Devilish Angel напиша:
Никогаш не би започнала нова врска доколку не ми се изгубат чувствата за претходниот или за нерецкачот. Така да доколку веќе започнам нова врска тоа значи веќе сум го преболела другиот и веќе се појавиле некакви чувства за новиот ..
Те цитирам затоа што најсоодветно се изрази за да пишам тоа што мислам, иако и некои други се изразија во твој стил.
Малку не се согласувам со вакви изјави. Зошто? Кога сакаш некого вистински, малку потешко оди преболувањето, потребно е повеќе време за да не те потсетуваат на него/нејзе многу работи (нема потреба да наведам кои). Во ред, можеби ти се појавиле некои чувства за новиот партнер, но секако дека нема да се избришани целосно некои кон „нерецкачот“, само може да се потиснати и да не сакаш да излегуваат на површина.
Друга работа. Кај е оној муабет: најлесно се преболува една личност само ако си најдеш друг партнер? Значи потребен е човек кој ќе успее и ќе се труди да го засакаш, да бидеш среќен/на со него, да заборавиш на друг/а. Најлесно е да напишеме сите дека влегуваме со чисти чувства во нова врска, но чувствата може само да не се признаваат, а се присутни, па со тек на време може да избледат. Според мене ако подолго време поминало откако си открил дека немаш никакви чувства кон некого, тогаш влегуваш со чисти чувства во врска и не те интересира дали почнал да чувствува нешто кон тебе некој кој не те рецкал додека си сакал/а.
А кого јас би одбрала? Секако оној со кој веќе сум во врска штом сум одлучила да почнам врска и да му дозволам на тој да ме сака и да го сакам. И секако дека ќе успее да го засакам многу повеќе од тој другиот, а ако не успее, тогаш ќе дојде друг кој ќе сака.