- Член од
- 29 јуни 2005
- Мислења
- 1.284
- Поени од реакции
- 14
Gligorov sam go dal odgovorot:Имам дома 8 члена, нема за сите соби, живеат по двајца во една соба и чекаат насабајле да влезат во купатило, но да имаше таква работа досега, сто пати било кажано, би бил на некоја обвинителска клупа, ама нема“.
Интересно,зашто внук му вози ламбурџини.:nesvest:
Фамозното куферче на Грилакис
Како најголема афера за обид на Грција да ги поткупи македонските власти за да добие решение на спорот за името во своја полза е случајот „Грилакис“, во кој е вмешан поранешниот министер Љубомир Фрчкоски.
Аферата „Грилакис“ се отвори со признавањето на поранешниот претседател Киро Глигоров дека му бил нуден милионски поткуп од официјална Атина за промена на името во периодот по осамостојувањето на државава, а во неколку наврати и „ситни“ подароци за гостопримството што грчкиот генерал го уживал во земјава. Во периодот од 1991 до 1993 година, Грилакис му бил советник за безбедност на тогашниот грчки премиер Константин Мицотакис и директна врска со режимот во Скопје. По падот на владата на Нова демократија, Грилакис избега во Македонија, наводно стравувајќи од одмазда од новата влада на ПАСОК. Експретседателот Глигоров во неколку наврати демантираше дека се среќавал со грчкиот „пребегнат генерал“ во Македонија, дури тврдеше дека не бил информиран на формално ниво за пребегот на Грилакис и отворено го обвини тогашниот министер Љубомир Фрчкоски дека на своја рака го договорил престојот на грчкиот генерал.
Глигоров рече дека Фрчкоски во три наврати му нудел подароци што ги донел Грилакис, часовници „ролекс“, „амфора“ и фамозното куферче во кое сумата на американски долари варира од 100 илјади, па до еден милион. Глигоров тврдеше дека ги одбил сите подароци. Фрчкоски, пак, ги отфрли обвинувањата и тврдеше дека целиот случај „Грилакис“ бил воден во согласност со Глигоров, дека експретседателот двапати се сретнал со грчкиот генерал, а подароците што се споменуваа во јавноста беа оквалификувани како ситни. Грилакис во својата книга „Откривам“ напиша дека и поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис го потврдил пазарот за името „Славомакедонија“, соопштувајќи дека грчката влада по 1993 година продолжила да го користи за контакти во Скопје. Грчкиот генерал во книгата објави дека за овој предлог во Скопје не разговарал само со претставници на тогашната влада, туку и на сите политички партии.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10289941122&id=9&prilog=0&setIzdanie=21822