Пред некое време налетав на реченицава и баш ме замисли...
Многу често се случува да западнеме во рутина, монотонија, целиот живот да ни стане една обична навика, круг во кој постојано ги правите истите работи, дури пушачите по 10 пати ги откажуваат цигарите, одиме во истите кафани, кафичи, истите дискотеки...
И често кога ќе се сретнеме со некој што не сме го виделе со години, кога ќе не праша: Што има? Ние велиме, стандардно, класика... Често се жалиме дека ни е досадно, дека сме ги иживеале сите ствари...
Затоа и ја отворив темава, да видиме кога последен пат сме направиле нешто за прв пат, да видиме дали е време да ја разбиеме рутината во нашите животи.
Без разлика дали сте смениле локација, прв пат сте биле во некој град, за која работа да станува збор, прашањето е - кога последен пат направивте нешто за прв пат?
Без непотребни коментари, инаку ќе бидете банирани од тема.