Кладилници, казина подалеку од населени места ?

Дали сметате дека треба да се ограничат/затворат објектите за игри на среќа ?


  • Вкупно гласачи
    230
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Не верувам дека постои албанец кој сака да се воведе ако му објасниш што е шериатскиот закон.
Па еве Дарди сака државата/оџата да му кажува него како индивидуа што смее да мисли и конзумира.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.970
Поени од реакции
17.799
Не знам зошто е потребно да се дискутира дали требало да се затворат казината или не кога сите знаеме какво зло е тоа.Па уште и ги напаѓате сакале шеријатско право да воведат.Не знам каква врска има религијата со коцкањето само знам дека млади деца и муслимани и христијани си го уништуваат животот и иднината која ја имаат пред нив.[DOUBLEPOST=1553499320][/DOUBLEPOST]
Тоа што Албанија и Косово забраниле, или вовеле ограничувања за казината/кладилниците значи дека ние треба да ги олабавиме правилата.
Цела Гевгелија живее од тоа што кај грците постојат такви ограничувања.

Забраната, или ограничувањата само го преселуваат бизнисот во сива зона, и го монополизираат, секаде и секогаш, а посебно во утепани и корумпирани земји како нашава.

Инаку, преку куров више од вакви муабети, јас сум да бидеме полиберални и од Холандија, на кого не му се свиѓа нека оди да се замонаши, или нека се пресели во СА.
А кој ти забранува да бидеш либерален? И од каде право некој да праќаш во манастир или во Саудиска Арабијасамо поради тоа што има друг начин на размислување кој се разликува од твојот.Истото може и некој конзервативец да ти го напише ако не ти се свиѓа тоа што одам во недела во црква или во петок во џамија оди за Амстердам.
 
Последно уредено:
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.374
Поени од реакции
1.948
Не знам зошто е потребно да се дискутира дали требало да се затворат казината или не кога сите знаеме какво зло е тоа.Па уште и ги напаѓате сакале шеријатско право да воведат.Не знам каква врска има религијата со коцкањето само знам дека млади деца и муслимани и христијани си го уништуваат животот и иднината која ја имаат пред нив.[DOUBLEPOST=1553499320][/DOUBLEPOST]
А кој ти забранува да бидеш либерален? И од каде право некој да праќаш во манастир или во Саудиска Арабијасамо поради тоа што има друг начин на размислување кој се разликува од твојот.Истото може и некој конзервативец да ти го напише ако не ти се свиѓа тоа што одам во недела во црква или во петок во џамија оди за Амстердам.
Абе другар, зло се и цигарите, и алкохолот и курвањето, и еден куп други работи, па постојат од памтивек, и ќе постојат, на еден или друг начин, секогаш и секаде.

Инаку сам си си одговорил на прашањата шо ми ги поставуваш.

Ме боли куров мене кој кај оди, нека крши глава, негова работа. Ама ни него не треба кур да го боли дали ја се коцкам, пијам, пушам или одам по курви.
Не барам ја да се затворат цркви и џамии, ти бараш да се затворат коцкарници.
Капиш?
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.970
Поени од реакции
17.799
Абе другар, зло се и цигарите, и алкохолот и курвањето, и еден куп други работи, па постојат од памтивек, и ќе постојат, на еден или друг начин, секогаш и секаде.

Инаку сам си си одговорил на прашањата шо ми ги поставуваш.

Ме боли куров мене кој кај оди, нека крши глава, негова работа. Ама ни него не треба кур да го боли дали ја се коцкам, пијам, пушам или одам по курви.
Не барам ја да се затворат цркви и џамии, ти бараш да се затворат коцкарници.
Капиш?
Утре можеби по некоја игра на случајност ќе заглави твоето дете со коцка.Не треба да се размислува на кратки стази само туку и за иднината.Ти можеби непаш проблем сега но мораш да размислуваш за идните генерации.Исто како што правиме грешки со сегашната политика која најмногу ќе биде штетна за идните генерации така и пасивноста со отварањето на казина и апарати на секој чекор ќе ни се удри од глава на младите.Други пороци се пиењето и пушењето а друго е коцкањето.
 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
931
Поени од реакции
3.667
Поради која причина да се затворат кладилниците?
Зошто да се копираат шериатски закони наменети за животни кои немаат самоконтрола?
Па убаво е пропишано дека треба да бидеш полнолетен за да можеш да играш, односно веќе си доволно психофизички развиен да одлучуваш сам за своите постапки и сам да ги сносиш последиците.

Никој не те присилува да одиш во кладилница, изборот е твој и само твој а ако немаш самоконтрола проблемот е личен а не општествен. Исто како што никој неможе да ти каже дали да вежбаш, јадеш здрава храна, гледаш порнографија, пиеш или што и да е...тоа е едноставно индивидуализам за разлика од некои пустински култови каде што сечат раце за тоа.

Ако ставаш по 50-100 денари дневно неможеш никогаш да банкротираш, напротив ако добро го изанализираш ливчето можеш и да добиеш солидна сума на пари, исто како на берза... Замисли во САД да сугерираш да се затвори ЊуЈоршката берза поради тоа што некоја будала ставил се и изгубил, тоа е тотално лудо размислување од 6ти век кое се коси со здравиот разум..
 
Ф

Флеш

Гостин
Ако ставаш по 50-100 денари дневно неможеш никогаш да банкротираш,
Тоа пеесет/стотка за младава стока наречена овци е доволна искра да почнат 350,па 500,па илјадарка ,па 50 евра,па даље .....Работам у бизнисов,како дрога е.Многу полоши се апаратите и казината. У кладилница и основци ти влегуваат.Секој ден бркај ги,они пак назад,молат и постари да уплатат ....Копиљана место за јадење или да одат у флиперница,доаѓаат у кладилница .....Шпоните се бетер,се кријат од фамилиите да не дознаат,зошто стрикна религија имаат.Коа ќе ти дојдат шпоните,бидејќи се сите Швицајрци,Дојчланд,лупај брате по 4000/10.000 денари у живо!!! Која стока се бетер.....Затоа сите кој знае,мрзат да работат у Чаир,БитПазар претежно Шпони кај се....
 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
931
Поени од реакции
3.667
Тоа пеесет/стотка за младава стока наречена овци е доволна искра да почнат 350,па 500,па илјадарка ,па 50 евра,па даље .....Работам у бизнисов,како дрога е.Многу полоши се апаратите и казината. У кладилница и основци ти влегуваат.Секој ден бркај ги,они пак назад,молат и постари да уплатат ....Копиљана место за јадење или да одат у флиперница,доаѓаат у кладилница .....Шпоните се бетер,се кријат од фамилиите да не дознаат,зошто стрикна религија имаат.Коа ќе ти дојдат шпоните,бидејќи се сите Швицајрци,Дојчланд,лупај брате по 4000/10.000 денари у живо!!! Која стока се бетер.....Затоа сите кој знае,мрзат да работат у Чаир,БитПазар претежно Шпони кај се....
Те разбирам, ама тоа е едноставно природна селекција, секад ќе има глупи луѓе кои нема да се способни да си го контролираат животинскиот инстинкт....

Еве сигурен сум дека ти не ставаш цела плата таму, исто така 99% од нормалните фаци што ги знам цел живот играат на ситно, сеа ако е некој луд да ја стави цела куќа владата ли му е крива?.. нив никој не ги тера они сами избираат тоа да го направат.
 
Ф

Флеш

Гостин
Те разбирам, ама тоа е едноставно природна селекција, секад ќе има глупи луѓе кои нема да се способни да си го контролираат животинскиот инстинкт....

Еве сигурен сум дека ти не ставаш цела плата таму, исто така 99% од нормалните фаци што ги знам цел живот играат на ситно, сеа ако е некој луд да ја стави цела куќа владата ли му е крива?.. нив никој не ги тера они сами избираат тоа да го направат.
Многу ретко,не сакам многу коцкање,чат пат у канцеларија пробувам со колеги,еднаш највисока ми беше 1000ка уплатено,и фатив ливче ситно на сигурно.....
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.795
Кладилниците се одлично разработен бизнис на луѓе кои можат да си дозволат да отворат нешто такво и си се богатат(на легален начин) на сметка на оние кои се склони на пороци.

Јас сериозно не глеам зашо тоа е толкав проблем у државава за секој ден да се отвараат вакви теми коа ние иаме милион други поприоритетни проблеми за решавање.

Плус кладилници+казина кај нас имаат огромен број на вработени, воопшто на никој не му одговара да се затворат и да ги снема, едноставно премногу луѓе ќе останат на улица преку ноќ.

Друго и најбитно, ако ти си класичен морон и се комариш со пари кои ги немаш и ти се за сметки/фамилија тогаш тебе бате ти нема спас, имало или немало кладилници/казина ти тие пари ќе ги ебеш на пороци.

Скоро 5 години работев у кладилница, а ова лето ќе праам 2 години како не работам и воопшто не ни одам по такви места повеќе, муабетот ми е дека сфе си зависи од самиот човек и кај нас у државава попаметно е да се фокусираме на пореални и побитни проблеми него да се умараме шо праат соседните држава со овие бизниси и да ги копираме нив.
 
Ф

Флеш

Гостин


https://www.facebook.com/aktuelnovomakedonija/photos/a.1005409039495401/2008722432497385/?type=3&theater

Шаќири: Коцкањето и да се забрани целосно, луѓето повторно ќе најдат начин да играат

Албрим Шаќири e еден од основачите на Здружението на вработените во приредувачите на игри на среќа ЗВПИС, инаку вработен како координатор на автомат клубови во Струга и Скопје, сопственост на „Адмирал“ (Ма Гаминг ДООЕЛ Скопје).

Toj смета дека е потребно 7,5 илјадите негови колеги да си ги заштитат своите работни места, бидејќи средината неоправдано ги осудува, за што вината ја гледа и во самите нив, со тоа што дозволиле да им се налепат разни етикети.

Во интервју за „еМагазин“ вели дека подолг период се цел на негативна кампања и ги прикажуваат како „црни ѓаволи“, па решиле да се организираат во сопствено здружение.

Зошто одлучивте да формирате Здружение на вработените во приредувачите на игри на среќа – ЗВПИС?

– Јас сум вработен во Адмирал од 2014 година. Имав среќа некој да ми подаде рака кога ми беше многу тешко и да ми овозможи да работам чесна и многу одговорна работа. Потполно сум свесен дека пошироката јавност има критички пристап кон оваа дејност, најчестиот впечаток е дека во овие деловни објекти се случува нешто страшно и се уништуваат човечки судбини. На пример, никој не знае како изледа нашиот работен ден.

Бидејќи подолг период сме цел на негативна кампања и не прикажуваат како „црни ѓаволи“, решивме да се организираме во сопствено здружение. Во Македонија околу 7,5 илјади луѓе се вработени во различни објекти на игри на среќа и тие ги ранат своите семејства. И јас, како и многу друго мои колеги, сум родител и никогаш не би се согласил да работам нешто што им прави штета на младите, бидејќи така работам и против сопственото дете. Го формираме ЗВПИС за да ја кажеме вистината. Едноставно, сакаме на граѓаните да им покажеме дека има и друга страна која соопштува факти.

Кој ги посетува автомат клубовите кои ги координирате?

– Во нашите автомат клубови најчесто доаѓаат едни исти луѓе. Има мажи, жени, па дури и пензионери. Тие се редовни посетители и играчи. Некој од нив игра од забава, некој игра за да заработи плус, некој за да си ја задоволи играчката страст. Кај нас многу ретко некој влегува од љубопитство. Се работи за луѓе кои претходно веќе играле, најчесто на запад и тука си ја пробуваат среќата. Ве уверувам дека на секој објект, без исклучок, стои забрана за малолетници и секаде се исполнети највисоки светски стандарди за оваа дејност.

Дали сметате дека коцкањето е заразно и предизвикува зависност?

– Ај да ви го кажам мојот пример. Еве веќе петта година работам во „Адмирал“, секојдневно ми се пред нос сите автомати, а не сум се ни обидел да играм. Погрешно е верувањето дека бројката или близината на автомат клубовите е причина за некаква зависност од игри на среќа. Ако е така, тогаш, по истата логика, младите се многу повеќе загрозени од продавниците и „тобаката“ кои се на секој чекор и каде гледаат и можат слободно да купат алкохол и цигари, кои се исто така многу тешки пороци.

Да не ја отвораме темата дека ниту еден родител не е сигурен дека неговото малолетно дете не добива алкохол во кафулињата кои ги посетува, бидејќи сите знаеме дека келнерите или шанкерите не им бараат лична карта на секоја нарачка. Коцкањето и да се забрани целосно, луѓето повторно ќе најдат начин да играат игри на среќа, бидејќи тоа е во човечката природа. Така било векови наназад, така е, така и ќе биде.

Безбедни ли се вработените во автомат клубовите? Ве плаќаат ли на рака газдите?

– Ние сме филијали на реномирани светски фирми за организирање на игри на среќа. Не само што безбедноста е на највисоко ниво, туку веќе неколку години како ЕУ-стандард соработуваме со дежурен психолог кој им стои на располагање на сите кои евентуално чувствуваат зависност од играта. Една моја колешка, која исто така е основач на ЗВПИС, долги години работеше во спортска обложувалница во Чаир во Скопје и може да ви посведочи дека немала ниту еден проблем, ниту се почуствувала загрозена од некој нивен клиент.

Кај нас нема ништо на црно. Прво, секој автомат клуб е нон – стоп поврзан со УЈП и се регистрира секоја уплата. Второ, ги уживаме сите права од работниот однос, ни се плаќаат и прекувремени часови и работа на празници. Може слободно да кажам дека сме една од најуредените професии во земјата.

Дали ве осудува средината за тоа што го работите?

– Доаѓам од релативно поконзервативно опкружување, и да, морам да бидам искрен дека не баш секој одобрува што работам. Но, причината за тоа ја гледам во нас. Дозволивме долг период да не доживуваат како некои кои живеат на некое наводно туѓо страдање, што е целосно погрешен впечаток. Членовите на моето најблиско семејство свесно сум ги донел во објектите кои ги координирам за да видат на лице место што работам.

Верувам дека со еден поинаков пристап ќе ја увериме пошироката јавност дека оваа дејност не е закана за младите. Да не заборавиме дека голем дел од приходите кои државата ги добива од оваа дејност се користат за финасирање на спортски активности. Надвор од ова, нашите менаџери редовно се дел од хуманитарни акции за помош на загрозени категории граѓани и дејности.

Како ги доживувате критиките на движењето „Антикоцкање“ од Тетово?

– Реков претходно. Иако не се согласувам, имам разбирање за стравот кој постои кај дел од граѓаните дека младите може да бидат „коцкарски жртви“, но сум разочаран од целосно неоснованите обвинувања дека во дејноста се случува нешто црно и незаконски. Колку што знам ниту менаџерите не бегаат од дополнителна регулација на игрите на среќа.

Правните застапници веќе доставиле до собранието предлози за поефикасно регулирање на оваа дејност од страна на државата. Нашите плати директно засегаат околу 25 илјади луѓе во Македонија, што е сериозна бројка. Тоа државата мора да го земе предвид. Ние ќе се бориме да ги заштитиме нашите работни места. Подготвени сме пред секоја државна институција да зборуваме со аргументи.
 
Член од
24 октомври 2014
Мислења
2.803
Поени од реакции
2.446
Тешко ќе се најде крај на оваа дискусија, имаат право и едната и другата страна. Сепак мислам дека казината не треба да се затворат зошто да не се лажеме, ако стварно има 25к вработени во казинава тоа е една преголема бројка што ќе останат невработени.
Како едно привремено решение, мислам дека е попаметно едноставно да се тргнат ВЛТ апаратите коишто ги има во секоја обложувалница по 3-4-5 еден до друг наредени, освен во Копачка. Претеризам е тоа, јас лично многу пати така сум оставил пари ( не некои големи суми) буквално во меѓувреме, пример додека другарите пишуваат тикет па ај да се пробам неколку стотки, иако никаква желба сум немал за коцкање во тој момент и не сум ни помислил да отидам во казино за истата работа да ја правам.
Многу голем проблем е таа достапност на апаратите, додека немаше ВЛТ во секоја кладилница мислам дека многу помал беше овој проблем, и не се ни збореше до толку за казинава колку што се збори сега.
Со тргање на ВЛТ апаратите од кладилниците мислам дека ќе се намали барем колку толку проблемов, а од друга страна па немаш вработени кои би останале на улица како што би имало ако се затворат казината.
 

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
704
Поени од реакции
1.585
Пи*ку матер и кладилници и апартаи и све... Добро разбирам никој НЕМОЖЕШ со сила да натераш да игра на апарат и да губи пари ама факт е дека голем дел од тие што иделе години по кладилница постарите особено се испозаглавија на апаративе..... Еве ке дам личен пример.. Последниве година дена скоро секое влегување во кладилница место тикет на машини ги оставам парите. Едноставно неможам влегувам внатре да пишам тикет и коа ке слушнам тоа машините свират ме тера нешто да изиграм. За разлика од сега и порано коа играв спортска губев пари, ама не како сега. Некогаш ке фатев, па частење пиење итн , некогаш ке ги вратев воглавно интересно ми беше , ке си уплатев и пратев во школо. Денес после долго спремив тикет уште од одма напишан, нека иде на 500 денари, идам да го пуштам и погодите кај завршија парите. Сум се коцкар и на рулет и од то сум се тргнал не идам во казина ама кладилнициве бетар од казина станаја. Знам и ФАКТ е дека не е крив некој друг што сум изгубил денес или утре 500 денари, знам дека сам сум крив ама едноставно човек што се коцкал коа ке види апарат на 2 метра од него ке влезе во првата кладилница да изигра, демек во казино срамота е да играш ама Спортлајф не е и тука се префлрени пола комарџии.
Муабетов ми е не им е местото на апаратите во кладилница, се знае за што се иде во кладилница. Поубаво тикет ке си пратам лабаво и ке си пијам едно пиво него машини да слушам до мене и останата багра кај шо навива на лимони и портокали. Нека има машини , ама во КАЗИНАТА не во кладилниците.
 
K

kicodarker

Гостин
Зошто да се копираат шериатски закони наменети за животни кои немаат самоконтрола?

Замисли во САД да сугерираш да се затвори ЊуЈоршката берза поради тоа што некоја будала ставил се и изгубил, тоа е тотално лудо размислување од 6ти век кое се коси со здравиот разум..
Ти си помешал баби и жаби.
Прво берзата со акции е слична како спортскста прогноза, бара разумно инвестирање на парите или по нашки среќа за да добиеш поголема сума. И двете работат на сличен принцип.
Незнам за какво казино воопшто се мисли, но денешните маалски мини автомат клубови всушност се далеку од казино, и токму во нив е најголемиот проблем - апаратите.
Кај нив не постои разумно инвестирање,напротив е доведен играчот начисто дс го изгуби разумот, и влегува во свет на исчекување,нелогичности, проткаен со звучни и видео ефекти, правејќи при изгубената логика и разум играчот на некој начин да се почуствува дека победил или добил само до стискање на едно копче start. Апаратите се најголем виновник за коцкарскста зараза и најголема зависност ствараат кај играчот. Не со самото играње туку се направени психолошки да влијае врз играчот на многу начини.
Онаа штета што ќе ја направат апаратите е непоправлива, не за бадијалс има огромна експанзија на мини свтомат клубови наречени "казина" кои носат невидени бенефити за сопствениците. Апаратите заменуваат 24 часовен крупиер и многу маси, и со тоа доволна е мала квадрстура за да никни како печурка уште едно во вашиот град место на очајот.
Најчесто вработените на такви места издржуваат до година-две со шок смени, премногу зачадена атмосвера, нервоза викање кршење и драми по апаратите, цела таа негативна енергија што ја истураат играчите кој изиграл 200 кој 500 сите буквално зрачат негативно и вработените ја впиваат таа енергија во нивното работно време.
Буквално не се никаков извор на приход или нормален човек ќе гледа семејство од таа работа оти е исцрпувачка психолошки па и физички пс пропаѓа во вода тоа дека "вработувале голем број персонал". Вработуваат средовечни дебелковци млади фиданки да бидат келнерки на последниот шлајм што се докопал до апарат и ќе му биди слуга на мрсулковци што ќе урла пцуе плука по екраните.
Тешки биртии се тие места, не нудат услови како што пропагираат дека вработувале, ствараат психолошка зависност и оглупавени тиквари и го собираат ситнежот од некој грев и печалат на туѓ грб. Ете затоа казината не се игра на среќа туку игра на зависност, не постои фер шансс играчот да победи/изгуби со фер игра со однапред познати услови ниту некаква контрола се врши на приливот на средства.Се е диво.
Ако сака некој фер игра,нека се клади на спортска.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.846
Поени од реакции
7.658
Ме мрзи да пишувам, а толку можам на оваа тема... али на кратко сите тие филмови што ги прават дека се зависи од нас се само за да си го заштитат бизнисот, а човекот го гледаат само како ресурс.

Ова што се случува со кладилниците и казината е недозволиво, ги цицаат луѓето до гола кожа, сите се испозадолжени кај лихвари, семејства се уништуваат, а наместо да се превземи нешто, се повеќе се отвораат нови.

Секогаш кога и да појдам со другар сум сведок на тоа како додека гледаме некој натпревар, на 15тина минути имаш некоја од вработените која се качува да си ја проба среќата на апарати со 100ка. Додека трае натпреварот заминала дневницата. Дури и газдата на тој што ја држи кладилницата штрака. Кога го имаш до тебе и слушаш кај што свири, шансата да одолееш и да не изиграш е рамна на 0!

Чоечката психа е заебана работа, но секогаш она што е забрането е слатко и сакаш да го пробаш. Тоа секогаш го поддржувам, се додека се има контрола над настаните, но верувајте тука нема контрола.
Првата работа со која што сите се соочуваат е кога ќе почнат да губат почнуваат да прават споредби. "Абе ај дур да пијам пиво во кафич че пуштам тука една стотка, нека има и за пиво и за мене". Откако ќе замине таа стотка имаш "Ај бе дур да јадам хамбургер имам дома леб и паштета дај за една 100тка та била та не била". И верувајте дека ова се случува кај сите што мислат дека имаат контрола, а уствари таа одамна заминала. Луѓето си ги оставаат платите тука, од дома не се излезени и јадат леб и маргарин, надевајќи се дека утре ќе си ги вратат парите, нормално тоа никогаш не се случува.

Од друга страна имаш ретардирани здруженија кои го бранат сето тоа, па уште ги окривуваат поради тоа што играат, наводно за да земаат плата вработени во тие места, каде што и вработените си ја оставаат платата, па на крајот и тие муабети паѓаат во вода.

На сметка на сето тоа страдаат кафичите, рестораните, фамилиите, маркетите кои што се доведени на тоа да очекуваат некој да купи нешто само доколку апаратот даде.

И дава, ете сега се паднал Џек Пот од 1 600 000 денари, но она што не му го кажуваат е дека за да се падне толкав Џек Пот треба народот да изгуби најмалку 16 000 000 денари. Може слободно да пресметате колку народот дневно губи пари за да се прават розевите филмови.

Кога бев мал имаше 2-3 кладилници низ цел град. Луѓето најчесто уплаќаа еднаш дневно, немаше уплати во живо, резултати чекаш само на телетекст, билтени само во вторник и петок, уживање беше да пуштиш ливче за 50 денари и да чекаш да трчаат, успат можеш и да испазариш и кафе да пијаш.

Ова што сега се случува е и повеќе од болест, нема ни уживање ни граници ни ништо и тврдам дека сето е производ на олеснетиот начин да се игра и да се губат пари. Колку сакаат нека убедуваат со прикаски дека може да се контролира, оваа работа не може, па затоа доколку сакаш да му помогнеш, премести ги кладилниците и казината на пооддалечени места, па да видиме колку ќе играат. Баш ме интересира доколку во овој момент ги нема казината, колку од сите што играат би пошле во Гевгелија.. Тврдам дека тој процент нема да биде поголем од 5%.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom