Книжевен предизвик во 2013

Challenge ACCEPTED - Difficulty level

  • easy - 30 книги

    Гласови: 46 52,3%
  • normal - 40 книги

    Гласови: 15 17,0%
  • hard core - 50 книги

    Гласови: 27 30,7%

  • Вкупно гласачи
    88
Статус
Затворена за нови мислења.

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1. Како без тебе - Гијом Мисо
2. Затоа што те љубам - Гијом Мисо
3. Дали ме чекаш - Гијом Мисо
4. Врати ми се - Гијом Мисо
5. А потоа - Гијом Мисо
6. Ако го дочекам утрото - Сидни Шелдон
7. Додека ѕвездите блескаат - Сидни Шелдон
8. Гневот на ангелите - Сидни Шелдон
9. Утро, пладне и ноќ - Сидни Шелдон
10. Децата на ѓаволот - Дитас
11. Триумфална капија - Ерих Марија Ремарх
12. Крвна врска - Сидни Шелдон
13. Девствено сино - Трејси Шевалие
14. Жена во пеок - Абе Кобо
15. Вештица - Венко Андоновски
16. Странец во огледалото - Сидни Шелдон
17. Ловец на Змејови - Халед Хосеини
18. Внимавај што посакуваш - Александра Потер
19. Колачиња за појадок - Дороти Кумсон
20. Пустински цвет - Варис Дирие
21. Пустинска зора - Варис Дирие

Книги кои со прст посочуваат за нашата индеферентност на она што се случува во другиот крај на светот, за несфатливоста на некои обичаи ко гениталното сакатење,за налудничавоста во име на религијата, за нескршливоста на духот и големината на жената, таква каква што се поретко се гледа околу нас.. Варис Дирие животот (или како што она милува да каже Алах) ја регрутирал во воин и најверојатно така и ќе остане до крајот на нејзиниот живот.
 
R

redhead

Гостин
5. Колекционер - Џон Фаулс

Некако книгиве што ги прочитав досега (иако се малку во споредба од тоа што јас би сакала) од секоја сум воодушевена.
Колекционер е многу повеќе од еден обичен психолошки трилер.
Најпрво, се работи за човек кој е не е ништо повеќе од чиновник, колекционер на пеперутки, се вљубува во млада девојка и еден ден ја киднапира.
Не сакам да откривам ништо за книгата во случај некој да се реши да ја прочита, но Фаулс е извонреден.
Книгата е поделена во два дела, и совршено ја разработува опесијата, привидниот морал, скриената извитопереност во луѓето и борбата за живот и слобода.
Фредерик е лик, кој по низ случувања, се претвара во еден "невидлив" човек, воден низ живот по рамките на моралното и правилното.
А пак, Миранда, негова комплетна спротивност.
Девојка со идеали во својот живот, цели, фамилија, љубов, сонови, сето она што не прави луѓе.
Обожавам книги што ми го разработуваат мозокот.
Додека ја читав книгава, ме замисли, колку премногу ги идеализираме луѓето во кои што се заљубуваме. Си создаваме слика како што би сакале да бидат.
Колку рандом моменти и настани можат да ни го сменат текот на животот, без да сме свесни.
Фаулс барем според мене ни ја преставува слободата како привидение, ја преставува слободата во соновите и во малите и безначајни одлуки.

Дали навистина сме слободни, да живееме како сакаме или пак ограничени и заглавени во ситниците?
 
Член од
14 декември 2011
Мислења
96
Поени од реакции
115
4. Снег - Орхан Памук

Темата е исламскиот фундаментализам и борбата меѓу исламистите и секуларистите во едно мало гратче во Турција.
Главниот лик, кој живее во Германија како политички бегалец, после многу години се враќа во своето родно место откако ќе прочита статија за зголемениот број на млади девојки кои се самоубиваат. Се претставува како новинар на еден германски весник, пратен да напише статија и да ги пренесе жалбите на луѓето до Западот.
Овде ја среќава и својата прва и единствена љубов и е решен да започне нов живот со неа.
Многу е реална сликата за тоа како функционира општеството денес, кои се целите на радикалните исламисти и зошто јазот меѓу луѓето од истокот и западот секогаш ќе постои. А најжално е тоа што СЕ' е само политика. И плус има интересни диајлози религија vs атеизам.
Ја препорачувам на секој, книгата е прекрасна, има толку многу да се научи од неа. Памук е мајстор, сигурно ќе го читам уште.

5. Јужно од границата, западно од сонцето - Харуки Мураками
6. Спутник љубов - Харуки Мураками
7. Норвешка шума - Харуки Мураками

Лесен бил Мураками за читање, ама не бе... Не можеш да прочиташ некоја негова книга и после тоа да бидеш рамнодушен или пак да не те гребка нешто внатре во мозочето и да те тера да си правиш сценарија. Мураками намерно не дава јасен крај на своите дела за да те мачи така некое време откако ќе ја прочиташ книгата. Ама ако, барем те потикнува да мислиш и да си развиваш фантазијата.
ПС: Некој што ја има прочитано Норвешка шума - нека каже како го интерпретира крајот, сакам да слушнам други мислења бидејќи наидов на една многу интересна рецензија на интернет.

Се согласувам за Мураками, имам прочитано 2 книги од него, на ред се Играј, играј, играј и Норвешка шума па може и ќе ти кажам мислење за крајот ;) Инаку лесен е за читање во смисла - кога ќе почнеш не можеш да ја оставиш книгата, но од друга страна има мнгу скриени мисли, многу двослислени работи и многу убави совети за тој што ја чита со внимание.
--- надополнето: 30 мај 2013 во 22:20 ---
6. Гревот на нејзината мајка - Милица Јаковлевиќ - 500 страници

Првата книга во Фебруари. Одлична драма од легендарната писателка Милица Јаковлевиќ, гревот на нејзината мајка. Прво умира таткто на Неда, а потоа умира и нејзината мајка. Неда освен мајка и и татко и немала никого друг, па после нивната смрт таа останува сама, сосема сама. Неда ја напушта куќата каде што живееше со нејзините родители и се преселува во друг град каде што ја очекуваат други проблеми и каде што и се променува животот во целост. Истотака има и серија во врска со оваа книга, пред некое време се пренесуваше на Сител ТВ.
Добра сериа, претпоставувам дека и книгата е добра. Мир-Јам има доста добри книги, но, ако порано ми беше интересно сега по малку ме иритира она - си живееја среќно до крајот на животот. Уште напочетокот на книгата или на серијата се знае кој со кого ќе заврши. Но, сепак, делата на Мир-Јам се добри за малку бегање од реалноста и враќање во светот на бајките.
--- надополнето: 30 мај 2013 во 22:28 ---
1.Девствено сино
2.Девојката со бисерна обетка
3.Дамата и еднорогот
4.Паднати ангели

Сите се од писателката Трејси Шевалије, авторка која сака да го истражува минатото и што пореално да го прикаже во едноставна приказна чиј крај никогаш не излегува онака како што читателот очекува.
Заедничко за сите книги е тоа што неизвесноста трае толку долго што ќе се запрашате себеси дали она што го читате навистина се случило или авторката има толку голема фантазија што ја преместува границата меѓу реалното и фиктивното.
Многу ми се допаѓа што однапред добро се подготвува за секоја книга и го истражува минатото. За Девствено сино, нејзиниот прв роман може да се каже дека е во некоја смисла автобиографско дело бидејќи раскажува настани поврзани со семејството на авторката и почетокот на конфликтите меѓу протестантите и католиците.
Сигурно Девојката со бисерна обетка на некој ќе му биде добро позната, бидејќи ја раскажува приказната за една млада девојка која за сликарот Вермер претставува вистинска инспирација да наслика едно интимно дело што ќе остане вечна мистерија. Иако авторката создава сопствен концепт за тоа која е всушност мистериозната девојка,сепак историчарите се уште не можат да го дадат точниот одговор.
Дамата и еднорогот не е базиран по вистинска приказна, но некои детали се веродостојни. Ликовите навистина постоеле, но авторката си игра со нив и создава веродостоен приказ на размислувањата во средновековниот период што е навистина тешко толку автентично да се долови.
Паднати ангели е роман за смртта и повторно во него главна тема се жените во минатото. Во него има 10 различни наратори и 10 различни приказни на иста тема.
Во сите книги авторката се навраќа во минатото и пишува за различните судбини на жените во различен временски период. Уметноста и историјата може да се кажат дека се главна тема за Трејси Шевалије, која иако е родена во САД, сепак најмногу ја привлекува европската култура и минато. Со читањето на овие книги, освен што ќе го збогатите општото знаење, истовремено и ќе уживате.

Ги имам читано сите освен за последната не сум сигурна :) (толку ги има што почнувам да ги заборавам). Сепак за првите три ми останаа во добро сеќавање за мислењето за нив, темите така-така. Лични мислам дека книгите се доста добри, со интересни теми, теми за минатото но сепак со голема можност да се случат и сега, тука. И во сите три ми се допадна онаа скриена страст, интимност, љубов... Посебно Дамата и еднорогот - ја зедов со надеж дека се зборува за еднорог, но потоа сфатив за кој еднорог станува збор ;)
--- надополнето: 30 мај 2013 во 22:31 ---
Дечки, fyi, јас се откажувам од подфорумов.
Го прифатив предизвикот за 50 книги. Сега ја читам единаесеттата, најверојатно ќе си го исполнам.
Али некои личности на подфорумов ме напињаат, како они имаат истенчен вкус и како ние сите други губиме време и сме глупи што читаме лефтерни бестселерчиња.
Криво ми е, си признавам, бидејќи убаво си обележував тука што/како имам прочитано, ама тоа е. Ваљда ќе се селам на goodreads.
Поздрав.

Ти само читај си и пишувај си што ти лежи на срце и нормално мислење за книгите. А за другите, ому не му чини твојот пост има уште мноогу други за читање:cool:
--- надополнето: 30 мај 2013 во 22:35 ---
9. Утро, пладне и ноќ - Сидни Шелдон

До крајот на книгата си мислев дека Хари Стенфорд ќе се избаци од некаде. Стерилен некако Шелдон у книгава, ко на постојка дур чека 2-ка да ми ја раскажува. До пола книга не укапирав шо се дешава, а после вообичаено за него го заебува ликот шо пажливо го сликал првите три-четириесетина страни и почнува од ново, оставајќи те сам да си го тераш дејствието, давајќи ти го она шо го очекуваш, но разликата од преостанатите е шо овде немаме финта на крај.

10. Децата на ѓаволот - Дитас

Да ви кажам право се мислев дали да ја напишам дека сум ја прочитал, ама тоа е ко ќе пратиш средношколка да ти земе книга од градска библиотека по нејзин вкус.

Леле колку слатко сум се изнасмеал. Шо е бе тој мајагери стил шо го применува. За ова ѓубре од книга се дигаше толку фама:D

Ма немој да ме јебеш, бе!

Ја ко бев средношколец, на биологија кај Ќебапо, стандард ми прераскажуваа за Дитас и истинтите причи шо ги пишел. Тогаш се осеќав уназадено и нетренди затоа шо немам прочитано ништо од него. Денес ми е драго што сум заштедил скапоцено време:D

П.с Srcee дури сега прочитав шо напиша. Шта се догодило?

Секој си има свој стил, ако не ти се допаднал ДИТАС зошто воопшто си ја дочитал книгата? Не напаѓам и не велам дека таа книга е нешто посебно, но, фала му на Бога што бев тинејџерка кога ја читав таа книга (нели малку тинејџерско летање на мозокот) и се натерав да ги читам другите дела од него - Дупка во мозокот, Верска војна, Крив правец, Чистачот (Крив правец 2)... и мислам дека ќе го промениш малку мислењето. Се надевам де, ако н.. биди здрав и жив:)

Секој си има свој стил, ако не ти се допаднал ДИТАС зошто воопшто си ја дочитал книгата? Не напаѓам и не велам дека таа книга е нешто посебно, но, фала му на Бога што бев тинејџерка кога ја читав таа книга (нели малку тинејџерско летање на мозокот) и се натерав да ги читам другите дела од него - Дупка во мозокот, Верска војна, Крив правец, Чистачот (Крив правец 2)... и мислам дека ќе го промениш малку мислењето. Се надевам де, ако не.. биди здрав и жив:)
--- надополнето: 30 мај 2013 во 22:41 ---
15. Вештица - Венко Андоновски

Уаууууууууу! Мислам озбилно, уаууууууууууууу!

Дали дека сме задоени од истото сонце, ама сепак начинот на кој Венко нурка во здивот, во фонот на својата непосредност, во срцевината на својата душа, како ѕирка од зад кулисите на животот - преформулирајќи го, како ги гарнира монолозите и дијалозите, како ги бруси ќошевите на религијата,како генијално проникнува во идентитетот и смислата на постоењето, како пребира по зборовите, како дрско ти понира во мозочето, како ги пили ужасите и садистичките шкрапљи у желудац, како ја заробува месечината, како си игра со ограниченоста и лудилото, како неговите страници заводливо треперат и шумолат за љубовта, како ти се декларира ко естет со јинг јанг филозофија за спротивности, ко опозционер кој мудро премолчува у сопствената книга, те запрепастува.

Се согласувам со она ВАУУУ. Едно прашање - дали и ти во текот на читањето се прашуваше која е девојката која ја споменува? Дали тоа е само пишан збор или вистинска приказна? Сакав да го прашам професорот, но ми беше срам па останувам само да се прашувам:)
--- надополнето: 30 мај 2013 во 23:06 ---
И рековте уште трае рпедизвикот а? Ама поминаа 5 месеци од 2013, а јас заборавив да бројам што се’ имам прочитано оваа година:) Имам запишано па, ќе видам колку памтам, ќе запишам тоа што ќе ми падне на памет,а за другите потаму:
1.Јужно од границата, западно од сонцето - Харуки Мураками
2. Копилето од Истанбул - Елиф Шафак (340 стр.)
3. Драми - А. П. Чехов
4. Убаво е да се живее брате - Назим Хикмет
5. Венчален кум - Мет Дан
6. Во словенечките гори - Мир-Јам
7. Длабоко во ноќта - Харуки Мураками
8. Играј, играј, играј -Харуки Мураками
9. Индиго Бомбај - Јагода Михајлова - Георгиева
10. Норвешка шума - Харуки Мураками
11. Семеен бордел - Томе Илиевски
12. Брачна тројка - Томе Илиевски
13. Луда журка - Томе Илиевски

Си велам толку се. Иако не одев на предизвик си велам дека ќе стигнам до кај 40. Ќе видиме.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
18. Крик во ноќта - Мери Хигинс Кларк (341 стр.)

Џени вработена во уметничка галерија сосема случајно се запознава со Ерик, сликар и богаташ од Висконсин, со кого започнува врска и по два-три месеци одлучува да се омажи за него и да се пресели со своите две деца во Висконсин. Откако ќе пристигне во огромната куќа ќе започне да се запознава со помрачната страна на Ерик и неговите нагли промени на расположението. Наскоро среќата и радоста од новите промени и доживувања ќе бидат заменети со страв и неизвесност од иднината.

19. Пустински цвет - Варис Дирие (258 стр.)

Автобиографски роман за манекенката Варис Дирие, која во својот роман ја доловува нејзината мачна приказна, од самиот живот во Сомалија, бегањето од дома, пристигнувањето во Лондон и понатамошните први чекори кон манекенството. Интересна книга во поглед на осознавање нови работи за животот во Сомалија, за тоа како преживуваат и тоа ова е пишувано за животот пред граѓанската војна во Сомалија, сега верувам дека е полошо. Исто така ова е книга во која се говори за тоа како секој може да стигне секаде преземање на својата судбина во свои раце.
И ти се бендисаа книгиве или не?
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
И ти се бендисаа книгиве или не?
Малку набрзина тогаш ова го пишував, па само кратка содржина :) Во секој случај, не беа од мојот омилен жанр, но во секој случај беа интересни, особено втората. Имав слушано за Сомалија, но не знаев многу работи, ми се допадна борбата за успех и за подобра иднина. Додека Крик во ноќта на моменти ми стануваше досадна, многу се развлече дејствието.

20. Портрет на еден шпион - Даниел Силва

Еден од моите најомилени писатели, од кој одамна немав читано ништо. Повторно се работи за книга во која е вклучен израелскиот шпион и рестравратор на уметнички дела, Габриел Алон. Книгата е напишана многу скоро, па така се говори за кризата во Европа, падот на арапските режими низ Блискиот Исток, слабеењето на Америка, буквално пишувано според најновите случувања. Алон сосема случајно здогледува на улиците на Лондон човек-самоубиец кој планира да се саморазнесе. Го следи, но не е целосно сигурен дали се работи за бомбаш-самоубиец, но во моментот кога е убеден, некој го спречува... Овој напад во Лондон е само продолжение на нападите кои се случиле во Париз и Копенхаген, серија напади подготвени од нова терористичка мрежа. (Инаку мала дигресија, книгава ја читав во деновите на напади на војници низ Лондон и Париз, што ми даде језиво чувство, за тоа дека авторот не е далеку од вистината.) Иако неволно на крајот Алон повторно се вклучува во шпионските игри и осмислува акција за елиминирање на новите опасности.

21. Пасија според Кармела - Маркос Агинис

Книга напишана за време на Кубанската револуција, односно моментите пред и по доаѓањето на власт на Фидел Кастро. Како диктатурата се заменува со нешто друго, комунизам, социјализам или повторна диктатура но со ново име. Приказната е раскажана од повеќе лица, па така некои глави се говори од аспект на Кармела, ќерка на богато семејство од Хавана која се приклучува на револуцијата, Лукас, нејзиниот брат, и Игнасио, љубовник на Кармела, што и дава на книгата одредена посебност. Кармела приклучувајќи се во борбата против диктатурата како и Игнасио очекуваат многу од новата власт, но за жал доживуваат многу лоши работи благодарение токму на Кастро и неговата власт.
 
Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1. Како без тебе - Гијом Мисо
2. Затоа што те љубам - Гијом Мисо
3. Дали ме чекаш - Гијом Мисо
4. Врати ми се - Гијом Мисо
5. А потоа - Гијом Мисо
6. Ако го дочекам утрото - Сидни Шелдон
7. Додека ѕвездите блескаат - Сидни Шелдон
8. Гневот на ангелите - Сидни Шелдон
9. Утро, пладне и ноќ - Сидни Шелдон
10. Децата на ѓаволот - Дитас
11. Триумфална капија - Ерих Марија Ремарх
12. Крвна врска - Сидни Шелдон
13. Девствено сино - Трејси Шевалие
14. Жена во пеок - Абе Кобо
15. Вештица - Венко Андоновски
16. Странец во огледалото - Сидни Шелдон
17. Ловец на Змејови - Халед Хосеини
18. Внимавај што посакуваш - Александра Потер
19. Колачиња за појадок - Дороти Кумсон
20. Пустински цвет - Варис Дирие
21. Пустинска зора - Варис Дирие
.
22. Кралска крв - Харолд Робинс

Незнам да го опишам чувството на гадење од целата таа бритиш бурлеска со принцови, лордови, ерлови, војводи и слични тракатанци:sick: Книгава и покрај поинаквиот крај, не успеа да го смени мојот став околу нивното постоење. Тоа све треба да се убие!

23. Нема да верувате што ми се случи вечерва - Ненад Вујадиновиќ

Под хитно сакам да го изглеам " Што сонува кучето" напраен според драмава. Ми се чини дека го иам затечено на тв, али не сум сигурен дали тоа можеби мојата фантазија манипулира со мене. Затоа ако некој знае кај да го најдам нека ми пише по пп.

Драмава долго време ја имам во мојата мини колекција и ете конечно и дојде редот. Ја доживеав ко тотална авангарда на реалноста. Иако навидум лесно се читаат 106-те страни, сепак постојат делови кои сеуште ги премотувам и се трудам да ги поврзам, за да ја комплетирам приказната. Ебате хуморот што го користи Вујадиновиќ. Цар!
 
Член од
14 декември 2011
Мислења
96
Поени од реакции
115
Се согласувам за Мураками, имам прочитано 2 книги од него, на ред се Играј, играј, играј и Норвешка шума па може и ќе ти кажам мислење за крајот ;) Инаку лесен е за читање во смисла - кога ќе почнеш не можеш да ја оставиш книгата, но од друга страна има мнгу скриени мисли, многу двослислени работи и многу убави совети за тој што ја чита со внимание.
--- надополнето: 30 мај 2013 во 22:20 ---

Добра сериа, претпоставувам дека и книгата е добра. Мир-Јам има доста добри книги, но, ако порано ми беше интересно сега по малку ме иритира она - си живееја среќно до крајот на животот. Уште напочетокот на книгата или на серијата се знае кој со кого ќе заврши. Но, сепак, делата на Мир-Јам се добри за малку бегање од реалноста и враќање во светот на бајките.
--- надополнето: 30 мај 2013 во 22:28 ---

Ги имам читано сите освен за последната не сум сигурна :) (толку ги има што почнувам да ги заборавам). Сепак за првите три ми останаа во добро сеќавање за мислењето за нив, темите така-така. Лични мислам дека книгите се доста добри, со интересни теми, теми за минатото но сепак со голема можност да се случат и сега, тука. И во сите три ми се допадна онаа скриена страст, интимност, љубов... Посебно Дамата и еднорогот - ја зедов со надеж дека се зборува за еднорог, но потоа сфатив за кој еднорог станува збор ;)
--- надополнето: 30 мај 2013 во 22:31 ---

Ти само читај си и пишувај си што ти лежи на срце и нормално мислење за книгите. А за другите, ому не му чини твојот пост има уште мноогу други за читање:cool:
--- надополнето: 30 мај 2013 во 22:35 ---

Секој си има свој стил, ако не ти се допаднал ДИТАС зошто воопшто си ја дочитал книгата? Не напаѓам и не велам дека таа книга е нешто посебно, но, фала му на Бога што бев тинејџерка кога ја читав таа книга (нели малку тинејџерско летање на мозокот) и се натерав да ги читам другите дела од него - Дупка во мозокот, Верска војна, Крив правец, Чистачот (Крив правец 2)... и мислам дека ќе го промениш малку мислењето. Се надевам де, ако н.. биди здрав и жив:)
--- надополнето: 30 мај 2013 во 22:35 ---

Секој си има свој стил, ако не ти се допаднал ДИТАС зошто воопшто си ја дочитал книгата? Не напаѓам и не велам дека таа книга е нешто посебно, но, фала му на Бога што бев тинејџерка кога ја читав таа книга (нели малку тинејџерско летање на мозокот) и се натерав да ги читам другите дела од него - Дупка во мозокот, Верска војна, Крив правец, Чистачот (Крив правец 2)... и мислам дека ќе го промениш малку мислењето. Се надевам де, ако не.. биди здрав и жив:)
--- надополнето: 30 мај 2013 во 22:41 ---

Се согласувам со она ВАУУУ. Едно прашање - дали и ти во текот на читањето се прашуваше која е девојката која ја споменува? Дали тоа е само пишан збор или вистинска приказна? Сакав да го прашам професорот, но ми беше срам па останувам само да се прашувам:)
--- надополнето: 30 мај 2013 во 23:06 ---
И рековте уште трае рпедизвикот а? Ама поминаа 5 месеци од 2013, а јас заборавив да бројам што се’ имам прочитано оваа година:) Имам запишано па, ќе видам колку памтам, ќе запишам тоа што ќе ми падне на памет,а за другите потаму:
1.Јужно од границата, западно од сонцето - Харуки Мураками
2. Копилето од Истанбул - Елиф Шафак (340 стр.)
3. Драми - А. П. Чехов
4. Убаво е да се живее брате - Назим Хикмет
5. Венчален кум - Мет Дан
6. Во словенечките гори - Мир-Јам
7. Длабоко во ноќта - Харуки Мураками
8. Играј, играј, играј -Харуки Мураками
9. Индиго Бомбај - Јагода Михајлова - Георгиева
10. Норвешка шума - Харуки Мураками
11. Семеен бордел - Томе Илиевски
12. Брачна тројка - Томе Илиевски
13. Луда журка - Томе Илиевски
Си велам толку се. Иако не одев на предизвик си велам дека ќе стигнам до кај 40. Ќе видиме.
14.Бела ноќ на љубовта - Густав Херлинг - Груѓињски
15. Скршена жена - Симон де Бовоар
16. Буда од предградието - Ханиф Курејши
17. Уживање во злосторството - Маркиз де Сад
18. Добри другарки, лоши шеми и градник на дуење - Кети Хопкинс
 
Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1. Како без тебе - Гијом Мисо
2. Затоа што те љубам - Гијом Мисо
3. Дали ме чекаш - Гијом Мисо
4. Врати ми се - Гијом Мисо
5. А потоа - Гијом Мисо
6. Ако го дочекам утрото - Сидни Шелдон
7. Додека ѕвездите блескаат - Сидни Шелдон
8. Гневот на ангелите - Сидни Шелдон
9. Утро, пладне и ноќ - Сидни Шелдон
10. Децата на ѓаволот - Дитас
11. Триумфална капија - Ерих Марија Ремарх
12. Крвна врска - Сидни Шелдон
13. Девствено сино - Трејси Шевалие
14. Жена во пеок - Абе Кобо
15. Вештица - Венко Андоновски
16. Странец во огледалото - Сидни Шелдон
17. Ловец на Змејови - Халед Хосеини
18. Внимавај што посакуваш - Александра Потер
19. Колачиња за појадок - Дороти Кумсон
20. Пустински цвет - Варис Дирие
21. Пустинска зора - Варис Дирие
22. Кралска крв - Харолд Робинс
23. Нема да верувате што ми се случи вечерва - Ненад Вујадиновиќ

24. Вода за слонови - Сара Груен

Ја ко хејтер на циркуси, се наполнив нервози читајќи ја книгава. Циркус со животни, категорично НЕ! Начинот на кој е опишано камшикувањето на Рози, но и третманот на сите животни воопшто успеа да ме изреволтира и насолзи .

Рози ме потсете на:

Стварно ми се згади од сите грдотии зад параванот кои вешто се камуфлираат за да циркусот изгледа блескаво и сјајно и да се прикаже ко шарена метафора на животот. Абе бегај таму, со закон треба да се забрани!

Го изгледав и филмчето, али очекував дека џуџето Волтер ќе го игра Питер Динклиџ.:)

25. Оскар и госпоѓата во розев мантил - Ерик Емануел Шмит

Мошне впечатлива книга која нема шанси дa ве остави рамнодушни.
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240
Да прашам? Не ви е читањето книги некако бавен начин за добивање на информации? :cautious:
 
ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.826
Поени од реакции
7.163
Да прашам? Не ви е читањето книги некако бавен начин за добивање на информации? :cautious:

Ќе ти образложам сопствен став. Читањето за мене претставува процес во кој се инволвирани повеќе слоеви. Приказната од А до Ш, поетиката кој писателот ја живее ( пишувањето е еден вид живот, па во оваа смисла живее = пишува ) стилот кој го користи, епохата во која постои ( паралели помеѓу индивидуата и епохата во која твори ) информациите за времето во кое живее или за времето кое твори. Општествени, интимни ставови кои ги внесува во текстот, двосмислено или јасно. Јас посебно при преводи внимавам на преводот особено ( некогаш читам одредени делови повеќе пати само уживајќи за преводот ).Психолошкикот профил на луѓето претставени во книгата И останати тракатанци.

Според мене, да се каже дека читањето книги ( фикција ) е само заради информации, е погрешно. Што сакав да кажам, пишувањето фикција во 90 посто од случаевите треба, а и богами мора да се чита како фикција, па оттаму информациите произнесени од книгите кои ги читаме мораме да разбереме дека зависи и од перцепцијата на писателот, но и од сопствената. Еден текст повеќе луѓе може поинаку да го доживеат, а секако може и еден човек при препрочитување на еден текст да го доживее на поинаку.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711

Некогаш би сакала да пијам чај со тебе и со Вокерка.
 
ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.826
Поени од реакции
7.163
Некогаш би сакала да пијам чај со тебе и со Вокерка.

Треба да опоменам за забегување од тема :cool:. Па може да има собир на корисници на овој подфорум, зашто да не. :)
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
7/40 - 1Q84 (Книга прва) - Харуки Мураками
Прва од трилогијата 1Q84 на Мураками. Се решив да ги читам поединечно (на македонски се разбира) иако по книжарнициве ја најдов и англиското целосно издание како што е и оригинално издание, но со оглед на тоа што стилот на Мураками е бавен па мислам дека е подобро вака да ги читам поединечно сите три книги. Одлична книга, малку чудна додека ги скоцкаш сите работи и сфатиш за што всушност се работи. Во целата приказна се вртат двајцата главни ликови Тенго и Аомаме. Посебно комплексен е ликот на Аомаме, јас дури го сфатив што е всушност нејзиниот лик некаде на средината на приказната. Таа е инструкторка за боречки вештини, живее сама, и понатаму со години чека да ја сретне нејзината прва љубов иако не сака да го бара, туку ќе биде со него доколку случајно го виде. Тенго е професор по математика, но и одличен писател кој добива задача да го преработи делото на една млада девојка, поради што ќе навлезе во голема замка и круг кој крие многу тајни од минатото. Ќе видиме како ќе се одвиват другите книги, но ова засега е одлично.

8/40 - И планините одекнаа - Халед Хосеини (And the mountains echoed)
И конечно прочитана! Книгата која убедливо ми беше најочекувана за 2013. По само неколку недели од оригиналното издавање, Матица ни ја преведоа. Апсолутно брилијантен превод, ме импресионираа после многуте ексцеси при преводите. Книгата е брилијантна, не би можел да искажам колку ми се допадна. Неговата „Ловец на змејови“ ми беше #1 но сега оваа и се доближува и дефинитивно можам да ги ставам на иста рамнина. Емотивна приказна за разделување на брат и сестра која ќе се движи и ткае со години, испреплетена низ различни места, од Кабул во Авганистан, до Сан Франциско, Париз и грчкиот остров Тинос, сите приказни поврзани од една емотивна и трагична случка од минатото. Нема потреба да разлагам, мора да се прочита!

1/40 - Викенд - Бернхард Шлинк
2/40 - Ледената принцеза - Камила Лекберг
3/40 - Американски дервиш - Ајад Актар
4/40 - Пред да заспијам - Стивен Вотсон
5/40 - Девојката од хартија - Гијом Мисо
6/40 - Ејми ја нема - Џилијан Флин
 
Зборуваш за трилогија од Мураками. Веќе прочитав неколку книги од него, оваа што ја спомнуваш се’ уште не, па би сакала да знам кои книги се дел од таа трилогија (сите имаат исто име или не?) и дали знаеш дали секоја е продолжување од претходната или не?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom