Книжевен предизвик во 2013

Challenge ACCEPTED - Difficulty level

  • easy - 30 книги

    Гласови: 46 52,3%
  • normal - 40 книги

    Гласови: 15 17,0%
  • hard core - 50 книги

    Гласови: 27 30,7%

  • Вкупно гласачи
    88
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
14. Дневникот на Сузана за Николас - Џејмс Патерсон (236 стр.)

Поради се послабиот избор во библиотека најдов две книги на Патерсон, мислејќи слични на последните романи, малку сум се излажал, ама сепак не беа до толку лоши. Имено, се работи за роман во кој се вметнати делови на дневник кој е напишан од Сузана за нејзиното дете Николас, во кој му го опишува својот живот на својот син. Дневникот го чита Кети, заљубена во Мет (поранешен маж и татко на Сузана и Николас), која го добива како објаснување зашто ја напуштил по нивната кратка врска.

15. Death in the Clouds (Смртта во облаците) - Агата Кристи

Што да се каже за уште едно спектакуларно дело од Кристи во која главен збор во има познатиот детектив Поаро. Се случува убиство во авион, во кој како патник се наоѓа и самиот Поаро, но бидејќи спиел за време на летот нема прегледна ситуација како се случило самото убиство. Многу претпоставки, повеќемина можни убијци, но на самиот крај сепак излегува тој во кој најмалку или пак воопшто не си помислил.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1. Како без тебе - Гијом Мисо
2. Затоа што те љубам - Гијом Мисо
3. Дали ме чекаш - Гијом Мисо
4. Врати ми се - Гијом Мисо
5. А потоа - Гијом Мисо
6. Ако го дочекам утрото - Сидни Шелдон
7. Додека ѕвездите блескаат - Сидни Шелдон
8. Гневот на ангелите - Сидни Шелдон
9. Утро, пладне и ноќ - Сидни Шелдон
10. Децата на ѓаволот - Дитас
11. Триумфална капија - Ерих Марија Ремарх
12. Крвна врска - Сидни Шелдон
13. Девствено сино - Трејси Шевалие
14. Жена во пеок - Абе Кобо
15. Вештица - Венко Андоновски
16. Странец во огледалото - Сидни Шелдон

Пола книга ја преспав. Таман почнаа напнатоста, еуфоријата и возбудата ко наострени сатари да го милуваат дејствието, заврши :(

17. Ловец на Змејови - Халед Хосеини

Книгава успеа да ме насолзи, филмот не. Книгава успеа да ми ги врати спомените, "гревовите", безгрижните дни од детството, палавоста на облаците и долгите денови со многу џагор и ајвар- насмевки, без урбани мафиози кои ги поганат улиците.

Хосеини со неверојатна топлина ја раскажува книгата, така што неговите обични зборови продираат
длабоко во твојата душа, правејќи отвори низ кој ѕирка дневната светлина и присутност на пелин од вкусот на војната.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Малце одмарав па ете ме назад

13. Патот за дома - Едвокија Фотева- Вера

Приказна за авторката - учесник во граѓанската војна на Грција. Второ нејзино дело во кое ја опишува посетата на нејзиното родно место. Интересна книга друго немам што да раскажам. Не е голема 121 страна ви ја препорачувам.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.943
Поени од реакции
37.179
01./30. ЛАВОТ, ВЕШТЕРКАТА И ОРМАНОТ - КЛАЈВ СТАПЛС ЛУИС (АЕА Издавачи, 2005)
02./30. ПРИНЦОТ КАСПИЈАН - КЛАЈВ СТАПЛС ЛУИС (АЕА Издавачи, 2006)
03./30. ПАТЕШЕСТВИЕТО НА „МУГРА“ - КЛАЈВ СТАПЛС ЛУИС (АЕА Издавачи, 2006)
Заостанав, знам. Но не се откажувам ;) Се откажуваат само оние кои се слаби и не сакаат да продолжат. Третото патешествие од Хрониките на Нарнија е воедно најдосадното до сега. Го следи второто враќање на двете најмлади деца од Певенсиевите - Луси и Едмонд во Нарнија, околу три години по случувањата во Принцот Каспијан (по нарнијско време, секако). Принцот Каспијан е сега Крал Каспијан X, кој предводи поморска експедиција кон источниот раб на светот (следствено - и кон земјата на Аслан, т.е. - патување кон Исус ;) ) на кое магично ќе му се придружат двајцата Певенсиеви и нивниот досаден братучед Јустис Скраб. Причината за патувањето е Кралот Каспијан да ги најде лордовите - лојални на неговиот татко кои биле протерани од Мираз за време на неговото владеење. Дејствата кои се нижат се неповрзани едно со друго, единствено ги спојува бродот Мугра, па затоа можеби и ја оквалификував книгава како најдосадна до сега. Секако, не изостанува христијанската симболика - особено спиритуалното. Највоочливи се темите на крштевањето, воскресението (повторно), и спиритуалното патување на еден христијанин, т.е. со какви се не препреки се соочува еден христијанин за да стигне до небото (Исток), до Бога (Аслан), до вечноста (работ на светот)... Не смее да се пропушти, ако како мене сте решени да ги прочитате сите книги од Нарнија циклусот. Инаку - слободно прескокнете ја ;)
 
Член од
22 февруари 2013
Мислења
13
Поени од реакции
12
8. Деловна придружба - Џенет Енџел

Книга која целосно ги разоткрива мажите и нивните потреби од физичка и психичка потреба да имаат секс со платени девојки, во случајов девојки за деловна придружба. Книгата е напишана како мемоари раскажани од професорка на колеџ која навечер работи како девојка за деловна придружба. Можам да кажам дека раскажувањето е со лесен стил, книгата брзо се чита бидејќи е интересна и од женска гледна точка го дава одговорот на прашањето што жените најчесто си го поставуваат, а тоа е : Зошто мажите се палат на курви или поточно, зошто мажите плаќаат за секс?
Одговорот може да се добие од различни перспективи, така што нема да го откријам :).

9. Да можеш сега да ме видиш - Сесилија Ахерн

Кога почнав да ја читам, мислев дека станува збор за книга што ја разработува детската психа, бидејќи се работи за невидлив пријател кој само децата го гледаат. Но, кога и главниот лик почна да го гледа „невидливото“, а станува збор за млада жена која се грижи за внукот, сфатив дека тематиката е многу подлабока отколку што мислев.
Да, има моменти кога човек се чувствува невидлив и мислам дека нема ништо полошо од тоа да си жив и здрав, а луѓето да се однесуваат кон тебе како да не постоиш. Тука мислам кога те сфаќаат здраво за готово.
Е, девојкава нема пријатели, нема љубов, нема приватен живот, има само работа, дом и дете кое не е нејзино, туку на сестра и. Таа не знае да сака, не знае да се смее, не знае да искажува нежни чувства кон внукот, строга е и не дава никој да и се доближи. И невидливиот пријател не е за внукот, туку станува пријател на неговата тетка. Таа се здружува со него на пријателски начин, отпрвин нежно, бавно, романтично и на крајот се вљубува. На површина излегува нејзиниот копнеж за вистински, реален живот и вистински пријателства, а монотонијата, постојаното мрчење и напорното молчење остануваат зад неа. Ова е одлична книга за пријателството и љубовта.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
14. Ова личи на крај - Џулијан Барнс

Добитникот на Букеровата награда за 2011 година, романот на познатата писателка Џулијан Барнс. Една неверојатно привлечна приказна за еден маж кој со сета сила се труди да се помири со своето минато. Но тоа изгледа нема да му успее, неговите пријатели од детството се враќат за да се одмаздат. Ова е одличен роман, ми го препорача еден другар да го прочитам јас со задоволство прифатиф. Во слободно време можете да го прочитате, 350 денари е за тие што сакаат да го купат, јас планирам во скоро време.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
14. Приказни за обичното лудило - Чарлс Буковски
15. Фактотум - Чарлс Буковски

Имам читано и порано нешто од Буковски и нема да го оспорам тоа дека како прво е уникатен и второ и покрај присутноста на тоа вулгарното всушност многу се дознава и се учи од неговите навидум обични случки од секојдневниот живот. Хенк Кинаски е интересен лик, од тоа што читав за биографијата на Буковски знам дека живеел тежок живот и бил малтретиран од неговиот татко и го почитувам како автор, океј, но искрено не сум којзнае колку воодушевена. Дополнително ме нервира и тоа кога ќе видам како некои апла фраеришта кои вртат женски и се пијанчат секој викенд ќе стават некоја слика од него и одма рипаат дека им бил идол и слично. Луѓе, Буковски не е само секс и виски. Паралелно додека ги читав книгите читнав и од неговата поезија и ми се многу повеќе допаѓа.

16. Sundays at Tiffany's - James Patterson

Chick lit, а ја прочиташ неа, а изгледаш некоја романтика исто ти се фаќа. Приказната е всушност за едно девојче кое има имагинарен пријател кој само таа може да го виде. Тој е задолжен да ја чува до нејзината 9 година. После 20 години тие се среќаат повторно само што тој повеќе не е имагинарен туку постои како човек и сите можат да го видат.

17. Уметноста на љубовта - Ерих Фром

Филозофско четиво. И фала богу не е книга за самопомош која ќе ти каже како во 10 чекори во рок од еден месец да научиш што е љубовта.
Нема да ја прокоментирам бидејќи во зависност од нивото на зрелост секој различно ќе си ја протолкува и ќе си ја сфати.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
15. Фудбалот во Прилеп - Веселин Тофоски ( III издание )

Книга за фудблот во Прилеп, дело на Веселин Тофоски како се одвивал фудбалот во Прилеп во период од 1959 до 1992 година. Најмногу во книгата на Тофоски се пишува на оние, добри моменти на Победа кога настапула во втората лига и играла важни натпревари. Ова е инаку третото издание на книгата. Во првото е испишано за периодот од 1919 па се до почетокот на првата светска војна, во второто издание е опфатен периодот од 1941 па до 1959, и ете во третото издание од 1959 до 1992. Постигнати резултати, играчите, тренерите, слики од фудбалски натпревари на Победа и многу друго.
 
Член од
23 април 2013
Мислења
45
Поени од реакции
73
1. Ангели и демони - Ден Браун
2. Кодот на Да Винчи - Ден Браун
3. Вештица - Венко Андоновски

Со првата сум при крај ,(y)
Ми се допаѓаат деталните описи на Браун , ќе продолжам да го читам.

Вештица е книга која би сакал јас да ја напишев - Петре М. Андреевски
. Доволно е.
 
Член од
31 мај 2012
Мислења
228
Поени од реакции
145
1.Последниот чај - Винка Саздова
2.Антихрист - Фридрих Ниче
3.Уметноста на љубовта - Ерих Фром
4.Ангелски повик - Гијом Мисо
5.Таблета против стравот- Андреј Курпатов
6.Можеш ако веруваш дека можеш - Норман Винсент Пил
7.Што би правел јас без тебе? - Гијом Мисо
8.Затоа што те љубам - Гијом Мисо
9.А потоа - Гијом Мисо
10.Дали ме чекаш? - Гијом Мисо
11. Јади, моли се, уживај - Елизабет Гилберт
12. Паметни жени, погрешни избори - Д-р Корнел Коуен и д-р Мелвин Киндер
+13. Писмото на госпоѓа Вилма - Јелена Бачиќ Алимпиќ.
Тргнав со намера да ја купам Рингишпил од истава авторка, но немаше останато, па ми ја препорачаа погоренапишаната. Се работи за професор по книжевност чинам беше на еден голем универзитет од Северна Калифорнија кој што раскажува за неговиот живот. Со татко му никогаш не биле блиски и нивниот однос никогаш не бил вистински како што би требало да биде. Од некои причини ни татко му, ниту па мајка му не му кажуваат за неговото вистинско потекло, па така Артур му е многу лут на татко му што долго време ништо му нема откриено, а смета дека има право да знае за да може на неговите поколенија да раскажува од каде потекнува. Му се случува сообракајќа и раскажува како изгубил контрола додека возел поради лутината што ја чувствувал. Има жена и дете, а на пат му е вторто дете. После закрепнувањето конечно разговара со татко му кој ќе му открие дека ако сака да дознае нешто повеќе за неговото потелко ќе мора да патува до Србија каде што има братучеда која била ќерка на чичко му која ќе му објасни се подетално. Писмото на баба му го чита за време на неговиот престој и ги открива семејните тајни. Покрај другите работи што ги спомнува Вилма прави грешка и свесно раскажува за неа во писмото, се заљубува во човекот каде што ќе работи, па двајцата ги изневеруваат сопружниците, но кога ќе дознае дека е бремена од него, за доброто на целото семејство ќе испие отров и ќе се самоубие. Има уште многу работи и детали кои не ги спомнав, но една од нив е дека татко му на Артур ќе се омажи со ќерката на човекот со кој мајка му го изневерувала неговиот татко. Прво заради одмазда, но после тоа ќе се вљуби во неа вистински, но нивниот брак е жив само заради Артур. Читајќи го писмото на Артур многу работи и семејни тајни ќе му станат јасни и конечно ќе го најде одговорот на сите прашања кои го интересирале.
Најубав цитат од цела книга: Секое семејство крие свои тајни. Но, некои од нив, подобро е да останат закопани засекогаш.
14. Ејми ја нема - Џилијан Флин

Прекрасен псхилошки трилер кој навистина ме остави без зборови. Нема шанси да почнеш да ја читаш и да ја оставиш, се чита во еден здив! До првиот дел се случуваат многу интересни работи прикажани преку дневникот на Ејми и деновите кога ја нема прераскажни од нејзиниот маж. После во вториот дел се случува пресврт кој најмалку ќе го очекуваш. Неочекуваните пресврти ми се многу интересни и даваат желба за да читаш понатаму и да го одгнатеш завршетокот. Си правиш претпоставки, ама ниедна не се испоставува како точна зошто авторот има смислено баш зезнато сценарио да го речам. Во третиот дел се дознава вистината, но и покрај се, книгата има среќен крај. Не откривам ништо повеќе, дефинитвно ја препорачувам. Кој сака интригантнност и големи пресвртници нема да згреши.
 
Член од
23 јули 2012
Мислења
23
Поени од реакции
6
16/50. Ниче Димовски - Најголемата вистинита тајна на светот
17/50. Синда Бирн - Тајна

Накратко, и двете книги имаат иста тематика - моќта на мислата т.е. законот за привлечност (нанодијанетика). Морам да кажам дека ми е многу драго што имаме еден автор како Ниче Димовски, кој прв се охрабри да проговори за законот за привлечност, пишувајќи го тоа на многу едноставен начин за да можат да го разберат сите.

18/50. А. Маријанис -Апокалипса од А до Ш

Се дадени сите теории според кои би можело да дојде крај на сето она што го знаеме, почнувајќи од пророштва на древни цивилизации па се до некои јасновидци како Нострадамус, Баба Ванѓа и др. Како против тежа на овие теории се дава научно мислење за сите претпоставки како на пример за : Планетата x, космичко влијание и ткн. Но најголем дел од книгата е посветена на езотерични учења за сите овие настани.

19/50. Џејмс Ролинс - Храмот на инките

Група археолози студенти наидуваат на огромно откритие - древна пирамида на Инките. Но поради алчноста за златото кое е скриено во внатрешноста на пирамидата на најмените работници, и сакајки да го украдат, предизвикуваат рушење на пирамидата оставајќи ги студентите заробени во внатрешноста на пирамидата во потполен мрак да се справуваат со сите стапици поставени за да се заштити тајната скриена во пирамидата. Совладувајќи ја првата стапица влегуваат во систем од тунели, притоа наидувајќи на неверојатни нешта за кои ни во лудило не би претпоставле дека постојат....
Прекрасна афантуристичка книга... (ах да се најде некој да сними филм според неа...а можеби и постои кој знае)
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
16. Писмата на Саманта за Џенифер - Џејмс Патерсон (192 стр.)

Како што може да се заклучи и од насловот, во романот се застапени и писма, кои ги пишува Сем, бабата на Џенифер, која неочекувано ќе добие удар и ќе заврши во кома. Во тие моменти, Џенифер ги пронаоѓа овие писма, кои баба и ги пишувала за нејзе и во кои и ја раскажува нејзината вистинска животна приказна, за која Џенифер не знаела ништо до тој момент. Во текот на летото кое го поминува во гратчето на баба и се запознава со Брендон, со кого биле пријатели од детството, но во тие моменти ќе се развие нешто повеќе помеѓу нив двајца.

17. Царството на змејовите - Валерио Масимо Манфреди (413 стр.)

Прекрасна книга. Отсекогаш ми биле интересни историските книги, а фактот дека одамна немам начекано некоја ваква, навистина ми се погоди. Дејствието се одвива околу 260 година од нашата ера во тогашната Римска империја, која се соочува со закана од Персијците. При обид за постигнување на договор со нив, Римјаните ќе бидат измамени и ќе бидат заробени, а помеѓу заробениците ќе се најде и самиот император и десетмина други војници. Војниците и императорот ќе завршат во рудник, каде ќе бидат приморани да работат како робови. По неколку месеци принудна работа, сепак војниците успеваат да избегаат оттаму и тргнуваат на пат. Но наместо назад кон дома на запад, тие ќе тргнат на исток и ќе навлезат во тајните на Кина...
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
16. Мојата борба - Адолф Хитлер

Едно од најдобрите и пред се најконтроверзни дела во светот. Првиот том на оваа книга се појавил раната 1925 година во Германија (19 јули мислам дека е точниот датум). Германците ја нарекле „Библијата на Германскиот народ„. Според многумина светски личности книгата може да се нарече Библија но сатанистичка Библија. Во книгата е опишано како познатиот Хитлер се обидувал да го фаскификува својот сопствен живот.
 
M

Muranyi

Гостин
Третина од предизвикот досега,10/30 а можеби и ќе ги надминам сопствените очекувања.

1.Даниел Силва-Портрет на еден шпион;
2.Даниел Силва-Англискиот атентатор;
3.Џорџ Орвел-1984;
4.Карлос Кастанеда-Активната страна на бесконечноста;
5.Карл Саган,Ен Драјан-Сенките на заборавените предци;
6.Кејт Аткинсон-Историја на случаи;
7.Р. Даглас Вебер-Клучот на Соломон;
8.Фјодор М. Достоевски-Коцкар;
9.Гијом Мисо-Затоа што те љубам;
10.Николо Макијавели-Владетелот.
 
Член од
31 мај 2012
Мислења
228
Поени од реакции
145
15. Стаклено звоно - Силвија Плат
Очекував нешто повозбудливо и поинтересно, но не ги исполни моите очекувања за жал. Целата изобилува со психолошка нестабилност, најчесто прикажани се најслабите страни на самата писателка, нејзините обиди за самоубиство(сите преживеани успат) . Единствен роман на Силвија, кој е објавен непосредно пред нејзиното самоубивање во вистинскиот живот. Не би ја препорачала.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom