да отидеш на улица, плоштад. Често ќе сретнеш дедовци, кои возат точак, играат шах, уживаат во пензионерските денови во хобија, занимации, додека бабите дремат дома и чекаат да дојде ручек време за да имаат што да прават пред да почне репризата од турската серија на канал 5.

филипинките бараат најчесто поради економските можности кои што можат да им ги овозможат тие машки од тие националности, што е легитимно, но истотака поради тоа и што тие мажи се сметани за егзотични од причина што се од друга раса и ред други фактори.
Да, фетишизирани се.

во врска со тие држави што ги наброја, точно е дека се конзервативни држави со конзервативно население, но сепак тие држави се ептен оддалечени од нас со исклучок на Грција, за која јас би рекол дека не сме култоролошки слични, барем не ние од западниот регион и централниот регион и барем не до тој степен колку што сме со албанците кои што и далеку повеќе ги има во нашата држава отколку грци, и колку што имаат тие попримено од нас и нашата култура, толку имаме и ние попримено од нив и нивната култура поради живеење на исто место со векови.
Не се согласувам со ништо од ова лол, особено делот за тоа дека не сме културолошки слични со грците.

Но еве гркинките и унгарките па и русинките не се сиромашни а се конзервативни. Паспортброс некако не ги бендисуваат многу.
Значи фали нешто во трансакцијата, но не пари.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.838
Поени од реакции
6.448
ништо посекси од маж во престилка со џогер во рака.

Освен можеби @Византиецот на јахта.
Geil bruder nicht wahr? По сина поло јокна и бели шорцој од Хилфигер, црни цвикери од Јагуар, да зрачи бела машка моќ, капак на се па и Македонец по потекло. Пола Кологни се навлажни на мене.
после сето ова време, убаво е да се види дека сеуште ти се дрви на мене Ставре. Ај ако потрушај со уште некој пост ќе одам нова тура слики во Ди Кеј од моите нови збиднувајна и базелски афери, од гугл лепени и шлакани слики де. Мва мва мва, те љубам педерски ко увек.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.290
Поени од реакции
7.979
Decki za site gladni i zhedni za PICKA I MILFici bujrumte vo Deutscherland vo edno od najpoznatite sobiralishta so vo Bayern.
Tolku e golemo cudo shto i ima i svoj poshtenski broj!


I da znaete, mazh vnatre da vlezi ai da ne najdi neshto za peglanje mu ostanuva samo da se obesi ili zakalujgeri.
 
J

joli1

Гостин
Мислам дека не се разбираме. Не го кажав тоа во лош контекст, бидејќи не сметам дека е лошо или добро, мнозинство од жени сакаат да формираат семејство и фамилија, но некои, се попривилегирани, и имаат и плус мотивации во животот, бизнис, хоби, спорт и така натаму. И ќе разберете на стари години дека тоа е добро. Доволно е да отидеш на улица, плоштад. Често ќе сретнеш дедовци, кои возат точак, играат шах, уживаат во пензионерските денови во хобија, занимации, додека бабите дремат дома и чекаат да дојде ручек време за да имаат што да прават пред да почне репризата од турската серија на канал 5.
можно е да не се разбравме, но јас не ти реплицирав во контекст на хобиња, туку те разбрав дека ,,нема што да прави" во животот, па ај да се мажам или да ја мажиме, сепак, ако тоа не е случајот, се извинувам што го извадив од контекст твоето мислење, и јас се сложувам дека хобиња во животите на двајцата партнери се потребни и неопходни, пред се за некое лично задоволство.

Да, фетишизирани се.
се сложувам, тоа е и еден од факторите кој што одбив да го набројам за бирање на тие passport bros личности од одредени азиски држави, но пак ќе нагласам, тоа не е фактор на секој од нив, некои само преферираат жени од конзервативна средина и со конзервативни мислења, ставови и перспективи на врски/бракови кои што западните жени се помалку ги имаат.

Не се согласувам со ништо од ова лол, особено делот за тоа дека не сме културолошки слични со грците.

Но еве гркинките и унгарките па и русинките не се сиромашни а се конзервативни. Паспортброс некако не ги бендисуваат многу.
Значи фали нешто во трансакцијата, но не пари.
комплетно твое право, но сега за сега јас ќе останам на мојот став дека далеку сме поблиски култоролошки со срби и албанци, отколку што сме со грци, барем ние од западниот регион.

култоролошки сличности имаме со албанците од причина што (барем во западниот регион) со векови живееме на иста територија, имаме попримено многу работи од нивна страна, но исто така и тие имаат попримено многу работи од наша страна, и разбирливо е кога со одреден етникум коегзистираш на одредено место секојдневно и тоа со векови, да попримиш и ние и они некои култоролошки одлики и карактеристики на народот со кој што коегзистираш, но сепак ќе кажам, зборувам од мој аспект како некој кој што е од западниот регион, можеби и грците да се поблиски на македонците од јужните региони, или пак бугарите се поблиски култоролошки на македонците од источна.

би сакал да знам кои култоролошки сличности, освен религија, ги имаме со грците.

од друга страна да видиме што се passport bros:

Passport bros argue that Western women have adopted certain attitudes and behaviours that they find unappealing. They contend that women in their own countries have become overly demanding, holding men to unrealistic standards while not reciprocating with traditional gender roles such as cooking and cleaning. Passport bros believe that women from other cultures, especially in Asia and Eastern Europe, still adhere to traditional values and are more appreciative of masculine qualities.

These men see dating abroad as an opportunity to escape what they perceive as a toxic dating culture in their home countries. They seek relationships with foreign women who are raised to be good wives, dress modestly, and exhibit qualities such as kindness, cooperation, and a positive view of men. Passport bros argue that both partners should contribute to the relationship, and they reject the notion that they are exploiting or objectifying the women they date.
нема сега тука да се лажеме дека во групата на passport boys нема случаеви каде мажи од западниот свет кои поради одредени фетиши или поради финансиските можности кои што ги имаат одат во држави се со цел сексуално да експлотираат жени од тие држави или региони кои се помалку финансиски моќни од жените од западните држави, но сепак не би рекол дека сите (ни мнозинството, поготово тие што земаат жена од таму) се такви затоа што тогаш побенефицијално би им било сексуално да ги експлотираат без да ги женат, затоа што истото можат финансиски да си го дозволат, а плаќање на проститутка во сопствената држава е далеку поефтино и далеку помалку замарачки отколку средување на документи, визи за нив и нивно носење во западните држави.

никаде јас не тврдам дека парите не играат улога, дури и клучна кај партнерките на passport bros, но зависи и од многу други фактори, а истотака не е споредлив моабетот со македонци (кои дефинитивно не спаѓаат во групата на passport bros) кои земаат албанки за жени, затоа што економиите на двете држави воопшто не ни се разликуваат, пасошите и можностите истотака, што не е случајот со американец-филипнка, германец-украинка, итн каде што има драстична разлика на можности и финансиска стабилност за жената од трет свет која што е земена од странец.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.486
Поени од реакции
11.403
ама тие мислења кои што биле во минатото се резултат на милениуми уназад, и тоа што се ,,застарени" или традиционални, истите не ги прави воопшто погрешни, и искрено би посакал да ми објасниш на кој начин се оспорени.
Здраво е да се биде со отворен ум и да се преиспитуваат миселњата и ставовите кога ќе станат достапни нови информации. Светот постојано се развива, а ставовите и мислењата кои биле прифатливи и вообичаени во минатото може да еволуираат заради променливи општествени норми, култруни промени, научни откритија итн. Критичкото размислување кое денес е подобрено заради подобро образование, дигитален пристап, глобални врски итн, исто така ни овозможува нам како единки да размислуваме за сопствените ставови и верувања, и доколку е потребно да ги ревидираме.


женската автономија нема врска со машкото заштитување на женската популација, затоа што истото е биолошки, далеку поголеми негативни појави во општеството би имало кога жената не би била физички и финансиски заштитена од мажите во сопствениот живот, независно дали се работи за родител, маж или пријател/познаник, затоа што би била мета на други мажи кои што што тие биолошки разлики би ги искористиле во нивна експлотирачка полза, дали за задоволување на сопствениот сексуален нагон, или пак истите да ги врбуваат, малтретираат и да ги прават проститутки.
Значи јас ти ја оспорувам идејата дека на жените инхерентно им е потребна машката заштита. Не правиме тука муабет за заштита од партнер, родител, брат, пријател (под дифолт, сите ги уживаме тие привилегии, не спорам) туку тука генерализираме. Сметам дека на секој беспомошен човек кој е изложен на некаков ризик му треба некаква форма на заштита и тоа нема врска со полот. Зошто толку се наметнува потребата за заштита на жените, а не се наметнува потреба за заштита на ранливи мажи, постари луѓе, општеството во целина ?

Иритантно од сето ова е што општеството обично ги гледа жените како нежни и беспомошни суштества, а тоа не е секогаш случај. Не се сите жени принцези на кои им треба спасување. И жените учевствуваат во заштитата на своите семејства и на заедницата, но на поинаков начин (без употреба на физичка сила, или колку што им дозволуваат способностите. Иако во 21 ви век, не знам кој современ маж употребува сила за заштита на семејството, сите го бираат менталниот капацитет, пред тоа...физичката сила уствари треба да биде последниот избор, ако сите останати избори се исцрпени). Можеби жените користат помеки методи на заштита, но и те како ја превземаат улогата на заштитник кога мажите не можат, дали поради здравствени причини, или поради тоа што не се дома, или поради тоа што се со некои бубачки во глава. Па колку жени има што ги штитат децата од мажот дома, заради тоа што е пијан или насилен?

или да го доловам аргументот, со обзир дека се сложивме дека мажите се физички посилни од жените, нешто што и биологијата го потврдува, што мислиш би се случувало кога жените не би биле физички заштитени од страна на мажите, дали би се зголемиле манијакалните однесувања од страна на одредени мажи кои нажалост не можат да се искоренат од ниту едно општество (НЕ ГО ОПРАВДУВАМ ИСТОТО, ДА СЕ РАЗБЕРЕМЕ), дали жените би биле почеста мета на разбојници и слично?

кога е шансата жена да биде физички или сексуално нападната, кога во нејзино присуство е маж или кога шета сама и зошто мислиш е така?
Да жените генерално се физички послаби од мажите, но тоа не значи дека не постојат жени со +100 килограми, со криминално минато, сериски убијци, силувачи, разбојници и слично. И треба да се заштитиме од сите нив.
 
Член од
17 септември 2022
Мислења
1.073
Поени од реакции
2.572
Здраво е да се биде со отворен ум и да се преиспитуваат миселњата и ставовите кога ќе станат достапни нови информации. Светот постојано се развива, а ставовите и мислењата кои биле прифатливи и вообичаени во минатото може да еволуираат заради променливи општествени норми, култруни промени, научни откритија итн. Критичкото размислување кое денес е подобрено заради подобро образование, дигитален пристап, глобални врски итн, исто така ни овозможува нам како единки да размислуваме за сопствените ставови и верувања, и доколку е потребно да ги ревидираме.



Значи јас ти ја оспорувам идејата дека на жените инхерентно им е потребна машката заштита. Не правиме тука муабет за заштита од партнер, родител, брат, пријател (под дифолт, сите ги уживаме тие привилегии, не спорам) туку тука генерализираме. Сметам дека на секој беспомошен човек кој е изложен на некаков ризик му треба некаква форма на заштита и тоа нема врска со полот. Зошто толку се наметнува потребата за заштита на жените, а не се наметнува потреба за заштита на ранливи мажи, постари луѓе, општеството во целина ?

Иритантно од сето ова е што општеството обично ги гледа жените како нежни и беспомошни суштества, а тоа не е секогаш случај. Не се сите жени принцези на кои им треба спасување. И жените учевствуваат во заштитата на своите семејства и на заедницата, но на поинаков начин (без употреба на физичка сила, или колку што им дозволуваат способностите. Иако во 21 ви век, не знам кој современ маж употребува сила за заштита на семејството, сите го бираат менталниот капацитет, пред тоа...физичката сила уствари треба да биде последниот избор, ако сите останати избори се исцрпени). Можеби жените користат помеки методи на заштита, но и те како ја превземаат улогата на заштитник кога мажите не можат, дали поради здравствени причини, или поради тоа што не се дома, или поради тоа што се со некои бубачки во глава. Па колку жени има што ги штитат децата од мажот дома, заради тоа што е пијан или насилен?


Да жените генерално се физички послаби од мажите, но тоа не значи дека не постојат жени со +100 килограми, со криминално минато, сериски убијци, силувачи, разбојници и слично. И треба да се заштитиме од сите нив.
Има еден друг момент што вие не го процесирате често за нас во вакви муабети..... нас во позрели години ни е многу битен угледот, алатка е во обезбедувањето стабилност и сигурност па затоа ни е доста битно шо мислат другите мажи во комјунитито.... жената е огледало на мажот и вие ја имате моќта да ни го сјебете угледот. Тоа е за нас многу болна работа. Доколку грото мажи пљукаат на нешто ние свесно или не почнуваме да пазиме на тоа нешто за да не ни се смеат и не сме предмет на муабет у кафана.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom