Aко нешто правиме искрено и без "задни намери" за себе-промовирање, има мала разлика во конечното задоволство зависно од тоа дали сме го направиле за себе или за другите.
Ако постигнеме личен успех, покрај нашето чувство на добро завршена работа и оставен белег зад себе, нешто што ќе сведочи за секогаш позитивниот исход од некој мал или малку поголем напор, секогаш тука ќе се придаде и сознанието за препознавање на нечиј труд-нашиот- од луѓето на кои им е драго за постигнатиот успех на пријателот.
Ако помогнеме на некој друг, постигнеме успех за некој друг, димензијата на себе залагање за туѓа среќа ја прави разликата. Тогаш ја надминуваме обичната човечка суета и инстинктивна навика и правиме нешто од љубов. Реков, ако тоа што го правиме е искрено, за пријател/и. Нешто слично како некоја форма на "вистинска" љубов према партнерот- кога туѓата среќа ја ставаме пред својата, и на туѓите успеси се радуваме повеќе него на личните.
Конкретен пример... На факултетот каде што студирам постоеше правилото дека за да запишеш трета година на студии, треба да имаш најмногу два неположени испити од втората година. Во спротивно, пишуваш квадрат.
Јас се најдов во малку незавидна положба исто како и голем дел од моите пријатели. Со тоа што поради поранешно незавршените обврски, тие беа во малку полоша ситуација.
Јас фатив услов и бев радосен. Не којзнае колку зошто знаев дека сам бев виновен за лошата позиција во која се најдов, но среќен зошто на крај сепак успеав и зошто научив една битна лекција - треба да бидам поредовен во исполнувањето на обврските. Повеќе да почитувам авторитети и некои работи да ги прифатам такви какви што се.
Мојата лична битка заврши пред "групната". Сепак, за нив се заложив и се борев - не сам - али се борев со цела сила и до крај. На крај, го сменив (ме) статутот на факултет, и го намаливме условот за запишување не само на трета, туку и на втора година на студии. Постигнавме нешто што дотогаш не се случило. Од самиот почеток бевме убедувани во невозможноста на мисијата.. Но тоа ни во еден момент не ме поколеба.
На крај, бев радосен. Премногу. Сјајот во очите на тие луѓе, и искреното благодарам вредеше и повеќе од целиот вложен труд.
Поуката? Погоре реков... научив само некои работи да ги прифатам како што се. Кога делуваме заедно, и кога веруваме во успехот... многу малку работи се неостварливи.
Се чувствував како победник. Ама не си кренав споменик. Не ми ни требаше. Иако потајно знаев дека моите другари ќе го сторат тоа за мене. Зошто, ако не беа вистински другари, веројатно немаше нида влезам во огнот за нив. Нешто што секогаш би го направил за нив.
Најголемата среќа е кога својата среќа можеш да ја споделиш со луѓето кои ги сакаш. И да знаеш дека и тие се радуваат на твојот успех, како за свој.