- Член од
- 18 септември 2007
- Мислења
- 2.547
- Поени од реакции
- 33
Па не би рекла дека нема приватни науки на приватен затоа што се "тешки" како што викаш ти. За навистина тежок факултет од таа група би го издвоила медицина. Медицина приватен е речиси неизводливо. Секој факултет си има своја тежина. На пример, ако мене ме бива за природни науки, а не ме бива за право мене правен би ми бил многу потежок од хемија :wink:. Може да се издвојат вакви примери за многу факултети.Во суштина природните науки се сметаат за тешки науки, јас мислам дека во тоа лежи причината што сеуште приватните факултети не собрале храброст да си „поиграат„ со нив.
Претпоставувам дека на приватен нема природни науки бидејќи не се многу популарни, од аспек на наоѓање на работа. Пример, ако некој заврши хемија нема голем избор за работа. Или треба да биде наставник, или да оди во странство, ако сака да работи стриктно по струката. Зошто приватните факултети би правеле насоки на кои нема да имаат голем одзив, а со тоа и помала заработка?! Плус, потешко е да се најде квалификуван кадар кој би ги предавал тие насоки.
Електо се смета за еден од потешките факултети, па има информатички смерови речиси на сите приватни факултети. Работата е колку пари, толку музика.