Книги кои НЕ би ги препорачале

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.855
Книгата од книжарницата „Египетска Сонувалка“ - „Што треба секој Македонец да знае за Капитализмот“ од Нено Богдан - Бескичмењакот, Тролот, или како сакате наречете го Марионетка на Гвујо којшто е платен за тролање по блогови...

Се е сведено на разговор пред кооперација, а и тоа е нивото на самиот автор.
Нема никаква оригиналност, туку вулгарна и ниска, навистина ниска реторика (ако е и реторика).
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
28
Поени од реакции
16
Во оваа категорија дефинитивно ја сместувам "Пајаковата мрежа" на Агата Кристи. Навистина можеби имаше само 200 страници , но одвај успеав да ја дочитам, многу ми беше "досадна".
Некако, не се вклопува во мојот стил, но секако тоа не значи дека и на другите нема да им се допадне.
Тоа е едноставно "вкус" што кај секого се покажува различно.
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
34
Поени од реакции
18
Еден, ниеден и сто илјади од Луиџи Пиранџело, прочитав добар кометар за неа и случајно ја најдов излезе дека книгата и покрај тоа што нема ни 200 страни додека ја читаш имаш чувство како да си прочитал 1000 и како да нема крај .... ужас.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Не можам да кажам дека не е добра книата, па ја има во листа на 10 најдобри книи на сите времења, но тука официално се збогувам со г-ѓа Бовари, па и со цела колекција на љубовни класици на мајка ми.
Дамата со камелии беше онака, али ова е на сосема друго, за мене на недостигливо ниво. Читаш 150 страни, таман мислиш ќе се залапаат и тој си иде од селото пошто честа нешто не знам што.
Навивав за тебе Бовари, се надевам дека барем имаш секс до крај на книгата.
 

Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
Смрт во Венеција- Томас Ман
Смртен спој на педофилија и хомосексуалност, и храбра исповед, секако.
Очајно досадна, без никакво дејствие....
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Требаше да се сликаме пред да се замразиме - Блаже Миневски.

Приказна како приказна. Емоции, срања, тешки животни одлуки. Као по шаблон пишувано. Додатно ме напиња обраќањето со „братче мило, братче диво“ барем еднаш на една страна.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.397
Поени од реакции
25.231
Смрт во Венеција- Томас Ман
Смртен спој на педофилија и хомосексуалност, и храбра исповед, секако.
Очајно досадна, без никакво дејствие....
Не се слагам. Смрт во Венеција е книга која мора да се прочита барем еднаш. Томас Ман е манот, во средно кога ја читав оваа книга ми беше една од поомилените.
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
„Алхемичарот“ на Куељо...Иако романот содржи добра порака, се некако ми се чини дека е преценет и премногу комерцијализиран...
 
Член од
30 август 2011
Мислења
14
Поени од реакции
13
Па скоро сите книги на Коељо, освен можеби 11 минути и Дневникот на еден волшебник (можеби) и сите книги од типот на Моќта на потсвеста, Клучот на изборот и ред такви глупости, што лично за мене претставуваат перење мозок и Агата Кристи, можеби сум почнала од најлошата нејзина книга Убиство во Ориент Екрспрес,но толку лош впечаток ми има оставено,како толку неинтересна приказна,ко буквално писателката да не се потрудила да направи барем малку интересен заплет...многу глупава книга! И поради тоа не се осудувам уште еднаш да земам да читам книга од Агата Кристи! И...ПОСЛЕДНИОТ ТАЛИСМАН! Немојте некој да се излажал да ја прочита таа книга...ужасно лоша книга од некоја си наша писателка,врска немам која е...али дефинитивно најлоша книга што сум ја прочитала во животов!
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
„Прекрасни коски“ од Алис Себолт (не сум сигурна за името на писателкава)
Не знам како успеав да прочитам позитивна критика за книгава, па земав да ја читам. Поспора и помутава книга неам прочитано. Некако ми делуваше без ред, без некоја голема поента, досадна и напорна. Ја дочитав од инат - да видам дали нешто големо и значајно ке се случи барем на крајот (кога веќе почетокот и средината беа за никаде) али ништо!
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
„Татарска пустина“ од Дино Буцати. Не затоа што книгата не е добра, туку поради алегоријата за човековите стремежи, за очекувањето на некое чудо што ќе ти го измени животот. И се` залудно. Ако се борите со слаб имунитет или со моменти на безнадежност - бегајте подалеку од оваа книга.
 

ZigZag

Заменик министер
Член од
19 јули 2006
Мислења
347
Поени од реакции
248
Учебниците од средно и бестселери
 
С

сашенко

Гостин
Па скоро сите книги на Коељо, освен можеби 11 минути и Дневникот на еден волшебник (можеби) и сите книги од типот на Моќта на потсвеста, Клучот на изборот и ред такви глупости, што лично за мене претставуваат перење мозок и Агата Кристи, можеби сум почнала од најлошата нејзина книга Убиство во Ориент Екрспрес
Ако нешто е перење мозок (од книги) би рекол дека тоа се оние за религиите, или пак толкувањата на библиите.Поголемо перење мозок од тоа нема.Овие книги со моќта на потсвеста (мада само 3 иам прочитано) не се толку лоши и познавам луѓе кај кои делуваати стварно им има помогнато.На некои луѓе такво нешто им фали некој да им рече едноставно и тоа да им биде нивниот почеток.Јас би препорачал да се прочита некоја таква книга дури, не дека кажува којзнае што ама подобро тоа отколку некое срање за имаџинари френдс.Овие книги сепак зборуваат за тоа како ние сме способни да ги направиме нашите промени, да се кренеме во акција, а не да препуштиме се на "судбина" и такви ствари.Зависи шо си читала и на што мислише

И Убиство во Ориент Експрес сама си ја оцени како најлоша книга на Агата Кристи или?
 
S

Sagan

Гостин
Убиецот - Лоренс Блок.
Платен убиец, кој телефонски добива нарачки од некоја жена (некоја политичарка од врвот ќе да беше...) и со парите купува ретки поштенски марки и си ја шири колекцијата.
И така, иде убива еден, па уште еден, 5... 7... 10... луѓе... и така завршува книгата :confused:

Пред година и кусур ја читав, ама уште не сум ги прежалил тие неколку поарчени часа...
 
Член од
30 август 2011
Мислења
14
Поени од реакции
13
Ако нешто е перење мозок (од книги) би рекол дека тоа се оние за религиите, или пак толкувањата на библиите.Поголемо перење мозок од тоа нема.Овие книги со моќта на потсвеста (мада само 3 иам прочитано) не се толку лоши и познавам луѓе кај кои делуваати стварно им има помогнато.На некои луѓе такво нешто им фали некој да им рече едноставно и тоа да им биде нивниот почеток.Јас би препорачал да се прочита некоја таква книга дури, не дека кажува којзнае што ама подобро тоа отколку некое срање за имаџинари френдс.Овие книги сепак зборуваат за тоа како ние сме способни да ги направиме нашите промени, да се кренеме во акција, а не да препуштиме се на "судбина" и такви ствари.Зависи шо си читала и на што мислише

И Убиство во Ориент Експрес сама си ја оцени како најлоша книга на Агата Кристи или?
Да,сама ја оценив,затоа што темава е книги кои НИЕ не би ги препорачале,ако не се лажам! Објаснив зашто и како,можеби нејзините книги се премногу проѕирни за мој вкус,уште од самиот почеток знаев кој ке биде убиецот,така да-не,не ја препорачувам Убиство во Ориент Експрес,но тоа е само МОЕ мислење,нели?
А за книгите за перење мозок,не би коментирала.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom