Книги што сте ги прочитале и коишто ви оставиле впечаток?

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640

Преубава книга на која на крајот се убив од плачење :)
 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66

Преубава книга на која на крајот се убив од плачење :)
Си ја купив на саемо. Имав препорака, еве и тебе те бендисала, така да во скоро време планирам да ја прочитам.

Исто така на саемо си купив уште една книга од истио автор.
Џејмс Патерсон - Писмата на Саманта за Џенифер
Ни оваа ја немам прочитано, би требало да е исто толку добра како предходната.
 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66

Сите седум делови за малиот волшебник Хари Потер се нешто неверојатно и според мене сите делови досега спаѓаат во најубавите книги што ги имам прочитано - на ПРВО место.

Од идејата да се создадае еден таков свет, до како сето тоа е напишано во седум книги, ја право Џ.К.Роулинг една од најдобрите писатели на сите времиња.

Многумина мислат дека Хари Потер се книги за мали деца, но според мене тоа е грешно сфаќање. наспротив , тоа се книги во кои се воздигнуваат многуте човекови книги, така да и за возрасните би биле доста интересни.
Само проблемо е првио филм ко че го изгледа некој возрасен одма добива мислење дека се работи за децка книга. Можеби првите два (третио средина е ) се децки, но останатите стануваат се помрачни и повозбудливи, а воедно интересни за сите читатели.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
definitivno edna od najubavite knigi..koga ja citav se smeev sama na glas..:)))
Леле аманте што ви била толку интересна книгава, почетокот е ок али после станува многу досадна. На крај кога се искара парот беше кулминација на глупоста, за ништо се искараа, на писателката и снемало идеја.
 
Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Земските Хроники на Зекараја Ситчин.

Дванаесетта планета (The 12th Planet (Earth Chronicles, No. 1), New York: HarperCollins|Harper, 1976)
Скалила до небесата (The Stairway to Heaven (Earth Chronicles, No. 2), 1980, Avon Books; Bear & Company 1992; Harper, 2007)
Војните на боговите и луѓето (The Wars of Gods and Men (Earth Chronicles, No. 3), 1985, Avon Books; Bear & Company, 1992)
Изгубените кралства (The Lost Realms (Earth Chronicles, No. 4), AVON BOOKS, 1990)
Ревизија на настанокот (Genesis Revisited: Is Modern Science Catching Up With Ancient Knowledge?, AVON BOOKS, 1990)
Кога започна времето (When Time Began (Earth Chronicles, No. 5), 1993), HARPER, 2007)
Вселенскиот код (The Cosmic Code (Earth Chronicles, No. 6), AVON BOOKS, 1998)
Крајот на светот (The End of Days: Armageddon and Prophecies of the Return (Earth Chronicles, No 7), William Morrow and Company, 2007)
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.168
Поени од реакции
25.322
Значи не читам многу книги.. последната книга ја прочитав вчера и ми остави премногу голем впечаток не само книгата туку и самиот автор. Книгата е Убиството во Ориент-Експред од Агата Кристи, ја прочитав за три дена.

Следно што сакам да прочитам е Убиството на голфското играчиште исто од Агата Кристи, но ми ја препорачаа и Сахара.

Ке може некој така повеке што чита да ми предложи книга, или од Агата Кристи или некој сличен жанр, книга со убиства и многу заплет и расплети.
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.267
Поени од реакции
2.268

Паднати Ангели од Нора Робертс.

Со многу заплети и раслети било која книга на Роберт Ладлам, Ден браун, Вебер...
 
Black Rose

дете на цвеќето
Член од
12 февруари 2007
Мислења
1.972
Поени од реакции
38

"Џејн Ер е сираче кое не знае многу за своето семејство. Таа расте со братучедите на нејзината вујна. Тие не ја сакаат и се однесуваат со неа дури и полошо отколку кон слугите. Кога конечно ќе се побуни, ја праќаат во училиште за сирачиња. Таму животот ѝ е ужасно тежок, но Џејн стекнува образование и богато искуство.
Кога добива место како гувернанта во куќата на господинот Рочестер, таа открива искра надеж за среќа. Меѓутоа, мистериите и опасностите што се кријат во куќата се закануваат засекогаш да ја изгаснат дури и таа мала искра на надеж. Но Џејн Ер е млада и силна жена која многу добро се познава себе си и не се плаши да го покаже тоа. Таа е решена да се бори за она што го сака".

Преубава приказна, тажна, но прекрасна. Една другарка помина на кафе и ме прекина сред читање, буквално бев на работ да ја оставам да седи сама за да си ја дочитам книгата.
 
Член од
14 февруари 2010
Мислења
264
Поени од реакции
52
Значи не читам многу книги.. последната книга ја прочитав вчера и ми остави премногу голем впечаток не само книгата туку и самиот автор. Книгата е Убиството во Ориент-Експред од Агата Кристи, ја прочитав за три дена.

Следно што сакам да прочитам е Убиството на голфското играчиште исто од Агата Кристи, но ми ја препорачаа и Сахара.

Ке може некој така повеке што чита да ми предложи книга, или од Агата Кристи или некој сличен жанр, книга со убиства и многу заплет и расплети.
Од Агата Кристи "Состанот со смртта", "Смрт на Нил". Штом ти се допаѓаат ваков тип на книги тогаш земи нешто од Артур Конан Дојл "Авантурите на Шерлок Холмс".
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Леонид Андреев (1871 - 1919) не се вбројува меѓу најпознатите руски писатели, но сметам дека се работи за еден мошне талентиран и квалитетен автор. Прочитав збирка раскази кои ме восхитија. Напишани се со извонредно убав и несекојдневен (за времето кога творел) раскажувачки стил. Во збирката има четири раскази: Животот на Василиј Фивејски, Јуда Искариотски, Елеазар и Ѕид. Книгата е насловена по еден од расказите и се вика Јуда Искариотски

Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
Ке може некој така повеке што чита да ми предложи книга, или од Агата Кристи или некој сличен жанр, книга со убиства и многу заплет и расплети.
Азбучни убиства - Агата Кристи
Мистеријата на седумте запчаници - Агата Кристи
Престиж - Кристофер Прист ( една од најубавите книги што ги имам прочитано. доколку сакаш илузии, заплети земај ја и читај ја)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666

„Јас, Клаудиј“ (1934) и „Богоцарот Клаудиј и неговата жена, Месалина“ (1935) на Роберт Грејвс се историски романи во кои како што кажува насловот, централна фигура е Тибериј Клаудиј Нерон Германик (10 г. пред н.е. - 54 г. н.е.), римски император од 41 до 54 г. од новата ера.
Во првиот роман (или поточно, првиот дел) е прикажан неговиот живот од раното детство до прогласувањето за Цезар, а вториот се занимава со остатокот од неговиот живот.
Се работи за мошне интересно четиво, напишано од автор кој е одлично упатен во античката историја, култура и начин на живеење.
Стилот е автобиографски, односно романот претставува мемоарски запис на Клаудиј, што совршено се вклопува во приказната. Клаудиј е личност која судбината, сосем неочекувано ја исфрлила на историската сцена, личност која е жртва на дворските интриги и сплетки и која живее во едно мошне динамично време во кое на римскиот трон се наредиле Август (и неговата жена Ливија, чие значење во романот е предимензионирано), Тибериј и Калигула, во период кога христијанството е на самиот зародиш, а римското царство се` уште успешно се справува со внатрешните и надворешните проблеми.
Писателот се служи со античките извори од ова време, но сепак си дозволува голема слобода, што не е нешто невообичаено за историските романи и воопшто не пречи.
Според овие дела снимени се филм (1937) и серија (1976) која наводно, била многу популарна. Имам гледано неколку епизоди и немам којзнае каков впечаток.
Книгиве се извонредна можност некој да се запознае со животот во антиката, историските околности, религиските сфаќања, обичаите, начинот на војување и сл.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Значи не читам многу книги.. последната книга ја прочитав вчера и ми остави премногу голем впечаток не само книгата туку и самиот автор. Книгата е Убиството во Ориент-Експред од Агата Кристи, ја прочитав за три дена.

Следно што сакам да прочитам е Убиството на голфското играчиште исто од Агата Кристи, но ми ја препорачаа и Сахара.

Ке може некој така повеке што чита да ми предложи книга, или од Агата Кристи или некој сличен жанр, книга со убиства и многу заплет и расплети.
Ти го препорачувам Сидни Шелдон. Во неговите книги има мистерии, возбуда, акција, се.
 
I

Intex

Гостин
Пред малку ја завршив „Ангели и демони“. Ммм, одлична книга. Религија и наука на едно место. Трка со времето, неколку обични смртници кои се борат да ја спасат религијата. Ја претставува религијата од друга точка, а не како само збир на ритуали. Најдоброто е крајот
каков пресврт само.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom