Книжевен предизвик во 2013

Challenge ACCEPTED - Difficulty level

  • easy - 30 книги

    Гласови: 46 52,3%
  • normal - 40 книги

    Гласови: 15 17,0%
  • hard core - 50 книги

    Гласови: 27 30,7%

  • Вкупно гласачи
    88
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Зборуваш за трилогија од Мураками. Веќе прочитав неколку книги од него, оваа што ја спомнуваш се’ уште не, па би сакала да знам кои книги се дел од таа трилогија (сите имаат исто име или не?) и дали знаеш дали секоја е продолжување од претходната или не?

Да, 1Q84. Кај нас преведени како Книга прва, книга втора, книга трета. Ги има сите во ТРИ. Колку што читам позади од содржината изгледа поврзано а и дејството продолжува веднаш после првата. Всушност ова е една книга, но во некои земји е поделена во три книги.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
1/40 - Викенд - Бернхард Шлинк
2/40 - Ледената принцеза - Камила Лекберг
3/40 - Американски дервиш - Ајад Актар
4/40 - Пред да заспијам - Стивен Вотсон
5/40 - Девојката од хартија - Гијом Мисо
6/40 - Ејми ја нема - Џилијан Флин
7/40 - 1Q84 (I) - Харуки Мураками
8/40 - И планините одекнаа - Халед Хосеини

9/40 - Ако никој не зборува за скриени нешта - Џон Мекгрегор (If Nobody Speaks of Remarkable Things)
Одамна немам читано толку глупава и бесмислена книга. Ја купив привлечен од одличниот наслов, верувам дека секој би ја купил кога би го прочитал овој наслов и интригантната приказна позади книга, која иако не открива премногу остава простор за надевање дека се работи за нешто добро. Читателот сакал да постигне нешто ама според мене не постигнува ништо. Чуден начин на пишување, само раскажува во сегашноста, ја опишува неговата улица каде што се случува една глупава случка, и сите соседи од една зграда ги именува како станарот од бр 12, станарот од број 18. Тотално се изгубив во книгата, до крајот не знаете ни кој бил од 12 ни кој од 18. Воедно нема ниеден именуван лик од соседите. Единственото нешто што е за пофалба на книгата е тоа што Џон (писателот) е одличен раскажувач и одлично ги опишува нештата. Не би ја препорачал баш.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
26. Heads in Beds: A Reckless Memoir of Hotels, Hustles, and So-Called Hospitality - Jacob Tomsky

Една од книгите одбрани како најдобри за месец ноември, 2012 година, од страна на Амазон. Се наоѓа на некои топ листи за хумористични книги.
Мене не ми се допадна.
Авторот работи во хотел целиот негов живот и ветува дека во оваа книга ќе даде многу совети за тоа како може поевтино да се помине во истите.
Најпрво, не успева во тоа. Едниот негов совет е да им даваш бакшиш на вработените, а не треба книга тоа да ми го каже. А вториот е да лажеш и крадеш.
Освен тоа, не ми се допадна тоа што авторот во дел од книгата си го има опишано неговиот живот. Што ме занима мене он колку се пијанчел и дрогирал, ни го знам ни го познавам.
Едино интересно што научив е дека обично 10% од гостите во хотелите кои резервираат, не се појавуваат. И поради тоа, хотелите секогаш резервираат 110% од собите кои ги нудат, односно 10% соби кои немаат.


27. The Age of Miracles - Karen Thompson Walker

Прогласена за една од најдобрите книги на годината од страна на:
  • People ∙ O: The Oprah Magazine
  • Financial Times
  • Kansas City Star
  • BookPage
  • Kirkus Reviews
  • Publishers Weekly ∙ Booklist
Е оваа книга ја препорачувам.
Ротацијата на Земјата е пореметена. Деноноќието веќе не трае 24 часа, туку постепено и забрзано се зголемува. Ова влијае врз гравитацијата, растенијата, животните, и нормално врз луѓето. Џулија е обично девојче и во оваа книга се опишани влијанијата на оваа катастрофа врз нејзиниот живот, нејзините родители, другарки и прва љубов.
Единствено нешто што ме нервираше е тоа што на неколку наврати во книгават имаше реченици како "Но тоа не е ништо во споредба што она што ќе се случи подоцна", и ти цело време очекуваш некоја кулминација, ама џабе. Сепак, тоа не ја прави книгава помалку интересна.


28. Losing it - Cora Carmack

Оф леле типична тинејџерска книга ала 50 shades of grey која можат да ја сакаат само неизживеани тинејџерки кои мислат дека еден ден ќе најдат згоден, паметен, богат сопруг со британцки акцент и тој ќе биде лудо заљубен во нив и само нив. Yeah right.
Блис е сеуште девица, а сите околу неа не се. Искомплексирана поради тоа, решава да има секс со било кого. И така ќе го најде принцот од бајките, и таман да имаат секс она ќе го остави во нејзината спална соба по боксерици. Наредниот ден ќе оди на факултет и ќе види дека тој и е професор.
Едино што ме насмеа во книгава беше тоа што беше спомнат инсидентот кој и го направи Канје Вест на Тејлор Свифт на тие едни награди.


29. Blink: The Power of Thinking Without Thinking - Malcolm Gladwell

Психолошка книга. Втора која ја имам прочитано од овој вид, со тоа што првата е Моќта на потсвеста и таа ми беше срање.
Blink е интересно четиво во секој случај. Главна тема е интуицијата.
Мене лично книгава ми беше неповрзана. Во одредени приказни авторот истакнува колку е битно да се верува на интуицијата, а во други како таа имала катастрофални последици.
По завршувањето на оваа книга нема да научите ништо ново.


30. And When She Was Good - Laura Lippman

Амазон се преполни со комплименти за Лора Липман. Таа наводно е мајстор за трилери и ја има земено секоја позначајна награда од таа област, и во таа област е во друштво на Kate Atkinson, Tana French, Jodi Picoult, и Harlan Coben.
Мене книгава ми беше ок, ама ништо посебно.
Главниот лик е Хелоис која е сопственик на јавна куќа. Откако една проститутка ќе биде убиена, и животот на Хелоис е во опасност.
Секоја втора глава од книгава раскажува за минатото на Хелоис, и мене овие делови ми беа поинтересни.
Плус, ако некогаш решите да отворите јавна куќа, книгава дава некои хинтови за како да поминете полесно.

---------------------------
И да ви се пофалам, конечно си направив профил на goodreads :)
 
Член од
31 мај 2012
Мислења
228
Поени од реакции
145
1.Последниот чај - Винка Саздова
2.Антихрист - Фридрих Ниче
3.Уметноста на љубовта - Ерих Фром
4.Ангелски повик - Гијом Мисо
5.Таблета против стравот- Андреј Курпатов
6.Можеш ако веруваш дека можеш - Норман Винсент Пил
7.Што би правел јас без тебе? - Гијом Мисо
8.Затоа што те љубам - Гијом Мисо
9.А потоа - Гијом Мисо
10.Дали ме чекаш? - Гијом Мисо
11. Јади, моли се, уживај - Елизабет Гилберт
12. Паметни жени, погрешни избори - Д-р Корнел Коуен и д-р Мелвин Киндер
13. Писмото на госпоѓа Вилма - Јелена Бачиќ Алимпиќ.
14. Ејми ја нема - Џилијан Флин
15. Стаклено звоно - Силвија Плат16. Девојката со бисерна обетка -Трејси Шевалие
17.Спутник љубов - Харуки Мураками 18.Алхемичарот - Пауло Коелјо
18.Ахемичарот - Пауло Коелјо​
19.Драг Џон - Николас Спаркс​
20.Патот по кој поретко се оди​
+ 21. Рингишпил - Јелена Бачиќ Алимпиќ
Прекрасна приказна за повеќе семејства, но носител на главното дејствие е Ана која заедно со мајка и како мало девојче се преселува во Белград за да ја изгради својата кариера како балерина.
Соочување со многу работи кои ќе ја направат свесна за тежината на животот, ќе живее со огромна тага и болка до крајот на животот. Не знам дали беше до мене и мојата состојба на пмс додека ја читав, ама знам дека се соживеав со ликовите, посебно со Ана и додека ја читав на неколку пати си се расплакав квалитетно.
22. Времето на лалињата - Дебора Могах

Ова го пишува на сакамкниги.мк
Раскошна приказна за уметноста, љубовта, страста и неверството. Приказна за човековиот карактер, алчноста закопана во секој од нас, неверниот дух кој секој од нас го крие во себе...
Колку е човек подготвен да ризикува за она што сака да го добие? Колку е човек подготвен некого да разочара за да не биде тој самиот разочаран? Колку лошите работи што се случуваат се случајни, а колку казна за нашите грешки?
Мене ми беше интересна за читање, неизвесна иако можеш да насетиш што следно следува.
Мислам дека филмот според книгата не е излезен сеуште, но ќе сакам да го погледнам и него иако знам дека нема чувството и доживувањето да бидат исти како при читањето на книгата.
23. Септемврсики светлини - Карлос Руиз Зафон

Првата од трилогијата на Зафон што ја прочитав и ми се допадна. Некоја мала доза на хорор елемнти вметнати, со случувања околу светлина, сенки, море и духови. Иако е наменета за помладата публика, верувам, како што и самиот автор пишува на почетните страници дека исто толку е привлечна за читање и за повозрасната публика.
24. Принцот на маглата - Карлос Руиз Зафон
Една од првите книги на авторот додека ги пишувал на 27 годишна возраст.
Ја прочитав во еден здив. Ми се допаѓа стилот на пишување, концизен и баш во мој стил.
Истата тематика како и во претходната, духови, магла, море, мала доза на фантазија, но добро вклопена и убаво осмислена.
Следна на списокот ми е Полноќна палата од истиот автор. А, очекувањата ми се дека ќе биде доволно возбудлива како и претходните две.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
1 - Викенд - Бернхард Шлинк
2 - Ледената принцеза - Камила Лекберг
3 - Американски дервиш - Ајад Актар
4 - Пред да заспијам - Стивен Вотсон
5 - Девојката од хартија - Гијом Мисо
6 - Ејми ја нема - Џилијан Флин
7 - 1Q84 (I) - Харуки Мураками
8 - И планините одекнаа - Халед Хосеини
9 - Ако никој не зборува за скриени нешта - Џон Мекгрегор

10 - Триумфална капија - Ерих Марија Ремарк (Arc de Triomphe)
Прв пат го читам Ерих Марија и мислам дека после оваа прочитана книга нема да биде последен пат. Вистински мајстор кога се во прашање приказните, дијалозите во книгите и сместеното дејство. Ова е одлична книга сместена во Париз во раните 40-ти години од 20 век. Равик, неверојатен германски хирург и азилант во Франција се крие и живее нелегано со друго име поради можност од истерување од земјата. Иако следен од секојдневниот страв од она што би можело да се случи, сепак наоѓа утеха во тамошниот живот. Одлична е приказната со Јоана, поранешна актерка која му се појавува во неговиот живот наеднаш и со бурно минато. Нивната љубов е совршено опишана и доста искрена. Ептен ми се допадна книгата, не очекував дека е толку добра, мислев дека станува збор за тежок историски роман, но сум погрешил.

11 - Крадци и проститутки - Рута Шепетис (Between Shades of Gray)
Од оваа книга очекував нешто слично на „Девојката на командантот“ само што овде приказната е поврзана со Литванците, и нивното истерување од земјата од Сталин. Но излезе навистина доста трогателна приказна, очекував и некоја семејна драма но книгата е опишување на целото патешествие од Каунас во Литванија па се до ладниот Сибир и болни настани кои ги доживеала младата Лина, нејзината мајка Елена и брат Јонас. Тие се истерани и избркани од својот дом поради тоа што нејзиниот татко професор помагал на друго семејство за сокривање во Германија. Не е баш голема книга, околу 250 страници, но е предобро напишана и неверојатна вистинска приказна за чија сторија на трагичната судбина на луѓето од балтичките земји за која досега не сум слушнал.

12 - Стив Џобс - Волтер Ајзаксон (Steve Jobs: A Biography)
Додека ги читав претходните две книги, дури и ги завршив јас се уште не бев комплетиран со биографијата на Стив Џобс. Сакав да ја читам побавно бидејќи ваква сторија не би сакал да ја завршам набрзина. Страшно добра животна приказна, скоро 99% од она што го дознав во книгата ми беше непознато со фактите и вистината за најдобриот иноватор на денешницата кој почина прерано. Волтер одлично ја напишал биографијата, од раните почетоци на Стив, па се до бурниот тинејџерски живот, до создавањето на Епл па сите незгоди и непријатни ситуации што им ги приредувал на вработените а и на самиот себеси. Одличен опис на лансирањето на сите нови производи на Епл и секако описот на последните денови од неговиот живот. Нешто што мора да се прочита!
 

Ставре од Швицарска

Желба по титула :D
Член од
25 август 2011
Мислења
2.700
Поени од реакции
2.805
1.Алхемичарот
2.Калуѓерот што го продаде своето ферари
3.Открите ја својата судбина
4.Тајните писма
5. Моќта
6.Тајната
7.Ејми ја нема
8.Прирачник за воинот на светлината
9.Охсфордски убиства
10.Часови по секс
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
19. 1Q84 (книга прва) - Харуки Мураками
20. 1Q84 (книга втора) - Харуки Мураками
21. 1Q84 (книга трета) - Харуки Мураками

Фантастично-романтична приказна чие дејство се одвива во Токио, а главни протагонисти се Тенго (професор по математика) и Аомаме (инструкторка во еден спортски клуб) чија цел е 20 години после нивната прва средба да се сретнат повторно. А единствен начин да се дојде до тоа е да влезе во надреалниот свет на годината 1Q84.
Во центарот на приказната јас би ги ставила нагласената осаменост (во која ќе се пронајде било кој) и копнежот по својата изгубена друга половина (нешто кон што тежнееме сите).
Повеќето кои го имаат читано Мураками би се согласиле со тоа дека неговиот стил на пишување е бавен. Во оваа книга, барем мене, ми се чини дека тоа е особено изразено (трета книга конкретно).
Многу ми се допаѓа тоа што во неговите дела никогаш не е имало недостаток на имагинација. Светот со две месечини е нешто на што и по години после читањето ќе се сеќавам и ќе ги барам и јас вечерно време на небото.
И доказ дека не грешам што го вбројувам Мураками во омилени писатели. Топла препорака имате сите од мене за овие книги, не знам за вас, ама мене после ова ме чека период од недела дена на рехабилитација. :)

Reading a Murakami book is like diving into the ocean only to discover that you have always been a fish. Things suddenly start making sense
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
31. Into the Darkest Corner - Elizabeth Haynes

Една од најдобрите книги за месец Јуни, 2012 според Амазон. И Сакам Книги се прилично луди по книгава.

Оваа книга се состои од две паралелни приказни, двете за Кетрин Бејли, кои се случуваат на растојание од 4 години. Кетрин Бејли се заљубува во наизглед совршениот Ли, на кој не му треба долго да ја прикаже својата премногу мрачна страна. Откако Кетрин ќе доживее траума поради него и никој од нејзините пријатели не и верува, тој е пратен в затвор, а таа се преселува и започнува нов живот. Мизерен живот, исполнет со страв. А потоа Ли излегува од затвор.

Книгава нема некои изненадувања, јасно ви е како ќе заврши уште од почетокот. Јас повеќе би рекла дека е драма отколку трилер. Ако очекувате дека ќе читате за некоја неверојатна бркотница помеѓу Ли и Кетрин, ќе се разочарате. Книгава повеќе го опишува насилството и секојдневниот живот на Кетрин.

Мене ми беше сосема просечна книга, не знам како се нашла на претходноспоменатата Амазон топ листа, меѓутоа според критиките кои ги читам, прилично многу луѓе се воодушевени од неа.

32. I heart New York - Lindsey Kelk

Чик лит, и еве ја статијата на Сакам книги.

Книгава е катастрофа, благо речено. Софи Кинсела за Линдзи Келк е Достоевски. На гудридс ги оценив книгите на Кинсела со двојка ми се чини, ама откако и ставив една ѕвезда на оваа книга, се си мислам дека треба да ја зголемам оценката на Шопингхоличарката.

Значи ај што се чудам како е можно некои книги да се објавени, при сета таа конкуренција на автори. Ама како книгава ја прошла селекцијата за да биде преведена на македонски јазик, е тоа ме интересира.

Анџела Кларк го фаќа дечкото како ја изневерува на денот на венчавката на нејзината најдобра другарка, и бега во Њујорк, каде што не познава никого. И таму, глеј чудо, си наоѓа нови најдобри другарки веднаш, совршена работа и дечковци. И цело време јаде, а изгледа манекенски. Абе ајде.

Има ли некоја девојка која е главен лик на овие чик-лит романчиња, а да не работи за списание или како блогерка? Зарем на сите модата им е главна преокупација?

33. Inferno - Dan Brown

За мене најочекуваната книга за оваа година, сосе новата на Калед Хосеини.

Во споредба со Кодот, оваа книга е многу, многу послаба. Фалат загатки. Еве јас на ниедна загатка не можам да се сетам. Книгава воопшто не е од оние кои се читаат во еден здив.

Значи, Кодот на Да Винчи, Ангели и демони и Дигитална тврдина ми се нај од Ден Браун. Потоа иде ова, па на крај Загубениот симбол, таа сеуште ми е најлоша.

34. Her Fearful Symmetry - Audrey Niffenegger

Со оглед на тоа што The timetraveler's wife ми е една од омилените книги, имав големи очекувања од оваа. И очекувањата воопшто не ми беа исполнети. 2/5 има книгава од мене, ептен ради крајот.

Во првите две третини од оваа кнга не се случува ништо. Крајот е возбудлив, има пресврти кои воопшто не ги очеував. Ликовите (освен еден или два) се тотално недопадливи и книгата обраќа многу внимание на ситници кои никого не занимаат. On the + side, спомнати се Arcade Fire.

Две близначки (кои се безделничарки ама во книгата тоа е опишано на тој начин како да не е ништо лошо тоа што се откажале од три факултети а за работа не сакаат да чујат) се наследниците на станот на нивната тетка, која е близначка со нивната мајка. Условот за да го добијат станот е да живеат во неаго минимум една година и нивните родители да не стапнат во него. И така близначките се селат во станот и се запознаваат со нивните соседи, од кои едниот има OCD и сопругата штотуку го напуштила, а другиот е сопругот на нивната тетка.

Како што кажав, има неколку пресврти на крај и само заради нив можам да и дадам бел бумбар на книгава.

35. They do it with mirrors - Agatha Christie

Со оваа книга започна мојот маратон со Агата Кристи.

Оваа книга ја читам по вторпат, со тоа што првиот ја предвидов (една од мислам трите книги на Агата на кои го имам предвидено убиецот), но тоа сепак не ми ја направи помалку интересна.

Џејн Марпл е гостинка во една куќа каде се случува убиство додека сите се преокупирани со расправијата меѓу двајца мажи која вклучува закани со пиштоли. Типична Агата.

36. The pale horse - Agatha Christie

И оваа книга ја читам по втор пат, со тоа што првиот не ми се допадна воопшто. Е сега се деси тоа што мислев дека сум го запамтила убиецот и бев сигурна дека е тој, и на крај излезе дека сум запамтила погрешно, па пријатно се изненадив.

Пред да умре, една жена вика свештеник за да се исповеда. Свештеникот на листе запишува список од имиња кои навидум не се поврзани меѓу себе и набрзо потоа е убиен. Ливчето, за среќа, е сеуште кај него. Во приказната доаѓа и The pale horse, во кој живеат три госпоѓи кои наводно имаат надприродни моќи, во кои спаѓаат и убиства.

Е ова не е типична Агата. Тука писателката експериментира со натприродното и ја нема типичната група од осомничени.

37. Five little pigs (Murder in retrospect) - Agatha Christie

Е оваа книга ја читам првпат. Прво ја гледав соодветната епизода од серијата Agatha Christie's Poirot, и премногу ме воодушеви. Ист случај е и со книгата, една од моите омилени. Убиецот е сосема непредвидлив.

Поаро има состанок со една млада девојка, во која таа му објаснува убиство од пред 16 години врз нејзиниот татко, за кое обвинета била нејзината мајка. Девојката е убедена дека мајка и е невина и така Поаро започнува да истражува, односно да ги испрашува петте луѓе кои во тоа време биле во куќата.

38. A murder is announced - Agatha Christie

Во дневниот весник се појавува статија во која се вели дека во одредено време, во точно дадена куќа, ќе се случи убиство. Сите кои читаат мислат дека станува збор за практична шега, игра. Меѓутоа убиството навистина се случува.

Ова е третата книга од Агата која ја имам предвидено (втората е Ситафордска мистерија), но не бидејќи убиецот е очигледен, баш напротив, туку поради тоа што се запрашав себеси кој е најмалку веројатно да биде убиецот.

Дефинитивна препорака.

39. Towards zero - Agatha Christie

И оваа е една од моите омилени книги од Агата Кристи.

Во хотел се наоѓа тениска ѕвезда, неговата поранешна жена и неговата сегашна жена. Ситуацијата е доста напната, а кулминира со неколку убиства.

40. The body in the library - Agatha Christie

Еве ја статијата на Сакам книги.

Типична Агата Кристи. Повторно Марпл е онаа која го решава случајот. На крај има интересен пресврт (не зборам за оној со кој се открива кој е убиецот). Сепак, книгава мене не ме воодушеви премногу, но дефинитивно уживав додека ја читав.

41. Crooked house - Agatha Christie

Во една куќа во која живее богато семејство, убиен е најстариот член, оној кој го стекнал целото богатство. Обвинета е неговата млада сопруга, меѓутоа изгледа дека не е таа убиецот. Сепак, се чини дека никој од останатите нема мотив, сите го сакале стариот.

Агата го има изјавено следново за оваа книга:

Writing Crooked House was pure pleasure and I feel justified in my belief that it is one of my best.
--------------------------------
Иначе, да не се чудите. Штотуку се вратив од одмор и затоа толку ми се зголеми бројот на прочитани книги за кратко време. На плажа 80% од времето читам, дневно по една книга минимум. Лани не беше таков случајот поради Game of thrones, преголеми беа книгите и за време на цел одмор прочитав само две ми се чини. Во секој случај, изгледа дека ќе го завршам предизвикот предвреме :).
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
1.Животинска фарма-Џорџ Орвел

Дело кое долго време сакав да го прочитам, а воедно и прво дело од Орвел кое го имам прочитано.Ми се допадна стилот на пишување на Орвел и доста доброто доловување на ситуацијата во Советскиот Сојуз.

2.Сигма протокол-Роберт Ладлам

Уште едно типично дело на Ладлам.Иста содржина,ист заплет,ист расплет.Дело со многу акција но потполно исто како 90% од другите книги на Ладлам.

3.Недоразбирање-Алберт Ками

Книжулево го најдов дома зафрлено уште од којзнае кога :).Викендот ми беше празен и решив да го прочитам.Тука не сум згрешил.Делото се чита за неколку минути (драма од 50-60 страни) и за време на читањето може да не ви остави никаков впечаток.Но доколку почнете да размислувате за делото ќе ја дознаете неговата длабочина.

4.Убиство во Месопотамија-Агата Кристи

Дело без акција, со детални описи на карактерите и неколку пресврти на крајот.Прилично добро дело со малку досаден почеток.

5.Автостоперски водич низ галаксијата-Даглас Адамс (Тука се 5-те делови до Mostly Harmless)
Книгава е се што еден љубител на научна фантастика може да посака.Создаден е цел еден бизарен универзум во кој што се одвиваат уште побизарни настани.Сето тоа испреплетено со хуморот на Даглас Адамс дава една прекрасна целина.Нешто што мора да се прочита.

6.Фати ме ако можеш-Френк Абагнејл

Релаксирачка книга за на плажа пишувана со интересен стил.Автобиографија на Френк Абагнејл во која раскажува за своите измамнички авантури кои ги започнува на свои 16 години.

7.1984-Џорџ Орвел

РЕМЕК ДЕЛО.Неверојатно доловување на атмосфера.Толку е добро напишана што ќе добиете морници додека ја читате.Делото е сместено во 1984 година во еден многу поинаков свет каде што владее „Големиот брат“.Нема приватност, нема љубов само слугување за „Големиот брат“.Неможам да ја доловам книгава со зборови мора да се прочита.

8.Шиндлеровата листа-Томас Кенили

Интересна приказна пренесена на малку досаден начин.Додека ја читате повеќе ќе се чувствувате како да читате учебник по историја отколку роман во кој се раскажува за човек кој спасил илјадници животи.

9.Пиратот-Харолд Робинс

Досадна, бесцелна книга.Не сум сигурен што авторот сакаш да напише но не успеал ништо.Безвезни карактери со безвезна цел.Единствено дејство во книгата се секс сцените кои завземаат преку 30% од целата книга.:tapp:

10.Утре ќе ме нема-Ли Чајлд

Еден од поинтересните трилери кои ги имам читано (прва книга од овој автор).Неизвесност до крај, помешана со доволно акција = прилично добра книга.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
1 - Викенд - Бернхард Шлинк
2 - Ледената принцеза - Камила Лекберг
3 - Американски дервиш - Ајад Актар
4 - Пред да заспијам - Стивен Вотсон
5 - Девојката од хартија - Гијом Мисо
6 - Ејми ја нема - Џилијан Флин
7 - 1Q84 (I) - Харуки Мураками
8 - И планините одекнаа - Халед Хосеини
9 - Ако никој не зборува за скриени нешта - Џон Мекгрегор
10 - Триумфална капија - Ерих Марија Ремарк
11 - Крадци и проститутки - Рута Шепетис
12 - Стив Џобс - Волтер Ајзаксон

13. Спутник Љубов - Харуки Мураками (Sputnik Sweetheart)
И уште еднаш брилијантна книга од овој гениј! За разлика од претходните негови книги овде машкиот и женскиот главен лик ептен ми се бендисаа. Приказна за невозратената љубов, за љубовта како чувство што го нема помеѓу луѓето. Како и во претходните негови книги и овде машкиот лик е професор кој се заљубува во Миу, девојка која досега не ја почувствувала љубовта и ја пронаоѓа кај една жена за време на еден разговор на една свадба. Таа се вработува кај неа како секретарка и почнува да ги открива вистинските работи за љубовта а истовремено исповедувајќи му се на К за љубовта кон Сумире. Одлична книга, дефинитивно една од подобрите негови.

14. Исчезната без трага - Шеви Стивенс (Still Missing)
Доста квалитетен трилер, навистина изненадувачки добро. Ен е агентка за недвижнини и еден прекрасен ден додека таа ја покажува куќата на своите муштерии ќе биде киднапирана од непознат човек и одведена во колиба далеку од населено место во планина. Малтретирана, силувана и оставена без трошка сочувство ќе биде сведок на лудничавоста на т.н Дејвид, кој се претставува како маж кој е лудо вљубен во неа. Книгата е напишана како еден вид на сесии кога Ен посетува психијатар и ги опишува настаните од киднапирањето. Неверојатен добар трилер, имаше доста шокантни моменти, се чита во еден здив!
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1. Како без тебе - Гијом Мисо
2. Затоа што те љубам - Гијом Мисо
3. Дали ме чекаш - Гијом Мисо
4. Врати ми се - Гијом Мисо
5. А потоа - Гијом Мисо
6. Ако го дочекам утрото - Сидни Шелдон
7. Додека ѕвездите блескаат - Сидни Шелдон
8. Гневот на ангелите - Сидни Шелдон
9. Утро, пладне и ноќ - Сидни Шелдон
10. Децата на ѓаволот - Дитас
11. Триумфална капија - Ерих Марија Ремарх
12. Крвна врска - Сидни Шелдон
13. Девствено сино - Трејси Шевалие
14. Жена во пеок - Абе Кобо
15. Вештица - Венко Андоновски
16. Странец во огледалото - Сидни Шелдон
17. Ловец на Змејови - Халед Хосеини
18. Внимавај што посакуваш - Александра Потер
19. Колачиња за појадок - Дороти Кумсон
20. Пустински цвет - Варис Дирие
21. Пустинска зора - Варис Дирие
22. Кралска крв - Харолд Робинс
23. Нема да верувате што ми се случи вечерва - Ненад Вујадиновиќ
24. Вода за слонови - Сара Груен
25. Оскар и госпоѓата во розев мантил - Ерик Емануел Шмит.
26. Дваесеттата сопруга - Инду Сундаресан

Ја прочитав и уште не можам да сфатам, како може еманципирани женки да се ложат на ваква книга!? Да вие феминистки, ви ја фрлам ракавицата. Харем, злата, чуда, беси се тоа толку ефтино ја продава жената и калкулира со нејзината свест (дека ја личи да биде робинка на мажот и дека е у реду да си го чека својот ред додека тој се реши еднаш во годината да ја плесне) што ме натера да се замислам дали во гените на секоја жена вирее таа потреба да се биде ефтина дроља? Па и уше у книгата бесрамно се фура дека била за припадничките на понежниот пол. Ма немој да ме јебеш бе! Па младината наша без пемпеле меѓу нозете била похотна и матeријалистички настроена. Е така ќе е, кога мајка на ќерка, тетка на внука, севкрва на снаа, лакомо ја препорачува книгата. Џоа макроа се, кои си дилаат материјализам, курвање и понизност. Та принц бил, та цар бил, та дрн дрн јариња! Не бива со 20 пенисовидни органи е. Ебате културата и уште повеќе жените кои слепо ја почитуваат истата.

Ам па нашиве се полошата варијанта. Ти ибам и турски серии и се. Опиени од книгава се работат на велико.

Нејќу такви жени бе!

Шо бидна со жената која чезнее да ми припаѓа само мене со сите свои вагинални монолози и со сета своја душа и женственост, башка посесивно да ме чува и да не ме дели со друга?

* А при тоа јас да сум без кочии злато, и само чиста љубов, див секс и долги ноќи исполнети со муабети да не сврзуваат заедно.

27. Пеперутка - Сашо Тасевски

Ја бејбе, нека ми прости Госпо, ама додека ја читав нит курва ми идеше пред очи, нит нишо. Само Сашо Тасевски. Де у подвезеци ми идеше, де у танга, де у хеланки, па да ви кажам малу ми стана и незгодно. Мислам дали дека се иам отруено гледајќи го како цепа скопски по телевизиите, па едноставно не можев да ја замислам оваа негова пеперутка. Цело време ми беше он пред очи и стандард нели ко ин риалити (троа напушен, со метални подчњаци и рунтава коса) како исправа криви дрини .

Филозофиите со кои се расфрла се често без поента и најчесто му беа у фазон "збунити непријатеља" или шо е можно поише сленгови затоа што колку понеразбирливо толку подип звучи.

Друго исто шо ме курчи е шо ко читаш книга на македонски актер си викаш - "па тоа е тоа!" . Види мајката, за кој кур ни е МАНУ у државата, кога сета сирова интелегенција ни е собрана во тоа театрите. За кој кур ми се тие брадосани копилиња у МАНУ, кога актериве кои секако по дифолт се мултиталентирани (актери,пејачи,водители,писатели,градоначалници,парламентарци...) ги поседуваат сите одговори за подобро Скопје, за чиста Македонија, за легално среќен живот. Море тури му пепел, мразам лимити, ги поседуваат одговорите за универзумот. Нуму да мислиш дека чукаaт празна слама од доолгите пијани ноќи у бифе. Не!

Ме бендиса муабетот при крај дека секој човек го прати одредено количество несреќа, па ако некој си ја износи така речи го на млади години, после само убаини и поволен ветер го следува.

Лесно се чита, тамам за на плажа.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1. Како без тебе - Гијом Мисо
2. Затоа што те љубам - Гијом Мисо
3. Дали ме чекаш - Гијом Мисо
4. Врати ми се - Гијом Мисо
5. А потоа - Гијом Мисо
6. Ако го дочекам утрото - Сидни Шелдон
7. Додека ѕвездите блескаат - Сидни Шелдон
8. Гневот на ангелите - Сидни Шелдон
9. Утро, пладне и ноќ - Сидни Шелдон
10. Децата на ѓаволот - Дитас
11. Триумфална капија - Ерих Марија Ремарх
12. Крвна врска - Сидни Шелдон
13. Девствено сино - Трејси Шевалие
14. Жена во пеок - Абе Кобо
15. Вештица - Венко Андоновски
16. Странец во огледалото - Сидни Шелдон
17. Ловец на Змејови - Халед Хосеини
18. Внимавај што посакуваш - Александра Потер
19. Колачиња за појадок - Дороти Кумсон
20. Пустински цвет - Варис Дирие
21. Пустинска зора - Варис Дирие
22. Кралска крв - Харолд Робинс
23. Нема да верувате што ми се случи вечерва - Ненад Вујадиновиќ
24. Вода за слонови - Сара Груен
25. Оскар и госпоѓата во розев мантил - Ерик Емануел Шмит.
26. Дваесеттата сопруга - Инду Сундаресан
27. Пеперутка - Сашо Тасевски

28. Левиот брег на Сена - Кејт Муир

Глупа книга м'ра!

29. Драг Џон - Николас Спаркс

Се логирав на кајгана. И после кликнав во подфорум музика. И си пуштив музиче, да ме дружи. И поделив пет шесто казнени поени. И после ги направив сите модрици од банирање. И после зјапав во компјутерот. И после не зјапав појќе у компјутерот. И после мислев на децата у Етиопија. И после се напив вода ценејќи ја како никогаш порано. Надвор месечината пенетрираше низ небесната срцевина искомплексирана зошто и покрај култниот статус меѓу Земјаните никогаш нема да биде ѕвезда.

Ете се обидов да доловам како го доживеав пишувањето на Спаркс. Лупа, лупа, ефтино, плитко, џоа хроничар, дури ми се чини и они се поконкретни и подетални.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
42. The hollow - Agatha Christie

43. Lord Edgware dies

Ги имам изгледано соодветните епизоди од серијата Agatha Christie's Poirot и ми оставија посебен впечаток, па морав да ги прочитам и книгите.

Во The hollow не ми се бендиса тоа што Поаро го нема во 90% од книгата и не е објаснето како на крај дознава кој е убиецот.


44. A Case of Need - Michael Crichton

Медицински трилер во кој главна тема е абортусот, а објавен е во време во кое истиот е сеупте нелегален.
Девојка умира за време на абортус и за тоа е обвинет еден лекар кој нелегално вршел абортуси. Книгата јас раскажува во прво лице патологот Бери кој сака да му помогне на неговиот колега и започнува да изиграва детектив.
Интересна книга, меѓутоа има премногу ликови кои веднаш после нивната глава се губат и повеќе не се спомнуваат. Освен тоа, Бери се однесува премногу самоуверено и не ми е јасно зошто сите се чувствуваат должни да одговараат на неговите прашања.


45. Bared to you - Sylvia Day

Омг колку глупа книга. Откога ја дочитав, почмав да барам книги слични на неа за да ги избришам од киндлов (пинг Beautiful Disaster од Jamie McGuire).
Абе во една книга барем мажов да не е и најзгоден у свет, и најпаметен у свет, и најбогат у свет, и најбољи у кревет. И секогаш при првата средба, девојката е претставена како несмасна и се запознава со алфа мажјаков откога ќе падне или ќе се сопне. И фамилијава на девојката е милионер ама девојкава не сака да зема од нивниве пари и сака сама да успее во животот. You don't say?? Освен тоа, таа е најубава во свет, сите трчаат по неа, ама она некако не е свесна за тоа. Мрш бре, немаш огледало?
Ја препорачувам на сите љубители на 50 нијанси на сиво.
Луѓето на кои им се допаѓаат ваков тип на книги јас мислам треба да си идат на психијатар, бидејќи машките ликови од романчињава се се само тоа што треба да бидат не се.

Барајќи слични книги на оваа, стигнав до гореспоменатата Beautiful disaster, и до оваа рецензија. рецензијата има предизвикано многу прашина, до толку што авторката на книгата започнала да се спротивставува на девојката која ја напишала рецензијата и со тоа повлекува еден куп негативна реклама кон себе, докажувајќе дека не знае да прифати негативна критика. Кој сака, може да чита за тоа тука.


46. I am Number Four (серијата Lorien Legacies, #1) - Pittacus Lore

Интересна книга ама ништо посебно.
Една планета е уништена и од неа на Земјата доаѓаат девет деца кои подоцна ќе развијат специјални моќи, со надеж дека кога ќе станат доволно возрасни ќе можат да ја repopulate нивната планета. Вонземјаните кои ја уништиле планетата доаѓаат и на Земјата, за да го завршат она кое го почнале. Но, тие девет деца се распрснати на сите страни на Земјата и мора да се убијат по точно одредениот редослед. Ова е приказната на Четири.
Тука не ми се допадна тоа што има премногу средношколски дешавки. Рака на срце, секој што прочитал нешто за книгава, зел да ја чита поради sci fi-от. Никого не занима колку часа има дечкото денес во школо. Друго, 4 се заљубува во најјаката девојка во школото (многу нормално) и нивните дијалози ми се многу извештачени. Јас на дечко ми ниеднаш му немам речено "Моето срце е твое и вечно ќе биде твое, без разлика дали ти го сакаш или не.". Они се средношколци па тресат глупости поголеми од овие.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
22. Тунел - Ернесто Сабато

Многу едноставен почеток на романот каде веднаш во две реченици е кажано за што понатаму ќе станува збор.
Сликарот Хуан Пабло Кастел ја убива својата љубовница Марија Ирибарне. И преку ретроспекција е раскажана нивната љубовна приказна која ќе заврши со злосторство.
Главниот лик е осамен човек кој нема никого на овој свет и очајно го очекува денот кога ќе се појави личноста која ќе ја разбере неговата уметност и неговите мисли. Откако ќе ја сретне Марија, таа ќе стане централната точка околу која ќе почне да се движи неговиот свет. Оваа љубов ќе ги разгори најтемните делови од неговата душа и со него ќе завладеат несигурноста и љубомората. Ова е во суштина многу мрачен роман. Роман за очајничката потрага на човекот по комуникација и разбирање, безусловна љубов и многу внимание. Или како што вели авторот, тунелот е всушност темниот дел на душата кој секој човек сака да го спознае.

23. Триумфална капија - Ерих Марија Ремарк

Маркантно дело кое го опишува периодот непосредно пред Втората светска војна преку трагичната животна приказна на главниот лик др. Равик и неговиот живот како емигрант во Париз. Бидејќи и самиот автор бил против војната и нацизмот на тоа и е ставен акцентот преку реални описи за животот на политичките емигранти и за тоа што се случува во градот на светлината кога сите светилки ќе бидат изгаснати. И секако со отворен простор да се развие една љубовна приказна. Преубава книга со уште поубави дијалози меѓу двајцата најдобри пријатели. Една од поубавите што сум ги прочитала годинава.

24. Степскиот волк - Херман Хесе

Хари Халер е човек на педесет годишна возраст и негови најдобри пријатели се книгите и музиката. Целиот живот се бори против својата животинска природа, степскиот волк, кој го дели од општеството односно му пречи во прилагодувањето кон тоа општество. Ќе успее ли Хари да го убие степскиот волк во себе пред тој да го убие него?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.717
Поени од реакции
13.428
22. Тунел - Ернесто Сабато

Многу едноставен почеток на романот каде веднаш во две реченици е кажано за што понатаму ќе станува збор.
Сликарот Хуан Пабло Кастел ја убива својата љубовница Марија Ирибарне. И преку ретроспекција е раскажана нивната љубовна приказна која ќе заврши со злосторство.
Главниот лик е осамен човек кој нема никого на овој свет и очајно го очекува денот кога ќе се појави личноста која ќе ја разбере неговата уметност и неговите мисли. Откако ќе ја сретне Марија, таа ќе стане централната точка околу која ќе почне да се движи неговиот свет. Оваа љубов ќе ги разгори најтемните делови од неговата душа и со него ќе завладеат несигурноста и љубомората. Ова е во суштина многу мрачен роман. Роман за очајничката потрага на човекот по комуникација и разбирање, безусловна љубов и многу внимание. Или како што вели авторот, тунелот е всушност темниот дел на душата кој секој човек сака да го спознае.

23. Триумфална капија - Ерих Марија Ремарк

Маркантно дело кое го опишува периодот непосредно пред Втората светска војна преку трагичната животна приказна на главниот лик др. Равик и неговиот живот како емигрант во Париз. Бидејќи и самиот автор бил против војната и нацизмот на тоа и е ставен акцентот преку реални описи за животот на политичките емигранти и за тоа што се случува во градот на светлината кога сите светилки ќе бидат изгаснати. И секако со отворен простор да се развие една љубовна приказна. Преубава книга со уште поубави дијалози меѓу двајцата најдобри пријатели. Една од поубавите што сум ги прочитала годинава.

24. Степскиот волк - Херман Хесе

Хари Халер е човек на педесет годишна возраст и негови најдобри пријатели се книгите и музиката. Целиот живот се бори против својата животинска природа, степскиот волк, кој го дели од општеството односно му пречи во прилагодувањето кон тоа општество. Ќе успее ли Хари да го убие степскиот волк во себе пред тој да го убие него?
Tri odlicni knigi. Ako mene me prasas, falese uste Stranecot od Kami, da bide se` egzistencionalisticki, subjektivno. Remarque e lesen za citanje, no tolku poln so kratki no dosta bitni poraki.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom