Книги што сте ги прочитале и коишто ви оставиле впечаток?

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
"Мартин Идн" - Џек Лондон

Ретко добра книга, ретко сеопфатна и ретко трогателна.
Сеопфатна во смисла на тоа дека обработува секакви поими... феноменот на издигнување од калта што може да го постигне една индивидуа откривајќи во себе можност за постигнувања и духовен развој, потрагата по знаење, потребата од увереност во сопствената моќ, потребата од споделување на своите мисли, осаменото страдање, упорноста, челичната волја, радоста на творењето, посветеноста, критичкото размислување, инвазија на умот од наметнатите општествени вкалапувања, едномисленоста на толпата, пронаоѓањето на своето место во светот, идеализираната љубов.
Ми стана омилен лик од книга, ако го тргнеме настрана застапувањето за ничеовски идеи кои се практично тешко изводливи, одењето на вечери кај луѓе што ги мрази и претераната увереност на крајот во смисла на откажување од нови можности во животот. Закон лик.
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Во најсвежо сеќавање - Папата Јована - ме натера да копам, да се интересирам на темата.. Ги ГОЛТНАВ 400 страни во една вечер.. Одкога ја продолжив - МОРАВ да ја дочитам.
Е сега ја читам - Невеста во Борџии - Како оди и се развива осеќам дека ќе биде следната што ќе ја фалам овде.. Па видечемо..
 

Rock Girl

Liber, libertas!
Член од
11 август 2007
Мислења
500
Поени од реакции
28
"Кланица Пет" од Курт Вонегат. Антивоена книга, испреплетена со делови од магичен реализам, мене навистина многу ми се допадна зошто баш во вистинско светло и на еден вид комичен начин, авторот ги претставува хорорите на војната (тој и самиот бил учесник во WWII) и како таа има влијание врз човековата личност подоцна.
 
Член од
27 јуни 2010
Мислења
55
Поени од реакции
2
A dali mozhe nekoj da mi preporaca nekoj pisatel shto se zanimava so pravni trileri?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.819
Поени од реакции
12.308
Елизабет Костова-Историчарка, краток опис од
http://www.kniga.com.mk/?pArtID=130&pDetail=Y
Три приказни, три периодa, три истории. Испреплетувајќи ги приказните, ликовите и животите, легендата и историјата, романот гради комплексно дејство низ кое треба да се движите како низ лавиринт: внимателно, претпазливо, не дозволувајќи да се изгубите, зашто замките се зад секој агол. Кога ќе стигнете до крајот на романот, иако изгледа како сè да се разјаснило, сепак ве очекува загатка. Под површината на расплетот се крие друга мисла. Прашањето: колку е злото навистина зло, а доброто добро? Дали е светот обоен во црно-бело или е палета од нијанси кои не можат да се раздвојат? Кој е вистинскиот Влад Дракула и навистина ли е толку крволичен како што нè учат легендите и историјата? Или има и уште нешто, некоја неоткриена страна од неговата личност? Движејќи се низ романот, низ замките и интригите, оваа книга докрај нè држи во напнатост, содржејќи ги сите елементи потребни за добра книга: одлична и докрај неизвесна приказна, до перфекционизам изградена фабула и на крајот, материјал за размислување
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Оскар Вајлд-Сликата на Дориан Греј
Достоевски-Злосторство и казна
Тургењев-Татковци и деца
Сингер-Магионичарот од Лублин
Венко Андоновски-Вештица,Папокот на светот
Халил Џибриан-Пророкот
Елизабет Абот-Историја на љубовничките
Петре.М.Андреевски-Небеска Тимјанова,Пиреј
Гордон.Р.Веинрајт-Говор тела
 
Член од
5 февруари 2010
Мислења
290
Поени од реакции
58
"Странецот" од А.Ками е една од книгите кои ми имаат оставено поголем впечаток. Причина за тоа е пораката која може да се извлече од романот - дека без разлика на се треба да бидеме способни да ја пронајдеме смислата на сопственото постоење и живеење, да бидеме силни, без молчење да се избориме против се она што ќе ни го донесе светот, бидејќи тишината некогаш е една од најголемите проклетства на кои може да наидеме во животот.
 

DreamCoder

По потрага на совршенство :)
Член од
15 ноември 2009
Мислења
77
Поени од реакции
9
Јас би ја истакнал Демијан - Херман Хесе ,која доста ми остави впечаток и ме приврза со емоциите дури ја читав.Се работи за Демијан ,тоа е неверојатен лик , различен од другите и има безпрекорен карактер.Интелигенцијата му е јака страна а во спротива ги прикажува прелеаните емоции кон сите.Знае да сака ,и тоа добро да сака и има голема самоконтрола.Така треба да изгледа еден лидер на човекот.Тие кои не ја знаат книгата ,нека ја прочитаат и нема да зажалат
 
Член од
23 септември 2010
Мислења
645
Поени од реакции
385
Јас би ја истакнал Демијан - Херман Хесе ,која доста ми остави впечаток и ме приврза со емоциите дури ја читав.Се работи за Демијан ,тоа е неверојатен лик , различен од другите и има безпрекорен карактер.Интелигенцијата му е јака страна а во спротива ги прикажува прелеаните емоции кон сите.Знае да сака ,и тоа добро да сака и има голема самоконтрола.Така треба да изгледа еден лидер на човекот.Тие кои не ја знаат книгата ,нека ја прочитаат и нема да зажалат
Моментално јас почнав да ја читам, од пуста досада почнав книги да читам сепак можеби досадата имала и добра страна....
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Метафизички ужас- Колаковски

Да биде јасно, книгата не ја порекнува метафизиката, туку баш зборува за ужасот кој таа го содржи во себе. Јас само ќе цитирам еден дел, повеќе за јас самата да го запомнам :)

Зарем не е прифатливо сомневањето дека ако "да се биде" е бесмислено и универзумот е без значење, ние никогаш немаше да ја достигнеме не само способноста да замислиме поинаква ситуација, туку и способноста да го мислиме токму тоа: дека "да се биде" е навистина бесцелно и дека универзумот нема никакво значење?
 

DreamCoder

По потрага на совршенство :)
Член од
15 ноември 2009
Мислења
77
Поени од реакции
9
Моментално јас почнав да ја читам, од пуста досада почнав книги да читам сепак можеби досадата имала и добра страна....
Книгата е од филозофски тип.зависи што сакаш да читаш...Јас кога ја читав "чекајки го Годо" , од досада ми идеше да се фрлам во вардар :P
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.819
Поени од реакции
12.308
Третата Тајна од Стив Бери. Роман, мистерија...така барем е описот за книгата. Не е лоша книгата но со неколку забелешки. Прво, малку е подолга, а дејството и не е којзнае колку динамично, а второ понезгодно е што сите вакви мистерии околу религиите во последно време се прават како на калап.
Но ако некој се интересира за јавувањето на Богородица и нејзините пораки за и околу догмите на католичката црква...нека ја прочита.

Точка на измама од Ден Браун. Интересен шпионски трилер поврзан со НАСА, Белата Куќа, арктикот. Ми се допадна како за минување на времето без многу размислување. Има доста акција, доста реални факти за метеори и други откритија кои се уфрлени во романот и врз кои се базира приказната. Забавна.
 

Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
Дружината Братско Стебло - ја добив у 5то одд. како награда, демек као една од најдобрите у клас :baeh:
плачев коа му умре сестричката на едно дете, не го помнам како се викаше.. :С
би ја читнача уште 2-3 пати :) just to remind myself on the good 'ol times коа учев ..ехх ..:tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom