Да му речеш на партнер со кого имаш озбилни намери за во иднина, дека ќе одиш петок во диско со 7 другарки е некако ко неизживеано и јас да сум мажот ќе си помислам добро оваа сега ќе ми тера тинејџерски живот, не заврши со тоа? ..
Сите поминавме низ тие пијанчења, мувања, флертови, сепариња, враќање дома во 4 и ако мислиш дека не си завршила со тоа, ќе почекаш со сериозни врски, зошто не е фер на некој што намера му е да му бидеш мајка на неговите деца да му даваш надеж дека со тој живот си поминала и си завршила, си го изживеала, а уствари уште ти се живее слободно. Не во смисла дека сега ти си заробена и немаш слобода, него самата свест и осет не може да те остават да одиш по дискотеки додека мажот те чека дома.
Јас го гледам тоа како срам за себеси и понижување на партнерот а и сите што ќе бидат во таа дискотека ќе го мислат истото.
Не се работи ни дали ќе ме пуштел, ни дали ќе сум го изварала, едноставно го третираш ко дебилче, се облекуваш во тиркиз фустан, ставаш штикла до колена и му велиш ајде одам јас. И тој како козичка си седи, си заклучува и си легнува. Или па најлошото сценарио те испраќа и ги чува децата, а ти качена на сепаре денцаш со другарките. Маже дегенче. И пред мене и пред другите, па и према самиот себеси.
Јас тоа така го гледам, а далеку од тоа дека ќе ставиме шамија и ќе рибаме рингли по цели денови. Тука ти се денските кафиња со другарки, дружби на работа со колеги, па и некогаш и да е моминска на некоја другарка ќе излезеш нормално, ама да го третираш како моронче не е фер. Мојот партнер ако ми рече во ред убаво да си поминеш цела вечер по кафани и дискотеки, навистина ќе си речам дека е дегенче и ќе се запрашам за иднината со него.
Пијанчењето и излегувањето до сабајле и озбилна врска и брак се два паралелни света во кои се преселуваш кога ќе решиш дека си спремна за озбилно. Во спротивно шетај, пиј, играј седи до кога сакаш тоа не е никаков ама никаков проблем ни показател за нешто.