Клише реченици кои сите ги мразиме

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.721
Поени од реакции
43.769
Ме нервира кога зборот ситуација другарите од нашата генерација го користат кога ќе испаднат со некоја девојка.

- Декај Ристо бе?
- На ситуација. :facepalm:

На почетокот беше интрересно, ама претераа со тој глуп збор што ме ми се дига притискот кога ќе го слушнам во тој контекст.

Има уште 2-3 такви глупи муабети што ги користат, а ме нервират, ама не ми текнува моментално.
 
Член од
30 октомври 2012
Мислења
74
Поени од реакции
172
Ова обично со баба ми кога зборам и кога ќе почне да ми тупи за религија
-Сине, верувај во господ, ќе те казни. oh really? o_O
или други:
-Што има ново? (од некој што не те познава уопште)
-Што е мое ќе си дојде. -.-
 

Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
Кога некој ќе ми соли памет два сати, ќе ми реди вака треба така треба и на крајо ке ми речи.. -Како сакаш прави си твоја работа., :cautious:
е баш фала ти што пооола сат ме давеше што треба да правам и на крај ми викаш како сакаш прави си.. ако е работата на правам како сакам зошто воопшто ми се мешаш...
Или пак ке побарам совет од некој и ке ми речи - Голема си ти си знаеш не ти се мешам..
ау да голема сум била, еми ај ко така кај ке оди светов сите ако си тераме по свое и да не се консултираме за некој проблем... па и јас будала што прашувам некој што нема ни два грама :cautious:
 

AFI

Член од
17 ноември 2009
Мислења
389
Поени од реакции
98
Понежниот пол: На диета сум !! :facepalm:
 
Член од
10 септември 2009
Мислења
159
Поени од реакции
49
1. "Неможам, глава ме боли" (од ова поклише нема, биди барем креативна пи*да ти матер)

2. (на свадба од страна на бабите) "Ти си следен! :):):)"

хахах тоа би било слично ко ти ако отидеш на погреб и на нив им кажеш, Вие сте следни!! ахахахахахахах
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Нема денес вистинско пријателство ко некад, денес сите се со тебе дури имаат корист, после кој те ебе...Едино ја што се дружам со луѓето од чист алтруизам, иначе другиве све материјалисти...

Во мое време се знаеше ред, се имаше почит кон постари, ми текнува на времето некој ќе ме прати по цигари и ја одма трчав, денес дечиштата ептен невоспитани и плус цел ден на фејсбук дремат, ние порано по цел ден на улица жмурки сме играле, ќе тркнеш до дома ќе ти напраи мајка ти сендвич и пак одма надвор...

Абе ја не можам да ги поднесам турските серии, али знаеш како е, сите дома глеаат, па морам и ја...

Што имам една внука од брат, абе не знаеш колку е итра, ќе те продаде сосе партали, компјутер не и е рамен, не дека ми е внука али стварно е капацитет...

Абе шо се замарате уште со Евровизија, тоа чиста политика е, на ти го - дај ми го, штом Тоше, Бог да го прости ништо не напраи, кој друг ќе напраи...Најдобро да ги пратиме оние од К-15 да напраат некоја заебанција...

Не збори така, Господ грев ќе ти пише.

Срамота што ја укинаа војската, во мое време се знаеше, без војска не си можел да се ожениш.

Уствари не дека ги мразам муабетиве, него онака смешни ми се...
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.900
Поени од реакции
11.234
Нема денес вистинско пријателство ко некад, денес сите се со тебе дури имаат корист, после кој те ебе...Едино ја што се дружам со луѓето од чист алтруизам, иначе другиве све материјалисти...

Во мое време се знаеше ред, се имаше почит кон постари, ми текнува на времето некој ќе ме прати по цигари и ја одма трчав, денес дечиштата ептен невоспитани и плус цел ден на фејсбук дремат, ние порано по цел ден на улица жмурки сме играле, ќе тркнеш до дома ќе ти напраи мајка ти сендвич и пак одма надвор...

Абе ја не можам да ги поднесам турските серии, али знаеш како е, сите дома глеаат, па морам и ја...

Што имам една внука од брат, абе не знаеш колку е итра, ќе те продаде сосе партали, компјутер не и е рамен, не дека ми е внука али стварно е капацитет...

Абе шо се замарате уште со Евровизија, тоа чиста политика е, на ти го - дај ми го, штом Тоше, Бог да го прости ништо не напраи, кој друг ќе напраи...Најдобро да ги пратиме оние од К-15 да напраат некоја заебанција...

Не збори така, Господ грев ќе ти пише.

Срамота што ја укинаа војската, во мое време се знаеше, без војска не си можел да се ожениш.

Уствари не дека ги мразам муабетиве, него онака смешни ми се...
За некој милиметар си ја кликнала другата тема :D Префрли го постов во таа за пријателството :)
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
За некој милиметар си ја кликнала другата тема :D Префрли го постов во таа за пријателството :)
Постот не ми е за пријателството, туку за клише муабети, да го прочиташе цел, а не само првата реченица, ќе го увидеше тоа.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.799
Поени од реакции
11.396
Преку К ми е од излитени фрази у стилот на
не знам, сеедно ми е, кажи ти, шо знам, могуче, па се мислам уште...и низа мал милион вакви неконкретни и недефинисани муабети. Башка,
шо праиш, шо да праиш, шо има старо ново, ново старо, по 5ти пат друго шо има итн...АЛО!?!?!!
Значи имаме мозок за размислување, имаме школи, факултети за образување, книги и речници за читање, мочан интернет за се комплет и пак неписмена раја. Да му се одмили на човек искрено.
Почнав и да ги игнорирам и избегавам таквите, независно кои се и што се. Не потценувам никој, но неискористување на потенцијалот на мозокот и правење идиот со сила ужасно ме нервира.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Давид наш многу учи, по цел ден е над книгата, ама наставниците го мразат и му ставаат слаби оцени. Иде и на курс по англиски, таа наставничката нонстоп ни го фали, вика таков талент нема видено до сеа, ама таа проклетијата во школо што му предава ептен го мрази и цело време двојки му пишува. Праев муабет со маж ми, ќе го префрлиме во друго школо, една моја братучетка работи таму, ќе го подбутне малце ако треба.

Овој Симо од другиот влез, го глеам, многу троши у задње време. Не знам од кај толку пари, го знам ја него одамна, жив голтар беше,шо се вика вода у очи немаше, сигурно со некои матни бизниси се мафта, има нешто прљаво тука, слушај што ти зборам.

А оној Раде у бараките што живее, тој па жива стипса е. Го иам приметено стално у Стокомак и Кам пазари, плус и пешки иде на работа. Демек намерно пешачел, да се раздвижел малце...Абе шо не каже дека не му се даваат пари, а не да ми врти филмои некои ...А добри плати зимаат, и он и жена му у јаки фирми се, плус знам дедо му пред два месеца умре и му остаи добра пара...
-Абе не ми го спомињај, циција белосветска е, лани му земав на заем 50 евра и пред некој ден се сретнавме, и ни срам ни перде, ми ги бара парите...Ејјјј, за 50 евра се циганчи...ццц...демек у гроб ќе ги носи парите...


Жена увек треба да ти го има стравот, иначе си наебал...Не за џабе рекле старите "Еби да те сака, тепај да те слуша"...
Слушај го ти чичко Драги, знам ја шо зборам, ја коа сум вртел жени, ти у на татко ти ташаците се клатеше.

Шо убаво ти стои новата фЛизура, баш те отвора, едно десет години помлада те праи...Стално така да си ја носиш! А кај се шишаше? Ааа кај Жане, онде у трговскиот....Колку ти зема?
Епа сите толку зимаат....Арно ме потсети, и ја треба да се фарбам, ми подраснала косава...

Знам ја еден добар мајстор, у Лисиче живее, таму кај Лисабон, втората уличка лево, ќе идеш кај него, ќе му кажеш Стево Сомот те праќа, ме знае он мене, на времето заедно у Железара работевме, нема многу да ти земе, работна рака нема да ти наплати а деловите ќе ти ги дае по набавна...само ќе фрлиш некое пивце...


Дедо ми на времето многу јак чоек бил, прв купил радио у селото и сите доаѓале кај него да слушаат вести.
А татко ми беше главен у (рандом државно предузече) десна рука на шефот беше, имаше шанса у тие мутни времиња грдна пара да намлати, али го знаеш ти татко ми, со крстот на чело...Денес и он се кае, али тоа ти е...А коа ќе ми текне дека можев сеа коктели да си пијам на Малдивите, да беше малце поотракан...
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.900
Поени од реакции
11.234
А: Со работа до кај си?
Б: Па ваму уште сум, неможам да најдам поврзано со струкава работа.
А: А бараш ли?

Не бе се надевам мајка ти дека ќе ме вработи - ми иде да им одговорам.
 

zakaculko

skinhead '03
Член од
24 март 2009
Мислења
201
Поени од реакции
33
еее коа викаше ја, учете учете, абе школо никат не гине, тој јасно да ви е, на 30 ли, на 40 ли , а мош и на 50 години прилика ќе ти се створе ќе работеш по струка, затој школо никат не губе, :mad::mad:o_O:facepalm:
 
Член од
29 март 2013
Мислења
59
Поени од реакции
133
Откога нешто ќе се случи!

1. Оти не направи(в) така!
2. Е да беше (бев)!
3. Зошто така?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom