Книжевен предизвик во 2013

Challenge ACCEPTED - Difficulty level

  • easy - 30 книги

    Гласови: 46 52,3%
  • normal - 40 книги

    Гласови: 15 17,0%
  • hard core - 50 книги

    Гласови: 27 30,7%

  • Вкупно гласачи
    88
Статус
Затворена за нови мислења.

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
47. The Reader - Bernhard Schlink

Книгава ме воодушеви. Една од моите all-time-favorites.

48. Miss Peregrine's Home for Peculiar Children - Ransom Riggs

Наводно хорор приказна, мене не ми беше страшна. Почетокот ветува, подоцна ослабнува. Завршува со cliffhanger и во иднина ќе има и втор дел, кој јас не ми се верува да го читам. Во целата книга има слики кои всушност се пострашни од приказната.

Се работи за дете чиј дедо умира во многу чудни околности. За да добие одговори, детето оди на островот на кој дедо му го поминал своето детство, и случајно се враќа 50 години во времето, во сиропиталиштето кое било дом на дедо му и во кое еден ден постојано се повторува. Децата во сиропиталиштето имаат натприродни моќи.

Кој сака морничави приказни, му ја препорачувам. Една од најдобри книги на Амазон за месец јуни, 2011.

49. Catch Me If You Can - Frank W. Abagnale & Stan Redding

Ја знаете сите приказната, ако не од книгата, тогаш од филмот. Добра книга, ништо посебно не ме воодушеви, но успеав да ја завршам - значи не била досадна.

50. The Violets of March - Sarah Jio

Од Сара Џио ја имам прочитано и Blackberry winter, и можам да кажам дека авторкава ми е guilty pleasure. Нешто како шпанска серија, превртуваш со очи на секоја сцена ама сепак те влече. Дупки во приказната колку сакаш. Сепак, интересно лесно четиво е.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Скоро цел месец од последниот апдејт, само четири книги во рок од еден месец, слабо слабо... (n)

1 - Викенд - Бернхард Шлинк
2 - Ледената принцеза - Камила Лекберг
3 - Американски дервиш - Ајад Актар
4 - Пред да заспијам - Стивен Вотсон
5 - Девојката од хартија - Гијом Мисо
6 - Ејми ја нема - Џилијан Флин
7 - 1Q84 (I) - Харуки Мураками
8 - И планините одекнаа - Халед Хосеини
9 - Ако никој не зборува за скриени нешта - Џон Мекгрегор
10 - Триумфална капија - Ерих Марија Ремарк
11 - Крадци и проститутки - Рута Шепетис
12 - Стив Џобс - Волтер Ајзаксон
13 - Спутник љубов - Харуки Мураками
14 - Исчезната без трага - Шеви Стивенс

15 - IQ84 (II) - Харуки Мураками
Доста поимпресивен впечаток ми остави вториот дел од првиот. Дејството побрзо се пренасочи и имаше доста јаки сцени. Откривањето на тајната за друштвото/организацијата, иако уште нејасно и за “човечињата“. Соочувањето на Аомаме со старецов, па и смртта на таткото на Тенго. А од се`, дефинитивно најголем впечаток ми остави делот со Градот на мачките, гледам ќе има битен дел во третата книга, едвај чекам да ја купам! Adore Мураками!

16 - Скриена во најмрачниот агол - Елизабет Хејнс (Into the Darkest Corner)
Сакам Книги значи кога станува збор за трилери никогаш не ме издале. Значи како ги одбираат, напнати, јаки ликови, она баш ме држат под “штрек“ во текот на читањето. Дејството се работи за Кетрин Бејли и за нејзиниот терор кој го доживеала со нејзиното навидум “совршено“ момче. Сите го сметаа за перфектниот но ситуацијата ќе излезе од контрола кога нејзиниот живот ќе падне во неговите раце. Прекрасна книга.

17 - Шепнувачот - Донато Каризи (The Whisperer)

И дефинитивно еден од најдобрите трилери некогаш прочитани! Совршена книга, перфектни ликови, одличен стил на пишување, за доста брзо време ги голтнав скоро 500 и нешто страници. Најголема замерка за преводот на Матица што наместо “девојчиња“ употребуваа “момички“, баш ми сметаше додека го читав, несериозен стил, но можеби и во оригиналот е поинаку напишано кој знае. Сепак ми се допадна крајот ептен. Станува збор за двајца главни ликови детективи кои ќе мора да ги откријат телата на шесте пронајдени раце на девојчиња кои исчезнале изненадно. Најголема препорака!
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Srcee Честито на 50ката, со ова темпо и до 70 ќе стасаш ^ ^.

01.Casino Royale - Ian Fleming
02.Live and Let Die - Ian Fleming
03.Moonraker - Ian Fleming
04.Diamonds Are Forever - Ian Fleming
05.From Russia With Love - Ian Fleming
06.Prince of Thorns - Mark Lawrence
07.The Wonderful Wizard of Oz - L. Frank Baum
08.Red Dragon - Thomas Harris
09.The Little Prince - Antoine de Saint-Exupéry
10.Men Without Women - Ernest Hemingway
11.The Hunger Games - Suzanne Collins
12.Catching Fire - Suzanne Collins
13.Mockingjay - Suzanne Collins
14.Darkly Dreaming Dexter - Jeff Lindsay
15.Dearly Devoted Dexter - Jeff Lindsay
16.Dexter in the Dark - Jeff Lindsay
17.Dexter By Design - Jeff Lindsay
18.Memoirs of a Geisha - Arthur Golden
19.Doctor No - Ian Fleming
20.Goldfinger - Ian Fleming

Видов дека не сум пишал на темава одамна иако ја следам редовно, мрза што ти се вика.

21.Tarzan of the Apes - Edgar Rice Burroughs
Уште една супер авантуристичка книга од Edgar Rice Burroughs, не е без причина мој омилен автор. Ова првата книга со Тарзан, тука е целата приказна како Џон и Алис Клејтон завршуваат на ненаселениот остров, нивната смрт и како малото бебе завршува во рацете на мајмунката Кала. Името Тарзна доаѓа од мајмунскиот јазик и значи бела кожа. Во првата книга е покажан растот на Тарзан, како неговата супериорна интелигенција малку по малку се покажува и со секој поминат момент се оддалечува од мајмунското племе. Во втората половина, 20тина години од неговото раѓање, доаѓа нова група на бели безвлакнести мајмуни(луѓе) меѓу кои и Џејн Портер, во која тој веднаш се заљубува, иако сеуште не знае што е тоа чувство ниту пак видел некој друг налик на него претходно.

22.The Return of Tarzan - Edgar Rice Burroughs
Дејствието е скоро веднаш по крајот на првата книга, каде што Тарзан сега е во Париз. Но на патот накај Париз, на бродот, два пати ги крши плановите на Николас Рокоф и Алекс Полвич, со што тој станува смртен непријател на двајцата иако тој сеуште не го знае тоа. Во Париз, заедно со пријателот кој го спаси во првата книга, војникот Paul d'Arnot, пробува да го свати и научи цивилизираниот свет. Но тука Рокоф и Полвич почнуваат со своите планови да го уништат Тарзан, но тој вешто ги избегнува и неутрализира нивните напади, што тие го следат се до Африка каде што тој е на мисија од војската како специјален агент. Плановите на Рокоф се интезивираат кога последен обид да му наштети на Тарзан е да ја киднапираат Џејн.

23.The Beasts of Tarzan - Edgar Rice Burroughs
Неколку години по втората книга, Тарзан е заедно со Џејн и имаат син. Но Рокоф и Полвич бегаат од затвор и го киднапираат синот на Тарзан. Тарзан и Џејн, поединечно паѓаат во замката на Рокоф. Да не пишува спојлери натака, но Тарзан повторно завршува на ненаселен остров во Африка каде неговите анималистички инстинкти се враќаат во живот кои му помагаат да го најде Рокоф.

Најмногу ми се допаѓа стилот на пишување на Burroughs, приказната и дејствието се секогаш во движење, па никогаш немаш чувство на досада, или зошто го пишува тоа. Друго нешто е што бројот на ликови е мал, и можеш да направиш подобра врска со нив, и да го следиш дејството во приказната. Дефинитивно се ќе прочитам што напишал Edgar Rice Burroughs а тоа се сигурно 50-60 книги, човекот бил машина за пишување.

24.The Picture of Dorian Gray - Oscar Wilde
Многу повеќе очекував од Оскар Вајлд. Тешка комбинација од една третина тотално бескорисен и неповрзан текст, една третина колку е паметен и вицкаст Лорд Хенри, иако е празно човече без никаков став за ништо и тресе зелени лево и десно во секоја прилика чисто за wow фактор, ох и не спомнав дека и оваа третина во голема мера нема никаква поврзаност со приказната. После едно 200 страни тупење и 20тина години после првиот настан, почнува да се движи приказната. Треба да читам некоја од неговите драми, во прво лице можеби е подобар, и во книгава имаше тука и таму по некоја интересна мисла или идеја. Некои писатели знаат да се занесат со пишување за самите за себе, без никаков оглед на луѓето за кои е наменета, неговите читатели. Секој уметник од било кој вид, треба да знае дека ако правиш "уметност" само за себеси, не е ништо повеќе од мастурбација. Мојата омилена Нодаме најубаво го кажува тоа.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_detailpage&v=jvk4wG9TgZg&t=253

25.The Art of War - Sun Tzu
Секој кој сака да биде некаков водач, без разлика дали е бизнис, војна или нешто друго треба да ја прочита. Старите мудрости на Сун Цу ќе ве спремат за соочување со било кој конфликт. Иако би требало подлабоко да се проучува, добро е и само еднаш да ја прочитате, ќе ги забележите своите слабости ако ништо друго не извлечете од книгава.

26.For Your Eyes Only - Ian Fleming
Колекција од 5 кратки приказни со Бонд. Истото чувство е присутно во сите 5 приказни, но поради должината на приказната, се фокусираат само на едно дејство и нема многу подготвување на дејството во приказните. Интересни се за секој Бонд фан.

27.Thunderball - Ian Fleming
Деветата книга од Бонд серијалот на Флеминг, и како и обично Бонд заедно со Феликс ги спасуваат Англија и Америка од нуклеарен напад од страна на слосторници кои профитираат од воените немири во светот. Но не им се допаѓаат малите профити, па се одлучуваат да ги уценуваат Америка и Англија со украдени нуклеарни боеви глави од НАТО.

28.For Whom the Bell Tolls - Ernest Hemingway
Направив грешка што ја читав на македонски, неможев да го слушнам гласот на Хемингвеј, ќе треба да ја прочитам пак на англиски.
Приказната го следи американецот Роберт Џордан во шпанската војна, неговиот однос со локалните герила војници и неговата прва љубов Марија. Незнам како да ја пренесам книгава, преводот многу ми шкрипише на моменти.

Почнав да читам на македонски, затоа што забележав дека вокабуларот ми се истенчува, во разговор често ми се случува да побарам збор и да знам(или да ми текне) само на англиски. Ми смета во сред реченица да застанувам да барам збор.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1. Како без тебе - Гијом Мисо
2. Затоа што те љубам - Гијом Мисо
3. Дали ме чекаш - Гијом Мисо
4. Врати ми се - Гијом Мисо
5. А потоа - Гијом Мисо
6. Ако го дочекам утрото - Сидни Шелдон
7. Додека ѕвездите блескаат - Сидни Шелдон
8. Гневот на ангелите - Сидни Шелдон
9. Утро, пладне и ноќ - Сидни Шелдон
10. Децата на ѓаволот - Дитас
11. Триумфална капија - Ерих Марија Ремарх
12. Крвна врска - Сидни Шелдон
13. Девствено сино - Трејси Шевалие
14. Жена во пеок - Абе Кобо
15. Вештица - Венко Андоновски
16. Странец во огледалото - Сидни Шелдон
17. Ловец на Змејови - Халед Хосеини
18. Внимавај што посакуваш - Александра Потер
19. Колачиња за појадок - Дороти Кумсон
20. Пустински цвет - Варис Дирие
21. Пустинска зора - Варис Дирие
22. Кралска крв - Харолд Робинс
23. Нема да верувате што ми се случи вечерва - Ненад Вујадиновиќ
24. Вода за слонови - Сара Груен
25. Оскар и госпоѓата во розев мантил - Ерик Емануел Шмит.
26. Дваесеттата сопруга - Инду Сундаресан
27. Пеперутка - Сашо Тасевски
28. Левиот брег на Сена - Кејт Муир
29. Драг Џон - Николас Спаркс
30. Бојата на небото - Џејмс Ранси

Мали Куељо.

31. Малинче - Лаура Ескивел

Ме уби во поим и водата и земјата и вселената и она меѓу нив и пак ис почетка. Со сиот памет ја земав меѓу сите тие танги и бикини. Демек историска книга (демек ја обожавам биографски книги), али ништо од муабетот. Премногу субјективизам и феминизам за мој вкус. Освен изгорениците од немилосрдното милување со сонцето на плажа, оваа книга ќе ја паметам и по тоа колку крв се пролеало во име на религиите. Е тука ме погоди. Да, религијата знае да биде добар изговор за убиства.
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
01.Casino Royale - Ian Fleming
02.Live and Let Die - Ian Fleming
03.Moonraker - Ian Fleming
04.Diamonds Are Forever - Ian Fleming
05.From Russia With Love - Ian Fleming
06.Prince of Thorns - Mark Lawrence
07.The Wonderful Wizard of Oz - L. Frank Baum
08.Red Dragon - Thomas Harris
09.The Little Prince - Antoine de Saint-Exupéry
10.Men Without Women - Ernest Hemingway
11.The Hunger Games - Suzanne Collins
12.Catching Fire - Suzanne Collins
13.Mockingjay - Suzanne Collins
14.Darkly Dreaming Dexter - Jeff Lindsay
15.Dearly Devoted Dexter - Jeff Lindsay
16.Dexter in the Dark - Jeff Lindsay
17.Dexter By Design - Jeff Lindsay
18.Memoirs of a Geisha - Arthur Golden
19.Doctor No - Ian Fleming
20.Goldfinger - Ian Fleming
21.Tarzan of the Apes - Edgar Rice Burroughs
22.The Return of Tarzan - Edgar Rice Burroughs
23.The Beasts of Tarzan - Edgar Rice Burroughs
24.The Picture of Dorian Gray - Oscar Wilde
25.The Art of War - Sun Tzu
26.For Your Eyes Only - Ian Fleming
27.Thunderball - Ian Fleming
28.For Whom the Bell Tolls - Ernest Hemingway

29.Hitman: Enemy Within - William C. Dietz
Базирана на популарната игра Hitman, приказната го следи агентот 47 во мисија да го исчисти името на Дијана, неговиот контролор, која е обвинета за протекување на информации поврзани со мисии на Агенцијата. Многу добро е напишана книгава, одлично го доловува ликот на 47 и стилот на приказната се поклопува со стилот на игрите, дефинитивно препорачана за сите фанови на играта.

30.Hitman: Damnation - Raymond Benson
Втора книга со 47, замислена како директен претходник на новата игра. За разлика од претходната книга каде авторот верно го пренесува 47 од екраните на хартија, во оваа книга авторот повеќе пренесе своја верзија на 47, што во превод значи уништување на се направено пред него. Но ако ништо друго приказната е добра, добро разработена мисија со доволно мистерија и интрига, да беше главниот лик било кој друг освен 47 ќе беше одлична акција/трилер книга. Но ароганцијата на авторов со познава уште во првите 30тина страни кога на смртоносниот агент му доделува емоции и размислувања што се спротивни не само на тие од игрите, туку и на тоа што е напишано во претходната книга. Требало да го остави егото пред врата и да свати дека пишува книга со веќе етаблиран и добро познат лик, и дека нема потреба да го измислува тркалото повторно.

31.Influence: The Psychology of Persuasion - Robert B. Cialdini
Незнам точно како стасав до книгава, ама ме заинтригриа тоа што е напишана во стил што мене многу ми се допаѓа. Имам читано(или барем почнато) слични книги во минатото, не специфично на оваа тема, ама каде што авторите се претставуаат како експерти а материјата што ја "предаваат" е прилично празна од докази. Robert Cialdini е професор по психилогија, но тоа не е она што ја прави книгава одлична, туку дека секоја работа што ја преставува во книгава е стриктно базирана на истражувања направени од него и негови колеги, секогаш на кратко ја објаснува методологијата на тестот, резултатите и заклучокот, заедно со име на студијата каде може да се прочита подетално за сите експериметни направени во книгава.

Тема на книга е влијание, и психологијата на убедување. На кратко, затоа што неможе да се опише големиот број на информации претставени во книгава, е како навидум неповрзани работи можат да влијаат врз нас и нашите избори, и како "паметни" индивидуи нашле начин како да ги експлоатираат тие ефекти во монетарна корист. Поголем дел е посветен како етички можат да се користат овие работи во бизнис и секојдневниот живот, практички како да не си правиме сопки сами на себеси, и секој дел од книгава завршува со како да ги препознаеме тие манипулации од страна на, во главно, нефер продавачи, и како да се справиме со нив.

32.Yes!: 50 Scientifically Proven Ways to Be Persuasive - Noah J. Goldstein, Robert B. Cialdini, Steve J. Martin
Книгава доаѓа како спиритуален продолжеток на претходната книга, базирана на истражувањата на Cialdini, авторот ни претставува уште 50 истражувања проширувајќи ги претходните начини на влијание со додатни информации.

33.The Cuckoo's Calling - Robert Galbraith (ака J.K. Rowling)
После фијаското со The Casual Vacancy, Роулинг издава нова книга под псевдонимот Robert Galbraith.
Оваа детективска книга го следи Корморан Страјк, 35 годишен детектив со воено минато и ампутирана нога, како ја запознава Робин, неговата секретарка и sidekick, и истражувањето на самоубиството на мегапопуларната Lula Landry. Затоа што е детективска приказна не сакам да пишувам повеќе, сигурно ќе испуштам некој спојлер.

За ралика од неповрзаното тресење глуости во The Casual Vacancy која според стилот сигурно ја пишувала од ракав без планирање, оваа книга доаѓа во одлично пакување. Добар почеток, foreshadowing низ цела книга, цврста и чиста структура на приказната со очигледна цел и добро темпо. Многу добро го претставува движењето низ приказната, така да не се осеќа воопшто досадна или спора на моменти. Едиснтвено нешто што ми бодеше очи е што од време на време корити по некој несекојдневен збор што некако не се совпаѓа со остатокот од прозата.

Дефинитвно ја препорачувам за било кој фан на Роулинг.
Srcee Мислам дека ти сакаше да ја читаш?
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1. Како без тебе - Гијом Мисо
2. Затоа што те љубам - Гијом Мисо
3. Дали ме чекаш - Гијом Мисо
4. Врати ми се - Гијом Мисо
5. А потоа - Гијом Мисо
6. Ако го дочекам утрото - Сидни Шелдон
7. Додека ѕвездите блескаат - Сидни Шелдон
8. Гневот на ангелите - Сидни Шелдон
9. Утро, пладне и ноќ - Сидни Шелдон
10. Децата на ѓаволот - Дитас
11. Триумфална капија - Ерих Марија Ремарх
12. Крвна врска - Сидни Шелдон
13. Девствено сино - Трејси Шевалие
14. Жена во пеок - Абе Кобо
15. Вештица - Венко Андоновски
16. Странец во огледалото - Сидни Шелдон
17. Ловец на Змејови - Халед Хосеини
18. Внимавај што посакуваш - Александра Потер
19. Колачиња за појадок - Дороти Кумсон
20. Пустински цвет - Варис Дирие
21. Пустинска зора - Варис Дирие
22. Кралска крв - Харолд Робинс
23. Нема да верувате што ми се случи вечерва - Ненад Вујадиновиќ
24. Вода за слонови - Сара Груен
25. Оскар и госпоѓата во розев мантил - Ерик Емануел Шмит.
26. Дваесеттата сопруга - Инду Сундаресан
27. Пеперутка - Сашо Тасевски
28. Левиот брег на Сена - Кејт Муир
29. Драг Џон - Николас Спаркс
30. Бојата на небото - Џејмс Ранси
31. Малинче - Лаура Ескивел

32. Прорштвото на Романови - Стив Бери
33. Последната кашмирска роза - Барбара Клеверли
 
Член од
22 февруари 2013
Мислења
13
Поени од реакции
12
1.Девствено сино
2.Девојката со бисерна обетка
3.Дамата и еднорогот
4.Паднати ангели
5.Сопругата на италијанскиот богаташ од Хелен Брукс
6.Барај и ќе добиеш од Естер и Џери Хикс
7.Љубовница од Аманда Квик
8. Деловна придружба - Џенет Енџел
9. Да можеш сега да ме видиш - Сесилија Ахерн

10.Норвешка шума - Харуки Мураками

Искрено, книгава, односно стилот на кој е напишана не ме задоволи како читател, повеќе ме замори од постојаното прекинување на некои од најважните мигови од животот на ликовите. Ми се допадна психолошкиот пристап и описот на хистеријата со која секој лик се соочува, но... нешто ми недостасува. Го имав она чувство како да нешто е изоставено. Како и да е, ова беше за мене книга со поинаков стил од досегашниот на кој сум навикната, јас сакам тензија, мистерија и возбуда, а тоа не го почувствував кај книгата, освен во оној дел кога станува збор за сексот, тој дел ме возбуди.

11.Се викам црвено - Орхан Памук

Книгава ја читав со месеци, ми се чини, и некако не ми одеше читањето, а толку мразам да почнам да читам книга и да ја оставам недовршена. Се присилував да ја читам, бидејќи сакав да видам дали самата ќе го откријам убиецот. И, се разбира, од што не ме интересираше толку многу, читањето ми се раздолжи до бесконечност, а на крајот кога се откри убиецот, воопшто не почувствував некоја еуфорија.
Орхан Памук е интересен, но понекогаш претерува со описите и приказните кои ги дава како поука во книгава.
Најмногу ме заинтригира љубовта, односно љубовниот пар во романот, но ме воодушеви и начинот на кој авторот го насочува наративното дејство што го водат различни ликови, од бои и мириси, до луѓе и слики и секој ја дава својата вистина, криејќи го всушност она што треба да се открие.

12.Царицата на цар Давид - Индија Еџхил

Бидејќи сум голем љубител на историски романи, овој особено ми се допадна. Библиска приказна раскажана на модерен и софистициран начин, женски лик со кој секоја жена би можела да се поистоветува. За разлика од претходните две, оваа книга ја прочитав во рекордно време, можеби бидејќи ми се допадна. Особено оваа мисла со која завршува книгата, како еден вид потсетник, ми остана врежана: „Да љубиш значи да бидеш мудар“.
Од оваа книга може многу да се научи, станува збор за љубовната библиска приказна меѓу Давид и ќерката на цар Саул, Михали која станува првата царица на цар Давид и неговата единствена љубов. Михали е силен лик кој расте пред очите на читателот, а нејзината мудрост и помага да создава повеќе пријатели отколку непријатели, а борбата за живот ќе ја направи да биде единствената од многуте жени која ќе има силно влијание над својот маж.

13.Одлука - Николас Спаркс

Оваа книга ме освои, длабоко ме трога, посебно со реалните животни ситуации што Спаркс несебично ги претставува пред своите читатели. Многу прашања си поставив откако ја прочитав книгава и на многу теми ме натера да размислувам. Животот приредува секакви ситуации, но најважно е каква одлука или кој избор ќе го направиме за да се соочиме со проблемите. Дали ќе го одбереме вистинскиот пат или не, тоа подоцна се одразува на нас. Понекогаш, мора да ни се случи нешто лошо за да ја сфатиме тежината на светот, бремето со кое луѓето се борат, тешкотијата што ја растажува човечката душа. Но, до каде може човекот да оди кога станува збор за љубовта и животот, кога треба да одбере меѓу животот и смртта, жената која ја сака и ветувањето што и го дал?

14.Последната песна - Николас Спаркс

Слободно ќе ја квалификувам оваа книга за тинејџерска, воопшто не ми се допадна начинот на кој приказната се одвиваше, ниту површните ликови. Единствено ликот на таткото беше опишан онака како што треба, сето друго ми изгледа како нафрлано купче на ликови кои се запознаваат отпочеток во животот.
Имам прочитано неколки книги од Спаркс, ми се допаѓа неговиот стил, но оваа книга некако не ми остави впечаток, барем не како останатите негови книги.

15.Бадем - Неџма

Ме заинтригира еротската книжевност, но не на некој перверзен, туку на интимен, сексуален начин. Оваа книга ме стимулираше да се снадбам со книги со слична ваква тематика, а особено ми се допаѓа што дејството е раскажано низ очите и душата на жена која сака да го смени својот живот, судбината, времето, обичаите, да го вкуси сексот но не како валкана игра, туку како еротика која дава слобода. Луѓето кои не се ограничени, воопшто не размислуваат за забранети работи, но на оној кому нешто му е забрането, може да се опседне со истото. Жените во муслиманскиот свет се борат за себе да се ослободат од стегите на општеството во кое доминираат мажите. Но, кога ќе погледнеме подлабоко, оваа книга е посветена за жените од целиот свет. Секоја жена може да се соочи со ситуација во која нејзината судбина зависи од одлуката на сопругот или неговото семејство. Многу ми се допадна Неџма, особено нејзиниот оштар јазик и способност да те заведе како мало дете.

16. Љубовен живот - Зеруја Шалев

Како што пишав претходно, еротската книжевност длабоко ме заинтригира, а како дел од тој мој интерес стана и оваа книга која освен што ме возбуди и заинтригира, бидејќи нема крај, истовремено ме „раздрма“ од глава до пети. Никогаш не сум се нашла во љубовен триаголник, што е супер, но кога ја прочитав книгава, сфатив колку всушност комплексно е тоа, да имаш се во животот, но поради неодолива привлечност, да оставиш се зад себе и да го послушаш тој порив кој од човекот создава роб.
Многу добра книга која нема дијалози туку тече како бесконечна нарација што дава еден вид моќ над читателот, бидејќи нема контрола во дискусијата на ликовите, ниту однапред може да знае што тие ќе направат, што мислат и слично.
Моќна приказна за неверството, сексот и привлечноста со која се соочува една млада жена интелектуалка чиј совршен живот се руши како кула од карти токму пред нејзините очи.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
51. Never Let Me Go - Kazuo Ishiguro

Книга според која е снимен филм кој го немам гледано, со совршената Кира Најтли.
Книга за една дистопија, која го опишува животот и целта на животот на Кејти и двајца од нејзините пријатели.
Писателот барем според мене, има малку чуден начин на изразување кој се чита споро.
4/5 од мене, меѓутоа дефинитивно ова е книга која ќе ве замисли и која нема да ја заборавите долго време.


52. The sky is falling - Sidney Sheldon

Аууу колку лоша книга. Не ми се верува дека пред нецела година бев заљубена во книгите на Шелдон. Не знам дали сегашното разочарување се должи на мене, дали мојот вкус се променил, или едноставно сите книги на писателот се добри, само оваа книга му е лоша.
Дупки во приказната колку сакаш. Не ја препорачувам. Има едно двојче од мене.


53. 22 Britannia Road - Amanda Hodgkinson

Една од најдобрите книги за Април 2011 на Амазон. Од мене има 3/5.
Силвана и Јануз се млад брачен пар со дете. Ќе се случи WWII и тие ќе се разделат. Јануз ќе оди во војска, а Силвана и бебето поминуваат неколку години в шума.
Годините раздвоеност ќе влијаат врз сите, но откако војната ќе заврши Јануз и Силвана пак ќе се најдат. Во оваа книга е опишан нивниот живот после и за време на војната.
Книгава има крај кој ми се бендиса и еден пресврт кој ќе ве изненади.


54. Snow Falling on Cedars - David Guterson

Приказната се одвива на островот Сан Пиедро. Еден од околните рибари е пронајден мртов и за убиството е обвинет Кабуо, Јапонец кој го минал целиот свој живот на островот.
Настаните се случуваат неколку години после WWII, и Американците не гаат преголема љубов кон населението со Јапонско потекло.
Во оваа книга е опишан процесот на судење на Кабуо, минатото на неговата сопруга, нејзината поврзаност со новинарот Ишмаил и семејните кавги меѓу жртвата и Кабуо.
Од мене има 4/5. Рекламирана е како сензационален who-dun-it. Јас не би рекла дека е сензационална, ниту пак who-dun-it.


55. Unwind - Neil Shusterman

Иииии најдобрата книга која ја имам прочитано годинава. Неверојатно заразна книга, огромен хит, неколку продолженија и продадени филмски права.
Дејството се одвива во едно дистописко општество во кое абортусот не постои, но постои нешто што се вика unwinding, кое претставува дозвола од родителите за земање на сите органи и делови од телото на дете кое има помеѓу 13 и 18 години, со цел донација. Овие деца не умираат, не доживуваат смрт.
Како што реков, заразна приказна, многу изненадувања и интересни карактери.
 
Член од
22 февруари 2013
Мислења
13
Поени од реакции
12
17. Девојките од Ријад - Раџат Алсанеа

Ова е книга од која може да се долови како живеат девојките во Саудиска Арабија. Се раскажуваат животите на четири девојки, сите различни со различни желби и судбини. Иако критичарите ја нарекуваат Сексост и градот во арапски стил, книгава всушност е нешто друго, според мене. Ја доживеав на поинакво ниво, а можам да кажам дека на некој начин ми е интересна и инспиративна.

18. Петтото дете - Дорис Лесинг

Книга која ќе ве наежи, тоа е Петтото дете. Се работи за брачен пар кој сака да основа големо и среќно семејство. Хариет и Дејвид купуваат огромна куќа во која може да собере 50 луѓе, а за време на празниците, роднините и пријателите најмногу сакаат да ги посетуваат и кај нив да седат со месеци на гости. И така едно по едно се раѓаат дечињата, секое убаво и интересно на свој начин. Но, за време на петтата бременост, Хариет чувствува дека нешто е поинакво, во неа расте поинакво суштество, со неверојатна сила. И кога конечно ќе се роди Бен, целиот семеен и брачен живот на ова семејство се менува.
Книгата има и продолжение, се вика Бен во светот, и сакам да ја читам. Инаку, Петтото дете е многу добра книга.

19. Патеката на сетилата - Неџма

Додека ја читав книгава, добро се забавував бидејќи е напишана во одличен стил и со добар хумор. Кога е доведена во прашање невиноста на една девојка тогаш има многу работи кои ја спречуваат да биде среќна во домот на сопругот. Барем тоа е случај со оваа девојка која полека ќе биде воведена во тајниот свет на сексот преку водството на Зубида, жена која се омажила многу млада и избегала од сопругот кој ја тепал и се изживувал над неа. Зубида прави се и сешто за да и покаже на својата штитеничка колку е важно уживањето во сексот и љубовта.

20. Венчавка со Буда - Веј Хуј

Бидејќи станува збор за авторка која пишува еротска литература, очекував малку повеќе секс во книгата, но искрено многу ме задоволи и тоа што го прочитав. Така, решив веќе да немам однапред направени мислења за некои автори и нивните книги.
Венчавка со Буда има многу добра психолошка приказна, проткаена со мудрост и искреност. Посебно многу ми се допадна тоа што може доста да се научи за кинеската и јапонската култура.
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
После многу долга пауза во читање книги, конечно да постирам на нишкава. Иако тргнав амбициозно и летово се стокмив да читам многу книги, сепак очигледно работа во Германија и читање книги не одело. Само една книга прочитав за целиот престој и тоа на враќање во автобус. Останатите ми беа откако дојдов.

22. Славејот - Моргана Галовеј (417 стр.)

Интересен роман во кој се говори за животот во повоен Ирак, присуството на Американците и растењето покрај постојаното насилство, убиства и напади. Лејла ал-Гани, девојка од Мосул, која има желба да биде лекар и да се запише на Универзитет, е главниот лик во романот. Пораснала во богато семејство, но по падот на режимот на Садам Хусеин, татко и се менува целосно и станува ултраконзервативен, вмешувајќи се во секташките насилства кои се случуваат во Ирак. Во меѓувреме, Лејла се вработува во американската база како преведувач и асистент во лечењето на пациентите.

23. Херои и гробови - Ернесто Сабато (662 стр.)

Книгава е од Табернакул и е одлично преведена, а воедно морам да кажам дека не станува за обичен роман, туку заплеткана приказна, која се раскажува од повеќе личности, и за која е потребно време да ја сфатиш. Малку е тешка за читање, но сепак станува збор за книга во која е испреплетена историјата на Аргентина (за која немав толку читано), љубовта на Мартин кон Алехандра и неговите состаноци со Бруно, неговиот најдобар пријател. Дејствието се одвива низ Буенос Аирес и на одличен начин го опишува градот и луѓето низ него.

24. После мракот - Сидни Шелдон (293 стр.)

Како сите романи на Шелдон, многу описи, интересна приказна, која те вовлекува да го читаш романот во еден здив, бидејќи во прологот се говори за нешто што се случило подоцна, додека после дознаваш како дошло до тоа, а подоцна и што се случува потоа. Станува збор за брачниот пар Брукстејн, кои во еден момент имаат се, но во следниот сопругот загинува во „несреќа“ на море, а неговата сопруга е обвинета за исчезнувањето на сите пари од неговата фирма. Интересно е дека времето на случување на настаните во книгата е прилагодено на новата криза и таму се споменуваат пропаѓањето на некои познати американски банки.

25. Run for Your Life - James Patterson (373 стр.)

Уште еден класичен роман на Џејмс Патерсон. Навистина пишува одлични книги, но оваа малку ме разочара, бидејќи немаше никакви изненадувачки моменти, дури читајќи веќе знаев што следува следно, па некако на моменти ми стана досадна. Приказната е следна: детективот Мајк Бенет се соочува со масовниот убиец кој се јавува во Њујорк и за кој немаат никакви информации, дури ни тоа како изгледа, а во меѓувреме се повеќе има притисок од сите страни за негово фаќање.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
25. Вештица - Венко Андоновски

Покрај совршеноста на романот која нема да ја коментирам (и така доволно долго чекав за да ја прочитам) најмногу ме воодушеви таа детската невиност на Папа и Јована, поради што и сите солзи си ги оставив на цитатов.
Не плачи, Папа, те молам, не плачи: ветувам дека ќе ти се јавувам, пред секое невреме ќе ти се јавувам, Папа; ќе ми ја гледаш душата како ми светка во облаците; и како виножито ќе ти се јавувам, како три виножита, не како едно; и како твоите облаци од детството ќе ти се јавувам, во вечна мена и промена, и како ветер ќе ти се јавувам, како пеперуга, пепел од ветер што засекогаш заминал, писмо вечно живо и љубовно ќе ти пишувам со лисја есенски, кога ќе ги поземам и ќе дувнам; шшшшшшшшш!; и на трепките ќе ти спијам без да ме сетиш, и не лути се што нема да ме сетиш Папа, оти не ќе сакам да те будам, додека спиеш уморен од твоите книги и ме сонуваш; и како риба ќе ти се јавувам, со полна утроба твои деца, неродени; и како самовилско коњче што во мигот ја сокрило вечноста, животот во еден ден го заробило; и како „ж“ и „ш“ во устите на другите лични девојки ќе ти се јавувам, сигурно ќе ме препознаваш, Папа, како жар во огништето; ќе ме гледаш, Папа, како жива жар, кога ќе бидеш стар и седокос, седнат крај огнот во некој манастир, ќе ти се јавувам и како сенка твоја Папа, верувам дека ќе ти се јавувам, само ако ме повикаш и ако уште ме сакаш; и како црно јагне ќе ти блеам, и како румена калинка донесена од југот ќе ти се јавувам, ќе ми се насладуваш Папа, не плачи Папа, ние бевме среќни и сега нека не изгорат, тие ништо друго и незнаат освен да ги горат среќните, оти им завидуваат, и сите учени закони и сите светски судови и сите судиски перики и чекани, сите униформи и чинови, сите брачни договори се смислени само за да им се забрани на двајца да си палат оган по телата и во срцето, да си ги скокоткаат душите во слатки пламења, затоа се смислени сите тие гадости, за да се прогони огнот од нашите животи и да се внесе ред, вода што се командува според саканата форма на посатката, затоа не плачи Папа, ние се сакавме, ние изживеавме се' во еден месечев живот, во дваесет и осум круга на земјата околу сонцето; ние сами се запаливме, се претворивме во оган, Папа: па ти ми палеше веќе слатки пламења на слабината, по вратот, по бедрата, во утробата, утробата со бакнеж и врели жигови ми ја отпечати и ми ја запечати, ме топеше како старо златко и ме лееше во камбана, па сум горела до сега стопати со тебе Папа...

26. Принцезата во Сенка - Инду Сундаресан

Третиот дел од сагата на Сундаресан за the magnificent Taj Mahal. Првата дела се Дваесеттата сопруга и Празникот на розите. Никогаш нема да ми здосади оваа приказна.

27. Смешни љубови - Милан Кундера
28. Идентитет - Милан Кундера

Овде нема промашај (y)

29. The perks of being a wallflower - Steven Chbosky

Wallflower (noun)- a shy or retiring person who remains unnoticed at social events, especially a woman without a dance partner

Филмот излезе доста популарен, а до душа онака немаше ни да знам дека постои книгава. Ако сте се пронашле во приказната не оставајте се само на филмот, читнете ја и книгата. :)
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
26. Формула на алхемичарот - Скот Маријани (385 стр.)

Обичен трилер, во кој агентот Бен Хоуп е специјализиран за спасување на исчезнати деца, но одеднаш добива малку поинаква понуда. Понудата го вплеткува во низа настани, обидувајќи се да ги најде списите на стар алхемичар. Дејствието воглавно се одвива во Франција, каде агентот се сретнува со научникот Роберта Рајдер. Во книгава се споменуваат работи и од други книги, па така повторно се говори за богатството на Катарите, Светиот грал, итн., кој читал вакви книги ќе му биде веќе познато. Се на се, просечна книга.

27. Бернхард Шлинк - Гордиевата врвка (271 стр.)

Одлична книга и прилично добра за читање. Георг Полгер, поранешен адвокат од Карлсруе, почнува да работи како преведувач во мало гратче на францускиот југ. Влегува во финансиски проблеми, се додека не добие понуда од ново преведувачко биро, со кои заработува многу пари и исто така се здобива со силни и многубројни непријатели. Се говори за неоткажувањето од љубовта и барањето да се истера правда по секоја цена, иако за тоа немаме ни малку информации.

28. Француски роман - Фредерик Бегбеде (225 стр.)

Автобиографски роман за авторот. Интересна книга, доста необично, во која авторот започнува да објаснува дека мотивот за пишување на книгата е неговата амнезија на детството, за која подоцна се увидува дека сепак се сеќава на доста работи од него, а притоа сите овие идеи му дошле при престојот во притвор поради употреба на кокаин на отворен простор. Пресек за животот во Франција по Втората светска војна, книгите и филмовите од тоа време, секојдневниот живот на авторот, натпреварот со неговиот брат.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.717
Поени од реакции
13.426
Триефче. Колку да сум без ич.

Сериозно, 30 ако пројдат топ. 40 још боље. Ама да не си праам бајрам со умот, читам за релаксација, не за бројка. Како и да е, оваа година повеќе на класиците и култните книги ќе се осврнам. можда понекој лесен роман измеѓу. Ама толку.
Сум прифатил предизвиков ама не сум си го стаил алатот на мерење. Цццц... shame on me.
Заборавив да пишам тука па ќе идеме дел по дел. Според Good reads иначе се ближам на 30ката, па кај и да е и тукашниов предизвик ќе биде комплетиран.
Некои од книгите нема да можам да дадам точна рецензија пошо памтењето не ме служи нај нај, но ќе пробам некако да скоцкам се` на едно место.

1.Оксфордски убиства - Гилермо Мартинез. Класичен трилер, ко оние филмовите од доцни 80ти и рани 90ти, тип доаѓа во некој град, запознава луѓе, се дешава таксират, па заплет, па перипетии, па мајндфак. Интересно како и да е, иако јас сум си учен од Шерлок, па и мајндфакот не беше прејак. Ама кој чита трилери, нека го чита.

Група македонски подпросечни писатели

2. Приказни од Мјаукедонија - Џамбаз.
Тапа. Од сите 3, алкохоличарската му е интересна, другото е пљампање и тепање празна слама.
3. Спектатор - Жарко Кујунџиски. Сплет на приказни, една со друга поврзани (ми се чини. Тоа што не го сакав е онаа класична црнина како во македонските филмови. Секс и (само)убиства. Ништо повеќе.
4. Крај Пат - Игор Ангелков
Почнува доста интересно и лесно романче, очекував ќе продолжи нешто во стилот на Керуак или филмот Into the wild, Кога кај втората третина забега во нелогичности и тропање мисли без врска.


Се враќаме назад сеа.
5. Тунел - Ернесто Сабато. Трилер со тро ексцентрични испади. Добра книга но мора да кажам најмногу поради личните побуди и пронаоѓања во неа. Типот као имал невозвратена љубов, па пробува да израмнува сметки. Не личи толку класично колку што ја спомнав. Има подлабоја психолошка нишка.

6. Катедралата на морето - Ернесто Сабато (препрочитана од прошлиот пат)
Класична животна приказна на еден лик во и пред времето на инквизицијата. Историска лесно соџваклива фикција, слично на Шевалие, се консумира брзо иако е пообемна.

7. Падот на Константинопол - Стивен Рансиман.
Историска. А под тој поим подразбирам на непостоење на филтивни ликови, туку едноставно „сувопарно“ раслажување на историски факти. Почетокот е правењето на паралела помеѓу Византијската и Османската култура како подоцна нивниот судир со помош на сојузниците од Западот - особено Венеција.

8. Гулабот - Патрик Зискинд. Книжуле од 60тина страни иако така наивно делува, во него има скоцкано интересна прикаска. Пошо работам по дедуктивен метод, а самата книга од поглавје до поглавје е поврзана како слагалица (види ја “љубов со мали букви“ - Мираљез Франсеск) нуди од една состојба како човекот се трансформира во сосема друга.

9 Емаус - Алесандро Барико
Би пишал многу за оваа книга да бев пред 5 месеци тука, иако сеуште имам сегменти останато од меморијата. Барико и тука се докажа дека е ѕвер. Приказнава потегнува сличности како онаа во филмот Малена, само тука се работи за една група момчиња врсници кои живеат во гратче и нивните животни приказни пред и откако ќе ја запознаат Андреа.

10. Разговор со Спиноза - Гоце Смилевски.
Реков погоре за потпросечните писатели и нивните маани дека најчесто се или преголемата недостижност кон публиката илл плиткоста, или превише тупење околу нешто навистина непотребно. Гоце итекако се издвојува од нив. Неговата мисла едноставно тече. И тоа посекако не толку плитко. Во оваа книга повеќе се осврнува кон егото како рефлексија на животот на Спиноза, како и тоа човекот како еволуира во текот на животот и како неговите цели се менуваат (во погрешно време на погрешно место за жал). Зошто Гоце е надвор од новокомпонованиве подпросеци? Затоа што тоа го прави едноставно но длабоко. Не го може секој тоа. Некој ќе пише животна приказна но таа се гледа исклучиво од страната на писателот. Овде секој може да се вклопи во приказната. Јас би ја ставил како топ 3 прочитани за оваа година.


Група на книги со дистописки (Научнофантастички) карактер.

11. I robot - Asimov. Мислиш дека е филмот а уствати е 10 пати подобро нешто. Компарација помеѓу човекот и машината како и стремежот истиот тој човек да ја направи машината во - човек.

12. Lord of the flies - William Golding

Состојбата кога треба да се бориш за опстанок, организација, контрапланови, деградација... Кога би се спасил целиот брод на робинсон Крусо и би се нашол на пуст остров. Значи тука покажува колку човекот всушност зависи од толпата.

13. Brave new world - Aldous Huxley
Орвел пред втора светска војна. Генијално напишано со доза на хумор и потсмев за едно идеално општество каде мирот е воведен под толкава пресија на психотропски супстанци, психолошки манипулативни третмани, објаснувајќи дека секој е различен но сите мораат да живеат во една заедница - мирот на светот. И на крај, дали е тоа навистина мир?

Толку од дистопија

14. Триумфална Капија - Ремарк
Филозофијата на слободниот човек - човекот кој не припаѓа никому.
Животна приказна за еден бегалец помеѓу двете војни кој ќе прави илегални операции, со лажен идентитет, во свет кој порано би го сметале за најголем тиранин. Интересна филозофска приказна за човековата индивидуа, теоретската слика на слободата, колку навиките и љубовта кон другиот пол може таквата слобода да ни влијае.... Ова е мислам втората книга во топ 3 што ги имам прочитано годинава.

To be concluded...
 
Член од
17 октомври 2013
Мислења
887
Поени од реакции
1.877
Чарлс Буковски - Жени.
Многу луѓе ми ја имаат препорачано меѓутоа никако да се најде добар превод за книгава. Кога би ја нашла мислам дека би ја прочитала во еден здив!
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.717
Поени од реакции
13.426
Concluding...

15. Новела за сонот - Артур Шницлер (или последниот филм на Кјубрик)
Чудна книга, иако нетолку комплексна како што Кјубрик би можел да направи филмувана верзија). Описот на љубовта во невозможно страни ситуации, колку пожртвуваноста се поистоветува со љубовта, истотака и затресканоста. Повеќе паралели во повеќ дадени сутиации, кај повеќе ликови, но еден централен.

16. Мирис жене - Џовани Арпино (мислиш на Ал пачино но не е)
Претходник на филмот со слична конотација, во Италија. Двајца војници, едниот е инвалид, другиот помлад и неискусен му помага за да заработи некој денар. Приказната се отклопчува со мислата - кој кого води? Животни лекции еден куп, ја @Sussaro го читаш, ка книгата, исто е.

17. How to be an alien - George Mikes
Книжуле од 50тина страни на комични состојби во британскиот хумор. Ова не би требало да се сфати како оние книги за самопомош, туку повеќе да се гледа комичната страна на истото.

18. A clockwork orange - Anthony Burgess
Култна книга. Ликовите на денешницата, море на секогашницата, загубени во младоста и негативноста во која се израснати. Но дали таа негативност би ја вреднувале баш така? Што кога таа негативност би не` научила да бидеме подобри луѓе во иднина? Токму во оваа книга се покажува тоа, колку доброто може да влијае лошо онолку колку и лошото - добро. Истотака компилацијата на "nadsat" english ја прави повеќе занимлива книгата - taken that е пишувана за време на ладната војна.
Horror-show - харошо на руски.
Според мене е една од култните книги заедно со Catcher in the rye и 1984.

19. The Perks of being a Wallflower - Steven Chbosky.
Единствена книга што имав живци да ја исчитам во дигитална верзија - благодарејќи на филмот што сум голем обожавател. Приказната е стандард, но збогатена е со доста поука во тие мали редови. We accept the love we think we deserve. Честопати ова е тој камен кој повеќето млади денес многу слабо го погледнуваат и остануваат сопнувани од љубовта. Не ја раскажувам иако има сличности со филмот, но има и додадени делови кои филмот не може да ги пренесе преку перспектива на еден човек.

20. Victory of the West - The great christian-muslim clash at the battle of Lepanto - Niccolo Capponi
Пак историска книга. Овој пат одиме 120 години по Падор на Константинопол, во грчкиот дел на медитеранот, поточно за битката кој ќе и пресуди ја судбината на Европа: Разнебитените кралства во Европа или Моќната отоманска империја. Историска книга полна со факти, расправии околу културите помеѓу истокот и западот, нивните влијанија... стандард.

21. Сентиментална повјест Британског царства - Борисав Пекиќ
Кој нема читнато ништо за британска историја нек не ја почнува книгава. Ова е еден вид на сплет помеѓу комичната страна на Пекиќ и историографијата на британија. Хумор на нивоу.

Доза на Милан Кундера

22. Идентитет. Книгава ми е од поодамна читана така да тука памтењето може да ме залаже. Исто така и кога некој идентитет го запознаеме, го засакаме и кога истиот станува дел од нашиот живот, нашите навики. Навиките кои ја уништуваат рефлексијата на сопствениот идентитет.

23. Шала (на српски)... (или па што ќе беше да беше)
Што кога некогаш во ситуација на хедонистички мисли кон љубената, на шега случајно ви излетаат неколку зборови кои би ви ја пресудиле иднината?

24. Смешни љубови (или повеќе состојби на љубов, како и суштини за нејзино постоење)
Неколку комични прикази помеѓу заљубени парови, со различна постава, сосема различни расплети, како и толкувањето на љубовта од другата страна.

Збор два за писанијава и за писателот. Очигледно е колку човекот се труди да ги прикаже сите страни на нешто највозвишено во човековиот живот - љубовта. Тоа тој го прави маестрално, без да придава големо значење и украси на самите ликови, туку едноставно за него љубовта - постои.
По реална слика немам досега прочитано што се работи за оваква тематика.


25. На пат - Џек Кероуек.
Книга за патување, со патување, на патување. Згоди и незгоди на една тајфа млади, со акцент на главниот лик, патување, слобода, живот док си млад... И потоа суровата реалност кога сето тоа станува секојдневие и навика.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom