Книги кои НЕ би ги препорачале

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Книги кои не би ги препорачал? Сите белетристики каде што се споменати овие зборови: Ватикан, Папата, светци, катакомби, мистерија, мапа, тајна.

После успехот на Ден Браун, сите се обидуваат на оваа тема да направат нешто...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.723
Поени од реакции
13.451
Книги кои не би ги препорачал? Сите белетристики каде што се споменати овие зборови: Ватикан, Папата, светци, катакомби, мистерија, мапа, тајна.

После успехот на Ден Браун, сите се обидуваат на оваа тема да направат нешто...
Шо и` фалеше бе на „Папата Јована“? (јес да е полесна книга ама сепак е далеку од овие другиве)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Шо и` фалеше бе на „Папата Јована“? (јес да е полесна книга ама сепак е далеку од овие другиве)
Исклучи постојат. Али дур ги погодиш, доста глупости од книги треба да пројдеш...
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.971
Шо и` фалеше бе на „Папата Јована“? (јес да е полесна книга ама сепак е далеку од овие другиве)
И јас на таа помислив кога го прочитав постот ама не ми се реплицираше. :D
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.723
Поени од реакции
13.451
Исклучи постојат. Али дур ги погодиш, доста глупости од книги треба да пројдеш...
Забораи да додадеш горе и едно ферари/миниморис/фиатпунто/рандомавтомобил и неговите технички спецификации како и на орудието што го користат каубојците/индијанците.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
“Крик на душата“ од Сашо Борисовски.... звани Ориз

не ја читајте без дадена писмена изјава на нотаар потпишана од дваја сведоци и дури од како од куќата ќе се тргнат сите остри предмети, лекарства, ортоми и ќе ја исклучат струјата.

мене како на наивен љубител на книга ми ја утрапија истата ..... подоцна најмив луѓе да го пронајдат и да ми го донесат тој што ми ја даде и се смеев среќен додека го скалпирав

http://www.facebook.com/profile.php?id=1171028795

(профил на авторот)
Оризот напишал книга?
Пфффффуахахахахахахахахаха
 
Член од
27 јули 2011
Мислења
216
Поени од реакции
94
Знам што ти треба.
Фати го новиот број на Свет или Скандал, има многу литература за бистрите како тебе.
За бистрите како мене има литература и тоа сигурно не е Свет или Скандал;)
--- надополнето: Sep 3, 2011 12:21 AM ---
Знам дека сум оф топик ама може да ти препорачам нешто, онака, недосадно?
Еве на пример, читај го Дитас. Уствари не, чим Набоков ти е педофил, овој не ти одговара баш.
Епааа...штом Набоков и Ман ти се педофили а Хемигвеј, Остин и Вулф ти се досадни, јас би ти препорачала да читаш хороскоп. Не е долго, нема да ти здосади и ќе се пронајдеш.
Или читај хаику поезија, ама не често, во момени кога ќе сакаш духовно просветлување.

Инаку за да не бидам скроз оф топик еве ќе пишам уште некои автори кои не би ти ги препорачала:
Достоевски, Толстој, Џејмс Џојс, Флобер, Иго, Тургењев.
Никако овие. Сите се досадни педофили без попаметна работа од чкртање на хартија.
Срце јас не верувам во хороскоп и затоа не го читам а исто така не ми треба духовно просветлување и затоа не читам хаику...инаку Достоевски, Тургењев, Толстој, Иго ми се омилени автори
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
100 години самотија од Маркес.
Ретардиран обид да се напише нешто иако не е дефинирано што точно...
Еден куп ликови на кои и самиот автор им изгубил трага, а немањето никаква наративна кохезија е покриена со измислување на сосема нов жанр “магичен реализам“ во кој ... anything goes... или во превод хартијата трпи се жанр, немора да се замараш ниту со содржината ниту со некаква осмислена карактеризација на ликовите, некој временско-просторен континуитет секако е непожелен...
Но аплауз за авторот,имал среќа да пишува во време на деривативите.
Овој пат литературни.

Секако неодминливо четиво за ванаби млади урбани интелектуалци...

Класичен пример како може да се лоботомира раја и да се придава вредност на нешто што ја - нема.



„Касандра„ на спид...
Ако може да се напише поубава книга од оваа, јас ќе ги частам сите од форумов... Маркез е добитник на нобелова награда токму поради книгава. Сепак, те разбирам ако си ја читал на македонски превод, бидејќи it sucks. Ја читав на српски и македонски и мислев дека читам две различни книги.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Сепак, те разбирам ако си ја читал на македонски превод, бидејќи it sucks. Ја читав на српски и македонски и мислев дека читам две различни книги.
Иста е ситуацијата со Хесе. Кога го читате „Демијан“на српски/хрватски и на македонски, како да читате две различни книги.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Кога сме кај преводите Астростоперски водич од Даглас Адамс беше преведен очајно, барем на он нет што ги читав фразите каде што преведувачот се губи во фразите, а кој треба да бидат најдобри во книгата.

Маркез е досаден за читање на секаков јазик, само Пруст мене лично ми беше подосаден од Маркез, ама има неверојатна дарба да конструира реченици, така што една негова реченица е по десетина страни и повеќе, па те држи во некој континуитет да продолжиш да го читаш.
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
„Свештеникот што го продаде своето ферари“.
На почетокот ми се виде интересна, а потоа, прости-ми-боже, ми ги потече јајниците, ууф!... и ја баталив
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.491
Поени од реакции
10.097
„Свештеникот што го продаде своето ферари“.
На почетокот ми се виде интересна, а потоа, прости-ми-боже, ми ги потече јајниците, ууф!... и ја баталив
kalugerot sto go prodade svoeto ferari :) mene mi bese interesna do kraj
--- надополнето: Sep 3, 2011 8:31 PM ---
e a prodolzenieto ili vtoriot del ''otkrijte ja svojata sudbina so kalugerot sto go prodade svoeto ferari'' bese stvarno mizerija.so krajni maki ja procitav i si vetiv deka ubavo ce razmislam pred da zemam nekoja druga kniga od robin sarma.
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
Да бе!... калуѓерот, а не свештеникот (ептен сум го утнала:pos: проста една)
 
С

Сатори

Гостин
Во принцип ме разочарува апсолутно се што има од Буковски, ама претпоставувам дека се работи за личен вкус и колку е висока границата на толеранција за вулгарност на читателот.
Сепак, она што дефинитивно не го препорачувам, затоа што имав среќа да изгубам време со книгата, е „Последниот чај“ од Винка Саздова, крајно лош тек на приказната, иритантен стил на пишување и мене ми изгледа како лоша копија на wanna be spiritual book која што се среќава на секој рафт од книжарите.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.139
Поени од реакции
25.698
Во принцип, кога читам руска литература од 20тиот век нарочито пишувана во периодот после 1917та, односно после револуцијата, обавезно прво проверувам дали артистот бил протеран од СССР. Ако не бил, не ја читам уопште, со многу ретки исклучоци. Од друга страна таа руска имигрантска школа што фатила магла у Штатите и во западниот дел од старата курва-Европа-ги дала едни од најмаестралните дела на минатиот век-Солженицин, Набоков, итн.... Истото важи и за литературата во бивша СФРЈ, со ретки исклучуцоци.

И во двата случаеви книгите им се масивно бомбардирање со срања полоши од ЕПП-то на партиите во предизборието.

Тито смело викаше-во бој,во бој, партизаните оро играа во пој, во пој. Одвратно до стадиум на повраќање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom