Кога би биле богати што би имале ? (детална слика)

Базен во соба
bazen.jpg

2.Пиано Steinway & Sons
img_0442.jpg


steinway_and_sons_grand_piano_by_bewsii-d5123f4.png


3. ...
 
Не би мрднал подалеку од Македонијава. Па ни Прилепов искрено. Би си ја средил постоечкава куќа што ја имам, куќата кај баба ми, едно станче во единствената ни добра населба ( Точила ), станче во Хром, станче во Штип, куќа ( читај шпанска хациенда ) на излезот од Охрид према Љубаниште. По една викендичка на Маврови Анови, Пелистер, Крушево, Беласица и Ниџе.

Би ги купил трите ресотрани наспорти Могила би ги направил во ноќен клуб. Супермаркет до Салида. Неколку ИТ компании во катната гаража, драјв-ин рестораран наспроти Марко Цепенков ( на местото од Гурман ). Старо The End би го сменил во класичен Американски Бар. Би инвестирал во Тутунски Комбинат и 11ти. Старата кожара пак ќе почне со работа. Би закупил поголем дел од земјиштето во Прилепско кое потоа ќе се работи со различни земјоделски кулутри, пропратно и 2 фабрики во индустриската зона за преработка на тие култури. Еден голем пазар во индустриската налик Кванташки.

Би го покрил коритото на реката. Осветлување на целите Маркови Кули ( како и што беше ). Чистење на патот до Мечка и Паничиште. Проширување на планинарскиот дом. Кино како што доликува. 2 трговски центри. 1 такси компанија. 1 обезбедителна компанија. Во принцип ќе гледам секој од градот да добие работа. Реставрирање на 70+ годишните куќи и нивно пренаменување во лежерни кафичи/ канцеларии/ музеи. Неколку едукативни центри. 2 станбени населби. Средување на населбата кај терминалот ( аКа Мал Париз :icon_lol: ). Веројатно и факултет.

Станбените услови не барам да се преголеми, само интимни и удобни. Од страна на автомобили и мотори, обавезно ќе земам неколку олд тајмери што ги има низ Македонијава, али најверојатно најчесто би ме виделе во Алфа Диско Воланте ( коа сакам да изигравам фраер :D ) ама поверојатно би било да ме видиш во нов Фокус или Сивик. Кога е сончево пак, никогаш не би слегол од custom Harely. :)

Па отом потом, би инвестирал и низ другиве ни градови. А да, забораив дека ќе отворам и банка :sneaky:
 
Мене не ме интересираат многу земски задоволства како многу спиритуална личност и најверојатно би заминал некаде во некој манастир во Тибет каде што би можел да развијам неколку чакри и да се посветам на медитацијата.
Најверојатно би купил два три пара портокалови кимона за таа намена и карта за еден правец натаму.
Би зел и неколку пакетчиња од Виталиа што се баровите за по пат да ми се најдат и флаширана вода Евиан.
 
Куќарка на море, ништо луксузно само обична тропска куќарка со две три соби. Роуд и оф роуд бајкови два :angel:, мало јахтиче од оние од 80тите (не ми се свиѓаат новиве), ник слотер џипче, тениски терен во двор и тоа е тоа. Не ми треба многу пари за ова, ама ептен би се осеќал богат. Би имал се што сакам :ljubove:
 
@Mojso, Мацко would be proud :place:

Би ебел до смрт јас онака. Или дури не ми се здосади, па ќе умрам од досада.

Абе мене се ова ми е предизборна кампања ама вие не сфаќате :D
 
Ќе јa купaм стaрaтa вoденицa и тaму ќе се зaтвoрaм oти мoјa си је, и aкo сaкaте бaш дa знaете - стриженa е!!!
 
Потребни ми се пари за следново само:

Да си купам авионска карта и да заминам до Америка, да видам како се живее таму, после тоа сакам да си изградам куќа на некоја планина од бреговите на Исланд или Норвешка која ќе има беспрекорен поглед кон море и таму да го поминам остатокот на животот.
 
Jас да сум неограничено богат ќе ја купам цела Mакедонија, и така овие се испродадоја... барем на македонец да се испродај се :D
 
1. ВАРИЈАНТА
Остров на Кариби или у Пацифик со куќа близу брегот. 4-5 индијанци-креолци да свират некое латино трајбл, лежалка,наргиле, фрижидер пиво шо еден нигер постојано ке го дополнува,сомбреро и кошула со палми и адиос амигос (и наравно девојка од нашиве балкански краишта ;) ).
2. ВАРИЈАНТА
Ранч или Етно Село во Полска,Словачка,Украина и живот како во 10-11 век без технологии,гмо,емигранти и останати културни придобивки.
dasfdf.png
 
Доколку имам пари би се преселил во Англија негде. Ќе купам некој клуб од чемпионшип и ќе пробам да конкурирам на англиксите гинганти. Не сакам да имам нешто голема куќа, сакам нешто едноставно но средено да е и да има двор во кој ќе може да чувам Акита.
Би купил и некоја викендица во Норвешка покрај езеро, каде што ќе можам да се релаксирам понекогаш. И куќа во Монте Карло би имал, оти ако немаш куќа таму си никој и ништо. Од превозни средства би имал BMW M5, Citroen DS3 Sport тоа за по град ќе ми биде.
И секако ќе создадам нова политичка партија во Македонија каде што ќе можам да си играм држава.
 
Најпрво би сум си купил некоја убава кола (читај голем црн џип) на ново ( :D ) со кој кога ќе поминам на улица сите ќе се вртат. Тоа би требало да биде Хамер Х3, Порше Кајен, Ренџ Ровер, БМВ Х5/6 или некој нов модел од таквите кој ќе искочи.

Потоа би сум си купил некој плац од околу 1000м2 на Водно, ама не баш во населбата Водно, туку некаде Припор, Сопиште, Горно Соње. На тој плац би изградил куќа од некои 200 - 300м2......., јес да би било добро и повеќе за на око, ама што ќе ми е повеќе, треба одржување. Куќата би била или во некој стил на современа Македонска (ко луксузните куќи на Пазар 3) или во некој медитерански стил. Ќе гледам да биде квалитетна градба со камен - цигла - сендвич ѕид, дебели бетонски столбови со многу арматура, длабоки и јаки темели, фасада од подебел слој малтер или од камен, кров покриен со Брамак керамиди или со стара керамида..., внатре би било уредено со поквалитетни материјали, но далеку од луксузен намештај, зошто го мразам тоа. Можеби би имало и една соба за фитнес каде би сум вежбал по дома. Во дворот би имало базен, ни голем, ни мал, би имало лулашка, настрешница, летна кујна за правење скара и зимница. Дворот би бил ограден со бетон - железо ограда, а покрај оградата лозје. Во дворот би насадил јоргован, лалиња, каранфили, зумбули, нане, патлиџанчиња, по некое пиперче и по некое кромитче и лукче. Задолжително бекатонска или калдрма патека низ дворот. И секако капија за влез во дворот.

Од животни задолжително би сум си купил папагал и може некое кутре или маче за да ми најавува ако некој иде.

Со другите пари би сум отворил кафана. Мало кафанче во кое ќе се готви внатре, а гостите ќе јадат и ќе се веселат надвор и сето тоа покриено како натстрешница. И можеби кафаната би била на два спрата, за да горниот спрат бидат неколку соби за преноќување. Во кафаната навечер задолчително жива музика:pijanco:

Дел од парите би ги инвестирал во градење цркви низ државава. Не мора големи цркви, но нека ги има многу, но помали. Нека Христијанството продолжи да остава траг низ оваа земја.

Би отворил можеби и една огромна дискотека, која би била центар на ноќниот живот во државава. Таква со голема сцена, предобро осветлување, музички ѕвезди од странство, а и од кај нас секој викенд. При дискотеката би направил и некое шоу како Ѕвезде Гранда за откривање на нови млади таленти. (ова и немора, ова е ако ептен имам пари).

Би сум вложил пари во една одлична песна со одличен спот колку да ме пратат на Евровизија, т.е. јас би сум си платил за да одам на Евровизија. (ова и немора, ова е ако ептен имам пари).

Би вложувал постојано во себе..... вежбање фитнес, масажи, затегнување на кожата на стари години......, внуците да викаат, види што млад дедо имам:D Од облека не би купувал нешто многу марки, ова она, пак ќе си купувам облека од Шутка, Бит Пазар и останатите тезги и бутикчиња.


И тоа би било тоа............, ама од сето ова глава ќе боли. Затоа помалку, но помирен живот:):LOL:
 
Последно уредено:
Би вложувал постојано во себе..... вежбање фитнес, масажи, затегнување на кожата на стари години......, внуците да викаат, види што млад дедо имам:D
Заборави да спомнеш дека и силикони ке си ставиш (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom