- Член од
- 6 јануари 2011
- Мислења
- 1.059
- Поени од реакции
- 2.684
18. Пророштвото на Романови - Стив Бери
Настрана од тоа што романот има историска подлога, претставува супер трилер и затоа прво е препорака за љубителите на трилери, а потоа за љубителите на историските романи.
Бидејќи поголемиот дел од романот е плод на фантазијата на самиот автор јас ќе напишам само за оние факти што се сметаат за валидни и веродостојни за семејството Романови, а што се нели појдовна точка од која се развила книгата.
Она што ја прави возбудлива и впечатлива приказната за последниот руски цар можеби е трагичниот крај што го снашло семјеството, односно извршениот масакр на 16 јули 1918 во Екатеринбург кога семејството било разбудено среде ноќ под изговор дека треба да пребегнат повторно, а претходно да се направи нивна групна слика. Откако е направена таа последна слика стражарите ги извадиле пиштолите и пукале во семејството. Кога во 1991 биле ексхумирани посмртните останки и кога било забележано дека фалат две тела, почнуваат тие conspiracy theoris за можноста некој од царското семејство да го преживеал масакрот, па многубројните документарни филмови, популарната Ана Андерсон која тврдела дека е Анастасија итн. И уште на ова се додаваат пророштвата на Распутин, човекот кој благодарение на царицата Александра која имала неизмерна доверба во него, уживал во привилегиите на царскиот двор.
Идејата на книгата е тоа да се најдат преживеаните Алексеј и Анастасија, односно нивните потомци, за да се вратат повторно на престолот и да се обнови монархијата во Русија. Супер смислена приказна.