Клонирање

Клонирање?

  • За

    Гласови: 44 37,0%
  • Против

    Гласови: 43 36,1%
  • Воздржан

    Гласови: 32 26,9%

  • Вкупно гласачи
    119

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Не знаев кај да ја отворам темава .. ама мислам дека местото и е тука.
Јас лично сметам дека клонирано човечко суштество не постои. Едноставно, технологијата во овој момент не е доволно усовршена. При процесот на клонирање се создава потполно идентична единка на индивидуа која веќе постои. Денес тој процес сеуште не е усовршен и се смета дека може да носи големи ризици. Како за физичкиот, така и за психичкиот развој на тие единки. Јас сум против клонирање.. а вие?
Колку е можно (според вас) навистина некаде да постои клониран човек? Зошто толку многу клонирањето повлекува етички прашања? Зар не си поиграа луѓето со Господ кога се роди првото бебе од епрувета?:icon_mad:
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Зашто да не постои клониран човек?
Бај да веј, не сум против клонирањето:icon_lol:
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
ThA-BiTcH напиша:
Зашто да не постои клониран човек?
Бај да веј, не сум против клонирањето:icon_lol:
Ти сакаш некаде да постои некој кој е ист со тебе? Знаеш дека самиот процес на клонирање донесува голем број ризици - како за физичкиот, така и за психичкиот развој на тие единки? :raz:
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
The`bItCh напиша:
Ти сакаш некаде да постои некој кој е ист со тебе? Знаеш дека самиот процес на клонирање донесува голем број ризици - како за физичкиот, така и за психичкиот развој на тие единки? :raz:
Зашто да не?
Знам дека донесува голем број ризици, али пред да се направи таа единка, секако дека ќе почекам додека се да се среди и да се усоврши таа технологија..
 

606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
The`bItCh напиша:
Едноставно, технологијата во овој момент не е доволно усовршена. При процесот на клонирање се создава потполно идентична единка на индивидуа која веќе постои. Денес тој процес сеуште не е усовршен и се смета дека може да носи големи ризици. Како за физичкиот, така и за психичкиот развој на тие единки. Јас сум против клонирање.. а вие?
Технологијата е доволно развиена да се клонира човек, дури и во просечно снабдена лабораторија (да не ме сватите погрешно ама за 10.000 долари и у гаража се прави ова).

Друго е во прашање. Работата со човечки клетки доскоро беше под меѓународен мораториум според кој се забранува ваков тип на истражувања. Пред неколку месеци Британија прва донесе закон со кој во определени медицински истражувања може да се клонираат човечки клетки.

Клонирањето не човечки клетки е од исклучително значење за понатамошно изучување на биологијата на канцерите. Тоа никако незначи клонирање на цел организам. Постојат некои етички норми кои недозволуваат вакви работи. Затоа и постоеше мораториумот бидејќи никогаш неможеш да бидеш сигурен колку етика останала во еден изопачен ум! Британските политичари сметаат дека доволно можат да го контролираат тоа па затоа и дозволија работа со човечки клетки.
Искрено посакувам да имаме друг начин кој ќе овозможи медицински прогрес на човештвото. Во тој случај би го заборавиле клонирањето на хумани објекти. Сепак можностите на клонирањето како такви се огромни, тешко дека медицината ќе се откаже од тоа.
 

ViRuS

ПрОвОкАтОр
Член од
20 август 2005
Мислења
2.048
Поени од реакции
21
хм...

јас сум против клонирањето!!! Ама кој ме ферма мене !!! а иначе има клонирани луѓе уште од времето на Хитлер!!! Самиот Хитлер се клонирал над 10 пати ама бидејки бил :lud: кога ќе наполнеле 10 до 13 години самиот тој ги убивал затоа што го потсетувале на него кога бил мал!!!:lud:
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.400
Поени од реакции
5.953
Клонирањето во одредени случаи може да биде и корисно.
Човечкото терапевтско клонирање може да се користи за многу болести на стареењето. Ако човечките клетки се однесуваат како животинските од претходните испитувања, може најдовме начин и да го обновиме животниот век. Ова ќе ни овозможи да произведуваме млади клетки од секаков вид, идентични со оние на пациентот, што ќе можат да се користат против бранот старечки болести што ќе наиде поради стареењето на населението (во С. Америка и ЕУ). Научниците се надеваат и дека ембрионските клетки ќе можат да регенерираат оштетени делови на мозокот на оние што се болни од Паркинсонова и Алцхајмерова болест.
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
The`bItCh напиша:
Ти сакаш некаде да постои некој кој е ист со тебе?
Ви објасни шестошеска дека клонирањето е технички сосема возможно и изводливо.
А ист-како-тебе, нема шанса!
Дури и еднојајчаните близнаци кои имаат идентичен генетски материјал се фенотипски различни, помалку или повеќе. Со првиот здив ја вдишуваш разликата.
 

BusHav

Е ајде де.....можеш и така
Член од
5 декември 2005
Мислења
4.343
Поени од реакции
81
Не сум против клонирањето
тоа може и некогаш добро да ти дојде,да си го пуштиш клонот да ти ги брка сите работи додека ти си кулираш.....мх мх мх....
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Клонирање и бебиња од епрувета воопшто не се играње господ ко за почеток, инаку клонирање на цел човек е бесмислено бидејќи фенотипскиот развој на два клона може да варира од околината единствено кога некој болен ум би сакал да има ариевска војска.
Инаку клонирањето на човечки клетки како што наведе 606 според мена најкорисно би се покажало кога сосема ќе се испита развојот на ткивата од кои можат да користат при трајна оштета на ткиво на некоја единка. Покрај ова со помош на клонираните човекови клетки можат еден куп работи да се испитаат кои досега не биле познати, а можат многу проблеми да разрешат.
Ако ве интересира дали постојат клонови во реалниот живот ,одма ќе ви кажам да, сите еднојајчани близнаци се клонови кои настанале по природен пат (значи неиндуциран од човекот)

Заборавив да допишам , клонирањето воопшто како средство е како и огнот, ако не се контролира ќе те изгори
 

Dr_ViRuS

DarkSide with green light
Член од
9 јануари 2006
Мислења
1.076
Поени од реакции
28
само едно знам ако ме клонират мене и извдат барем 20 копии тешко светот ке е (можеби и крај ) ја сум за клонирање :D
 
Член од
26 април 2005
Мислења
1.691
Поени од реакции
45
Kloniranje na luge ne, kloniranje na covecki organi(sto e istotaka mozno )da, iako e i poslednovo zabraneto od cisto eticki pricini, deka vo sekoe opstestvo spagaat i bolnite luge a nie sme sakale da go iskorenime toa, i bla bla, imav predmet Bioetika pred eden semestar i gi ucevme zakonite zosto e ustvari zabraneto kloniranjeto, a gi ima stvarno mnooogu..
 

Zbratko

The Shrink
Член од
3 јануари 2006
Мислења
875
Поени од реакции
17
The`bItCh напиша:
Не знаев кај да ја отворам темава .. ама мислам дека местото и е тука.
Јас лично сметам дека клонирано човечко суштество не постои. Едноставно, технологијата во овој момент не е доволно усовршена. При процесот на клонирање се создава потполно идентична единка на индивидуа која веќе постои. Денес тој процес сеуште не е усовршен и се смета дека може да носи големи ризици. Како за физичкиот, така и за психичкиот развој на тие единки. Јас сум против клонирање.. а вие?
Колку е можно (според вас) навистина некаде да постои клониран човек? Зошто толку многу клонирањето повлекува етички прашања? Зар не си поиграа луѓето со Господ кога се роди првото бебе од епрувета?:icon_mad:
Ima klonirani luge, i ne sum protiv kloniranje!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom